Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Додека Интер веќе со недели го слави Скудетото, вистинската драма во Италија допрва започнува. По комплетирањето на бурното 36-то коло, битката за позициите кои водат во Лигата на шампионите стана „немилосрдна“. Јувентус се искачи на третото место, Рома го стигна Милан, а сензацијата Комо е на само два бода зад Топ 4 зоната. Поразот на Милан од Аталанта (2-3) на домашен терен ги „запали сите аларми“ кај „росонерите“. Избраниците на ...
Контроверзите по лондонското дерби меѓу Вест Хем и Арсенал не само што не стивнуваат, туку добиваат и институционална форма. Раководството на Вест Хем официјално потврди дека ќе стапи во контакт со судиската организација (PGMO) за да побара дополнително објаснување за поништениот гол на Калум Вилсон во судиското продолжение. „Чеканите“ се чувствуваат оштетени во ситуација која може да биде пресудна за нивниот опстанок во Премиер лигата. ...
Трпението на навивачите во Вашингтон конечно беше наградено. Синоќа во Чикаго, Вашингтон Визардс излегоа како големи победници на НБА Лотаријата за 2026 година, добивајќи ја привилегијата да го имаат првиот пик на драфтот кој аналитичарите го сметаат за еден од најквалитетните и најдлабоките во поновата историја. Визардс, кои ја завршија регуларниот дел од сезоната со најлош скор во лигата, конечно добија „награда“ за тешкиот период на ...
Додека навивачите на Рома сè уште ја славеа епската победа од 3-2 против Парма во 101. минута, од соблекувалната на стадионот „Енио Тардини“ пристигна вест која го шокираше фудбалскиот Рим. Најголемата ѕвезда на тимот, Пауло Дибала, во изјава за „Sky Sport“ потврди дека неговиот престој на „Олимпико“ е при крај и дека не добил никаква понуда за продолжување на соработката. Аргентинецот беше брутално искрен за својата неизвесна иднина, ...
Вечерашниот триумф на Барселона во „Ел Класико“ не беше само спортски успех, туку и приказна за неверојатна сила на карактерот. Тренерот на Каталонците, Ханси Флик, го предводеше својот тим до победата од 2-0 и шампионската титула во Ла Лига само неколку часа откако дозна за смртта на својот татко. Во сурово искрено и емотивно интервју по натпреварот, 61-годишниот германски стратег едвај ги задржуваше солзите додека објаснуваше низ што ...
Микел Артета не го криеше задоволството, но и олеснувањето по драматичната победа на Арсенал од 1-0 против Вест Хем. Во емотивното обраќање по мечот, шпанскиот стратег ги коментираше клучните моменти кои ги донесоа неговите „топчии“ на чекор до историската титула, со посебен осврт на контроверзната ВАР одлука во судиското продолжение. Додека навивачите на Вест Хем и неутралните навивачи го критикуваат поништениот гол на Калум Вилсон, Артета ...
Додека Арсенал ја води најжестоката битка за титулата во последните две децении, една индивидуална награда веќе е сигурно во рацете на нивниот чувар на мрежата. Давид Раја и официјално е добитник на наградата „Златна ракавица“ за сезоната 2025/26, што за шпанскиот голман е трето вакво признание по ред! Со вкупно 18 натпревари без примен гол на 36 одиграни средби, Раја е недостижен на врвот на листата на голмани во Премиер лигата. Неговиот ...
Изминатата ноќ во НБА лигата донесе историска доминација на Истокот и неверојатна драма на Западот. Њујорк Никс станаа првиот патник во финалето на Источната конференција откако без милост го „прегазија“ тимот на Филаделфија, додека Минесота успеа да ја израмни серијата против Сан Антонио во натпревар кој го одбележа шокантното исклучување на Виктор Вембањама. „Метарски“ марш на Никс: Филаделфија падна под налетот на Брунсон и МекБрајд Њујорк ...
Македонската ракометна репрезентација денеска ги официјализираше подготовките за последниот чекор кон Светското првенство во 2027 година. Селекторот Кирил Лазаров го одржа првиот собир со тимот, на кој јасно ги постави очекувањата за двомечот против Словачка. Благодарение на добриот пласман на претходниот голем турнир, нашите ракометари ја добија привилегијата да бидат носители, но Лазаров предупредува дека фаворитската улога на хартија не ...
Барселона е на врвот на шпанскиот фудбал! Со величествена победа над вечниот ривал Реал Мадрид од 2-0, избраниците на Ханси Флик и официјално ја обезбедија својата 29-та титула во Ла Лига на три кола пред крајот на сезоната. Сцената на преуредениот „Ноу Камп“ беше подготвена за спектакл, а „каталонците“ не разочараа, потврдувајќи ја својата доминација со 11-та последователна победа во првенството. Натпреварот започна во знакот на Маркус ...
Наместо фудбалски празник, навивачите на Милан доживеаја нова фудбалска катастрофа. „Росонерите“ претрпеа тежок пораз на домашен терен од Аталанта со 2-3, резултат кој не само што ја продлабочи резултатската криза, туку и сериозно го загрози пласманот во Лигата на шампионите. Со само седум освоени бодови во исто толку натпревари, тимот на Макс Алегри сега падна на делба на четвртото место со Рома, додека Јувентус изби пред нив на табелата. ...
Барселона и официјално ја завери својата 29-та титула во Ла Лига, успевајќи да ја одбрани круната по вторпат по ред, успех кој клубот го немаше постигнато уште од 2019 година. Оваа сезона 2025/26 ќе остане запаметена како една од најпредизвикувачките за тимот на Ханси Флик, кој мораше да помине низ серија повреди и резултатска криза за да стигне до трофејот. Клучниот пресврт во сезоната се случи по првото „Ел Класико“. По поразот во Мадрид од ...
Познатите венецијански канали во саботата се претворија во пловечки амфитеатар обоен во зелена, црна и портокалова боја. Фудбалскиот клуб Венеција на уникатен начин, со традиционална парада на гондоли, ја прослави титулата во Серија Б и експресното враќање во најсилната италијанска конкуренција по само една сезона помината во понизок ранг. Промоцијата беше осигурана уште на почетокот на месецот по ремито со Специја, но „печатот“ на ...
Иако пред 18 месеци со солзи во очите се збогуваше со националниот дрес, легендарниот Луис Суарез е подготвен за уште еден последен танц. Најдобриот стрелец во историјата на Уругвај (69 гола) објави дека повторно му стои на располагање на селекторот Марсело Биелса за претстојното Светско првенство во 2026 година. Оваа одлука доаѓа како големо изненадување, со оглед на тоа што „Ел Пистолеро“ по повлекувањето во септември 2024 година јавно го ...
Валенсија оствари исклучително важен триумф на едно од најтешките гостувања во Ла Лига, совладувајќи го Атлетик Билбао со 0-1 во рамките на 35-то коло. Херој на денот, покрај стрелецот на голот Умар Садик, несомнено беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој со серија фантастични интервенции ги доведе домашните напаѓачи до очај и му донесе на својот тим три златни бода. Натпреварот во Билбао започна со голем притисок од ...
Како што турнирот во „вечниот град“ влегува во својата клучна фаза, Елена Рибакина јасно стави до знаење дека е главниот фаворит за подигнување на трофејот. По елиминацијата на Арина Сабаленка, патеката за казахската тенисерка изгледа сè поотворена, а нејзината победа над младата Алекс Еала со 6-4, 6-3 беше вистинска лекција по стабилност и прецизност. Рибакина го контролираше натпреварот од првиот до последниот поен, дозволувајќи и на ...
Атмосферата во Милано вечерва е далеку од празнична. Наместо вообичаената поддршка пред дербито со Аталанта, трибините на „Сан Сиро“ станаа сцена на масовен протест. Најверните навивачи на Милан, предводени од групите на „КурваСуд“, испратија директна и остра порака до раководството, а главна мета е извршниот директор Џорџо Фурлани. Протестот започна уште неколку часа пред почетокот на мечот со долг соопштение во кое навивачите ги обвинуваат ...
Фудбалот во Италија уште еднаш покажа зошто е непредвидлив, а навивачите на Рома поминаа низ вистински емотивен ролеркостер на гостувањето кај Парма. Во натпревар кој траеше повеќе од сто минути, „волчицата“ успеа да извлече победа од 2-3 благодарение на ладнокрвноста на Дониел Мален, кој во 101. минута со гол од пенал ги донесе трите бода во Рим. Натпреварот започна со иницијатива на гостите, а Мален го отвори резултатот во првото полувреме ...
Последните моменти од гостувањето на Арсенал кај Вест Хем донесоа шестминутна ВАР драма која предизвика вистинска бура во фудбалската јавност. И можеби фаулот врз голманот Раја немаше да биде толку спорен, доколку претходно во безброј други ситуации низ сезоната Арсенал не победуваше токму со вакви голови. А, за драмата да биде уште поголема, оваа ВАР одлука можеби ја имаше најголемата тежина од сите досега – од една страна да го доведе ...
Трката за титулата во Премиер лигата доби нова, драматична епизода на „Лондон стадионот“. Арсенал со многу мака и голема доза на среќа успеа да го совлада Вест Хем со 0-1, со што се доближи на само неколку чекори до првиот шампионски пехар по пауза од 22 години. Додека „топчиите“ слават пет бода предност пред Манчестер Сити, Вест Хем по овој пораз тоне сè подлабоко во зоната за испаѓање. Човек на одлука беше Леандро Тросар, кој во 83-та ...
Вечерашното големо дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе има поинаква, многу поемотивна тежина за тренерот на каталонскиот гигант. Ханси Флик реши да остане со својот тим и да го предводи од клупата на „Камп Ноу“ во „Ел Класико“, и покрај тоа што денеска ја прими веста за смртта на неговиот татко. Барселона преку официјално соопштение ја сподели тажната вест со јавноста, упатувајќи длабоко сочувство до германскиот стратег и неговото ...
Македонскиот училишен спорт добива уште една голема сцена за докажување. Државниот првак во футсал, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, веќе пристигна во Бања Лука, каде од денес па сè до 16 мај ќе ја претставува Македонија на Европското отворено првенство во футсал за учесници до 18 години. На овој континентален собир учествуваат 250 млади спортисти од 11 земји, поделени во вкупно 15 екипи. Покрај нашите претставници, своите ...
Како што се ближи крајот на сезоната во Премиер лигата, секој натпревар добива тежина на финале. Неделното попладне ни донесе емотивни приказни, од средби со поранешни клубови, па сè до неочекувани сопнувања на фаворитите. Додека некои тимови веќе ги пакуваат куферите за европските финалиња, други со последни сили се борат за секоја педа од теренот за да го задржат елитниот статус. Борбата за Европа и битката за гол живот денеска се преплетоа ...
Главниот град денеска дишеше во еден поинаков, побрз ритам. Јубилејното 10-то издание на трката „HalkEco Скопје Трча 10км“ уште еднаш докажа дека спортот е најсилниот мост што ги поврзува луѓето, енергијата и заедништвото. Над 2000 тркачи од 16 земји ги преплавија скопските улици, претворајќи го булеварот Илинден во арена на позитивен дух и врвни атлетски постигнувања. Сепак, на крајот денот му припадна на еден човек – Дарио Ивановски. ...
Актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер продолжи да демонстрира сила во овогодинешниот плејоф, стигнувајќи до својата седма последователна победа. Овојпат, жртва на нивната беспрекорна ефикасност беа Лос Анџелес Лејкерс, кои на домашен терен загубија со убедливи 108-131. Со овој триумф, Тандер поведоа со 3-0 во серијата и се наоѓаат на чекор до пласман во финалето на Западната конференција. Натпреварот го одбележа извонредната партија на ...
Турнирот во Рим конечно го доби својот вистински вечерва, кога на „Кампо Чентрале“ стапна најголемиот италијански сон – Јаник Синер. Првиот рекет на светот, облечен целиот во црно, како витез подготвен за голема битка, не остави ниту трошка сомнеж во својата форма, совладувајќи го Австриецот Себастијан Офнер со 6-3, 6-4 во своето деби на овогодинешниот Мастерс. Рим сонува со очите на Јаник Атмосферата во распродадениот „Форо Италико“ беше ...
По сензационалното испаѓање на Новак Ѓоковиќ, „Форо Италико“ остана без уште еден прв носител. Првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, го заврши својот настап на „Интернационали БНЛ д’Италиа“ по неочекуван пораз од Романката Сорана Кирстеа со 2-6, 6-3, 7-5. Падот на светската број 1 Натпреварот започна според предвиденото сценарио за Белорусинката, која доминираше во првиот сет, но Кирстеа, која претходно никогаш ја немаше победено ...
Душан Влаховиќ потсети на своите најдобри денови и со експресен погодок му донесе на Јувентус златни три бода на гостувањето кај Лече (0-1). По неочекуваниот кикс и ремито со Верона, на „бјанконерите“ им беше неопходна победа за да останат во трката за четвртата позиција, а српскиот напаѓач се погрижи патот до триумфот да биде отворен уште во првата акција. Натпреварот на „Виа дел Маре“ започна на нестварен начин. По само 12 секунди игра, ...
Зад нас е најголемото хрватско дерби. На теренот на „Максимир“, Динамо рутински го реши Хајдук со 2-0 (со головите на Бакрар и Бељо) и ја потврди својата доминација во ХНЛ. Но, да бидеме реални, денес никој не зборува за поседот на топка, тактичките замисли или ударите во рамките на голот. Сите зборуваат за она што се случи под северната трибина. Главниот и ударен транспарент на „Bad Blue Boys“, светињата на секоја навивачка група, се најде ...
Дека пријателствата во фудбалскиот свет не завршуваат само на теренот, докажува и најновата фотографија која пристигна директно од домот на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. По неговата неодамнешна посета на Скопје, кога од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, го доби на подарок малото шарпланинче Македон, првиот човек на европскиот фудбал испрати топли поздрави до македонската јавност уживајќи во друштво на својот нов миленик. ...