
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



„За инвестициските потфати од 2018 до 2022 година, чиј износ достигна сума од 104,1 милиони евра, Алкалоид АД Скопје доби признание за ‘најголем инвеститор во регионот на Западен Балкан’ од страна на Регионалниот коморски форум WB6. Оваа, 2023 година, ќе ни биде рекордна инвестициска година, со вложени околу 30 милиони евра. Континуираното инвестирање и унапредување во сите сегменти од работењето ќе остане и натаму високо позиционирано како една ...
На глобално ниво, организацијата предвидува намалување на растот на 2,7% во 2024 година, од 2,9% оваа година, пред да се зголеми на 3% во 2025 година, поради обновувањето на растот на реалниот приход и пониските каматни стапки. Напредните економии се соочуваат со генерално побавен раст од пазарите во развој, а перформансите на Европа заостануваат зад Северна Америка и големите азиски економии. Посилниот одошто беше очекуван раст на БДП во 2023 ...
Во структурата на дејностите на најголемите компании во Македонија доминираат трговските фирми. Трговци со нафтени деривати, трговци со текстил на големо и мало, трговци со електрична енергија, трговци со тутун, трговци со лекови, трговци со цигари и алкохол и нивни дистрибутери… Компании што се бават со трговија и дистрибуција на најразлични производи се околу половина меѓу најголемите 200. Ако не ги сметаме фабриките на странските инвеститори ...
Тектонските поместувања предизвикани од неколку последователни кризи кои го погодија светот во последниве четири години, донесоа нови правила на игра во нашите животи, начинот на кој се водат бизнисите и секако во животот на брендовите. Забрзаната дигитализација и развојот на технологијата значително ги променија преференциите на потрошувачите и креирањето на лична, хумана конекција во рамките на било која комуникациска порака е есенцијално и е ...
Сите 13 банки во Македонија (со сѐ Развојната банка, која што е во државна сопственост), за 2022 година покажаа вкупна добивка пред оданочување во износ од 170,7 милиони евра, а вкупна нето добивка од над 157 милиони евра, што е за 5,7% повеќе во однос на 2021 година. Банките во Македонија во 2022 година оствариле нето приходи од камати во износ од 287 милиони евра, а од провизии и надоместоци 101 милион евра. Во рамки на специјалната едиција ...
Среќата е вистинска само кога се споделува со друг, а чувството кога ќе подарите нешто свое е она што ја создава вистинската вредност на празниците. Токму ова е пораката што сакаат да ја пренесат студентите на Универзитет Американ Колеџ Скопје и учениците од Американската Гимназија Скопје, кои организираа голема празнична донација за да го означат крајот на првиот семестар од академската година. Водени од мотото Love Above All, учениците и ...
Ино Фаб Лаб, првата лабораторија за прототипирање лоцирана на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје започна со реализацијата на проектот „Дигитален пластичен отпад“ преку кој ученици и наставници од четири основни училишта во Скопје, Штип, Тетово и Битола ќе стекнат практични знаења и вештини за современите 3Д технологии, како што се 3Д печатење, 3Д скенирање и креирање G-кодови. За време на проектот учениците ќе собираат пластични шишиња и ...
На состанокот се разговараше за ситуацијата во регионот во светло на идното проширување на ЕУ, за геополитичките случувања во Европа и пошироко, како и за можностите за економска соработка меѓу двете земји. На маргините на самитот на ОБСЕ, почесниот конзул на Малта во Северна Македонија, Кочо Анѓушев имаше работен доручек со министерот за надворешни и европски работи и трговија на Малта, Јан Борг. На средбата министерот Борг се заблагодари за ...
Претходно, Грин Машинс учествуваше на саем за општински комунални услуги кој се одржа во бугарскиот град Албена, кадешто беше искажан голем интерес од општинските власти за возилата за чистење на БРАКО. Бугарскиот приморски град Поморие набави возило за чистење на градските улици од брендот Грин Машинс на БРАКО. Возилото беше испорачано минатата недела, а станува збор за новиот надграден модел 636 stage V, во кој е вграден најсовремениот систем ...
Шеснаесет од возилата се на класичен погон и 6 возила се на електричен погон, а градот се одлучи за моделот 400 ZE, машина со рачно управување, кој е еден од најпродаваните модели. Градскиот совет на Даблин набави 22 возила од велешката фабрика БРАКО, кои ќе го чистат главниот град на Ирска. Шеснаесет од возилата се на класичен погон и 6 возила се на електричен погон, а градот се одлучи за моделот 400 ZE, машина со рачно управување, кој е еден ...
Трета година по ред, Македонска берза доделува годишни награди во повеќе категории, при што дел од наградените добитници се одредуваат врз основа на квантитативни податоци, како што се берзанскиот промет, цените, истргуваната количина на хв и бројот на трансакции. На 21.12.2023 година се одржа церемонија на доделување на Годишни награди на Македонска берза за 2023 година за котираните компании, членките на Берзата и други субјекти поврзани со ...
Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, учествуваше на панел дискусијата „Светот во 2024 – Истражување на трговските трендови, предизвици и можности“, организирана во Скопје од престижниот британски магазин Економист. „Градежништвото било, е и во иднина ќе биде наша примарна бизнис љубов, деловна пасија, што и покрај бизнис диверзификацијата на полето на финансиите, банкарството и енергетиката, сеуште е суштински код ...
Признанието што го освојува АЛКАЛОИД по 11-ти пат во изминатите години ги потврдува највисоките стандарди на корпоративно управување во компанијата. На церемонијата за доделување на годишните награди на Македонската берза за 2023 година за котираните компании, за членките на Берзата и за другите субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на 21.12.2023 година, АЛКАЛОИД АД Скопје е добитник на престижната награда ...
На настанот, ПроКредит ги претстави ефектите од дигитализацијата и можностите за малите и средни претпријатија. ПроКредит Банка како докажан лидер во дигитализацијата во македонскиот банкарски сектор и понатаму продолжува да ја промовира дигитализацијата, овој пат со фокус на малите и средни претпријатија. За таа цел, ПроКредит Банка го организираше настанот „Дигитална еволуција: Одговорност кон иднината на бизнисите“, на кој присуствуваа ...
Од Владата изјавија дека најновиот пакет антикризни мерки бил внимателно дизајниран, согласно конкретните потреби на македонската економија и таргетиран кон оние категории на коишто навистина им е потребна поддршка. Економските аналитичари, пак, сметаат дека и покрај тоа, овие мерки носат значајни ризици. Владата го објави деветтиот пакет антикризни мерки. Планираниот буџетски трошок е 662 милиони евра, а целта е да се заштити животниот стандард ...
Генералното собрание на ОН во вторникот гласаше со големо мнозинство за барање хуманитарен прекин на огнот во Газа како силна демонстрација на глобална поддршка за ставање крај на војната меѓу Израел и Хамас. Гласањето ја покажува и зголемената изолација на САД и Израел. Гласањето во 193-члената светска организација беше 153 „за“, 10 „против“ и 23 „воздржани“. Поддршката беше поголема отколку за резолуцијата од 27 октомври која повикуваше на ...
Повеќе од 3.900 директори и лидери одговорни за управување со ризик, кои се членови на одбори и топ менаџмент, и работат во областите на технологијата, оперативниот бизнис, финансиите, ризикот и ревизијата, беа анкетирани во 2023 година, а резултатите покажуваат дека 39 отсто од испитаниците се чувствуваат „многу“ или „екстремно“ изложени на ризици од инфлација, но кибер ризиците се блиску до врвот (37 проценти) заедно со ризиците што ги носат ...
Дали изградбата на станици за полнење ќе биде лесна или комплицирана? Одговорот на тоа прашање значително се разликува меѓу земјите на ЕУ. Извор од индустријата вели дека во Германија станица за полнење чекала со месеци за да започне со работа поради правилата коишто штитат буквално едно дрво, а друга лоцирана на прометен автопат чекала десет месеци поради проценка на бучавата пред да добие дозвола за работа. Речиси половина од 1.600 станици на ...
Тинк-тенк „Аналитика“ работеше на анализа од ефектот од зголемувањето на акцизата врз вкупните приходи и намалување на бројот на смртни случаи поврзани или предизвикани од пушење. За таа цел при истражувањето „Аналитика“ зеде предвид три сценарија преку зголемување на специфичната стапка на акцизата од 10%, 30, 50%, кои покажаа зголемување на приходите од акцизи меѓу 8% и 22,5% односно зголемување меѓу 227 и 312 милиони евра во државниот буџет. ...
И додека Скопје и Охрид привлекуваат внимание, се појавува нов тренд кај странските туристи. Тие бараат искуства надвор од постоечките и установени патеки, далеку од преполните туристички места и го прифаќаат шармот на македонските рурални села. Три такви скриени скапоцени села се Пчиња, Умин Дол и Ново Село во кумановско, а македонските дојдовни тур-оператори ја забележаа нивната сè поголема популарност. Македонија е позната по својата богата ...
Во шеснаесетте години постоење, Фондацијата „Трајче Мукаетов“ стипендирала вкупно 659 студенти по фармација и по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје и инвестирала близу 130 милиони денари по основ на стипендии и на еднократни парични награди за првенците на генерација. Шеснаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот ...
По повод одлуката на американската влада за забрана на влез на сопственикот на Фероинвест, Кочо Анѓушев, и неговото семејство во САД, со реакција се огласи и Анѓушев. Соопштението го пренесуваме во целост: „Во текот на мојот мандат во Владата на Република Северна Македонија од 2017-2020 година работев со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес на македонската економија и на демократските принципи на кои ...
„Оваа ознака ја потврдува посветеноста на САД за борба против корупцијата, која му штети на јавниот интерес, го попречува економскиот просперитет на земјите и ја намалува способноста на владите ефективно да одговорат на потребите на својот народ.“, велат од Стејт департментот. Владата на САД денеска го стави и македонскиот бизнисмен и поранешен вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев на својата „црна листа“, поради неговата вмешаност во ...
„Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ – моќни пораки спрема заедницата и силни причини за синергија, кои во целост ги препознаваат и ги почитуваат обете организации. Во годината кога брендот „Бекутан“ го слави својот 45-годишен јубилеј започна стратешката соработка со СОС Детско село – организација која во моментов води грижа за близу 500 деца и младинци во земјава кои се без ...
Поголемата општествено – економска инклузија на жените е важна и носи бројни полезности за целото општество. Поголемата инклузија на жените резултира со повисок БДП за околу 10 проценти во просек, а кај помалку развиените економии дури и за 30 проценти. Според една студија на Светската банка, земјите од Западен Балкан секоја година губат околу 18% од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд, при што две третини од загубата произлегуваат од ...
Бизнисите кои активно ја поддржуваат родовата еднаквост имаат тенденција да донесуваат подобри деловни одлуки – и на крајот да заработат повеќе пари. Истражувањата покажуваат дека инклузивните тимови донесуваат подобри деловни одлуки до 87% од времето и дека тимовите со помала разновидност имаат поголема веројатност да направат лоши избори за нивните компании. Според Извештајот за глобалниот родов јаз на Светскиот економски форум за 2020 година, ...
На корпорацискиот прием организиран во скопскиот хотел Александар Палас деновиве, беа присутни преку 800 гости за да го прослават големиот јубилеј – 20 години од работењето на Феро Инвест и Брако. Со 800 гости и прием на кој присуствуваа видни личности од сите сфери на општеството, групацијата Феро Инвест и фабриката Брако го одбележаа своето 20 годишно постоење и успешно работење на македонскиот и на меѓународните пазари. На корпорацискиот ...
Шведската кралска академија на науките ја додели овогодинешната Нобелова награда за економија на Клаудија Голдин од Универзитетот Харвард, за унапредување на нашето разбирање на резултатите на жените на пазарот на труд. Голдин го даде првиот сеопфатен извештај за заработувачката на жените и учеството на пазарот на труд низ вековите. Токму нејзиното истражување ги откри причините за промените, како и главните извори на родовиот јаз. Нобеловата ...
Во најновото истражување „EY CEO Outlook Pulse“ спроведено од консултантската компанија EY интервјуирајќи 1.200 глобални извршни директори, активноста на спојувања и преземања (M&A) паднала на најниско ниво од 2014 година наваму, при што само 35 проценти од анкетираните извршни директори планираат да вршат активности за спојување и преземање во текот на следната година. Во најновото истражување „EY CEO Outlook Pulse“ спроведено од ...
Иван Скендеровски, неговиот бизнис партнер Греам Лоутер и технологот Милица Плетварски создадоа џин со дестилација на македонска смрека и уште 13 други тревки и зачини. Смидџин веќе го освојува светот, а најново нешто од нивната крафт-дестилерија е премиум џинот зреен во буриња од шардоне. Кога одите по „Илинденска“ во Скопје накај Градската фонтана, веднаш спроти неа, во палатата Рубен, на скалите што водат кон подрумските простории каде што ...