Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако во четири сета го совлада 18-годишниот Хрват Дино Прижмиќ и по исцрпувачка четиричасовна битка – 6:2. , 6:7, 6:3. 6:4. Новак го одигра најдолгиот меч досега во првото коло на еден Грен слем, а славеше дури по седмата меч топка! Потешко од очекуваното, Новак Ѓоковиќ успеа да се снајде со талентираниот хрватски тенисер. 18-годишниот Хрват Дино Прижмиќ му „покажа заби“ на ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола соопшти дека Ерлинг Халанд нема да биде во тимот ни на дербито против Њукасл што се игра утре вечер на Сент Џејмс Парк. Тоа ќе биде вкупно деветти меч во низа што ќе го пропушти Норвежанецот, сметајќи ги сите натпреварувања во кои учествува Сити. Неговиот последен меч е од 6 декември кога англискиот и европски шампион гостуваше кај Астон Вила и загуби со 0-1. Оттогаш Халанд пропушти четири меча во ...
Од понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во пораст, соопшти УХМР. Утре ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури. Во понеделник и вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови, каде што ќе се формира нова снежна покривка. Во пониските места, врнежите ќе бидат од ...
Минусни температури утрово се измерени речиси во сите делови од земјава. Најниска беше температурата на Попова Шапка каде се измерени -15 степени, во Берово и во Крушево – 12, во Крива Паланка – 11, во Маврови Анови – 10, во Штип и Струмица -8, во Прилеп и во Виница – 7, во Битола, Охрид и Претор – 6, во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија – 5, во Куманово и во Велес – 4, во Скопје-Петровец, Тетово и Кавадарци – 3, во Дојран -2 и во Гевгелија 0 ...
Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено во западните делови каде што ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендов ќе преовладува сончево време со студени утра и со умерена облачност во текот на денот. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од снег на планините и повисоките места, особено ...
Вечерва од 18 часот во Минхен, репрезентацијата на Србија ќе го одигра својот прв меч на ова ЕУРО 2024 и тоа против Исланд. За српски „Моцартспорт“,екс голманот на Вардар, а сега член на Фуске Берлин, Дејан Милосављев во пресрет на денешниот меч посочи дека одлично се чувствува, дека е подготвен и дека очекува добар меч од страна на неговата репрезентација. Интересно, тука го спомна Вардар, со кого во 2019 беше најдобар во Европа: ...
„Се сложувам со јавноста дека треба да бидеме поцврсти во одбраната. Успешно се враќавме, меѓутоа нивниот прв налет не можевме да го запреме. Ги прифаќам критиките дека треба и мора да бидеме поагресивни. Треба да имаме контакти и дуели со противниците со кои ќе изнудуваме повеќе прекршоци од девет метри со цел да ја носиме противничката екипа во пасивна игра. Без тоа не може да се надевате на поволен резултат. Ако сакаме успех мора да го ...
Тренерот Горазд Михаилов го презема кормилото на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, а вчера ги почна подготовкиот за вториот дел од сезоната. „Црвено-црните“ под водство на Михаилов го одржаа првиот тренинг во Хиподром, каде што ќе се подготвуваат за главната цел, а тоа е опстанок во елитата. Вардар се наоѓа на последното место во Првата лига со 17 бодови, колку што има и Брегалница, додека пред нив се Македонија со 18 и Воска ...
Македонскиот олимписки комитет наскоро ќе добие нов претседател откако повеќе од половина членки се потпишаа на петицијата за смена на актуелниот прв човек Даниел Димевски. „Во името на повеќе од половина членови на Собранието на Олимпискиот Комитет на Македонија, би сакал да Ве информирам дека официјално е поднесено барање за свикување Вонредно Собрание на Олимпискиот Комитет на Македонија. Истото е поднесено согласно член 24, ставовите 3 и ...
Meta најави имплементација на нови ограничувања за пристап до одредени содржини за адолесценти на Facebook и Instagram, за да промовира „безбедна и соодветна“ употреба за нивната возраст. Групата сега стандардно ќе ги постави сите адолесцентни сметки во построга конфигурација на двете социјални мрежи, што „го отежнува контактот со потенцијално чувствителна содржина“. Мерката се однесува на сметки за кои е идентификувано дека припаѓаат на ...
Македонската ракометна репрезентација го почна Европското првенство (ЕП) со пораз од 29-39, но селекторот Кире Лазаров смета дека не заслужиле убедлив пораз од моќната Франција. Македонија ѝ парираше на Франција во првото полувреме, па дури имаше и водство од 10-8, а селекторот Лазаров е задоволен од неговите пулени и смета дека негативата требало да биде помала. „Франција е најсилната репрезентација во светот заедно со Данска. Задоволен сум ...
Погодокот на Милан Лазаревски на мечот меѓу Македонија и Франција се најде на петтото место на најубави голови по првото коло од групата А. Лазаревски се најде очи во очи со противничкиот голман и маестрално ја погоди мрежата. На првото место е голот на Дилан Нахи од Франција против македонската селекција. На списокот е уште еден гол на Французите, а по еден на Реми од Швајцарија и Кнор од Германија. ...
Долгогодишниот репрезентативец на Македонија, Филип Талески со нетрпение го очекува стартот на Европското првенство во Германија. Иако има само 27 години, тој безмалку една деценија е стандарден во националниот тим, а на овој шампионат има и една голема желба и цел. „Играм за репрезентацијата од 2015 година, ова ќе биде мое петто Европско првенство и чувствувам дека е дојдено времето да покажам што умеам. Тренерот Кирил Лазаров јасно ми кажа ...
Кинеската компанија BYD се израмнува со Tesla во однос на продажбата на електрични автомобили. Според прогнозите на Blumberg, Tesla би можел да ја загуби предноста веќе во тековниот квартал. Форбс е малку повнимателен, но и тој предвидува дека разликата меѓу американскиот и кинескиот производствен гигант за електрични возила ќе биде значително помала во 2024 година. Според таа прогноза, приходите на Tesla од продажбата на електрични ...
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Од УХМР соопштија дека ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -3, а максималната ќе достигне од -1 до 8 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 3 степени. Од УХМР посочуваат дека во ...
Со натпреварот меѓу македонската и француската репрезентација вечер во 18 часот (МТВ пренос) ќе биде отворено 16. Европско првенство во ракомет за мажи. Натпреварот ќе се игра на стадионот „МЕРКУР Шпил-Арена“ во Диселдорф. Најавени се повеќе од 50 илјади гледачи, најмногу досега на еден ракометен натпревар. Покрај во Диселдорф, натпреварите од прелиминарната рунда ќе се играат и во Берлин, Манхајм и Минхен. Континенталниот собир во Германија ...
Познато е дека во последно време во С. Арабија најмногу се заработува, тука мислиме на играчите и тренерите. Кристијано Роналдо е платен и до 200 милиони евра годишно, но затоа во пониските лиги, посебно во третата лига платите се екстра минимални, да кажеме симболични. Токму затоа играчите, оние кои се со поскромен квалитет, тешко се решаваат да играат во тие клубови. И кога е така, тогаш клубовите од третата лига се решаваат да бараат ...
Македонската ракометна репрезентација денес одржа тренинт на „Меркур Шпил Арена“, стадион кој е специјално адаптиран за одигрување на натпреварите од Европското првенство во ракомет. Првиот противник на нашата репрезентацијаќе биде екипата на Франција. Организаторите на овој ракометен спектакл се надеваат дека утре ќе бидат пристутни 50 илјади гледачи што ќе биде нов рекорд во историјата на овие натпреварувања. Покрај македонската и ...
Во среда во западна и југозападна Европа под влијание на поле на низок воздушен притисок ќе преовладува нестабилно време со локални врнежи од дожд, а во крајните североисточни предели со врнежи од снег. Во останатите предели од Европа доминација на поле на висок воздушен притсок кој што ќе условува стабилно и студено време со спуштање на дополнителна поларна воздушна маса која што ќе се проширува над стариот континент. На Балканскиот ...
Поранешниот француски напаѓач Тјери Анри откри дека во текот на кариерата имал проблеми со депресија, а најголемиот удар го добил за време на пандемијата на ковид-19 кога работел во Канада. Анри призна дека имал проблеми со депресијата во текот на цела кариера, но на почетокот на бил свесен. „Лажев долго време затоа што никој не беше подготвен да го слушне тоа што сакам да го кажам. Во текот на мојата кариера бев депресивен. Дали бев свесен ...
Македонските ракометари пристигнаа во Диселдорф, Германија каде од 10. јануари го почнуваат настапот на Европското првенство. Македонската ракометна експедиција од денеска е во Германија. Веднаш по пристигнувањето момците на Кире Лазаров влегоа во сала за да одработат првиот тренинг. Македонија на 10. јануари од 18 часот ќе го почне настапот на Европското првенство, противник ни е селекцијата на Франција. Натпреварот ќе се игра на фудбалскиот ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Вдолж Повардарието, како и во источните делови од земјата ќе дува засилен ветер претежно од северен правец, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од минус 6 до 2 степени, а во текот на денот од минус 3 до 7 Целзиусови степени. Во Скопје, времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде променливо облачно со умерен, повремено ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер претежно од северен правец. Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од минус 4 до 2, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе ...
Автопатот низ Србија од Белград па се до границата со Хрватска е целосно под снежна покривка и изгледа вака, објави метеопрогнозерот Славчо Попоски, кој од вечерва најавува вистинска зима со снег и температури до -10. -Студот допрва доаѓа на Балканот, а вечерва пристигнува и во Македонија! Извртени возила, камиони, луѓе излезени од автомобилите, ова е денешната глетка од автопатот кој од Белград води кон Хрватска. -Од утре ни следува сув ...
Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и понекаде и на повисоките места во северните делови со врнежи од снег. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Од вечерните часови особено во северните и источните делови врнежите ќе преминуваат во снег и понекаде во пониските места. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот ...
На 78-годишна возраст почина легендарниот германски фудбалер Франц Бекенбауер. Веста за неговата смрт германските медиуми ја објавија денес. Како активен фудбалер Бекенбауер стана светски шампион во 1974 година, а мундијалот го има освоено и како селектор во 1990 година. Со Баерн Минхен има четири трофеи во Бундеслигата, три пехари од Лигата на шампионите. Два пати (1972 и 1976 година) Франц ја освои златната топка. Последен професионален ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се здоби со повреда на Јунајтед купот, но за краток период се рехабилитира и ќе настапи на Австралијан опен, кој е закажан за периодот од 14 до 28 јануари. Ѓоковиќ почувствувал болка во лактот и тоа ги загрижи сите, но Ѓоковиќ најави дека утре од 6.15 часот ќе тренира на „Род Лејвер“ арената каде што освои 10 титули. Да потсетиме, Рафаел Надал нема да настапи на Австралијан опен поради микроруптура на мускулот, ...
Чудо невидено за наши услови. Имено Кустошија, клуб од третата лига во Хрватска продаде играч, и тоа во Лајпциг кај Елиф Елмас, за 5.2 милиони евра. Неговото име е Дино Клапија и има само 17 години. Овој трансфер го потвдрува и фамозниот Фабрицио Романо. Ете, така се работи. Нека видат сите клубови на Балканот, а посебно во Македонија, дека фудбалот и тоа како е одличен бизнис, само треба да знаеш да го работиш. За Клапија биле заинтересирани ...
Здраво јас Елиф Елмас и доаѓам од Македонија-рече Елиф на претставувањето во новиот клуб. Тој објасни и што очекува во дресот на Лајпциг. Со моето семејство ќе се преселам во Лајпциг. Со мене ќе дојдат и моите родители и браќата и сестрите. Мојот соиграч во Наполи, Диего Деме, долго време играше за РБЛ и добро го познава градот. Од него добив неколку совети. Сакам да научам германски што е можно побрзо. Мислам дека е навистина важно да можам ...
И „Apple“ и „Android“ уредите имаат свои добри и лоши страни. Сепак, обожавателите на „iPhone“ често одбиваат да се префрлат на алтернативниот оперативен систем на „Google“, некои од навика, други – затоа што мислат дека производите на „Apple“ се подобри во целина. Сепак, „Fast Company“ дава четири причини зошто корисниците на „iPhone“ треба да ги испробаат можностите на паметните телефони со „Android“. Избор на хардвер Кога купувате нов ...