Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
-Актерството е професија на вечно учење. Не постои актер кој еднаш за секогаш завршил некакво училиште бидејќи животот и проектите во кои влегува и излегува се училиштето со кое секогаш се соочува. Со секој нов проект актерот почнува од почеток. За среќа имаме актер кој ги поминал сите вообичаени фази кои ги минуваат сите фази во светот. Тони Наумовски работел во театар, телевизија, на филм во Њујорк и во такви сериозни околности да стасаш до ...
Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра. Приходите остварени на домашниот пазар бележат раст од 24% во однос на истиот период минатата година, со реализирани продажби од 4,8 милиони евра, што претставува најсилен двигател на резултатите во ...
Музика и гласен разговор во сабота навечер кога се одржуваше Д фестивал во една од просториите на штипскиот Архив, беше забележан на виде запис што до нашата редакција ни го испрати слушател. Снимката е направена вечерта, пред почетокот на настапот на Бајага на фестивалот, кој се одржуваше преку патот од Архивот, на Градскиот стадион. На снимката се слуша жагор од гласен разговор на повеќемина, а според информацијата од слушателот, забележани ...
Светот на спортот е завиен во црно по потврдата на веста дека Вилнер Ривас (31), капитенот на машката одбојкарска репрезентација на Венецуела, го загубил животот во катастрофален земјотрес. Спасувачите го пронашле неговото тело под урнатините на станбената зграда, заедно со телата на неговата сопруга Марианчел Перез и нивниот син Тео. Семејството Ривас е исчезнато од 24 јуни, кога силни земјотреси го погодија северниот дел на Венецуела. ...
Акциска контрола на пловните објекти во водите на Охридското Езеро, вчера констатирани 52 прекршоци, девет лица што управувале пловен објект биле под дејство на алкохол. -Вчера (05.07.2026), полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ во содејство со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанија на пристаништа Охрид, реализираа координирани акциски контроли ...
Лишен од слобода малолетник во Тетово, поради кражби во верски објекти -На 05.07.2026 во 13:20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и ,,тешки кражба“ во текот на минатиот месец во црквата во с.Брвеница и во две џамии во Тетово. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат одд ...
Современите свадби сè повеќе наликуваат на мини-претстави. Најнов тренд се така наречените „лажни матичари“. Станува збор за лица кои немаат законско овластување да склучуваат брак, но ја водат церемонијата така што таа изгледа како вистинско венчавање. Правниот дел од постапката младенците најчесто го завршуваат во Општина, а потоа големото „да“ го повторуваат пред семејството и пријателите, често со сценографија како на филм, пишува Сити ...
Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој на младоста и искуството, а како заедничка особина и на двајцата, како и на целиот тим вклучен во овој проект: енергијата, трудот и искрената желба да се создаде не песна со видео запис, туку парче уметност. Главниот „виновник” за спојот на оваа група уметници е продукцијата „Fresh Union” зад која стои Васко Павлевски кој безрезервно се вложи тимот да е составен од најдобрите од најдобрите, односно: ...
Репрезентацијата на Норвешка направи подвиг и успеа да се пласира во четвртфиналето на Мундијалот, а последна „жртва“ беше повеќекратниот светски шампион Бразил. Норвешка победи со 2-1, а стрелец на двата гола беше првата ѕвезда на тимот Ерлинг Халанд. – Се чувствувам доста добро по двата гола што ги постигнав против Бразил и победата од 2-1 против нив. Колку многу значи тоа за Норвешка, мислам дека го кажав и претходно, но мислам дека ја ...
Пејачката Шакира и ФИФА соопштија дека ќе донираат 500.000 американски долари за помош на децата погодени од разорните земјотреси што кон крајот на јуни ја погодија Венецуела. Средствата ќе бидат обезбедени преку Фондот за образование ФИФА („FIFA Global Citizen Education Fund“) и ќе бидат наменети за поддршка на образованието на илјадници деца чие школување е загрозено по катастрофата. Разорните земјотреси, со јачина од 7,2 и 7,5 степени ...
Џала Брат и Буба Корели се подготвуваат да го освојат Охрид, а интересот за најавениот концерт во Егоист бич барот е огромен и веќе е пред распродавање. За настапот што ќе се случи на 31 јули останаа уште мал број влезници. По еуфоријата што ја предизвикаа низ регионот, популарниот двоец сега се подготвува за една од најочекуваните летни вечери на брегот на Охридското Езеро. По огромниот успех на новиот албум GODZILLA, кој за рекордно кратко ...
По поразот од Норвешка со 1-2 и елиминацијата на Бразил од осминафиналето на Светското првенство, бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека неговата репрезентативна кариера е завршена. 34-годишникот беше многу емотивен за време на интервјуто за ТВ Глобо; не можеше да ги задржи солзите по завршувањето на натпреварот во Ист Радерфорд (Њу Џерси), каде што го постигна единствениот гол за Бразил од пенал во судиското продолжение. „Се обидов, дадов ...
По победата на турнирот во Скопје 2023 година македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфираше на годинашново издание на Macedonian Open. За Ивановски ова беше 13.та победа на последните 14 мечеви, откако се врати на настапите во јуни годинава по паузата поради повредата. – Се вратив, по една година повреди со многу маки. Голема чест е да се игра пред наша публика, ми дававте многу мотив и вчера и денес. Ми помогнавте да го освојам турнирот. ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството, како што е најавено, треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица. ...
За првпат во седум години, трите авиони за гаснење на пожар познати како Ер трактори, за време на сезоната на пожари се целосно функционални, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Сепак, се размислува за набавка на уште три нови, за што треба да се бараат средства во буџетот. Ер тракторите во вчерашниот голем пожар во пробиштипскиот регион беа пресудни да се изгаси стихијата, во кој изгоре една куќа, три ...
Семејството на Љубиша Ѓорѓевиќ (65) од Лесковац, кој почина во вторник на плажата Гларокавос во близина на Пефкохори во Грција, не може да се помири со трагедијата што се случи пред очите на неговата сопруга, ќерка и двајцата внуци, на одмор што беше подарок од неговата ќерка за 40-годишнината од бракот на неговите родители. Одморот бил подарок од неговата ќерка за годишнината Додека чекаат неговото тело да биде транспортирано од Грција во ...
Цели 12 часа траеше гаснењето на пожарот што беснееше меѓу Ратавица, Бучиште и Неокази во пробиштипскиот регион. Силниот ветер го носеше огнот со голема брзина, што на крај резултираше со една целосно изгорена куќа на семејство од селото Бучиште, а уште три куќи делумно се опожарени. Изгореа и помошни простории, пчеларници, ниви со жито, овоштарници и лозја, како и електричната мрежа и други инфраструктурни објекти. Штетите допрва ќе се ...
Воведување на сосема нов политички систем, национализација на клучните компании, како ЕВН и Телеком и воведување на смртна казна за финансиски проневери – се дел од идеите за промени и напредок на Македонија, изнесени до емисијата „Стадион“ од Митко Јованов, политиколог, кој живее и работи во Германија. Не само тоа, туку комплетно следење каде одат парите од Буџетот, бидејќи како што вели Јованов има многу непотребни институции и места што ...
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против три лица од Скопје за сторено кривично дело „насилство врз дете“, информираат од Министерството за внатрешни работи за случајот со напад на 14-годишен малолетник во Ченто. Од МВР информираат дека СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднела кривична пријава против Ј.Ј. (19), В.С. (23) и В.А. (19) сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за ...
ОВР Кочани поднесе кривична пријава за осум лица за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ -Денеска (03.07.2026) Одделението за внатрешни работи Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.Ш.С.(53) од Македонски Брод, С.Ѓ.(59) од Скопје, З.М.(64), С.З.(61), Т.К.(42), Н.Д.(43), Г.П.(41) и М.З.С.(44) сите од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ предвидено ...
На Светското првенство според денешната програма ќе се одиграат последните три натпревари од 1/16 финалето. На сите три натпревари нема да се појави ниту една европска репрезентација. Први ќе истрчаат репрезентациите на Австралија и Египет. Натпреварот се игра во Далас, а очекувањата се дека би требало мала предност да има Египет, но доколку повредата го спречи нивниот капитен Мохамед Салах да се појави на теренот тоа може да биде проблем за ...
Специјалниот противпожарен авион Ер трактор беше употребен во Штип за гаснење на пожарот кој попладнево го зафати ридот Исар во центарот на Штип. Гореше источната страна од ридот во близина на куќите од истоимената градска населба, а потоа се прошири кон тврдината и меморијалниот комплекс на борците од НОБ. Таму пожарот се подели на две половини, едната над куќите на трева и втората под боровата шума кај меморијалниот споменик на НОБ. ...
Министерот за спорт Борко Ристовски денеска организираше пречек за македонската тенисерка Лина Ѓорческа по нејзиниот историски настап на најпрестижниот светски тениски турнир на Вимблдон, каде за првпат во историјата една македонска тенисерка настапи во главната фаза. Со овој гест, Министерството за спорт и Владата испратија јасна порака дека државата знае да ги препознае, вреднува и почитува спортските успеси кои испишуваат нови страници во ...
Нотирано е во одредени маркети зголемување на бруто маржата, споредбено со минатата година од 2 до 5 отсто и тие ќе бидат повикани на состанок и јасно ќе им се каже дека тоа е недозволиво, истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање до каде се преговорите со маркетите и дали ќе има намалување на цените на прехранбените производи. -Да, да бидам конкретен со пример – ако минатата година во ...
По минатогодишниот охридски концерт за кој сѐ уште се зборува и се памети како една од најемотивните музички вечери на Античкиот театар, Јелена Розга повторно се враќа пред македонската публика. На 29 јули 2026 година, со почеток во 21 часот, регионалната музичка ѕвезда ќе одржи голем концерт во Охрид, а овојпат со себе ја носи и својата нова песна „Љуби ме”, која веќе предизвикува огромно внимание кај публиката низ регионот. Новата песна ...
Претставата „Кокошка“, во продукција на независниот театар Вортекс и копродукција со НУ Театар Комедија, ја освои Специјалната награда од Kolyada Theatre од стручното жири, составено од истакнати театарски уметници, на XIX Меѓународен фестивал на современа драматургија „Kolyada Plays 2026“ („Драмите на Кољада“), кој се одржа во Екатеринбург, Русија. Со ова признание претставата ја доби препознатливата фестивалска награда „Метална комета“, во ...
Кога луѓе кои со години работеа за СДСМ, како Петар Арсовски, почнуваат да ја продаваат „верата за вечера“, тогаш станува јасно дека не станува збор за анализа, туку за позиционирање, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз, што ви го пренесуваме во целост. -Тие не ја предаваат само партијата. Тие ја предаваат идејата. Идејата за борба против организиран криминал, за европска и демократска Македонија, за земја во која младите ќе ...
Хрватска го заврши својот настап на СП 2026. На начинот на Турција во 2008 година, Шпанија во 2012 година и Португалија во 2016 година, Хрватска повторно беше шокантно елиминирана во последните моменти од натпреварот. Клучниот момент се случи кон крајот на натпреварот, кога голот на Хрватска беше поништен по интервенцијата на ВАР, пишува 24сата.хр. Одлуката веднаш започна дискусии за тоа дали „Ватрените“ останаа без заслужено продолжување, а ...
По објавувањето на студискиот албум „Зачаран круг”, македонскиот кантавтор, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ, заедно со својот бенд Sound Therapy, го претставува видеоспотот за насловната песна од албумот. Музиката ја потпишуваат Иван Кукиќ и Стефан Илиќ, кој воедно е и автор на текстот, додека аранжманот е дело на Кукиќ. Песната е создадена во студиото на Кукиќ во Струмица, каде што настанува и најголемиот дел од неговото авторско ...
Американските претставници индиректно ги предупредиле шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, и претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Калибаф, дека Израел може да се обиде да ги убие за време на преговорите со Вашингтон за завршување на војната, објави денеска „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на американски претставници. Весникот наведува дека некои американски претставници веруваат дека Израел наводно планирал да ги ...