Општина Центар денеска додели стипендии на 37 талентирани ученици од општинските основни училишта, кои остваруваат забележителни резултати во областа на културата. Десет ученици добија стипендии од по 4.500 денари месечно, а 27 ученици по 4.000 денари месечно. Финансиската поддршка годинава е зголемена, со цел младите да се поттикнат во развивањето на нивниот талент и творештво. „Како што ветив во предизборната програма, оваа година ги ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со усвојувањето на ребалансот на буџетот на Град Скопје, се обезбедени средства за изградба на две целосно нови средни училишта „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци“ во Драчево, општина Кисела Вода. Двете училишта ќе бидат изградени со финансиски средства на Град Скопје. – Предолго учениците во овие училишта се образоваа во крајно несоодветни услови. Предолго ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласи дека мерката за ослободување од комуналии за млади брачни парови е дел од неговата изборна програма и не станува збор за прифатена иницијатива. – Видов лиферувани информации дека наводно сум прифатил нечија иницијатива за ослободување на млади брачни парови од комуналии за градба, а тоа не е вистина. Почитувани, тоа е пракса која што прв пат во историјата на оваа независна држава јас ја ...

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, пратеничката Драгана Бојковска, како и претставници на јавните установи и Советот на Општина Илинден, ги посети новоуредените простории во детската градинка „Гоце Делчев“ и новоотворениот шалтер за социјална работа во општинската зграда. При посетата беа разгледани двете нови занимални, кои се уредени со ...

На денешната седница на Советот на Град Скопје, една од темите за која дискутираа советниците беше за мерката за ослободување од комуналии наменета за младите брачни парови, а која ќе важи и за самохрани родители до 40 години. Со оваа мерка, истите ќе се ослободат од делот од надоместокот за уредување на градежно земјиште, или 60 отсто од вкупни комуналии. ,,Младите до 40 години, ќе имаат можност да изградат свој дом без плаќање на комуналии. ...

Народната банка соопшти дека во сабота, 7 ноември, ќе организира превоз за клиентите на АЛТА банка од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола. Мерката е наменета за граѓаните кои имаат сметки во банката, но немаат платежни картички и затоа не можат да ги подигнат своите средства преку банкомат. Превозот од Прилеп ќе тргне во 10 часот од плоштадот „Методија Антонов-Ченто“, пред „Реклами“. Од Охрид поаѓањето е во 11 часот од градската ...

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Според објавената метеоролошка карта, утринските температури во одделни региони ќе се спуштат до -4 степени, додека во најтоплите делови од земјата дневната температура ќе достигне до 18 степени. Најстудено утро се очекува во источните делови на Македонија, каде што минималната температура ќе се ...

Православните христијани денеска, 7 ноември 2026 година, ја одбележуваат Митровденската задушница, ден посветен на молитвено сеќавање на починатите и зачувување на споменот за најблиските кои повеќе не се меѓу нас. Овој ден се празнува во саботата пред Митровден, големиот православен празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј Солунски, кој годинава се одбележува утре, 8 ноември. Според православната традиција, на Задушница верниците ...

СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против лицето на возраст од 37 години од Радовиш, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ по член 420 став 4 од Кривичниот законик. На 04.11.2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност. ...

На 06.11.2026 во Полициската станица Радовиш, лицето на возраст од 21 година од село Раклиш, радовишко, пријавило дека околу 22:15 часот на ул. „22 Октомври“ во Радовиш било физички нападнато од лице кое извадило и остар предмет со кој мавнало кон пријавителот, но не го погодило. Лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на случајот ќе биде поднесена ...

Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на државата нотира добро ниво на подготвеност во реформските процеси што ги презема Царинската управа во Поглавјето 29 – Царина унија, со цел забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на Европската унија. Зголемените приходи, воспоставување на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот, зајакнување на капацитетите на Секторот ...

Прес конференција на Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник: Почитувани, Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата. Филипче и неговите партнери, свесно шират лаги и манипулации за случајот со Алта банка, случај кој постои во друга држава, но не и Македонија. Филипче и неговите партнери, од петни жили се обидуваат сликите од немирите во другите држави ...

Соопштение на Левица: Додека ДПМНЕ се подготвува да го претставува Скопје како европска престолнина на културата, Европската комисија веќе предупредува на сериозни недостатоци во транспарентноста на управувањето, стабилноста на финансирањето, навремената реализација и соработката со културните чинители. Наместо оваа историска можност да биде искористена за суштинска преобразба на културниот живот, постои опасност проектот да се претвори во ...

Борбата против корупцијата мора да донесе конкретни резултати, одговорност за високата корупција и ефикасна конфискација на незаконски стекнатиот имот. Ова е една од клучните пораки на министерот за правда, Јетон Шасивари, од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Будва, каде што учествуваше на панелот посветен на борбата против корупцијата. Министерот нагласи дека владеењето на правото и борбата против ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус, верувајќи дака на тој начин повторно ќе се факторизираат иако се во политички нокдаун. Функционери на СДС, предводени од Венко Филипче, изнесуваат јавни тврдења и обвинувања кои не се проверени и не се потврдени дали имаат ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата дека не се исти, дадена од претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче, истакна: „Јас можам за прв пат да се сложам со претседателот на СДСМ дека не сме исти. Јас никогаш не би сакал да бидам ист со куклата на луѓето кои ја уништија и ограбија Македонија. Ниту во најлошиот сон не би сакал тоа да бидам. Така што еве за прв пат ...

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА Говорник: Александра Николовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Кога зборуваме за јавното здравство мора да зборуваме и за луѓето кои се неговиот најважен столб. Лекарите, медицинските сестри, специјалистите и сите здравствени работници. Затоа владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори за решавање на еден од најголемите проблеми со кои се соочува здравствениот систем, недостигот на медицински ...

Многу луѓе кога ќе слушнат „дата-центар“ веднаш помислуваат на зрачење, загадување и опасност по здравјето. Но работите не се баш така. Најпросто кажано, дата-центар е голема зграда полна со компјутерски сервери. Тие сервери чуваат податоци и овозможуваат да работат интернет-страници, апликации, банки, социјални мрежи, вештачка интелигенција и многу други дигитални услуги. Самите сервери не испуштаат опасно зрачење што може да им наштети на ...

Автобус што превезувал ученици од Германија се судри со комбе, па се преврте, рано утрово во источна Холандија, при што осум лица беа повредени и однесени во болница, соопшти холандската полиција. „Неколку лица се здобиле со сериозни повреди и се однесени во болница“, соопшти полициската управа на покраината Гелдерланд на социјалните мрежи. Неколку други лица се здобиле со полесни повреди во несреќата. Повеќе од 50 лица во автобусот Во ...

Украина денес ја слави 35-годишнината од својата независност. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, по повод ова изјави дека неговата земја е подготвена да ја заврши војната, но дека нема да се согласи со непроменетите услови на Москва. „Нема да им дозволиме да преземат иницијатива и да ја измамат Европа и целиот свет убедувајќи ги дека Украина само треба да се откаже од Донбас и дека сè наскоро ќе заврши. Немаме илузии. Не им ...

Кина започна со повлекување на повеќе од четири милиони возила поради безбедносни проблеми со скриени рачки на вратите. Мерката опфаќа 2,98 милиони автомобили Tesla произведени во Кина, а причината се поплаките дека таквите рачки тешко се наоѓаат и користат во итни ситуации. Покрај Tesla, повлекувањето се однесува и на модели од кинеските производители XPeng, Xiaomi и Geely, пишува BBC. Скриените рачки, популаризирани од извршниот директор на ...

Канадскиот премиер Марк Карни денеска објави инвестиција од повеќе од 11 милијарди канадски долари за изградба на шест нови мразокршачи за Канадската крајбрежна стража. Сите шест ќе се градат во бродоградилиштето Davie во Леви, Квебек. Владата проценува дека проектот ќе создаде речиси 5.000 работни места во фазата на изградба и ќе придонесува околу 650 милиони канадски долари годишно кон БДП. Бродовите ќе се користат за одржување на ...

Украинските сили ја нападнаа руската област Краснодар преку ноќ, а според објавите на руските канали на Телеграм, рафинеријата за нафта „Афипски“, една од најголемите во јужна Русија, беше погодена. По експлозиите во областа на рафинеријата, избувна голем пожар. Снимките објавени од локалните жители наводно покажуваат голем пожар што се шири од областа на рафинеријата. Во регионот беше прогласен воздушен напад. Руските власти сè уште не ...

Според АМСМ, утрово од 05:05 часот, сообраќајот на магистралниот пат А2 Крива Паланка – Куманово кај мв. Карчов е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена ...

соопштение на СДСМ: Дизелот над 100 денари – нов удар врз стандардот, а Мицкоски не презема ништо Цената на дизелот надмина 100 денари за литар, што е нов директен удар врз стандардот на граѓаните, но и врз македонското земјоделство. За само шест месеци дизелот е поскапен за 43 отсто, а Владата на Мицкоски повторно не презема ништо, обвини потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната прес конференција посочувајќи дека ...

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, во ексклузивно интервју за Breitbart News изјави дека неговата влада „силно“ ги поддржува американскиот претседател Доналд Трамп и политиките на неговата администрација во повеќе области — од надворешната политика и енергетиката, до геополитиката и економијата. Тој најави сериозна економска и инвестициска соработка со актуелната американска администрација во областите на енергетиката и ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски: Почитувани претставници на медиумите, Почитувани присутни, Денеска имавме можност да се запознаеме со сето она коешто изминатиов период е направено во Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа што го кажа директорот е навистина импресивно. Мојата поддршка е апсолутно тука неограничена, бидејќи нè инспирира работата на луѓе коишто се мотивирани да создаваат, да институциите коишто ги раководат ги ...

соопштение на СДСМ: Поминаа шест недели а документ, извештај, анализа за водата во Гостивар нема. Поминаа 10 дена откако Мицкоски се врати од образовано-научна екскурзија и откако рече дека „инсистира да се објави изшвештајот„. Ништо. Нема извештај, нема анализа на водата, нема кој утврдил и потпишал дека водата е безбедна за пиење. Се е лага и пропаганда. Кој шири паника? Мицкоски и Клековски шират паника. Со тоа што не го објавуваат ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Модуларните болници за време на ковид кризата во земјава биле поставени спротивно на низа предупредувања и без исполнување на сите законски и технички услови. Поконкретно за модуларната болница во Тетово, каде во пожарот трагично загинаа 14 лица, тогашниот економски директор на болницата, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и пушти во употреба болницата. Подоцна тој беше осуден на една и пол година ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со сериозни инвестиции во здравството, со цел граѓаните да добијат современи установи, подобра опрема и поквалитетни услуги. Се реализираат Клиничките болници во Штип и Тетово, проширување на Здравствениот дом во Кичево, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, за кои веќе има интерес од потенцијални финансиери. Паралелно се работи и на нов Клинички центар во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07