Пораката да продолжиме да пишуваме на македонски јазик е една од оние што Конески ни ги остави како тестамент. Тој ни укажа дека нема мали и големи јазици и големи и мали култури. Многумина му го поставуваа прашањето зошто не пишува на англиски, руски или германски. Но Конески сметал дека е одговорен и повикан да пишува на македонски, бидејќи не може и не смее да ја изневери својата генерација! И ние не смееме да ја изневериме својата ...

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција го образложија предлог Буџетот за културата за 2023 година, кој годинава ќе биде фокусиран на две основни цели: отворање перспективи за развој на културата и грижа за постоечкото културно-историско наследство. Вкупниот предлог Буџет на Министерството за култура за 2023 година изнесува 61,6 милиони евра. Премиерот ...

Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2023 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на нашиот патрон, големиот поет и преродбеник Григор Прличев под наслов ПРЛИЧЕВ И НИЕ. Познато е и од неговата „Автобиографија“ дека Прличев најчесто во недела држел беседи пред своите сограѓани – охриѓани на различни теми во црквата „Св. Богородица – Перивлепта“. Ние од Библиотека преку овој ...

Зоран Анчевски е добитник на наградата „Григор Прличев“ под шифрата „Џамбаз“ за поемата „Коњски житија“, соопшти утрово Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид. Наградата на добитникот ќе му биде врачена на годинашната манифестација „Прличеви беседи“ на почетокот од февруари. Претходно оваа институција соопшти дека на Конкурсот за најдобра поема биле пристигнати 11 трудови и Комисијата ја прогласи токму поемата „Коњски житија“ за најдобра. ...

Во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска беше претставен целосно завршениот проект за дигитализација на сите картотеки, со што дигитализирани и трајно заштитени се пет милиони ливчиња, јазични записи грижливо и посветено собирани со децении на терен од вработените во Институтот, од бројни истражувачи, студенти и вљубеници во јазикот. Проектот се реализира во годината кога се одбележува 70 години од основањето на Институтот за ...

Министерството за култура на Република Северна Македонија годинава од Буџетот ќе одвои 30 милиони денари за Националната установа „Охридско лето“. Средствата се доделуваат во рамките на Повикот за националните установи од областа на културата кој беше објавен во јуни 2022 година и ќе бидат искористени за реализација на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ што ќе се одржи од 12 јули до 20 август, изјави директорката на ...

Во чест на 70-годишнината од формирањето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и 120-годишнината од излегувањето на македонската „златна“ книга „За македонцките работи“ на Крсте Петков Мисирков, на 9 февруари 2023 година (четврток) со почеток во 11,00 часот, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ќе биде одржана промоција на книгата „Крсте Петков Мисирков – македонскиот меѓник“ (прво и второ ...

ALPOJO-Liquor Store: Малку историја пред да се напиете чаша виски: Не треба да биде изненадување што зборот виски доаѓа од галски гас , скратена верзија на uisge beatha што значи "вода на животот", исто така познат како " aqua vitae" на латински. Виски првично се користел како лек за внатрешна анестезија и како надворешен антибиотик. Техниките за дестилирање беа донесени во Ирска и Шкотска некаде помеѓу 1100 и 1300 година од монасите. Бидејќи ...

Малку историја пред да се напиете чаша виски: Не треба да биде изненадување што зборот виски доаѓа од галски гас , скратена верзија на uisge beatha што значи "вода на животот", исто така познат како " aqua vitae" на латински. Виски првично се користел како лек за внатрешна анестезија и како надворешен антибиотик. Техниките за дестилирање беа донесени во Ирска и Шкотска некаде помеѓу 1100 и 1300 година од монасите. Бидејќи виното не беше лесно ...

ОХРИД ГО ОДБЕЛЕЖУВА ЈУБИЛЕЈОТ 130 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЕДЕН ОД НАЈИСТАКНАТИТЕ ДЕЈЦИ И ПРЕРОДБЕНИЦИ ОД ДЕВЕТАЕСЕТИОТ ВЕК,ЛОВОРОНОСЕЦОТ ГРИГОР ПРЛИЧЕВ.ВО РАМКИТЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ“,ДЕНЕСКА НА ПОЕТОТ ЗОРАН АНЧЕСКИ МУ БЕШЕ ВРАЧЕНА НАГРАДАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ЗА НАЈДОБРА ПОЕМА ВО ТЕКОТ НА ИЗМИНАТАТА ГОДИНА.ОД ПРИСТИГНАТИТЕ ЧЕТИРИНАЕСЕТ ДЕЛА ЖИРИ КОМИСИЈАТА КАКО НАЈДОБРА ЈА ИЗБРА НЕГОВАТА ПОЕМА „КОЊСКИ ЖИТИЈА“. За поемата „Коњски ...

Со низа и свечености и културни манифестации Охрид деновиве ја одбележува 130-годишнината од смртта на великиот поет и преродбеник, Григор Прличев. Чествувањата по повод годишнината од упокојувањето на Прличев почнуваат вчера, со промоцијата на книгата „70 години библиотека „Григор Прличев“-Охрид“од авторот Милчо Јованоски. Празнувањата во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“ продолжуваат в недела со изложба на ликовни дела од колекцијата ...

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на државниот свечен настан и одбележувањето по повод раѓањето на Гоце Делчев. Во чест на 151 годишнината од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело и државност, претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје. Покрај претседателот Стево Пендаровски, свежо цвеќе положија претставници на државниот врв, ...

Во рамките на годинашните „Прличеви беседи“ покрај главната награда за најдобра поема за изминатата година, Охридската библиотека востанови нова награда за помлади автори под наслов „Најдобра беседа за Прличев“. Целта е младите да почнат да пишуваат не само како во времето на ловороносецот, туку и за ова ново бурно време исполнето со предизвици, но сепак во духот на беседите на Прличев, кои ги држел пред своите сограѓани... „Прличев и ние“ беше ...

ПЗУ „БИОМЕД ЛАБ“ и оваа година како и претходната се вклучи во кампањата за подигнување на јавната свест и создавање промени за 300 милиони луѓе кои живеат со ретка болест и нивните семејства ширум светот. Во текот на претходната година дијагностициравме 7 ретки болести со најсовремени методи кои се користат во молекуларната дијагнсотика и генетиката. Rare is Many, Rare is Strong, Rare is Proud #Ги Запознаваме Ретките Болести Публицитет.мк ...

,,ГЛАС,, филм на режисерот Огњен Свиличиќ на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во деновите 28 и 29 септември 2022 година со почеток во 20.00 часот, цена на билетот 100 денари. Долгометражниот игран филм „Глас“ на хрватскиот режисер Огњен Свиличиќ, во кој малцински копродуцент е „Скопје филм студио“, влезе во програмата на 24. Интернационален филмски фестивал во Бусан, Јужна Кореја (Busan International Film ...

Пред нас се доцните есенски и зимски студени денови. Поголем дел од денот сите ќе го минуваме дома на топло. Но нема да изостанат дружбите со пријателите и блиските. Почнувајќи од денеска па во наредните недели заедно со АЛПОЈО Охрид ќе ве потсетиме на некои нивни производи кои се секогаш неопходни за подготовка на речиси сите благи и солени нешта што ќе се најдат на трпезите , особено за престојните слави но и во секојдневието. Започнуваме со ...

Какаото воглавно се консумира заради опојниот мирис и вкус, но повеќето од нас не размислуваат за неговите други, вистински вредности. Зголемениот број на истражувачи кои се фокусираат на овој егзотичен плод, ги откриваат другите корисни вредности. Благодарение на изобилството на различните состојки, се покажа дека е ефективно на повеќе “полиња”. Природен лек – какаото ја зголемува отпорноста на штетното ултравиолетово зрачење, го стимулира ...

Кератоконусот (КЦ) е невоспалително нарушување на очите кое резултира со прогресивно оштетување на рожницата. Кератоконусот се манифестира со истенчување и испакнување на рожницата во вид на конус. Ова може да резултира со заматен вид, двоен вид, кратковидост, неправилен астигматизам и осетливост на светлина, а може доведе и до значително губење на видот. Кај заболените вообичаено се засегнати двете очи. Кератоконусот е наследна болест. ...

Ракот (карциномот) на белите дробови е болест во која одредени клетки во белите дробови стануваат абнормални, неконтролирано се размножуваат и притоа формираат тумор. Во раните фази на ракот на белите дробови обично не се забележуваат некои знаци или симптоми. Ако се остави без лекување, ова растење на клетките може да се прошири надвор од белите дробови во други делови од телото, преку метастазирање. Повеќето заболени од рак на белите дробови ...

ОХРИЃАНИ МАСОВНО И НА СПЕКТАКУЛАРЕН НАЧИН ГО ОДБЕЛЕЖАА ВЕРСКИОТ ПРАЗНИК БОГОЈАВЛЕНИЕ ВОДИЦИ.СИЛНИОТ ВЕТЕР И БРАНОВИТЕ НЕ ГИ СПРЕЧИЈА ИЛЈАДНИЦИТЕ ВЕРНИЦИ ОД ОХРИД,ЗЕМЈАВА И ВО МАЛ БРОЈ ОД СТРАНСТВО ДА ПРИСУСТВУВААТ НА ПОЛОЖУВАЊЕТО НА СВЕТИОТ КРСТ ВО ВОДИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПО КОЈ ЗАПЛИВАА ОКОЛУ ТРИСТА МЛАДИ ЛИЦА.НАЈСРЕЌЕН БЕШЕ ДЕВЕТНАЕСЕТ ГОДИШНИОТ,ВАСКО ДОВЛЕВ,КОЈ ЗА ПРВ ПАТ ГО ФАТИ КРСТОТ. Силниот ветер кој дуваше со брзина од 15 метри во ...

Штотуку почнаа верските слави. Во најголем дел од нив храната на трпезата е посна. Ве потсетуваме дека сувото грозје од брендот АЛПОЈО е добредојдено за вакви пригоди. Побарајте го низ трговската мрежа и насладувајте му се на вкусот. Но, сувото грозје има и други ред квалитети - причина плус да го јадете. Сувото грозје е омилено уживање за многу луѓе, но и покрај ова, повеќето луѓе не се информирани за неговата хранлива вредност и придобивките ...

Ѓумбирот е повеќегодишно растение чиј корен се користи свеж и сушен во храната. Се користи како зачин, а може да се користи и за правење чај, сок, колачи или може да се јаде исецкано со мед. Во продажната мрежа побарајте пакување ѓумбир со знакот на АЛПОЈО - Охрид. Ѓумбирот има лут вкус и ароматичен мирис кој доаѓа од етеричните масла и фенолни соединенија. Овој корен има само 80 калории на 100 грама и не содржи холестерол. Сепак, содржи многу ...

Нишестето или пченичниот скроб е од растително потекло. Се употребува во домаќинството, најчесто во слаткарството. Неколку рецепти кои се надеваме ќе ја разбудат вашата желба да експериментирате во кујната и да направите вкусни солени и слатки нешта за Вас и за најблиските а зошто да не и за гостите. Пита со слатко од вишни За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути СОСТОЈКИ Путер(230 Грама) Шеќер(210 Грама) Јајце(2 ) Брашно(160 Грама) ...

Во продажната мрежа во Охрид и регионот побарајте пакување грав со заштитниот знак АЛПОЈО Охрид. Оваа недела го презедовме текстот од Весна Рохр која на својата веб страница напишала Ода за гравот. А токму гравот деновиве на славите е јадење број еден, но и често во секоја македонска куќа. Прочитајте и сигурни сме дека ќе побарате чинија грав уште утре. Ќе речат, најпросто нешто е да свариш гравче…Дали? Мислам дека и наједноставните јадења си ...

Ванилинот шеќер е мешавина од кристален бел шеќер и ванилин шеќер. Го нагласува мирисот на ванила на разни видови теста за торти и колачи, кремови, преливи. Во продажната мрежа побарајте го со заштитниот знак на АЛПОЈО Охрид. Ванилиците на баба Меки, миризливи, вкусни веќе превкусни, се топат в уста, ова се најубавите ванилици кои ги имам пробано, совршени се, а рецептот е од архивот на баба со мала модификација од мене. Од оваа количина се ...

АЛПОЈО Охрид посакува годинава да им биде плодна на приватен и професионален план на сите коминтенти и купувачи и посетители и консументи на нашите бројни производи. На Вашите трпези во секоја пригода нека се производите со заштитниот знак АЛПОЈО . Имајте многу поводи во 2023 за радост и наздравување. Во ALPOJO-Liquor & Spice Store има за секого по нешто. Среќни празници и Среќна Нова. Бескомпромисното верување во извонредното отсекогаш ...

Една наша постојана посетителка - купувачка на гриз и други намирници кај нас веле: Дома многу ми ги сакаат кнедлите од гриз, едноставно се приготвуваат и не се распаѓаат. Не ви е потребна вага за мерење. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце 4 супени лажици масло 8 супени лажици гриз Малку сол Важно: користете иста лажица како мерка – колку собира масло во лажицата, толку ќе ставите гриз. Значи 8 рамни лажици, а не преполнети. ПОСТАПКА: Изматете го ...

Денеска на репертоарот на ALPOJO-Liquor & Spice Store се вината за сечиј вкус. Во АЛПОЈО – Охрид има врвни вина од македонски и странски винарии со контролирано производство. Винарија Попов, Камник, Тиквеш, Бовин, винарија Лазар, Венец, Стоби,Royal Winery Queen Marija како и семејните винарии Клинчаров и Захарчев. Производство на вино или винификација е процес на производство на вино којшто започнува со селекција на грозје или друг ...

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен крст -Охрид ќе биде вклучен со тниза активности од областа на здравствено-превентивната дејност. На 18 јануари (среда) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст - Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст - Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Од ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министрите за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за правда Никола Тупанчевски и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, денеска во Охрид присуствуваше на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици. По церемонијата на осветувањето на водите на Охридското Eзеро и положувањето на светиот крст, ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
3.09
63%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
6.69
68%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
56%
1012
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
71%
1021
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
3.01
71%
1021
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
73%
1013
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
5.14
64%
1020
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
3.6
56%
1019
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
52%
1020
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
4.63
51%
1022
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
6.17
61%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 11ᴼ
6.17
50%
1024
Currency

61.525

Currency

53.9617

Currency

71.2182

Currency

34.0995

Currency

39.1097

Currency

66.5283

Currency

7.41638

Currency

0.65217

Currency

0.37783

Currency

0.52538

Currency

1.4325

Currency

0.63007

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15015.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.45

Сребро

1038.03

Злато

104051.10

Бакар

9.15

Паладиум

28999.97

Платина

29939.28

Родиум

174417.80

Цинк

2.65