Високо под ѕведите на 2.218 мнв на 09.08.2025 љубителите на планината, природата и театарската уметност ќе имаат ретка можност 26-тата изведба на претставата “Ноќта кога ја убив месечината” да ја проследат на Големо Езеро, Пелистер. Вечерта на небото над Големо Езеро ќе имаме егзактно полна месечина и актерите ќе настапат на природна сцена, велат од Националниот парк „Пелистер“, која заедно со театарот, камерниот оркестар и со подршка на Општина ...

Во 62 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 6, 13, 17, 18, 28, 29 и 30. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше две шестки, секоја од нив вредна по 208.372,50 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 42.743.000 денари. Шестоцифрениот број на џокерот е 9, 1, 6, 1, 5, 2. Добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка вредна 66.567,00 денари. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци во следното коло за џокерот е ...

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола постигна еден од своите најзначајни истражувачки успеси во последниве години. На јавниот конкурс од Министерството за образование и наука за финансирање научно – истражувачки проекти, на УКЛО му се одобрени пет проекти, со што се најде на второто место меѓу државните универзитети, научните институти и МАНУ, веднаш зад УКИМ, информираат од битолскиот универзитет. Одобрените проекти покриваат клучни ...

Со цел спречување на непрописното паркирање, општина Солун од вчера воведе блокатори на тркала што ќе се поставуваат на автомобили паркирани недозволено на местата наменети за постојани жители, на рампите за лица со попреченост и во деловите за товарење и истовар, јави дописничката на МИА од Атина. Блокаторите ги поставува општинската полиција, а од општина Солун соопштија дека мерката била неопходна „со цел да се стави крај на феноменот што е ...

„Вечерва заедно го одбележавме почетокот на една нова и силна приказна за Општина Новаци. Вашето присуство, поддршка и доверба ми даваат уште поголема мотивација да работам чесно и посветено за сите нас“, рече во своето обраќање актуелниот градоначалник на Новаци, Стевановски, кој воедно е номиниран од партијата за изборната трка за уште градоначалнички мандат. Пред четири години, ми ја дадовте честа и одговорноста да ја водам нашата општина. ...

Правото побарува доживотно учење, вклучувајќи постојано образование, компјутерски вештини, комуникациски стратегии, етика, правосуден испит. И се ова во интерес на правдата. Основна цел на студиските програми на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ е продлабочување, проширување и подигање на нивото на студентските знаења кон квалитетни правници во реалноста. Студиската програма по правни студии за прв циклус академски ...

Во Битола заврши обуката на сезонските пожарникари, кои беа избрани на јавниот повик, објавен во рамките на мерката 6.2 Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, усвоен од Владата на Република Македонија, соопштија од Општина Битола. Проектот кој вклучува ...

Бројни верници синоќа се упатија кон манастирот „Св. Ана“ високо над единственото населено место во националниот парк Пелистер. Традицијата налага патот до овој манастир да се изоди пеш, особено затоа што до него се стигнува по стрмна патека. Па така, автомобилите и сите други превозни средства синоќа мораше да бидат оставени во центарот на селото. Мора да се мине скоро цело село, а по околу и половина час пешачење во југозападен правец, на ...

Во Актуел на Тера телевизија денеска разговараме со Драганчо Саботковски, актуелен градоначалник на Општина Могила и од партијата ВМРО ДПМНЕ номиниран за кандидат за уште еден градоначалнички мандат. Вели дека е задоволни од сработеното во Могила во изминатите скоро четири години и дека Могила продолжува по патот на успехот. Вели дека со она што е сработено се покажа дека тоа не беа само ветувања, туку конкретни дела што го менуваат животот во ...

Сè со цел спречување на растот на цените на училишниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на животниот стандард на граѓаните, како дел од кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме”, Владата на 100-тата седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10% во трговија на големо и најмалку 15% во трговија на мало, се вели во соопштението од Владата. Со оваа ...

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на почетокот од следната недела, објави денеска „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на два неименувани извора, пишува агенцијата МИА. Потоа, Трамп треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а за тоа биле информирани европските лидери кои учествувале во телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски. Трамп претходно денеска објави дека ...

Започна обуката на преку 360 лица пожарникари кои се јавија на огласот на владата. обуката е дизјанирана врз основа на програма донесена од Дирекцијата за заштита и спасување и ќе трае два дена. Преку 360 лица се дел од кусата обука за основни знаења за противпожарна заштита што започна денеска во противпожарните единици на територијата на државата. Се работи за невработени лица кои се пријавија на огласот на Владата и Агенцијата за вработвување ...

Факултетот за безбедност е единица на Универзитетот св. КЛимент Охридски и годинава во три академски програми е подготвен да прими 270 нови студенти. Во тек е конкурсот за упис во прва година на битолскиот универзитет, пријавувањето може да се направи електронски, сега, а меѓу 19 и 27 август факултетуите ќе бидат отворени за прием на документите на тие кои се пријавиле електронски. Современиот начин на живот носи со себе разни предизвици, закани ...

Милијарди години ротацијата на планетата земја се забавува. но токму сега – таа забрзува. И постои можноста наместо 22 декември, 5 август 2025 г. да е најкусиот ден во годината. Земјата побрзо се врти и тоа ги збунува научниците кои веќе феноменот го дефинираат како мистериозен, иако на дланка ги имаат сите технолошки и научни методи сосе податоци од вселената околу нашата планета за да го дадат одговорот. Ротацијата ќе биде завршена за 1,25 ...

Билтените на Министерството за внатрешни работи се исполнети со различни видови измами кои се спроведуваат овде. Но, индиската полиција се соочила со несекојдневна измама – Индиец водел лажна амбасада и се претставувал како амбасадор. Како светот старее така се повеќе измамници има во него. Измамите очигледно ги има секаде, се реализираат на сите можни начии – директно, преку телефон, на интернет преку онлајн купувањето. И редовно вклучуваат ...

13 години посветеност, напредок и хуманост, велат од Клиничката болница Битола и потсетуваат дека на денешен ден, 6 август 2012, за првпат профункционира салата за инванзивна и интервентна кардиологија во Клиничка Болница ,,Др. Трифун Пановски” – Битола, под раководство на д-р Ненси Лозанче и медицинските сестри Валентина Гачевска и Светлана Тодоровска, како посветен тим што значеше нова ера во кардиолошката грижа во Битола и регионот. Денес, на ...

Собранискиот спикер Африм Гаши в петок или сабота претпладне ќе ги распише локалните избори планирани за наесен. Гласањето за општинските совети и првиот круг за избор на градоначалници ќе се одржи на 19-ти октомври, додека пак, вториот круг за првите луѓе на општините ќе се одржи на 2 ноември. „Изборите ќе бидат распишани на 8 или 9 август. Очекувам фер и демократски избори, достоинствена кампања, политичка култура, натпревар со идеи и визија, ...

Ветеринарниот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ нуди модерна настава, практична работа со животни, поддршка и стипендии, професија со иднина и многу меѓународни можности. И годинава овој факултет ги отвори вратите за нови студенти кои би станале доктори по ветеринарна медицина. Основна цел на Ветеринарниот факултет- Битола е едуцирање на ветеринарно-медицински кадри кои ќе можат да одговорат на се поголемите потреби на ...

Додека трае откупот на домашната реколта тутун, нема да се увезува тутун од странство. Ова е една од клучните измени во Законот за тутун кои поминаа во Собранието и веќе од 29 јули, со објавување во Службен весник, се на сила. Сојузот на земјоделските здруженија е задоволен од законските измени и смета дека вака се штити домашното проиводство. „Со ова, прво, го заштитуваме нашето, домашно производство на тутун. Значи, од 16 ноември па до 28 ...

Цените на угостителските услуги во јули 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, сe зголемени за 5.0 %, објави државниот завод за статистика, објави Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 5.3 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 1.6 %. Цените во угостителството, по групи, во јули ...

Во изминатите 24 часа до 8:00 часот утрово најмногу дожд 27 л/м2 наврнаа во Струмица, 24 Демир Капија, 20 Гевгелија, 14 Виница, 8 Штип, 7 Крива Паланка, 6 Прилеп, Куманово, Кавадарци, 5 Берово, 4 Битола, 3 Скопје-Петровец, 2 Велес, Крушево, Лазарополе, 1 Скопје- Зајчев Рид, Претор, Тополчани, Попова Шапка. Утрово во Битола измерени 16 степени. Времето денеска сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност ...

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, и директорот на КЈП „Нискоградба”, Зоран Талевски, денеска извршија увид во реализацијата на проектот за реконструкција на мешовитата канализациона мрежа на улица „Панде Кајзеро”. Проектот е финансиран преку првиот повик од Владата за капитални проекти во 2024 година, со износ од 3.249.089 денари, соопштија од Општина Битола. Канализационата линија која е предмет на реконструкција се состои од ...

Отклучете го вашиот потенцијал и студирајте на Биотехнички факултет, порачуваат професори и студенти на Биотехничкиот факултет во Битола. Конкурсот за упис во прва година на факутлетите од Универзитетот св Климент Охридски е во тек, пријавувањето може да се направи и електронски, а документите да се достават од 19 до 27 август. Факултетот за биотехнички науки (ФБН) е јавна државнависокообразовна и научна установа од областа на биотехничките ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го објави јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за ранливи потрошувачи во 2025 година. Огласот е објавен согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, со која Минситерството обезбеди вкупно 42.3 милиони денари финансиска поддршка. Право на поддршка имаат домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока ...

При крајот на август ќе биде комплетиран списокот со кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници и ќе бидат познати и имињата за општините за кои се уште не е соопштено. „Имаме уште неколку дилеми, во суштина сите се тие кандидати кои ќе имаат големи шанси, да не речам се победници на локалните избори, но имаме дилеми помеѓу неколкумина во одредени општини. Сега е сезона на годишни одмори, сакаме да направиме детална аналза и скенирање и во рамки ...

Краткотрајниот дожд кој битолчани го очекуваа со недели, не претставуваше никаква опасност дека ОперАир на Авалон нема да се одржи. Напротив, според саатницата испадна одличен стимул за журката којашто се случи на стадионото „Петар Милошевски. “ Зафатени сите паркинзи и околни улички од автомобили – битолски, па од Прилеп и Скопје, на моменти многу публика на секоја платформа којашто овозможуваше да се гледа во внатрешоста на стадионот, како ...

Општина Могила по 12-ти пат го организира Фестивалот на дуети ,,Константин и Елена”. На фестивалот ќе настапуваат естрадни уметници од македонската сцена. „Ја негуваме традицијата, народната песна и македонскиот фолклор“ вели градоначалникот на Могила, Драганчо Саботковски. Фестивалот ќе се одржи вечерва на летната дцена, односно во дворот на ОУ „Гоце Делчев“ во Могила со почеток во 20:30 часот. Без разлика на временските услови фестивалот ќе се ...

Како последица на екстремната жештина во Португалија минатата недела починале 264 лица, според податоците објавени од Португалскиот генерален директорат за здравство. Екстремната жештина предизвика смртни случаи, особено кај лицата со хронични заболувања и кај оние над 75 години, пишува агенцијата МИА. Португалската влада прогласи состојба на тревога поради ризикот од шумски пожари, особено поради новиот топлотен бран што се очекува да ја погоди ...

Во изминатите 24 часа до 8:00 часот утрово најмногу дожд 91 л/м2 наврнаа во Крива Паланка, 68 Виница, 46 Берово, 27 Прилеп, 16 Тетово, 14 Штип, 13 Скопје-Петровец, 9 Битола, 7 Куманово, Крушево, 5 Демир Капија, 2 Претор. Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената. ...

Неколку градови во источна Австралија беа покриени со најголеми снежни врнежи во последните децении, додека силна бура го зафати регионот овој викенд, предизвикувајќи поплави, затворање на патишта и прекини во снабдувањето со електрична енергија за илјадници домови, соопштија властите. Вчера во некои области беа прогнозирани околу 50 сантиметри снег, додека во други беа прогнозирани повеќе од 10 сантиметри дожд, соопшти Државната служба за ...

Повик

1 ден - МРТ
weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
92%
1024
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
66%
1027
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.04
91%
1027
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1024
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
78%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
87%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
95%
1027
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1024
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
76%
1027
Currency

61.5417

Currency

52.3678

Currency

70.0914

Currency

34.7469

Currency

38.017

Currency

65.8137

Currency

7.42978

Currency

0.65936

Currency

0.33821

Currency

0.5247

Currency

1.22623

Currency

0.57482

Рутениум

29192.88

Бакар

10.76

Сребро

2049.55

Платина

59937.34

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Калај

41.29

Алуминиум

2.88

Злато

138322.05

Иридиум

145787.60

Паладиум

50830.33

Цинк

3.03