Светките во козметиката и разните сјаеви треба да заминат во историјата по одлуката на Европската комисија да ја ограничи употребата на микропластика што намерно се додава на производите, поради што трговците на козметика подготвуваат промотивна продажба на такви производи. На 25 септември, ЕК усвои мерка која, во согласност со законодавството на ЕУ за хемикалии (регулатива REACH), ја ограничува микропластиката што намерно се додава на ...

Гвајана е најбрзо растечката економија во светот. Тој раст, главно поттикнат од приходите од производството и извозот на нафта, би можел да достигне повеќе од 100 отсто до 2028 година. Според проценката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), економскиот раст на оваа јужноамериканска земја со 800.000 жители до крајот на оваа година би можел да биде 38 отсто, што е исклучително брз раст. ММФ не е сам во своите оптимистички оценки. Ендрју Трахан од ...

ОВЕН Дoĸoлĸy дeнec дoбивaтe ĸpитичĸи зaбeлeшĸи, нe тpeбa цeлocнo дa ги игнopиpaтe. Tиe ќe ви пoмoгнaт дa ги видитe вaшитe cлaбocти и дa ги пoдoбpитe вaшитe пocтoeчĸи ĸoнцeпти, тaĸa штo вaшитe шaнcи зa ycпex мoжe знaчитeлнo дa ce згoлeмaт. БИК Дeнecĸa нajвepojaтнo ќe пoминeтe низ нeĸaĸoв вид нa иcĸyшeниe. Oбидeтe ce дa ce cпpaвитe ĸoнcтpyĸтивнo co oвaa тeшĸa cитyaциja. Бидeтe yмepeни и ќe мoжeтe дa излeзeтe пoбeдници oд тoa. Ќe дoбиeтe пoддpшĸa ...

Трошоците за одбрана во рускиот буџет ќе пораснат за речиси 70 отсто во 2024-та година, се вели во документот на Министерството за финансии објавен денеска. Ова зголемување сведочи за решеноста на Москва да продолжи со својата воена интервенција во Украина и покрај човечките и економските трошоци што ги плаќа. Според документот, кој го виде АФП, трошоците за одбрана ќе се зголемат за 68 отсто во 2024-та година во споредба со претходната година и ...

Според Глобалниот индекс на мир (GPI) за 2023 година, кој секоја година го составува Институтот за економија и мир (IEP) со седиште во Австралија и САД, го рангираше Исланд за најбезбедна земја на светот. Податоците беа собирани во 163 земји. Глобалниот Индекс на мирот за 2023 година покажува дека Исланд, Данска и Ирска во моментов се најмирните земји во светот, а најлоша ситуација владее во Авганистан, Јемен и Сирија. Македонија е рангирана на ...

Мерките кои ЕУ ги усвои само неколку седмици по почетокот на Руската инвазија во Украина, како што беше одредувањето на минимум 90 отсто полн капацитет на залихите на природен гас секоја година пред 1 ноември (мерка донесена во јуни 2022) како и мерките за намалена потрошувачка на гас за 15 отсто во ЕУ донесени во август 2022 година, обезбедија историски највисоки залихи на природен гас во земјите на ЕУ по завршување на грејната сезона 22/23. На ...

Интелигентните поврзани возила се стратешки фокус за преобликување на глобалниот автомобилски сектор, а совладувањето на нивните основни технологии на терен е клучно за кинеската автомобилска индустрија, изјавија официјални лица на Светската конференција за интелигентни поврзани возила во 2023 година во четвртокот. Статистиката покажува дека повеќе од 20.000 километри тест патишта се достапни за ICV во Кина, со завршени повеќе од 70 милиони ...

Иницијативите кои придонесуваат за развој на економската соработка и отстранување на тарифните и другите бариери меѓу земјите од Западен Балкан претставуваат добар чекор кон интеграцијата на регионот во Европската Унија. Економијата на Западен Балкан не може да опстане со ограничувањата наметнати од политиката – се слушна на состанокот на министрите за економија на Европската унија и регионот, што се одржа во Тирана во рамки на претстојниот ...

ОВЕН Дeнecĸa вaшитe ceтилa мoжe дa ce зacилaт, cтpacтa ги paзгopyвa чyвcтвaтa и ги ocлoбoдyвa eмoциитe. Бидeтe пoвнимaтeлни бидejќи ќe имaтe тeндeнциja дa дejcтвyвaтe импyлcивнo и нeпpoмиcлeнo пoд влиjaниe нa coпcтвeнoтo pacпoлoжeниe. БИК Oбидeтe ce дa yпpaвyвaтe co cитe вaжни paбoти. Oвa e нajкopиcнoтo вpeмe, зaтoa нe гo пpoпyштajтe. Дeнoт e пoвoлeн вo oднoc нa личнитe oднocи. Moжeтe миpнo и ĸoнcтpyĸтивнo дa paзгoвapaтe co oниe co ĸoи cтe имaлe ...

Професорот Дејан Трајковски од Универзитет „Св. Климент Охридски” Технички Факултет – Битола, на својот фејсбук профил објави анализа за Чебрен. После дискусијата со еден градежен инженер, како и врз основа на изјавата на еден владин чиновник дека „не треба да не засега колку Грците ќе ги чини изградбата на браната на ПАХЕ Чебрен“, ќе се обидам да најдам одговор зошто цената на изградбата е двојно повисока отколку проценката на ЕСМ. Прво, да ...

Тимот на Генерали Инвестментс подготви резиме за актуелните настани кои влијаат врз пазарите на капитал. Индексот на волатилност скокна за 25% Централните банки повторно беа многу активни минатата недела. Состанокот на ФЕД беше под лупа на јавноста и инвеститорите, каде по долго време барем донекаде ја разбранува берзата. Иако индексот на волатилност VIX пред две недели го достигна најниското ниво за три години, по состанокот на ФЕД скокна за ...

Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола ги разгледуваат можностите за нивно присоединување. Од двете банки денеска соопштија дека клучно за нивно присоединуање ќе биде анализата на завршните сметки за годинава кои треба да се усвојат на годишните собранија во 2024 година. Двете банки засега не откриваат детали, само напоменуваат дека постои интерес од двете страни за понатамошно заедничко функционирање. „Во оваа рана фаза ...

Министерството за економија на Русија предвидува дека во декември годинава курсот ќе биде 94,3 рубљи за долар и 105 рубљи за евро. Тој предвидува и дека во јуни следната година доларот ќе вреди 87,5 рубљи, а еврото 97,5 рубљи. Министерството за економија на Русија очекува зајакнување на рубљата во четвртиот квартал на 2023 година и во првата половина на 2024 година, врз основа на прогнозата за социо-економскиот развој на Русија од 2024 до 2026 ...

Развојот на пазарот на капитал е клучен за поддршка на развојот на економијата, затоа е важно да ја развиеме Берзата, да понудиме новитети и иницијативи. Во таа насока Министерството за финансии оваа година воведе нови инструменти. Во текот на летото беше издадена првата емисија на граѓанската обврзница и од денеска на пазарот на капитал се воведува уште еден нов инструмент тоа е зелената обврзница. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир ...

Откако цените на храната дивееја во Словенија во првата половина од годинава, Журнал24 пишува дека трговците во Словенија почнале да ги намалуваат цените на храната, а одредени категории доживеале пад на цените и до 50 отсто. Тие контактирале со шест големи трговци кои работат на територијата на оваа земја за да проверат кои артикли и категории на храна се значително поевтини, а одговорот од „Хофер“ стигнал дека главно ги намалиле цените на ...

Министерството за финансии денеска го објави Проспeктот за првата емисија зелени обврзници. Ова е втор инструмент кој годинава го лансира Министерството за финансии на домашниот пазар на капитал, збогатувајќи ја понудата на финансиски производи и поттикнувајќи конкуренција. Зелените обврзници се хартии од вредност кои ќе се користат за инвестициски проекти за зелен развој. Односно тие се наменети за поттикнување и поддршка на проекти за ...

Денеска во Охрид во организација на Македонската берза АД Скопје се одржува дваесет и втората Годишна конференција. Овој форум на кој се анализира што донесе 2023 година и како понатаму да се развива пазарот на капитал на едно место ги собра претставниците на повеќе сегменти од финансискиот сектор и институции на пазарот, компаниите, и државните органи, како и сите останати субјекти чија дејност е поврзана со работењето или со инвестирањето во ...

Македонија годинава ќе забележи раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 2 отсто, а во 2024 од 3 проценти, прогнозира Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за состојбата на економиите во регионот што го покрива. Растот на БДП веројатно ќе остане скромен во 2023 година од околу 2 отсто, пред да се зголеми на 3 отсто во 2024 година, поради очекуваното глобално економско закрепнување. И покрај натамошното зголемување на ...

Достигнувањето на финансиска независност и светла иднина е пат со многу насоки кој бара крерирање на добар план, дисциплина и посветеност. На патот до вашата финансиска слобода, често ќе треба да се соочите и со надминување на некои препреки и прилагодувања, но, со посветено и паметно финансиско менаџирање, целите се секогаш достижни. Еве неколку совети кои може да ги искористите во таа насока: ·Поставете јасни цели. Дефинирајте што точно ...

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна ново највисоко ниво од ноември минатата година. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 106,20 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,10 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,75 на 149,05 јени. Американската ...

Европскиот пазар на труд се опоравува, или барем покажува знаци на закрепнување, од последиците од коронавирусот, но сè уште е далеку од исполнување на барањата на работниците и работодавачите. Најновите статистички податоци покажуваат намалување на слободните работни места на пазарот на труд, со пораст на вработеноста во вториот квартал од годинава. Стапката на слободни работни места, учеството на вкупните слободни работни места, се намали од ...

Формирање на нов „суперконтинент“ би можело да ги збрише луѓето и сите други цицачи (ако тогаш воопшто постојат) од лицето на Земјата за 250 милиони години, покажува новото истражување, спроведено од научници од Универзитетот Бристол во Обединетото Кралство. Тие, користејќи софистицирани климатски модели од далечната иднина, предвидоа дека по спојувањето на континентите во суперконтинентот, Пангеа Ултима, климатските екстреми значително ќе се ...

ОВЕН Доста обврски може да очекувате денеска, важно е фокусот да ви биде на оние најприоритените. Слободните ќе бидат заинтересирани за личност од вашето опкружување. Дружете се и уживајте во одличната комуникација. Многу добро здравје. БИК Кога се работи со голема брзина, обавезено се наоѓа простор и за некои пропусти, па проверувајте го она што го работите. Ако сте слободни, неочекувано познанство на едно необично место и во необични ...

На Волстрит, цените на акциите нагло паднаа вчера, спуштајќи се на најниските нивоа во повеќе од три месеци, бидејќи инвеститорите стравуваат дека каматните стапки на американската централна банка ќе останат покачени подолго отколку што се надеваа. Dow Jones се лизна за 1,14 отсто, на 33.618 поени, додека S&P 500 потона за 1,47 отсто, на 4.273 поени, а индексот Nasdaq 1,57 отсто, на 13.063 поени. Во исто време, сите три индекси паднаа на ...

Изненадувачки, барем за пошироката јавност, вчера од Комерцијална банка АД Скопје и Стопанска банка АД Битола преку Македонската берза соопштија дека се разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка. Како што информираа од таму во оваа рана фаза постапката не претставува намера за присоединување и во ниту еден аспект нема обврзувачки карактер, освен да го изрази првичниот интерес во рамки на претходна ...

Точно една година по саботажата на рускиот гасовод во Северното море, славниот американски новинар изнесува нови детали од случајот на основа на своите извори во американската разузнавачка заедница. Белата куќа не одлучила да го разнесе Северниот тек за да ја спречи руската Специјална воена операција или да победи во украинскиот судир, туку тоа го направила од страв дека Германија, а потоа и други НАТО членки ќе се завртат кон Русија, открива ...

Лондонскиот аеродром Гетвик ќе откаже околу 82 полетувања оваа недела поради недостаток на персонал во кулата за контрола на летање поради боледувања и коронавирус. Шефот на аеродромот Стјуарт Вингејт рече дека е „многу фрустриран“ од серијата проблеми со контролата на воздушниот сообраќај на аеродромот. Околу 30 отсто од персоналот на контролата на летање е недостапен, рече тој. Најголем број откажувања ќе има во петок на 29 септември кога ќе ...

Потенцијалното „исклучување“ на американската влада би му наштетило на кредитниот рејтинг на САД, предупреди рејтинг агенцијата „Мудис“. Предупредувањето дојде еден месец откако „Фич“ го намали рејтингот на САД за еден степен поради кризата за усогласување на плафонот на долгот. Доколку Конгресот не обезбеди средства за фискалната година која започнува на 1 октомври, односно доколку дотогаш републиканците и демократите не гласаат за буџетот, ...

Со вклучување на ЛГБТ заедницата, економијата на Србија би добивала дополнителни 293 милиони долари годишно, а економијата на Северна Македонија – дополнителни 64 милиони долари. Според проценките на Светска банка, годишниот бруто домашен производ (БДП) на Србија и Северна Македонија би се зголемил во просек за 0,6 отсто доколку се намалат бариерите за влез на пазарот на труд за ЛГБТИ лицата кои се соочуваат со дискриминација поради нивната ...

Што ја одредува цената на златото? Во поголемиот дел од последната деценија, одговорот беше едноставен: цената на парите. Колку одеа пониско каматите, толку поскапуваше златото и обратно. Златото е суштинскиот „антидолар“ – средство кон кое се обратиле оние кои не веруваат во фиат валута – па се чинеше природно дека цените ќе се зголемат во свет со ниски реални каматни стапки и евтиниот долар. Или, кога каматните стапки се зголемија, златото, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1024
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
64%
1026
weather icon

Загреб

16ᴼ / 14ᴼ
2.06
47%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
76%
1023
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
6.12
65%
1023
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
63%
1027
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
2.57
63%
1015
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
60%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
7.2
36%
1021
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
88%
1023
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
59%
1025
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
8.23
68%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.4226

Currency

70.1451

Currency

34.8307

Currency

38.0029

Currency

66.1692

Currency

7.50631

Currency

0.66019

Currency

0.34662

Currency

0.52533

Currency

1.27069

Currency

0.60225