Македонската берза во текот на минатата година оствари добивка од 12,7 милиони денари(207.000 евра), што е намалување во однос на претходната година кога добивката изнесувала 22,1 милиони денари(360.000 евра), покажува ревидираниот финансиски извештај на берзата за 2025 година. Ваквиот резултат придонесе кон пад на основната заработувачка по акција од 7.948 денари во 2024 година на 4.566 денари во минатата година. Со оглед на тоа што во ...

„Карлсберг“ (Carlsberg) подготвува ИПО на својот бизнис во Индија, кое би можело да собере 700 милиони долари. На прв поглед, оваа приказна не изгледа спектакуларно како ИПО-то на „Спејс екс“ (SpaceX). Но кога таа бројка ќе се стави во поширок контекст, станува јасно дека пазарната капитализација на матичниот „Карлсберг“ изнесува околу 18 милијарди долари. Тоа значи дека индиското ИПО вреди само околу четири отсто од целата компанија, што ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги откажал планираните воени напади врз Иран, што претставува остар пресврт само неколку часа откако вети дека ќе ја погоди Исламската Република „МНОГУ СИЛНО“ и се закани дека ќе ја преземе нејзината нафтена инфраструктура. Трамп во четвртокот се повика на, како што рече, „разговори“ кои „биле пренесени до највисокото ниво на иранското раководство“ во врска со договорен крај на војната. Тој ...

„Спејсекс“ (SpaceX) на Илон Маск им порачува на инвеститорите дека обезбедил инвестициски рејтинг од трите водечки агенции за кредитен рејтинг, тврдат извори запознаени со ова прашање. Тоа би можело да ѝ помогне на компанијата да ги намали трошоците за финансирање додека продолжува да прибира капитал по иницијалната јавна понуда (ИПО). Се очекува ИПО-то на компанијата да собере околу 75 милијарди долари, а формирањето на цената на акциите е ...

Светска банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст оваа година, наведувајќи дека изгледите за две третини од економиите се влошиле поради војната на Блискиот Исток. Банката прогнозира дека светската економија ќе порасне за 2,5 отсто во 2026 година, што е намалување во однос на јануарската прогноза од 2,6 отсто, а очекува и глобалната вкупна инфлација годинава да достигне четири отсто. Светска банка ја засилува поддршката за ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми каматните стапки првпат по речиси три години, оценувајќи дека повеќе не може да чека да заврши војната меѓу САД и Иран во услови на засилени инфлаторни притисоци. Каматната стапка на депозитите е зголемена од два на 2,25 отсто, како што и предвидуваа економистите и инвеститорите, кои проценуваат дека во септември би можело да следува уште едно зголемување од 0,25 процентни поени. Европската ...

Акциите на „Оракл“ (Oracle Corp.) паднаа во претпазарното тргување откако компанијата објави квартални капитални расходи повисоки од проценките, што ги зголеми стравувањата кај инвеститорите за профитабилноста на бизнисот со инфраструктура за вештачка интелигенција. Капиталните расходи, кои во голема мера претставуваат мерка за трошоците за центрите за податоци, изнесуваа околу 16,5 милијарди долари во периодот што заврши на 31 мај, со што ...

Во опколениот јужен украински град Херсон, руските сили се вкопани од другата страна на реката Днепар, оддалечени само неколку милји. Небото трепери од звукот на немилосрдни експлозии. Често е премногу опасно да се излезе надвор: дистописка реалност толку смртоносна што патиштата се покриени со тунели направени од рибарски мрежи за заштита од постојаната закана од дронови. Но дури и под такво смртоносно небо, 78-годишниот стоматолог и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД повторно ќе го нападнат Иран в четврток и се закани дека „во одреден момент“ ќе ја преземат контролата врз енергетската инфраструктура на земјата, вклучувајќи го и клучниот центар за извоз на нафта на островот Харг. „Соединетите Американски Држави ќе го нападнат Иран (чија морнарица, воздухопловни сили, радари, противвоздушна одбрана и сите други форми на одбрана, заедно со поголемиот ...

Европската централна банка (ЕЦБ) ги зголеми трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, при што каматната стапка на депозитите достигна 2,25 отсто. Банката ја зголеми и прогнозата за инфлацијата во еврозоната. ЕЦБ сега очекува инфлацијата во 2026 година да изнесува три отсто, во однос на претходната прогноза од 2,6 отсто. За 2027 година се предвидува инфлација од 2,3 отсто, наместо претходно проектираните два отсто, додека прогнозата ...

Европската централна банка (ЕЦБ) се очекува да ги зголеми каматните стапки за првпат од 2023 година, со процена дека веќе не може да го игнорира растот на инфлацијата предизвикан од војната во Иран. Со тримесечен конфликт што ги одржува цените на нафтата високи, економистите во анкетата на „Блумберг“ очекуваат депозитната стапка да биде зголемена за 0,25 процентни поени на 2,25 отсто. Тоа би ја направило ЕЦБ првата голема централна банка во ...

„Антропик“ (Anthropic) повика на создавање механизам на ниво на целата индустрија кој привремено би го запрел развојот на вештачката интелигенција (ВИ), давајќи му можност на општеството да се „соочи со огромните последици од неа“. Технологијата напредува до точка во која ВИ ќе го направи човечкиот труд илјадници пати поефикасен или дури ќе го замени, создавајќи нов сет на ризици, соопшти компанијата во обемна објава што неодамна ја ...

Најновиот пад на биткоинот беше толку остар што турна повеќе од половина од неговата понуда во оптек во зоната на загуба. Со цена од околу 61.000 долари - што е пад од околу 50 проценти во однос на неговите рекордни нивоа - и со нов пробив под неговиот 200-неделен подвижен просек, биткоинот брзо трупа загуби за сè поголем удел од неговите сопственици. За првпат од крајот на 2022 година, повеќе од 50 проценти од токените со кои се тргува ...

Американската војска изврши напади врз повеќе цели во Иран втор ден по ред, откако претседателот Доналд Трамп ја обвини земјата дека ги одолговлекува разговорите за привремен мировен договор. Централната команда на САД на X соопшти дека започнала „дополнителни самоодбранбени напади“ во 17:15 часот по њујоршко време во средата. Околу четири часа подоцна, во друга објава, командата прогласи дека операцијата е завршена и дека биле погодени ...

„Виз ер холдингс“ соопшти дека конфликтот во Иран избришал 50 милиони евра од заработката во целата фискална година, речиси целосно уништувајќи го профитот во тој период, додека ветува дека ќе ги искористи поместувањата на пазарот за да го поттикне растот. Нето добивката се намали на 2,2 милиони евра во годината до март, во споредба со нето добивката од 225,8 милиони евра претходната година. Компанијата соопшти дека не може да даде прогноза ...

Првичната јавна понуда на „Спејс екс“ (SpaceX) привлекла побарувачка за над четири пати повеќе од достапните акции, според луѓе запознаени со ова прашање, пред компанијата за ракети, сателити и вештачка интелигенција предводена од Илон Маск да престане да прима нарачки. Се очекувало банките да престанат да примаат нарачки од институционални инвеститори откако пазарот ќе се затвори во Њујорк во средата во 16 часот, изјавија луѓе запознаени ...

Македонија во изминатиов период бележи континуиран пораст на бројот на туристи кој во минатата година достигнал над 1,3 милиони лица од кои 916.000 биле гости од странство. Станува збор за значително зголемување ако се земе предвид дека пред една деценија, во 2015 година вкупниот број на туристи во земјава изнесувал околу 816.000 лица, од кои околу 485.000 биле странски туристи. Минатата година била рекордна и по бројот на остварените ...

Додека војната и нестабилноста на Блискиот Исток ја менуваат глобалната туристичка мапа, сè повеќе патници и туроператори се насочуваат кон побезбедни, постабилни и полесно достапни европски дестинации. Туризмот е меѓу првите индустрии што реагираат на чувството на несигурност, па кога се проценува ризик, природно дел од интересот се пренасочува кон пазарите што нудат предвидливост и сигурност. Од ваквите поместувања веќе профитираат пазари ...

Претседателот на САД Доналд Трамп вети нови удари врз Иран откако ја обвини земјата дека ги одолговлекува разговорите за привремен мировен договор, дополнително оптоварувајќи го кревкото двомесечно примирје. Ескалацијата на геополитичките тензии предизвика раст на цената на нафтата и пад на акциите, при што Волстрит беше потресен и од нова распродажба на некои од најголемите светски технолошки компании. Помалку работници повеќе работат – ...

Продуктивноста во земјите од Европската унија се зголеми за само 0,1 отсто во првиот квартал од 2026 година, покажуваат податоците на европската статистичка служба, Евростат. За разлика од почетокот на оваа година, во последниот квартал од 2025 година, продуктивноста на трудот беше зголемена за 0,8 отсто според бројот на лица и за 0,7 отсто според работните часови, во споредба со истиот квартал од претходната година. Продуктивноста на ...

Претседателот на САД Доналд Трамп вети нови удари врз Иран откако ја обвини земјата дека ги одолговлекува разговорите за привремен мировен договор, дополнително оптоварувајќи го кревкото двомесечно примирје. САД ноќеска ги обновија нападите врз Исламската Република, а најновите коментари на Трамп ја отворија вратата за најодржливата воена офанзива на Вашингтон откако двете страни се согласија на прекин на огнот во април. „Ќе ги напаѓаме, ќе ...

Ескалацијата на геополитичките тензии предизвика раст на цената на нафтата и пад на акциите, при што Волстрит беше потресен и од нова распродажба на некои од најголемите светски технолошки компании. Падот на акциите го избриша неделниот раст, туркајќи го индексот S&P 500 надолу за околу 1 отсто. Индикаторот за производители на чипови падна за повеќе од 3 отсто. Цената на нафтата надмина 91 долар, откако претседателот Доналд Трамп вети ...

Инфлацијата во САД забрза во мај, достигнувајќи најбрзо темпо во повеќе од три години, бидејќи војната во Иран ги зголеми цените на енергијата, надминувајќи го растот на платите на Американците. Индексот на потрошувачки цени (CPI) порасна за 0,5 отсти во однос на април и за 4,2 отсто во однос на минатата година - најмногу од почетокот на 2023 година, според податоците на Бирото за статистика на трудот. Основниот показател за инфлација, кој ...

Американскиот претседателот Доналд Трамп испрати најнова серија на остри критики кон Иран затоа што земјата не постигна брз мировен договор со САД по ноќ на напади што го ставаат на тенок мраз двомесечениот прекин на огнот. „Тие предолго одолговлекуваат со преговорите за договор кој би бил одличен за нив, сега ќе мора да ја платат цената“, напиша Трамп во средата на својата социјална мрежа. Во моментите по објавата, американските берзански ...

Причините за спојувања и преземања (M&A) меѓу европските банки растат, дури и покрај пречките за прекугранични поврзувања, тврди еден од водечките експерти за финансиски трансакции во регионот. „Последните две години беа феноменални во смисла на одржување на профитабилноста на споредливо високи нивоа“, изјави во интервју Дирк Лиевенс, ко-раководител на одделот за финансиски институции во Европа во компанијата „Голдман Сакс“ (Goldman ...

„Рајфајзен банка“ (Raiffeisen Bank International) објави значаен напредок во процесот на преземање на „Адико банка“ (Addiko Bank), обезбедувајќи поддршка од акционери кои поседуваат повеќе од 50 проценти удел. Според соопштението објавено во вторникот, австриската банкарска групација до 9 јуни во 9:30 часот собрала изјави за прифаќање на понудата за вкупно 9.831.951 акции, што претставува удел од 50,42 проценти. „Тоа вклучува 1.878.167 ...

Политичките лидери во Северна Ирска повикаа на смиреност и го осудија насилството што избувна во Белфаст по нападот со нож во понеделникот, за кој се верува дека бил извршен од маж со суданско потекло. Неколку возила беа запалени, а беа пријавени и запалени куќи на повеќе локации низ Белфаст и други делови од Северна Ирска во вторникот навечер. Премиерката, Мишел О’Нил од „Шин Фејн“, го опиша насилството како „целосен хулиганизам“ во објава ...

Акциите на холандскиот производител на опрема за чипови АСМЛ (ASML) достигнаа нов историски максимум, што е еден од највпечатливите настани на европските берзи оваа година. Сепак, и покрај силниот раст, компанијата денес се тргува по најниска релативна валуација во однос на конкурентите во последните над десет години. Акциите на АСМЛ пораснаа 64 проценти од почетокот на 2026 година, но тој раст сепак заостанува зад поширокиот американски ...

Површински поморски дрон помогна во спасувањето на двајца членови на екипажот од американскиот армиски хеликоптер „апачи“ (AH-64 Apache), кој се урна крај брегот на Оман, соопшти Централната команда на САД, што претставува првпат беспилотно возило да биде употребено во ваква операција. Автономното површинско пловило „кросер“ (Corsair), долго 24 стапки (околу 7,3 метри), користено во спасувањето, е произведено од компанијата „Сароник“ ...

Нафтата ги избриша добивките додека трговците ги оценуваа изгледите за мировните преговори за војната во Иран по кратката американска воена кампања против Исламската Република по соборувањето на американскиот хеликоптер. Суровата нафта Брент се тргуваше близу 91 долар за барел откако се искачи за дури 2 проценти претходно во текот на сесијата. Вест Тексас Интермедиет беше околу 88 долари. Американските сили нападнаа локации во близина на ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Бакар

12.58

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76