Во следните 24 часа се очекува облак од прашина од африканските пустини да го помине Балканот. Феноменот е вообичаен кога топол воздух циркулира од Средоземното Море. Концентрацијата на прашина во среда ќе биде највидлива во долниот дел од атмосферата над западната половина од Балканскиот полуостров. Видливоста ќе се подобри кон крајот на неделата кога се да помине студен атмосферски фронт со засилен западен ветер. Ќе има краткотрајни ...

Во Берово утрово се измерени минус шест степени, Во Крива Паланка минус три, а во Скопје минус еден, соопшти УХМР. Дожд во изминатото деноноќиe врнел во Лазарополе, Охрид, Битола, Попова Шапка, Крушево, Прилеп. Утрово времето е претежно облачно, во крајните југозападни делови со слаби врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ...

Првпат во својата историја, фудбалската репрезентација на Грузија ќе игра на Европско првенство, откако вечерва, во финалето од плејофот, ја победи Грција на пенали со 4-2. По 120 минути игра немаше голови, а дополнителен проблем беше тоа што во продолженијата се повреди најдобриот грузиски фудбалер Квича Кварацкелија. Во пенал-серијата, Бакасетас и Јакумакис промашија за Грција, Микаутидѕе беше непрецизен за Грузија, но сепак домашната ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта има голема желба и планира да тргне во (не)возможна мисија да го ангажира Ерлинг Халанд од Манчестер сити во 2025 година. Каталонските медиуми пишуваат дека Лапорта почнал да работи на трансферот на Халанд со цел да му парира на Реал Мадрид, кој е пред потпис на договор со Килијан Мбапе. Лапорта ќе мора да почека барем уште една година пред да го финализира договорот со норвешкиот голгетер бидејќи мора ...

Габриел Барбоса, познат како Габигол, се соочува со двегодишна забрана за мамење на антидопинг тест, што значи дека ќе паузира до пролетта 2025 година. По судењето во понеделникот, каде што беше обвинет за прекршување на процедурата и обид за измама, беше одлучено напаѓачот на Фламенго да започне со издржување на казната на 8 април. На Габигол му беше дозволено да се жали на оваа одлука. За време на тестирањето, Габигол се однесувал ...

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија добил смртни закани од мафијаши, откако се појавија шпекулации дека ќе се врати во Росарио Централ. Ди Марија сака да ја заврши кариерата во аргентинскиот тим, но на одредени мафијаши не им се допаѓа таа идеја. „Кажете му на вашиот син Анхел да не се враќа во Росарио или во спротивно ќе биде убиен член од блиското семејство. Ниту гувернерот на Росарио нема да го спаси. Ние не оставаме пораки, туку мртви ...

Во попладневните часови во Македонија се очекуваат врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи. На повисоките планини ќе има појава на снег. Преку ноќта ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) најизразен долж Повардарието. Засилен до силен северен ветер особено долж Поварадрието ќе дува и преку денот. Од утре па до четврток времето ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, наместа проследени и со грмнежи. ...

Македонската фудбалска репрезентација беше поразена од Црна Гора (0-1) во вториот пријателски меч кој се одигра во Анталија, иако во првите 45 минути имаше неколку шанси за да постигне барем еден гол. Селекторот Благоја Милевски реши да направи три промени во однос на мечот со Молдавија, а Македонија во првото полувреме беше поконкретна во нападот и се закани неколку пати кон голот на Шаркиќ. Најопасен во нападот на Македонија беше Елиф Елмас, ...

Млад стружанец бил нападнат вчера попладне за време на фудбалски натпревар. -На фудбалски стадион на подрачјето на Кисела Вода вчера попладне за време на фудбалски натпревар, Б.Ц.(18) од с.Сопиште, скопско, Б.П.(33), С.С.(33) и М.Ј.(33) сите од Скопје, кои биле играчи на фудбалски клуб од Скопје физички го нападнале Х.Б.(21) од с.Луково, струшко, кој бил играч на другиот фудбалски клуб од Скопје, информира МВР. Тие се повикани во полициска ...

Александар Волкановски одамна рече дека не сака да прави долги паузи меѓу борбите. На крајот си направи лоша шега со тоа. Ислам Махачев, неговиот поранешен ривал, смета дека Алекс прави голема грешка што не си дава повеќе време за одмор по поразите. За време на настанот УФЦ 298, кој се одржа на 17 февруари во САД, Александар Волкановски, шампионот во перо категорија, беше нокаутиран и го загуби појасот во борбата против Илија Топурија. Четири ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно, особено претпладне со повремени врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи. На повисоките планини ќе има појава на снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) најизразен долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намали. Во Скопје претпладне со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец, а облачноста ...

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, локално проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ...

За време на викендов времето ќе биде сончево и релативно топло. Во недела ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег и температурата ќе биде во опаѓање. Од УХМР најавуваат дека, во ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација е делумно задоволен од изданието на фудбалерите против Молдавија, вели дека бара решенија на одредени позиции кои ни се проблематични. Македонија одигра 1-1 против Молдавија во првиот од двата пријателски натпревари кои ќе ги одиграме во Анталија. „Им честитам на фудбалерите за желбата која ја покажаа, за шансите кои ги создадоа. За жал не искористивме барем уште една од пет-шест изгледни ...

Претседателот на Тенискиот сојуз на Русија, Шамил Тарпишчев откри дека Новак Ѓоковиќ е повреден и дека во моментов оди на терапии. Српскиот ас требаше да присуствува на вчерашниот фудбалски меч меѓу Русија и Србија во Москва, но го откажа патувањето. Тарпишчев пред неколку дена зборуваше дека Ѓоковиќ нема да дојде на натпреварот, а потоа откри и дека тој е повреден. „Навистина сакавме тој да дојде, но за него беше невозможно поради ...

Селекторот на Македонија воопшто не калкулираше и одбра релативно најсилен состав за стартот на мечот. Меѓу стативите е Димитриевски, пред него играат Серафимов, Муслиу и Иљазовски. Левата страна ќе ја покрие Алиоски, додека Чурлинов доби малку подефанзивна улога и ја доби целата десна страна. На средината се најдоа Барди и Атанасов, додека зад Миовски и Ристовски застана Елмас. Стартен состав на Македонија за дуелот со Молдавија: Дуелот ...

Поранешниот светски првак повторно ќе влезе во рингот на 57 години, дури по четири години пауза од последната егзибиција и има добра мотивација за тоа. Таа најдобро се опишува со 20-те милиони долари што ќе ги заработи, изјави неговиот пријател. Пол е еден од најпознатите инфлуенсери на планетата, а почна да се бори пред четири години. Досега имадесет професионални натпревари и девет победи (шест со нокаут). Неговиот единствен пораз беше против ...

Познатата српска манекенка, Наталија Шќекиќ, откри дека ѝ биле понудени 60 илјади евра и луксузно патување за да го заведе Новак Ѓоковиќ, односно да има секс со него. Таа била повикана во Лондон на деловен состанок, каде што познаник имал непристојна понуда за атрактивната русокоса. Тој наводно бил контактиран од луѓе кои го замолиле да им најде убава девојка, која ќе го заведе Новак, ќе го одвлече во кревет и ќе го сними сето тоа. „Ми се јави ...

Репрезентацијата на БиХ доживеа болен пораз од Украина во полуфиналето од дополнителните квалификации за пласман на Европското првенство, а сликата на стадионот во Зеница дополнително ја влошија домашните навивачи. Непосредно по завршувањето на натпреварот на „Билино Поље“, две групи фанови се степаа меѓу себе, поради што мораше да интервенира и полицијата. БиХ имаше голема шанса да ги продолжи своите надежи за прво учество на европско првенство ...

Претпладне времето ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во Скопје времето ќе биде претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. До недела попладне ќе се задржи претежно стабилно и суво време со постепен пораст на температурата. Во недела кон крајот на денот и во ноќните часови кон ...

Врховниот суд во Бразил донесе одлука поранешниот фудбалер Робињо да ја отслужи затворската казна во татковината поради силувањето во Италија. Робињо во 2022 година пред судот во Милано беше осуден на деветгодишна затворска казна поради силување на 23-годишна девојка во ноќен клуб. Бразилецот успеа да им побегне на италијанските власти и да се сокрие во татковината, но Италија побара од бразилските власти да го уапсат Робињо. Со девет гласови ...

Пролетта почнува денеска во 04:06 часот, а во истовреме на Јужната хемисфера почнува есента. Пролетта ќе трае 92 дена до 20 јуни кога ќе почне летото. На првиот ден од пролетта, Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Денов ќе трае 12 часа и 9 минути. Синоптичарите за денеска најавуваат студено утро, а преку ден сончево со појава на мала облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието ...

Весникот Л’Екип денеска пишува дека Француската фудбалска федерација за првпат воведе правило со кое практично се забранува рамазанскиот пост во националниот тим, па во иднина термините за тренинзи, ручеци или натпревари во репрезентацијата нема да се менуваат, а фудбалерите се замолуваат да не постат додека се дел од националниот тим. Ова правило ќе се применува од јуниорските селекции до сениорите, а новитетот веќе предизвика огорченост. ...

Голем скандал ја тресе Шпанија откако денес полиција и истражители влегле во просториите на Фудбалскиот сојуз, каде што се испитува можна корупција и перење пари. Според информациите од Мадрид, освен во Фудбалскиот сојуз, се претресуваат и домовите на вработените, но и на поранешни информации. Досега се уапсени седум лица, а под истрага се уште други пет. Неофицијално се проверуваат договори за кои постои сомнеж дека преку нив се перат пари, а ...

Кошаркарските репрезентации на Србија и САД се паднаа во иста група на Олимписките игри во Париз, на ждрепката што денеска се одржа во Швајцарија. Двете селекции, кои во своите редови имаат голем број ѕвезди и најавено е дека ќе играат во (нај)силни состави се дел од групата Ц и ќе приредат спектакл за љубителите на кошарката на олимпискиот турнир. Заедно со нив ќе биде Јужен Судан и најверојатно Литванија или Италија, во зависност од исходот на ...

Утрово најниската температура од 0 степени е измерена на Попова Шапка. Потоа следат Лазарополе со 1 степен, 3 во Маврови Анови, 4 Берово, Крушево, 5 Претор, 6 Крива Паланка, Охрид, Битола, Гевгелија, 7 Прилеп, 8 Тетово, Демир Капија, Виница, Струмица, 9 во Скопје-Петровец, Штип, Велес, Кавадарци и 10 степени во Скопје-Зајчев Рид и во Дојран. Времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, додека пак на повисоките планини ...

Од денес, па во следните неколку денови во Македонија ќе следува период на стабилно, суво и сончево време, повремено со мала до умерена локална облачност. Во текот на денешниот ден Долж Повардарието сеуште ќе засилува ветерот од северен правец. -Температурите преку ден повторно ќе бележат тенденција на пораст, и ќе бидат пролетно високи, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Сепак уште утре наутро на повеќе места ...

Легендарниот бразилски фудбалер Дани Алвеш побара да биде пуштен на слобода, откако неодамна Судот му изрече казна од четири ипол години затвор поради силување на жена во ноќен клуб во Барселона. Во притвор помина повеќе од година ипол, а неговата адвокатка Инес Гвардиола на 8 март поднесе жалба и побара слобода за Алвеш. „Верувам во правда. Нема да избегам“, кажа Алвеш по барањето да биде пуштен на слобода до носење на конечната одлука од ...

Ерлинг Браут Холанд би можел да го искористи мартовскиот собир на норвешката репрезентација и да остане дома со своите сонародници за опуштање, ментален одмор, индивидуална работа и пронаоѓање на загубената форма поради која се наоѓа во првата вистинска голгетерска криза по доаѓањето во Англија. До повредата поради која пропушти седум натпревари од средината на декември до почетокот на февруари, моќниот напаѓач со застрашувачко темпо ги кинеше ...

Челси ниту оваа сезона нема добри резултати и се наоѓа на средината на табелата во Премиерлигата, а како утеха е нивниот настап во финалето на Лига Купот каде што беа поразени од Ливерпул. Тренерот на гигантот од Лондон, Маурицио Покетино често добива критики поради лошите резултати, но тој им посочи на навивачите дека мора да бидат трпеливи во процесот на изградба на нов тим. „Луѓето мора да разберат дека градиме нов Челси. Поминаа девет месеци ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
70%
1035
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
3.6
74%
1036
weather icon

Загреб

2ᴼ / -4ᴼ
0.51
77%
1035
weather icon

Софија

-3ᴼ / -5ᴼ
2.57
87%
1038
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
3.32
66%
1039
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1035
weather icon

Атина

7ᴼ / 6ᴼ
4.92
66%
1033
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1030
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
3.09
75%
1032
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
2.06
56%
1040
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
1.79
83%
1036
weather icon

Истанбул

1ᴼ / 1ᴼ
6.69
87%
1033
Currency

61.525

Currency

59.221

Currency

73.661

Currency

37.2117

Currency

41.393

Currency

65.4622

Currency

8.12754

Currency

0.61229

Currency

0.39158

Currency

0.52542

Currency

1.64665

Currency

0.67629

Алуминиум

2.62

Кобалт

30.86

Никел

15177.50

Рутениум

16011.07

Калај

30.42

Сребро

1026.93

Злато

91575.91

Бакар

8.98

Паладиум

3118.62

Платина

32495.62

Родиум

148697.20

Цинк

2.72