
Скопје
7ᴼ /
7ᴼ



Овен (21.03 – 20.04) Се наоѓате во дилема меѓу вашите потреби и исполнувањето на туѓите желби. Внимателно слушајте што ви говори вашата интуиција, но немојте да донесувате долгорочни одлуки. Имате доволно време и немојте да брзате. Ги занемарувате и прескокнувате оброците, тоа не е добро. Бик (21.04 – 21.05) Во креативна фаза сте, па би било добро да земете одмор од секојдневните обврски и да се посветите на планирањето на иднината. Но доколку ...
Граѓаните на Македонија ќе може да вложуваат во американски државни обврзници. Коста Костадиновски од Капитал Асет Менаџмент потврди дека може да се купат американски државни обврзници по добри цени со годишен принос поголем од 3 отсто. Обврзницата е финансиски инструмент, кој овозможува сигурност на вложените средства, загарантирана камата и исплата на главницата. „За голем дел од граѓаните е соодветно да вложуваат во сигурни пласмани со фиксен ...
На Италијанците им е преку глава! Откако цените на тестенините, најпопуларниот главен производ во италијанската кујна, вртоглаво пораснаа со двојно поголема стапка на инфлација, здружението на потрошувачи повика на еднонеделен штрајк кој ќе започне на 22 јуни, откако владата минатиот месец одржа кризен состанок во Рим и одлучи дека нема да интервенира во цените, пишува АП. – Со штрајкот сакаме да видиме дали ќе се спуштат цените ако никој не ...
Годишната стапка на инфлација во Германија во мај падна на 6,1 отсто, објави денеска Федералниот завод за статистика Дестатис. Ова е конечниот резултат кој е во согласност со претходната проценка. Априлската инфлација во Германија беше на ниво од 7,2 отсто, а стапката на инфлација во мај е најниска во последните 14 месеци, но сепак е значително повисока од посакуваните 2,0 отсто, што е целта на германската централна банка. – Во мај поскапувањата ...
Мирисот, бојата и обликот се показатели дали јагодата е домашна. Пролетта е време за јагоди. Слатка, сочна, миризлива и одличен извор на витамини, минерали и антиоксиданси. Можеби најлесниот начин да препознаете домашна јагода е по дршката, стебленцето да е зелено, свежо, како да го има тој цвет. Кога е тоа свежо, тоа е локална јагода. Ако дојде од далеку, тогаш ќе беше видливо, ќе беше суво. Сертификат за домашен производ е секако мирисот, вели ...
Група руски тајкуни жнеат дивиденди, добивајќи милијарди долари приход од нивните компании и покрај санкциите поради војната во Украина. Причината за тоа е што нема многу места за да ги трошат своите пари. Пет милијардери од индустријата за нафта, никел и вештачко ѓубриво ги заработија најголемите дивиденди во земјата, добивајќи околу 10 милијарди долари исплати од нивните компании од почетокот на 2022-ра година, според индексот на милијардери – ...
Хонг Конг го заврши своето четиригодишно владеење како најскап град за иселениците, откако беше симнат од тронот од Њујорк. Ова го покажуваат резултатите од најновата студија на „ECA International“ – „Cost of Living“, која рангираше 207 градови во 120 земји, објави „CNBC“. Рангирањето се заснова на критериуми што ги одразуваат цените на секојдневните стоки и услуги што ги користат иселениците, вклучувајќи храна, сметки за комунални услуги, јавен ...
Подемот на работа на далечина роди нов вид на професионалци познати како дигитални номади. Овие поединци имаат слобода да работат од каде било во светот додека истражуваат нови култури и искуства. Направена е анализа за условите, советите, стратегиите и идеите за да се искористи максимумот од дигиталниот номадски животен стил во Македонија. Идеални услови за дигитални номади во Северна Македонија, земјата која нуди неколку поволни услови за ...
Во Македонската банкарска асоцијација (МБА) се одбележа мал јубилеј – 5 години „Европски квиз на пари“ во нашата земја. Притоа беа истакнати досегашните солидни резултати на ова европско натпреварување за ученици на возраст од 13 до 15 години, како и подготвеноста за натамошно поттикнување на финансиската едукација на младите генерации. На средбaта, претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и ...
Во четвртиот месец годинава, во државата се регистрирани 69.934 туристи. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека од вкупната бројка е сочинета од 25,8 отсто домашни или 18.028 и 74,2 проценти, односно 51.906 странски туристи. Бројот на остварените ноќевања во април е 130.702. Поголемиот дел, или 71,6 проценти се реализирани од гостите дојдени од странство, а 28,4 отсто од домашните посетители. Конкретно, соодносот е 93.530 ...
Оние луѓе кои постојано доцнат некаде, честопати се оптимисти, па дури и нереални, а токму ваквиот начин на размислување влијае на нивните погледи и восприемање на времето… Тоа не го прават намерно, туку искрено сметаат дека ќе успеат да направат сѐ што испланирале и веруваат оти навреме ќе стигнат таму каде што треба. Но, тој план секогаш дава неуспех и тие секогаш доцнат, објаснува Дијана Делонзор во книгата „Никогаш повторно не доцни“. ...
Владата и во текот на годинава ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија како што правеше во текот на минатата грејна сезона, за да не дозволи ценовен шок за граѓаните по 1 јули кога Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ја одреди цената на регулираниот пазар на струја што ќе важи во наредните шест месеци, потврди денеска премиерот Димитар Ковачевски. Нема да дозволиме ценовен шок за граѓаните како што не ...
Грејната сезона 2022/2023 започна на 15 октомври, но поради надворешните временски услови траеше подолго од вообичаеното, односно беше продолжена до 28 април. Иако изминатата грејна сезона траеше девет дена подолго од вообичаеното, сепак просечните надворешни температури во некои месеци беа значително повисоки од прогнозираните кои се користат во пресметката на авансните фактури. Токму затоа најголем дел од потрошувачите кои ги плаќаат фактурите ...
Точно 2.143 парови неодамна учествуваа на групна свадба одржана на северот на Индија, со што е поставен нов светски рекорд. Свеченоста се одржа минатиот месец во областа Баран во сојузната држава Раџастан, а ја организира невладината организација „Шри Махавеер Гаушала Каљан Санстан“. На групната венчавка присуствувале и владини претставници. Настанот сега е заведен и во Гинисовата книга на рекорди. „За време на настанот беа озваничени и ...
Швајцарскиот банкарски гигант UBS објави дека во понеделникот го заокружил преземањето на пропаднатиот конкурент банката „Credit Suisse“ што предизвика жестоки дискусии во јавноста и беше предмет на истрага на парламентарната комисија поради ангажирањето на владата и централната банка на Швајцарија. Во март годинава швајцарската влада во кус рок направи план според кој UBS ќе ја купи „Credit Suisse“ за три милијарди швајцарски франци, односно ...
„Како институција веруваме дека нашата мисија може да биде остварена само со јасно и објективно пренесување на нашите ставови и одлуки во јавноста, а тоа е речиси невозможно без поддршката од страна на медиумите. Водејќи се од овој принцип, бевме втората земја во светот којашто учествуваше во пилот-проектот на ММФ за оцена на транспарентноста на Народната банка во согласност со најновиот кодекс за транспарентност на централните банки. ...
Потрошувачката кошница во мај е измерена на 49.025 денари, или речиси 800 евра. Тоа се минималните средства што биле потребни за четиричлено семејство да ги задоволи најосновните месечни потреби, покажуваат податоците од Сојузот на синдикатите на Македонија. Вообичаено, најголемиот дел од трошоците се наменети за храна и пијалаци. Минатиот месец нивниот удел е со 19.532 денари, односно 316 евра. Трошоците за домување на просечно семејство се над ...
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја назначи поранешниот банкар од Волстрит Хафизе Гаје Еркан за нов гувернер на централната банка на земјата – уште еден потег што потенцијално може да означи насочување на политиката од економската неортодоксност. Еркан, која ќе биде првата жена шеф на централната банка на Турција, е поранешен извршен директор во Голдман Сакс и ко-извршен директор во банката First Republic. Таа е и петти гувернер на ...
Крајот на учебната година е време за размислување и исчекување на возбудливите можности што претстојат. Како што наближува летниот распуст, вистински момент е да се прослават постигнувањата на учениците. Но, тоа може да биде и идеален период во кој родителите и старателите треба да почнат да размислуваат за долгорочна финансиска сигурност и благосостојба на своите деца. А истата можат да ја обезбедат со почеток со штедење за своите најмили од ...
Во ТИРЗ засега опстојуваат 16.900 работни места, а бројката, како податок за мај, е дел од редовната месечна анализа што ја подготвува Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони. Споредбата со состојбата од ланскиот мај покажува зголемување за 15%. Додека, пак во однос на истиот месец од 2021 и 2020 година, се работи за раст од 21 и 25 проценти. Притоа, се посочува дека само од почетокот на годинава во ТИРЗ се реализирани речиси 700 ...
Новиот план на ЕУ за приближување и економска поддршка на земјите од Западен Балкан ќе значи дополнителни ЕУ фондови за развојни проекти и инфраструктура, додека за нашите компании ќе значи слободен пристап до пазар од половина милијарда потрошувачи. Оваа иницијатива, заедно со националниот План за забрзување на економскиот раст, ќе влијаат на растот на инвестициската активност и конкурентноста, а со тоа и на забрзување на економскиот раст, ...
На глобалните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна минатата недела бидејќи се очекува ФЕД да ги остави каматните стапки непроменети следната недела, додека Европската централна банка најверојатно дополнително ќе ги зголеми. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,5 отсто, на 103,53 поени. Истовремено, курсот ...
Македонската економија мора итно да се реорганизира и треба добро да се планира што понатаму, бидејќи по Германија и Велика Британија, деновиве веќе цела еврозона влезе во рецеција. Оваа тема не смее да се игнорира, навреме треба да се разговара и да се преземат мерки, а важно е и каква ќе биде оптималната потрошувачка економија. Ова е ставот на Миле Бошков, претседател на Бизнис-конфедерацијата, кој за весникот ВЕЧЕР вели дека компаниите и ...
Годишната инфлација во Грција во месец мај дополнително се намалила и изнесува 2,8 отсто, меѓутоа цените на прехранбените производи остануваат високи, согласно официјалните податоците од грчката служба за статистика јави дописничката на МИА од Атина. Инфлацијата се намалила за 0,2 проценти во споредба со еден месец претходно, но намалувањето се должи на падот на цените на нафтата, природниот гас и електричната енергија, со оглед на тоа што ...
Европската банка за обнова и развој по 19-ти пат ја награди Комерцијална банка за „Most Active Issuing Bank in 2022 in Macedonia“. Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР во континуитет речиси две децении како признание за најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава. Ова е признание, пред сѐ, за тимот за документарно работење на Комерцијална банка, кој се докажува со ...
– На едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава му биле неопходни 49. 025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница. Од нив, како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), 19. 532,54 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13. 392,85, односно 30,41 отсто отсто за домување, 3. 196,9 денари за хигиена, 3. 720,1 за превоз, 2. 315,759 за облека и обувки, 1. 067,86 за култура и 821,47 денари ...
Државата не смее да му се меша на бизнисот, односно секој мора да се занимава со своето, соодветно на функцијата што ја извршува. А, сите треба да се обединат околу бизнисот како единствен кохезивен фактор кој може да ја разбуди државата и да ја натера да излезе од нејзината конфорна зона, нагласи преседателот на Стопанската комора, Бранко Азески во третото месечно обраќање што го организира СКСМ, овој пат на тема „Извоз, Извоз, Извоз!”. Притоа, ...
И во мај инфлацијата во Македонија е сѐ уште двоцифрена. Таа на годишно ниво изнесува 11,3 проценти, што значи дека за толку се зголемиле вкупните трошоци за живот на населението во мај годинава во однос на истиот месец минатата година. Македонија и понатаму има многу поголема инфлација во однос на другите земји од поранешна Југославија, но сепак, Србија го држи првото место по растот на трошоците за живот. Порталот Пари ги разгледа податоците ...
Економијата на еврозоната беше во техничка рецесија во првите три месеци од оваа година, покажаа во четвртокот податоците на европската статистичка агенција Еуростат, по надолната ревизија на растот во првиот и последниот квартал од 2022 година. Бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната падна за 0,1 отсто во првиот квартал во споредба со четвртиот 2022 година и е за 1,0 отсто повисок од претходната година, се вели во соопштението на Евростат. ...
Италијанскиот производител на кондиторски производи „Ferrero“ собра 1 милијарда долари приватен долг за инвестиција за да рефинансира дел од своите банкарски заеми, објави „Bloomberg“, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање. Производителот на популарните брендови како што се течното чоколадо „Nutella“ и бонбоните „Ferrero Rocher“ ќе ги искористи средствата за рефинансирање на дел од долгот од 2 милијарди евра што го презеде од заемодавачите за ...