Американските астронаути Реид Вајзман, Виктор Гловер и Кристина Кох и канадскиот астронаут Џереми Хансен се вратија на Земјата. Капсулата на мисијата „Артемис 2“ помина низ Земјината атмосфера и безбедно слета во Тихиот океан по речиси 10 дена во вселената. Тие го направија првото патување на човечки екипаж во близина на Месечината по повеќе од половина век и отпатуваа подлабоко во вселената отколку кој било пред нив. Капсулата „Орион“ на ...

Шпанската енклава на северот од Африка, последниве денови се соочува со досега невиден мигрантски бран. Се проценува дека меѓу 50.000 и 60.000 луѓе од Мароко влегле во градот, главно преминувајќи ја копнената граница или препливувајќи ги морските пречки поставени долж границата. Четириесет и четиригодишниот Мароканец и татко на четири деца, Јусеф Ел Абас, пред четири дена ја видел шансата да си го врати животот што го изгубил пред седум ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска попладне ќе почнат нови преговори со Иран, откако, како што рече, ги откажал планираните масовни напади врз земјата, пренесува Би-Би-Си. „Знаеа колкав ќе биде нападот бидејќи видоа дека се подготвува. Зборуваме со нив во форма на преговори“, им изјави Трамп на новинарите во претседателскиот авион. Тој на социјалната мрежа „Тру соушал“ објави дека Иран и американските сојузници на ...

Во украински напад со дрон врз руската погранична област Белгород загинало 13-годишно девојче, а две деца се повредени, соопшти вршителот на должноста гувернер на регионот, Александар Шаваев. Според него, дронот погодил подрачје во близина на детско игралиште во селото Принцевка, во близина на украинската граница. Лекарите, како што наведе, не успеале да го спасат животот на девојчето, додека две девојчиња на возраст од седум и девет години ...

Поправките на лансирната рампа на „Блу Ориџин“, оштетена од експлозијата на џиновската ракета „Њу Глен“ за време на тест на моторот минатата недела, „ќе траат долго“, веројатно до 2028 година, изјави администраторот на НАСА, Џаред Исакман, за CNBC. Моќната двостепена ракета „Њу Глен“ експлодираше и еруптираше во огнена топка во четврток додека беше прикачена на лансирната кула за време на рутински статички тест, подготвувајќи се за својот ...

Во текот на ноќта, Русија започна голем напад врз Украина со десетици балистички и крстосувачки ракети и стотици беспилотни летала. Киев, Лавов, Криви Рих и Полтавската област беа погодени, а експлозиите одекнаа на крајниот запад од земјата, стотици километри од бојното поле. Според досега објавените податоци, најмалку осум лица загинаа, меѓу кои две деца, додека најмалку 30 лица се повредени. Бројот на жртви може да се зголеми додека ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека на состанокот во Белата куќа во вторникот, побарал од американскиот претседател Доналд Трамп „итна зимска помош“ од 300 пресретнувачки ракети за американските противвоздушни одбранбени системи „Патриот“, со цел да се заштити енергетската инфраструктура од руски напади, објави американската веб-страница „Аксиос“. Без нови испораки пред зимата, руските напади би можеле да уништат ...

Неидентификуван објект се урна рано утрово на територијата на Полска, членка на НАТО, предизвикувајќи силна експлозија, додека Русија извршуваше масовни ракетни напади врз Украина. Како што објавува CNN, објектот паднал во близина на селото Тарнава-Колоња во Лублинското војводство, на околу 95 километри од украинската граница. Оперативната команда на полската армија објави дека објектот бил забележан во полскиот воздушен простор околу 3:40 ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и сите други вооружени групи во Газа. Договорот е дел од мировниот план од 20 точки што беше објавен минатата година, а Трамп го објави на социјалните медиуми во четвртокот, пишува ABC News. „Овој договор е клучен чекор кон конечното управување со Газа од нова палестинска влада што ќе соработува тесно со Комитетот за мир за да му помогне на ...

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека сака да ја суспендира Шпанија од Шенген зоната на слободно движење, откако стотици мигранти нелегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Мароко. Го поддржувам затворањето на Шенген зоната со Шпанија, напиша Антонио Тајани на социјалната мрежа Икс, додавајќи дека ја осудува „нерегуларната и неконтролирана имиграција“, пренесува „Хина“. Мигрантите ја преплавија ...

Ова лето во популарното италијанско одморалиште Кавалино-Трепорти е на сила забрана за одење во костими за капење надвор од плажа. Оние кои шетаат по улиците и плоштадите во бикини или без кошула ризикуваат казна, а локалната полиција веќе започна со проверки кои ќе траат цело лето. Според италијанската агенција „Анса“, локалната полиција веќе издала десетина казни. Градоначалничката Роберта Несто ги најави зголемените проверки на социјалните ...

Џакарта, главниот град на Индонезија и еден од најголемите градови во светот, полека исчезнува пред очите на своите жители – земјата под градот тоне сè побрзо и побрзо секоја година. Во некои делови од Северна Џакарта, земјиштето тоне и до 25 сантиметри годишно, поради што околу 40 проценти од градот е веќе под нивото на морето. Ова е проблем што трае со децении, а последиците стануваат сè повидливи. Многу згради се навалуваат, патиштата се ...

Идејата на американскиот државен секретар Марко Рубио за трајно намалување на зависноста од Ормутскиот теснец повторно ја отвори дебатата за тоа дали светот може да најде алтернативни правци за транспорт на нафта и природен гас. Иако Вашингтон ја претставува оваа визија како долгорочна стратешка цел, економските и геополитичките аналитичари предупредуваат дека целосно заобиколување на Ормутскиот теснец е практично невозможно во догледна ...

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени рано утринава го погоди североисточниот дел на Египет, соопшти турската Управа за катастрофи и вонредни состојби (AFAD). Потресот бил регистриран околу 3 часот по локално време во покраината Исмаилија, на длабочина од 5,47 километри. Локалните медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во повеќе градови, вклучително и во Каиро. Египетската Црвена полумесечина соопшти дека засега нема информации за ...

Грчките царински служби денеска ќе штрајкуваат, поради што се очекуваат големи гужви на граничните премини Евзони, Дојран и Ники. Патниците што патуваат во Грција или се враќаат од таму треба да очекуваат бавен сообраќај и подолги застои на одредени гранични премини поради штрајкот на грчките царински служби. Според достапните информации, прекинот на работата се однесува на премините Евзони, Дојран и Ники. На премините Евзони (Богородица), ...

Жените во Црна Гора со дијагностицирана секундарна дисменореја ќе имаат право на два платени слободни дена месечно. Парламентот ги усвои измените во Законот за здравствено осигурување со кои ова право добива законска основа. Мерката се однесува на силни менструални болки предизвикани од утврдени здравствени состојби, меѓу кои ендометриоза, миоми, полипи и други органски причини. За користење на отсуството ќе биде потребна медицинска ...

Денеска на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се одржа свеченост на која беа промовирани 36 питомци од 26. класа и 1 питомец кој дипломираше на Воената академија „Вест Поинт“ во САД, во прв офицерски чин – потпоручник и 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Армијата во чин –поручник. На денешната свеченост се обрати министерот за одбрана Владо Мисајловски кој на новите офицери во ...

На 30/31.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(34), лице(22), лице(30), лице(25), лице(30), лице(32), сите од Скопје, како и лице(18) од с.Стајковци, скопско, лице(31) од с.Миравци, гевгелиско и Ф.С.(31) од Турција затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни ...

На 30.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 08:20 часот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото ...

Денеска (31.07.2026) во 01:10 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје. При сообраќајна контрола на ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје, полициските службеници сопреле патничко возило „ланд ровер“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници и ...

На 30.07.2026 во 12:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на 29.07.2026 околу 20:00 часот на ул.„Копачка“ во Кичево, едно лице со остар предмет нападнало 15 – годишен малолетник од Кичево. По насоки на јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 30.07.2026 во 12:30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на 29.07.2026 околу 20:00 часот на ...

На 31.07.2026 во 03:20 часот на бул.„Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода лице(20) и лице(18), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во ноќен клуб на булеварот, а потоа и на бензинска станица физички нападнале малолетник од Скопје, при што употребиле тврд предмет. Физичкиот напад врз малолетникот во СВР Охрид бил пријавен во присуство на претставници од Центарот за социјални работи, а ...

Во јавноста деновиве се отворија повеќе прашања за реализацијата на проектот „Водоснабдување на Гостивар II – SECO II“, . Од ЈП „Комуналец“ објавија соопштение во кое наведуваат дека оценката дека проектот во целина „пропаднал“ не може да се изведе без увид во одобрениот проектен опфат, договорите, изведените и тестираните работи, документацијата за примопредавање и причините поради кои одредени делови сè уште не се целосно оперативни „Со ...

На 30.07 2026 во 18:30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено дека во кругот на црквата „Св. Богородица“ во селото Боровец биле осквернавени 14 гробови на тој начин што биле оштетени мермерните плочи. Увид на местото извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава. На 30.07 2026 во 18:30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта ...

На 30.07.2026 во 16:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Струга – Дебар, на место викано „Лабунишки ливади“, товарно возило „ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 56-годишно лице од Вевчани, излетал од коловозот и се превртел. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга. На 30.07.2026 ...

На 30.07.2026 околу 17:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во с.Бачишта, кичевско, на место викано „Емровци“, патничко возило „поло“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 38-годишна жена, излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила возачот, додека со телесни повреди нејзините сопатници лице(55) и лице(51), двајцата од с.Бачишта, констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа ...

Денеска (31.07.2026) во 07:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода лице (58) од с.Равен, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и куршуми за ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од посетата на битолската клиничка болница: „Добар ден и од мене. Почитувани претставници на медиумите, Би сакал да кажам дека здравството е еден од врвните мои лични приоритети, но и приоритети на Владата. За жал, тоа е процес којшто бара време, бара енергија, трпение, но најмногу од сè бара пари, затоа што тоа што е уништувано со години, да бидам попрецизен со децении, за жал преку ноќ не можеме да го ...

Мицкоски избега од пратеничките прашања затоа што нема одговори, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите, осврнувајќи се на вчерашните случувања во Собранието, каде, се случи оркестрирана блокада со која на пратениците од опозицијата им беше оневозможено да ги постават предвидените пратенички прашања -Мицкоски избега од пратеничките прашања. Наместо да одговори на прашањата на опозицијата, сведочевме на ...

На денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Република Италија, Н.Е. Паоло Палминтери, се разговаравше за клучните активности од Реформската агенда во правосудството, како и за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји. Италија е значаен партнер во процесот на европска интеграција и континуирано дава поддршка за реформите насочени кон посилно владеење на правото, поефикасно правосудство и ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
57%
1020
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.27
74%
1022
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.28
57%
1022
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
79%
1022
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
5.81
66%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.51
46%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.18
39%
1018
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
3.58
59%
1024
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
1.53
45%
1023
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.17
68%
1018
Currency

61.5217

Currency

53.3725

Currency

71.9616

Currency

37.6714

Currency

38.2876

Currency

65.5025

Currency

7.90796

Currency

0.64188

Currency

0.33454

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Сребро

2106.74

Платина

55942.30

Алуминиум

3.31

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Калај

56.26

Родиум

280515.26

Иридиум

252383.36

Злато

141408.63

Кобалт

56.29

Бакар

13.17

Паладиум

43178.45