Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
ОВЕН Заробени сте во вител на комплексни енергии кои се на патот на вашиот напредок во животот. Тие можат да ви помогнат доколку ги користите правилно. Вие сакате да имате балансиран пристап кон врската, но се соочувате со тешка и важна одлука што ќе преовладува од едната или од другата страна. За среќа, вашиот позитивен пристап и мудрост во донесувањето одлуки ќе донесат решение од кое сите ќе имаат корист. БИК Биковите денес не се ...
На ден 13.03.2026 година (Петок) во периодот од 9 – 12 часот ќе се врши Испитување на мостот со Пробно Товарење на Објектот: Мост на река Вардар (кај с. Здуње) на државен пат А2 Гостивар – Кичево. Поради таа активност, сообраќајот ќе се одвива согласно воспоставениот Времен Режим на Сообраќај и времени кратки прекини на сообраќајот, известуваат од АМСМ. На ден 13.03.2026 година (Петок) во периодот од 9 – 12 часот ќе се врши Испитување на ...
Во текот на денешниот ден 5-ти март 2026 четврток во Македонија ќе имаме краткотрајна промена на времето проследена со зголемување на облачноста која на повеќе места кај нас ќе донесе послаби врнежи од дожд а на повисоките планини (над 1500/1600 метри надморска височина) ќе провејува снег. Особено во Повардарието повремено ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец. Сето ова е поради краткотраен продор на малку поладен воздух од ...
Во време кога малите бизниси тешко опстојуваат, приказната на OMEGA ELEKTRO од Кичево е вистински пример за упорност, визија и претприемачка храброст. Она што започна како мало дуќанче со скромен капитал и големи соништа, денес по 15 години континуирана работа прерасна во најснабдениот електро маркет во градот. Основана со јасна цел да понуди квалитетни електро материјали по достапни цени, OMEGA ELEKTRO уште од самиот почеток ја градеше ...
На 10.03.2026 во 09:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во Електрана ТЕЦ Осломеј, при работа и сервисирање на работна машина, со повреди се здобил Л.С.(62) од Куманово. Тој бил пренесен во Општата болница во Кичево, а потоа во Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. На местото на незгодата, увид извршија полициски екипи и овластени службени лица од трудова инспекција. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, за медиумите ...
Во моментов активен пожар од територијата на Бугарија се движи кон македонската граница, поточно кон подрачјето на општина Ново Село на планината Огражден. Надлежните институции информираат дека состојбата се следи уште од моментот на појавување на огнената стихија, при што се преземаат сите неопходни мерки за да се спречи нејзиното проширување на територијата на државата. Според информациите на г-дин Кире Михаилов, заменик директор на ЈП ...
ОВЕН Ви доаѓаат непријатни вести. Идејата што ја имавте, а се однесува на вашето семејство, станува неизводлива со овој пресврт. Сте ги измешале работата и приватниот живот, па дозволивте семејните проблеми да ги решаваат соработниците. БИК Треба да станете сериозни и да ја завршите својата работа на најдобар можен начин. Не е лошо што знаете да се опуштите, но таквиот став кон обврските подоцна може да предизвика негативни последици, чија ...
Во изминатата недела, од 2 до 8 март 2026 година, Државниот пазарен инспекторат спроведе вкупно 492 инспекциски надзори на целата територија на Македонија, со цел контрола на почитувањето на законските прописи и заштита на правата на потрошувачите. Како резултат на извршените контроли, инспекторите издале 89 прекршочни платни налози, во вкупна вредност од 2.944.525 денари. Покрај тоа, изречени се и 20 опомени до субјектите кај кои се ...
Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Кичево упати апел до сите корисници на комунални услуги кои имаат неплатени сметки, истите да ги подмират во најкраток можен рок, а најдоцна до 1 април 2026 година. Од претпријатието информираат дека редовното и навремено плаќање на комуналните услуги е клучно за непречено функционирање на системот и за обезбедување континуирани и квалитетни услуги за граѓаните. Воедно, од ЈКП „Комуналец“ ги ...
Пресадувањето на растенијата е задача што многу луѓе ја одложуваат, најчесто поради страв дека би можеле да направат грешка и да го оштетат растението. Сепак, експертите велат дека станува збор за едноставен и важен процес кој на растението му обезбедува повеќе простор и подобри услови за раст и развој. Неколку знаци јасно укажуваат дека на растението му е потребна нова саксија. Ако корените почнат да излегуваат низ дупките на дното, ако ...
Компанијата Google започна со воведување на нова функција во Google Play Store, која ќе им помогне на корисниците полесно да ги препознаат апликациите што може прекумерно да ја трошат батеријата на нивниот телефон. Со новата опција, на страницата на апликацијата ќе се појавува специјална икона и предупредување доколку софтверот покажува висока активност во позадина, што може да доведе до побрзо празнење на батеријата. Пораката ќе ги ...
OpenAI наскоро би можел да ја прошири функционалноста на својот популарен чат-бот ChatGPT со интеграција на напредниот AI видео генератор Sora. Според извештај на The Information, компанијата планира да овозможи директно користење на Sora во рамките на ChatGPT, што би им дозволило на корисниците да создаваат видеа со помош на текстуални инструкции. Sora е дел од новата генерација AI алатки Sora е дел од пошироката стратегија на OpenAI за ...
На 10.03.2026 во 22:30 часот на место викано „Краварски пат“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода С.E.(62) од Република Турција. При преглед во патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки,кое го управувал, пронајдени се седум лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатно–транзитен центар Винојуг во Гевгелија за ...
На 09.03.2026 во 15:50 часот во СВР Битола, 80-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 150.000 денари, 150 евра, 1.300 австралиски долари, како и златен накит. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка била повредена во сообраќајна несреќа, при што требало да се направи итна операција, за која требало да се плати. Како што е пријавено, откако се договориле, ги дала ...
На 07.03.2026 во 07:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, Ф.А.(38) од Скопје, управувајќи мопед „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.А., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, ...
ОВЕН Лесно е да изберете да бидете слаби кога нештата во вашиот живот се случуваат толку брзо и немате контрола над нив, лесно е да се однесувате како вие да сте жртвата. Но она што треба да го направите е да застаните исправено и да превземете контрола врз вашиот живот. Само на тој начин ќе пристигнете кон подобра иднина. БИК Престанете да ги набројувате во вашата глава сите оние ситуации кои биле тешки и нефер спрема вас. Само го губите ...
Од самите почетоци на приватната стоматологија во Македонија до современа дигитална практика водена од втората генерација стоматолози. Три и пол децении во медицината не се само временска одредница, туку показател за професионален континуитет, доверба и посветеност. Во стоматологијата, област која постојано се развива заедно со новите технологии и научни достигнувања, одржувањето на таков континуитет претставува посебна вредност. ...
Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на првата годишнина од трагедијата од 16 март 2025 година, во која животот го загубија 63 лица. Во периодот од 14 до 16 март, преку повеќе религиозни, спортски и комеморативни активности, градот ќе им оддаде почит на загинатите. Одбележувањето започнува во сабота, 14 март, со верски обреди. Во 08:00 часот во црквата „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ ќе се служи литургија за покој на душите на ...
Будењето среде ноќ и поминувањето часови во кревет обидувајќи се повторно да заспиете може да биде исклучително фрустрирачко – особено кога ве очекува работен ден наутро. Многу луѓе се будат околу 3 часот наутро и потоа не можат повторно да заспијат. Британскиот ТВ доктор Амир Кан споделува корисен совет како да се справите со овие таканаречени „мачни часови“. Кога мозокот не престанува да работи Во видео објавено на Инстаграм, д-р Кан ...
Популарната апликација за пораки WhatsApp наводно подготвува нова премиум претплата која би можела да донесе дополнителни функции и опции за персонализација. Според последните информации, новиот пакет би можел да се вика WhatsApp Plus и ќе биде наменет за корисници кои сакаат повеќе контрола врз изгледот и функциите на апликацијата. Важно е да се нагласи дека основната верзија на WhatsApp ќе остане бесплатна, додека претплатата ќе нуди ...
Технолошкиот гигант Apple наводно планира значително да го прошири својот Ultra бренд со нови премиум уреди, вклучувајќи модели на iPhone, AirPods и MacBook. Целта на оваа стратегија е компанијата дополнително да се позиционира во највисокиот сегмент на пазарот, нудејќи уреди со најнапредни технологии и функции. Преклоплив iPhone Ultra Една од најинтересните гласини се однесува на идниот преклоплив iPhone. Според информациите, уредот би ...
На 09.03.2026 во 21:25 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишија од слобода И.Д.(43) од Гевгелија. Претходно, околу 21:00 часот во с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“ со валандовски регистарски ознаки, кое го управувал, но тој не застанал со возилото и веднаш ...
Во периодот од 06. до 08.03.2026 година, во две одделни акциски контроли, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро од слобода ги лишија Ј.Ц.(53), Е.Б.(50) и А.Ш.(21), сите од Република Албанија. Тие, откако со пловни објекти, илегално ја преминале македонско-албанската државна езерска граница, од полициската патрола се затекнати во македонските територијални води при ...
ОВЕН Оние од вас кои планираат пократко патување денес можеби ќе бидат задоволни, особено ако се работи за семејна посета. Не дозволувајте парите премногу брзо да излезат од контрола, обидете се максимално да ги контролирате вашите трошоци, како и вашите навики поврзани со секојдневниот шопинг. Нема да ја спасите ситуацијата ако понудите пари, наместо тоа да понудите време. БИК Разговарајте со оние луѓе кои имаат искуство во нешто поврзано ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати, во просек за 14,27% во однос на одлуката донесена на 2.3.2026 година. Според податоците, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, во споредба со претходната пресметка, се зголемени во просек: кај бензините за 13,384%, кај ...
Во текот на оваа ноќ и утре 9-ти март 2026 понеделник во претпладневните часови особено во западните предели ќе има локални послаби врнежи од дожд а на планините над 1500/1600 метри надморска височина ќе провејува снег. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Повремено ќе засилува ветер од југоисточен правец особено во Повардарието. Во Скопје и околината исто така ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд а повремено ќе засилува ветер ...
Технолошкиот гигант Apple официјално го претстави новиот лаптоп MacBook Neo, кој е позициониран како најдостапниот MacBook модел досега. Новиот уред е наменет за поширока група корисници и се продава по почетна цена од 599 долари, што го прави значително поевтин од досегашните лаптопи на Apple. Прв MacBook со чип од iPhone Една од најинтересните карактеристики на MacBook Neo е тоа што работи со чип базиран на технологијата од iPhone 16 Pro. ...
Новата серија телефони Samsung Galaxy S26 постигна импресивен успех уште пред официјалната продажба. Според податоците на Samsung, за само седум дена во Јужна Кореја се регистрирани 1,35 милиони преднарачки. За споредба, минатогодишната серија Samsung Galaxy S25 достигна околу 1,3 милиони преднарачки, но за 11 дена, што значи дека новата генерација стартува уште посилно. Galaxy S26 Ultra убедливо најбаран Најголем интерес кај купувачите ...
ChatGPT продолжува со силен глобален раст. OpenAI во петокот објави дека нивниот четбот со вештачка интелигенција достигнал 900 милиони активни корисници неделно, приближувајќи се до симболичната граница од една милијарда. Компанијата истовремено соопшти дека бројот на претплатници кои плаќаат за услугата изнесува 50 милиони. Новата бројка претставува пораст од 100 милиони корисници во однос на октомври 2025 година, кога OpenAI објави дека ...
Samsung Electronics ја задржува водечката позиција на глобалниот пазар на телевизори веќе 20 години по ред, според најновите податоци за индустријата. Компанијата е на првото место уште од 2006 година, а според анализата на истражувачката компанија Omdia, Samsung ќе има 29,1% удел во глобалниот пазар на телевизори во 2025 година. Овој резултат дополнително ја потврдува силната позиција на Samsung во сегментите на премиум телевизори, ултра ...