Поразот од Аталанта во Бергамо го зголеми притисокот врз тренерот на Милан, Стефано Пиоли, италијанските медиуми тврдат дека мечот против Њукасл може да биде решавачки за неговата иднина. По 16 одиграни кола во Серија А, Милан е на третото место со дури девет бода заостанување зад лидерот Интер. Росонерите се во незавидна ситуација и во Лигата на шампионите и можат да бидат елиминирани од Европа доколку не го победат Њукасл на Сент Џејмс ...

Во Берово и на Попова Шапка утрово беше најстудено, минус четири степени, а најтопло во Дојран, пет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус три степени се измерени во Битола, Тетово, Крушево и Маврови Анови, минус два степени во Скопје-Петровец, Прилеп, Струмица, Охрид, Демир Капија, минус еден во Штип, Крива Паланка, Кавадарци. Нула степени се измерени во Велес, Претор, Виница, еден во Дебар и два степени во Гевгелија. Најмногу ...

Селтик почнува сѐ посилно да се поврзува со македонскиот напаѓач Бојан Миовски, гласините велат дека тие сакаат да го ангажираат уште во јануари. Селтик вчера загуби од Килмарнок во домашното првенство, а во Лигата на шампионите од пет натпревари освоија само еден бод и како последни ќе го завршат натпреварувањето. Раководството на клубот разгледува можност за нови засилувања, а едно од имињата со кои се поврзуваат е Бојан Миовски. Тренерот ...

Најдобриот светски тенисер, Србинот Новаќ Ѓоковиќ, изјави оти по завршување на професионалната кариера нема амбиции да влезе во светот на политиката. „Немам чувство дека тоа е свет или опкружување во кое јас би блескал. Сепак, мислам дека мојата популарност во Србија и регионот може да се искористи за некои други работи во кои би можел да придонесам за животот во општеството“, рече Ѓоковиќ во опширно интервју кое денеска го емитуваше ...

Вардар денеска против Тиквеш го играше последниот првенствен меч во есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а неговите навивачи, Комитите приредија уште едно шоу. Навивачите на Вардар во овој тежок период постојано се со тимот, Комитите се ветерот во грб на фудбалерите кои водат жестока борба за опстанок. Така беше и денеска, на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, Комитите направија фантастична кореографија за крај на ...

Во Берово и на Попова Шапка утрово е најстудено, минус четири степени, а најтопло е во Дојран, пет степени. Како што соопшти УХМР, до 7:30 часот минус три степени се измерени во Битола, Тетово, Крушево и Маврови Анови, минус два степени во Скопје-Петровец, Прилеп, Струмица, Охрид, Демир Капија, минус еден во Штип, Крива Паланка, Кавадарци. Нула степени се измерени во Велес, Претор, Виница, еден во Дебар и два степени во Гевгелија. Најмногу ...

Актуелниот шампион, Баерн Минхен го доживеа најголемиот пораз во Бундеслигата во последните четири години. Вчера тимот предводен од тренерот Томас Тухел во 14. коло загуби на гости од Ајнтрахт Франкфурт со 5:1. Последен пат тимот од Минхен загуби со таков резултат на 2 ноември 2019 година. За одбележување е тоа што тогаш токму Франкфурт ги победи со истиот резултат (1:5). За Баварците ова беше прв пораз оваа сезона во Бундеслигата по 10 ...

Фудбалерите на Интер одиграа феноменално и вчера, на домашен терен, лесно и убедливо го совладаа Удинезе (4-0) со што се вратија на врвот од табелата во Серија А, каде што привремено беше Јувентус по вчерашниот триумф во дербито со Наполи (1-0). Миланезите уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот и тоа во само седум минути во кои постигнаа три гола. Стрелци беа Чалханоглу од пенал во 37. минута, Димарко пет минути ...

Сè уште не се смируваат страстите по натпреварот меѓу Гостивар и Македонија Ѓорче Петров, откако главниот судија Стојанче Стојанов ги оштети гостите од Скопје во завршницата од натпреварот. Стојанов не покажа на белата точка, по еден невнимателен старт на Атимен, а потоа на спротивната страна досуди пенал за Гостивар кој беше реализиран од страна на Кехинде (1-0). „Не е само Стојанче Стојанов виновник за ваквите ситуации во Првата македонска ...

Во овогодинешниот извештај се дознава дека просечната старост на возниот парк во Германија достигна нов максимум, 10 години. Како резултат на тоа, постарите возила стануваат сè поважни за безбедноста на патиштата. Германската професионална организација „ТУВ“ секоја година врши повеќе од десет милиони технички прегледи, а сето тоа го составува во својот извештај. Во овогодинешниот извештај се дознава дека просечната старост на возниот парк во ...

Очекуваме релативно брза екстрадиција на Палевски од Турција, ова денеска го изјави министерот за правда Кренар Лога, кој додаде дека во Турција се испратени документи неколку пати – преку ДХЛ, по електронски пат, преку нашето МНР и Амбасадата. – изјави министерот за Правда Кренар Лога. И додека се чека екстрадицијата на прво осмничениот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски, денеска само неколку луѓе дојдоа на ...

МВР ги демантира дезинформациите во врска со денешна објава во која машко лице напаѓа случајни минувачи во Ченто. Од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба преземени се оперативни мерки и случајот е расчистен, а лицето е пронајдено и со него е извршен службен разговор. Имено, станува збор за Љ.С.(57) од Скопје, со престојувалиште во скопско село, кој појаснил дека инцидентот кој го направил, односно на кој е снимен и ...

Монтирана фотографија од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку која му се посакува смрт, осамна во групата „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“. Ова е истата група, во која два дена откако се дозна дека осомничен организатор и реализатор е Љупчо Палевски-Палчо – се објавуваа низа заговори. Објавата за Спасовски, три дена стои во групата со речиси 300 членови. Веќе се преземаат мерки за ...

Фудбалерот на Виртон, Иломбе Мбојo е ранет во пресметка на банди на улиците на Брисел. Како што пренесуваат белгиските медиуми, Мбоје и уште две лица биле главна цел на напаѓачите. Поранешниот белгиски репрезентативец е погоден во раката и е во болница. Пукањето се случило поради несогласувања помеѓу две банди во Брисел, а дел од медиумите шпекулираа дека Мбојo е вмешан во трговија со дрога, но се воспостави дека тоа не било вистина. ...

Астронаутот Скот Кели поставил рекорд за најдолг престој во Вселената. Затоа денес тој се соочува со здравствени проблеми. Астронаутот Скот Кели поставил рекорд за најдолг престој во вселената. Затоа денеска има здравствени проблеми. Неговата книга се вика „Истрајност“, а во неа ги опишал сите симптоми кои му се појавиле по враќањето на земјата. Ризик од рак „Додека бев во вселената, примав дневна доза на зрачење еднаква на 10 снимки на ...

Случајот со наводното киднапирање во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Општина Карбинци е целосно расчистен, велат од МВР. Надлежните не утврдиле елементи на кривично дело. „Веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на ...

Пожар зафатил ноќеска куќа во Кичево во која бил пронајден починат нејзиниот 79-годишен сопственик. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во 4.45 часот денеска во ОВР Кичево било пријавено дека во куќа во Кичево, сопственост на Т.Ј.(79) од Кичево, настанал пожар. -При интервенција на Територијалната противпожарна единица, бил пронајден починат сопственикот на куќата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила ...

Од 13 часот денеска на седумнаесетгодишната Сара Петровиќ од Борча, Белград, ѝ се губи трагот. Последен пат била видена во близина на ресторанот „Франш“. Нејзината мајка плачејќи за српски Телеграф изјавила дека само сака детето што побргу да го најде и дека се сомнева оти е киднапирана. Не знам ништо! Само сакам да ја најдам што поскоро. Сега одам во полициска станица. Се враќаше од забава во Младеновац и оттогаш ја нема. Ѝ се јавив, ми ...

Реал Мадрид не планира да се засилува во јануари со нови фудбалери, како што кажа тренерот Карло Анчелоти, но претседателот на клубот Флорентино Перез затоа размислува да избрка еден од играчите. „Кралевите“ планираат да го продадат Ферланд Менди, затоа што Перез не е задоволен од фудбалерот кој не ги оправдал вложените средства. Раководството на шпанскиот гигант смета дека во јануари ќе добие прифатливи понуди за трансфер на Менди, меѓу кои ...

Овој викенд се игра последното есенско коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Голем број клубови веќе започнаа да ја планираат својата иднина и зимскиот преоден рок. Најактивен клуб е Гостивар, кој и летово доведе многу нови имиња, а ќе купува нови фудбалери и оваа зима. Сепак, новиот член на нашата елитна категорија работи на „бомба“ која треба да се активира следното лето. Турските сопственици на Гостивар направија голема работа ...

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс се пласираа во финалето на НБА Купот, откако ноќеска повеќе од убедливо го совладаа Њу Орлеанс пеликанс (133-89) во вториот полуфинален меч од завршниот турнир во Лас Вегас. „Езерџиите“ за историскиот трофеј во новото натпреварување ќе играат против Индијана пејсерс, која претходно беше подобра од Милвоки бакс (128-119). Лејкерси до победата ги предводеше маестралниот Леброн Џејмс, кој имаше импресивни ...

Лаутаро Мартинез ги расчисти сите дилеми околу неговата иднина, вели дека е среќен во Интер и сака да потпише нов договор. Актуелниот договор на аргентинскиот фудбалер со Интер трае до јуни 2026 година, а наскоро двете страни треба да потпишат нов. Интер нема да има проблеми да ја продолжи соработката со својот најдобар фудбалер, Лаутаро сака да остане и не размислува на заминување. „Уште утре би потпишал нов договор. Среќен сум тука во ...

Според податоците објавени од “TikTok”, најгледаното видео оваа година има 504 милиони прегледи, 35,7 милиони лајкови и 1,8 милиони „зачувувања“. Споменатото видео го објавила корисничката по име „Nyadollie“, во кое на своите следбеници им ја покажува рутината за шминкање додека носи светло розова кошула. Ова видео било објавено на 8 март, а како што велат од “TikTok”, нивната цел била да оддадат почит на некои од најважните моменти што се ...

Времето денес ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а дожд на пониските места. Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни, соопшти УХМР. Во петок ќе дува засилен северен ветер, времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се задржи ...

Денес, WhatsApp стана незаменливо средство за комуникација за кореспонденција и разговори со пријатели и роднини, како и комуникација во бројни групи. За да ги задржат овие разговори приватни, корисниците можат да ја заклучат апликацијата за да може да се пристапи само со внесување на PIN-кодот на телефонот или со користење на биометриски податоци. Сепак, некои корисници понекогаш го споделуваат својот ПИН со своите партнери, деца/родители ...

Франческо Ачерби втора сезона по ред игра маестрално во одбраната на Интер. Репрезентативецот на Италија минатата сезона ги запре светските напаѓачи кои играа против него вклучувајги го и најдобриот голгетер во денешно време Ерлинг Халанд, а оваа сезона продолжува да импресионира. Но, покрај одличните партии, зад Ачерби стои тажна приказна, која ќе ја прочитате во продолжение. Навистина е голем човек и мотиватор Франческо. ,,Два пати го ...

Владата на денешната седница меѓу другото го разгледа и утврди текстот на Предлогот за изменување и дополнување на Законот за спорт, предложен од Министерството за правда, поврзан со тоа што е најголема грижа за сите македонски спортисти во изминатиов период – државната помош преку ваучер-системот. Денешното утврдување на промените кои ќе ги претрпе законското решение со кое се регулираат односите во спортот значи продолжување на државното ...

Времето во четврток ќе биде облачно и студено со врнежи од снег на планините, а дожд на пониските места. Попладне ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни, соопшти УХМР. Во петок ќе дува засилен северен ветер, времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. За време на викендот и почетокот на следната седмица ќе се ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планинитe од снег, особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а нови врнежи ќе има во ноќните часови кон четврток, информираше УХМР. „Во Скопје облачно, претпладне со врнежи од дожд. До четврток ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во четврток врнежите ќе преминуваат ...

По 18 месеци во Трабзонспор, македонскиот репрезентативец Енис Барди би можел да ја смени средината и да се пресели во Бундеслигата. Тој е една од главните цели на Унион Берлин и на него инсистира новиот тренер на тимот Ненад Бјелица кој му беше „шеф“ во Трабзонспор и имаа одлична соработка. Откако хрватскиот стручњак го напушти клубот, се намали и минутажата на нашиот фудбалер кој на последните четири меча забележа само еден настап и тоа од ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
100%
996
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
77%
992
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
89%
988
weather icon

Софија

2ᴼ / -1ᴼ
1.54
71%
997
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.43
93%
997
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.52
98%
988
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.24
88%
997
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
996
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
996
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
2.68
95%
997
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 2ᴼ
1.54
96%
990
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
5.14
76%
998
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Сребро

2686.19

Паладиум

54945.63

Рутениум

45750.51

Цинк

3.34

Бакар

12.01

Платина

68448.94

Злато

163150.25

Иридиум

213919.04

Алуминиум

3.11

Калај

48.19

Родиум

334367.76