Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание – не мора да чека никого да поднесе пријава, вели Кети Штерјова од СДСМ. „Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња. А Обвинителството – молчи. Државниот јавен обвинител Савески е на „екскурзија“. Тој и онака ретко се јавува кога народот бара правда. ...

Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, подготвува тајна мобилизација од големи размери и планира да распореди десетици илјади севернокорејски војници на руска територија, предупреди украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Зеленски рече дека Путин бара начини да го зголеми бројот на војници без официјално да прогласи мобилизација бидејќи, според него, сè уште не успеал да обезбеди победа во Украина. „Размислува како да го измами ...

Општина Штип водена од градоначалникот на ВМРО – Иван Јорданов, започна со распродажба на земјата во сопственост на државата, обвини Трајче Стојчевски, претседател на СДММ. „Повторно на мета се познатите штипски ‘Печурки’. Таму постојат правни субјекти од кои граѓаните со години егзистираат. Затоа прашуваме: Дали имате согласнот за изградба на шеснаесеткатница, од граѓаните кои работат таму и ги прехрануваат своите семејства? Дали како ...

Македонија се соочува со сè посериозен демографски пад, кој е резултат на намалениот наталитет, забрзаното стареење на населението и континуираното иселување на цели семејства кои трајно ја напуштаат државата. Последните податоци, според кои од 1 септември во училишните клупи ќе седнат речиси 5.000 првоодделенци помалку, дополнително го вклучија алармот кај демографите и стручната јавност. Дури и ако во наредниот период има дополнителни ...

Иранската агенција „Мехр“ објави видео од врховниот лидер Моџтаба Хамнеи, во време кога се зголемуваат шпекулациите за неговото здравје. Сепак, не е познато кога или каде е направена снимката. Иранската новинска агенција објави кратко видео на кое се гледа врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, во време кога јавноста повторно шпекулира за неговото здравје. Во видеото, кое „Мехр“ го објави на „Телеграм“ и наофицијалната ...

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти кои имаат за цел да ја подобрат туристичката понуда, да ја зголемат ...

И дали е потребно батеријата целосно да се испразни пред повторно полнење? Денес, толку сме врзани за нашите паметни телефони што чувствуваме потреба да ги користиме дури и додека се полнат. Но, можеби се прашувате дали користењето на телефонот додека се полни може да влијае на животниот век на батеријата. Краткиот одговор е не. Иако вашиот телефон може да се полни побавно ако не го оставите сам да го заврши процесот, користењето на телефонот ...

Германија е изложена на хибридни напади од странство на дневна основа, изјави министерот за внатрешни работи Александар Добриндт по сомнителниот напад со беспилотно летало наполнето со експлозив на аеродромот Лајпциг/Хале. Добриндт изјави за Bild am Sonntag дека странските сили се обидуваат политички и социјално да ја ослабнат Германија со всадување страв. „Ние не сме во војна, но ние сме секојдневна цел на хибридна војна. Шпионажата, ...

Повеќе од еден месец луѓето во Гостивар се трујат со загадена вода. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница. А одговорност од власта досега нема од никого, изјави Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ. „Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност за труењето. Досега го нема ниту едното, ниту другото. Не може цел град да биде отруен, владата да им кажува дека дека водата може да се користи па потоа дека има бактерии, а ...

Неделата, 9 август, носи силна и претежно позитивна енергија за повеќето хороскопски знаци. Кај дел од знаците во преден план ќе бидат љубовта и блискоста, кај други кариерата, креативноста и новите деловни можности, а некои ќе почувствуваат силна потреба за одмор, подобра организација и враќање на внатрешната рамнотежа. Овен Овните денес ги следи многу позитивна енергија. Рутината може да ви ја намалува мотивацијата, па затоа направете ...

Повеќе од 15 часа трае борбата со пожарот на депонијата за комунален отпад во Крива Паланка, а градоначалникот, Сашко Митовски, уверува дека огнот ќе биде изгаснат до крајот на денот. Пожарот започнал вчера околу 17 часот, а во негово гаснење се вклучиле пожарникарите од Крива Паланка, вработени во ЈП „Комуналец“, а помош стигнала и од соседната општина Ранковце. „Пожарот е од малку поголем и посериозен обем и покрај потребата од гаснење со ...

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна, централното градско подрачје и просторот кај Здравствениот дом. Најголемиот нов паркинг простор е изграден во поранешната касарна. Станува збор за површина од 1.550 квадратни метри на која се обезбедени 73 паркинг места. ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

Ако знаете каде да го поставите вашиот рутер и како да ги насочите неговите антени, ќе имате значително подобра покриеност на сигналот. Да бидеме искрени: дали некогаш сте го прочитале упатството за вашиот рутер за да научите како правилно да го поставите? А камоли како да ги прилагодите антените? Излегува дека всушност постои правилен начин за позиционирање и на самиот уред и на неговите антени. Само неколку мали промени можат да направат ...

Во Грција денес е прогласено црвено предупредување за опасност од пожари во Атика и бројни други региони, додека надлежните служби го подигнаа нивото на подготвеност на највисоко ниво. „Во Атика и други региони на Грција денес е прогласено црвено предупредување за ризик од пожари“, објави Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Министерството за климатска криза и цивилна заштита. Како што беше објавено, државниот апарат е ставен во ...

Речиси една година записниците од владините седници не се објавуваат на албански јазик, обвинија од ДУИ. „Последниот записник објавен на албански јазик е од 19 септември 2025 година. Оттогаш се одржани 83 седници на Владата, а записниците од нив сè уште ги нема во албанската верзија на официјалната веб-страница. Станува збор за официјална документација на највисокиот орган на извршната власт и за период од 11 месеци. Толкав број необјавени ...

Некои Smart TV апликации го претвораат вашиот телевизор во домашен прокси за интернет сообраќај. Samsung изјави дека работи на подобрување на безбедноста на својата платформа за паметни телевизори откако беше откриена ранливост што може да ги изложи интернет конекциите на корисниците на надворешни извори. Како што првично објави TechCrunch, фирмата за сајбер безбедност Mnemonic откри дека одредени апликации на Smart TV платформата на Samsung ...

Ракот на простата на поранешниот американски претседател Џо Бајден се проширил на неговите коски и предизвикува силна болка, изјави неговиот син Хантер Бајден во интервју за Би-Би-Си. „Ракот се проширил, метастазирал на неговите коски и пошироко“, изјави Хантер Бајден за програмата „Newsnight“ на Би-Би-Си, според снимка објавена онлајн во петокот. „Многу е болно и во многу погледи многу исцрпувачко“, додаде тој. Портпаролот на 83-годишниот ...

Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода, а нема ниту еден експерт, ниту еден документ, ниту еден одговорен, обвинија од СДСМ. „Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода. Повеќе од 4.700 граѓани завршиле во болница. Епидемија на жолтица. И до денес – ниту едно стручно лице од надлежна институција не излезе пред јавноста да каже каква е реалната состојба со водата. Ниту еден официјален документ. Ниту една потпишана експертска ...

Бројот на странски туристи во првите 5 месеци зголемен за 23,6%, забрзува растот на туризмот и Македонија се позиционира како атрактивна туристичка дестинација, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се ...

Случајот во Ново Село, каде што приврзаници на предавниците Венко Филипче и Зоран Заев, насила сакаа да предизвикаат инцидент, го извади на површина целиот талог на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Луѓето кои Филипче сака да ги продаде како „деца“, а ни помалку ни повеќе на Македонија, всушност се возрасни лица, блиски и верни на Заев, осудени за насилство и трговија со дрога. Тоа е иднината која предавничката СДС и Венко Филипче им ја нуди на ...

Францускиот повеќенаменски ловец Рафал (Rafale) доби значително надградување на својот арсенал. Интеграцијата на 68-милиметарски ласерски наведувани ракети е успешно завршена, овозможувајќи му на суперсоничниот ловец ефикасно и, што е најважно, економично да се бори против беспилотни летала, вклучувајќи камикази дронови за напад како што е иранскиот Шахед. Се појавија детали за проектот наречен LADAC (Lutte anti-drone sur avion de combat / ...

Неколку сопственици на Mercedes-AMG тврдат дека металното лого вградено во потпирачот на возачкото седиште се загреало на сонце до температура што им предизвикала сериозни изгореници. Еден од случаите веќе завршил пред суд, а пријавена е и втора речиси идентична повреда. Металното AMG лого оставило препознатлив белег Тужителот Габриел Лахијани тврди дека се здобил со изгореница откако влегол во својот Mercedes-AMG за време на многу топол ...

Стотици љубопитни граѓани и туристи денеска се собраа пред катедралата во Фуншал, откако се прошири информација дека таму наводно ќе се венчаат Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез. Плоштадот пред катедралата бил исполнет со луѓе кои со нетрпение го очекувале пристигнувањето на славниот португалски фудбалер и Џорџина, објави Jornal da Madeira. Во црквата навистина се одржувала свадбена церемонија, но набрзо ...

Жителите на Мајорка денес повторно излегоа на улиците за да протестираат против големиот годишен прилив на туристи и кризата со домувањето што произлегува од тоа на шпанскиот медитерански остров. Две недели по големиот протест во главниот град Палма против она што многумина го сметаат за прекумерен туризам, најновиот протест се одржа во западниот град Солер. Двата протести беа организирани од граѓанската иницијатива „Помалку туризам, повеќе ...

Со високите летни температури и силното сончево зрачење, правилната заштита на кожата станува особено важна. Дерматолозите препорачуваат користење производи со широк спектар на заштита и заштитен фактор SPF 30 или повисок, но често се поставува прашањето што е подобро – класична крема или спреј за сончање. Во теорија, и кремата и спрејот можат да обезбедат подеднакво добра заштита доколку правилно се нанесат и се употреби доволна количина. ...

Хорхе Меси, таткото на Лионел Меси, почина на 68-годишна возраст. Таткото на Лионел Меси и долгогодишен менаџер почина синоќа во 22 часот во санаториум во Росарио, Аргентина, објавува „Infobae“. Тој имаше 68 години и долго време се бореше со болеста. Хорхе Меси беше сопруг на Селија Кукучитини и татко на четири деца Лионел, Родриго, Матијас и Марија Сол. Тој одигра важна улога во развојот на кариерата на својот најпознат син и со години се ...

Два дрона беа забележани над германската воена база во Мехерних на западот од земјата, објавија германските вооружени сили. Инцидентот се случил само два дена откако на аеродромот Лајпциг/Хале беше пронајден дрон со експлозив. Безбедносниот надзор во базата на Бундесверот забележа два дрона околу 22 часот во четвртокот. Нивното присуство беше потврдено, по што воената полиција беше испратена на терен. Германската армија соопшти дека ...

Македонија е зафатена од нов интензивен топлотен бран, а поради екстремно високите температури земјата се наоѓа во портокалова фаза на опасност. Жешкото време веќе се одразува врз здравјето на граѓаните, но и врз потрошувачката на вода и секојдневното функционирање. Екипите на Итната медицинска помош во повеќе градови бележат зголемен број интервенции, најчесто поради колапси и кардиоваскуларни компликации предизвикани или влошени од ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.73
45%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
1.9
56%
1016
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.66
62%
1017
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
2.13
50%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
3.74
56%
1017
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 19ᴼ
0.44
88%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 29ᴼ
4.02
50%
1012
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
0.99
52%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.06
44%
1014
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
3.13
51%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
1.51
33%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
4.68
100%
1015
Currency

61.5217

Currency

53.1732

Currency

71.6614

Currency

37.6202

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Рутениум

53852.50

Бакар

13.23

Платина

56038.75

Злато

139576.04

Кобалт

56.29

Калај

56.36

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.28

Сребро

2044.16

Паладиум

43628.56

Родиум

278103.96

Цинк

0.00