Американскиот милијардер Илон Маск и официјално стана сопственик на социјалната мрежа Твитер, по неколкумесечни преговори со акционерите. По преземањето на компанијата, Маск отпушти неколку врвни директори и најави дополнителни отпуштања. Тој рече дека сака да ги „победи“ спамботите и да ги направи јавно достапни алгоритмите кои одредуваат како содржината им се презентира на корисниците и спречуваат платформата да стане место на омраза и ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 27.10.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,317%, кај дизелот намалување за 0,078%, кај екстра лесното масло ...

По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Естра Меин“, „Агрија“, земјоделската задруга „Единство“- Челопек, „Везе шари“ и ДПТ„Лецкер“ од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на Северна Македонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат ...

Европа сега има толку многу природен гас што не знае што да прави со него, па цената на самото место оваа недела накратко стана негативна, објави ТВ Си-Ен-Ен. Европските власти со месеци предупредуваат на енергетска криза во текот на претстојната зима, бидејќи Русија – некогаш најголемиот снабдувач на природен гас во регионот – ги намали испораките како одмазда за санкциите воведени од Европа поради руската инвазија на Украина, според ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45% во однос на одлуката од 25.10.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,207%, кај дизелот намалување за 1,780%, кај екстра лесното масло ...

Помалку од еден час возење е потребно за да се поминат 40 километри од Благоевград до Делчево, рута која се повеќе Бугари на поминуваат со цел да се стигне до поевтини и поквалитетни производи. Последните викенди забележана е се поголема фреквентност на македонско-бугарската граница од шопинг патувањата на жителите на западните бугарски градови. Како што кажуваат тие, доаѓаат во земјава на пазарење бидејќи цените на производите се од 10 до 20 ...

НЛБ Банка во трите квартали од годината оствари позитивни деловни перформанси во клучните сегменти од работењето и во услови на неизвесен деловен амбиент како последица на глобалната криза, нарушувањата на каналите на снабдување, пазарите на енергија и инфлаторните притисоци, Банката продолжи да обезбедува силна кредитна поддршка за населението и домашниот бизнис сектор пришто забележа раст на кредитирањето од 3,8% во однос на крајот на минатата ...

Компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи и се се регистрирани со шифри на дејност 10.41, 10.51, 10.61, 10.71 во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца ќе имаат фиксна цена на електрична енергија. Оваа цена на струја која што ќе ја обезбеди Владата ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на ...

Скопје, 26 октомври 2022 – МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата, од денеска почнува да нуди нови услуги во Северна Македонија – мобилна телефонија и интернет, како и пакет услуги кои што вклучуваат и сателитска телевизија. Мтел со ова ја проширува својата понуда на врвни сервиси и ексклузивни дигитални содржини, кои што на корисниците им нудат едно поинакво искуство во доменот на телекомуникациите. Понудата, која што Мтел им ја нуди на ...

„Мерцедес“ е последната голема компанија која реши да ја напушти Русија. Големиот производител на автомобили денеска објави дека ќе се повлече од рускиот пазар и ќе продаде акции од своите индустриски и финансиски подружници на локален инвеститор. Тоа е трет голем производител на автомобили кој реши да ја напушти Русија откако таа земја влезе во војна со Украина. Пред „Мерцедес“ истото го направија и јапонскиот „Нисан“ и францускиот „Рено“. ...

Цената на струјата за домаќинствата во Црна Гора во првата половина од годинава изнесува во просек 9,7 евроценти за киловат час за опсегот на годишна потрошувачка од 5.000 до 15.000 kWh, објави Заводот за статистика на Црна Гора (МОНСТАТ). Како што соопшти МОНСТАТ, споредбените податоци на ЕУРОСТАТ покажуваат дека најскапиот киловат струја во регионот плаќаат граѓаните на Црна Гора. Граѓаните на Албанија плаќаат 9,4 евроценти/KWh, Северна ...

Минатата година 85,3% од населението во земјава постаро од 15 години поседувало сметка, додека во регионот сме на второто место според финансиската вклученост. Сè повеќе наши граѓани поседуваат дебитна и кредитна картичка и сè повеќе се купува онлајн, сепак сè уште заостануваме зад европскиот просек. Ова го покажуваат најновите податоци на Светската банка од глобалната база на податоци Финдекс, коишто се однесуваат на 123 земји во светот ...

Американскиот милијардер и основач на Tesla и SpaceX Илон Маск (Илон Маск) го посети седиштето на Twitter во Сан Франциско. Како што изјави Лесли Берланд (Лесли), маркетинг директорот на оваа компанија, посетата на Маск беше по повод склучувањето на договорот за купување на Твитер. Берланд додаде дека сите вработени во Твитер ќе се слушнат директно со Маск во петок. Недолго потоа, Маск се огласи на Твитер, каде што објави видео на кое влегува во ...

пишува Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Трите закони за кои минатата недела остварив работна средба со Талат Џафери, претседател на Собранието на РСМ, се од исклучително големо значење за одржување на економската активност на стопанството во целост, кое во услови на глобална неизвесност и криза е дополнително усложнето поради нефункционалноста на системот, т.е. не донесувањето на законски решенија од интерес ...

Како мала и отворена, нашата економија е под влијание на притисоците од тековната глобална криза. Сепак, макроекономската стабилност и стабилноста на финансискиот сектор се задржани, а здравиот банкарски сектор ја обезбедува потребната поддршка за фирмите и граѓаните. Народната банка постепено ја нормализира монетарната политика, заради стабилизирање на инфлациските очекувања и одржување на среднорочната ценовна стабилност. За ова, меѓу другото, ...

Околу 71 отсто од европските потрошувачи ги сменија своите навики за купување за да „ја задржат храната“ на своите маси поради кризата со трошоците за живот, објави во понеделникот Блумберг, повикувајќи се на истражување на американската компанија за истражување на пазарот ИРИ. Според извештајот, „инфлацискиот замор“ во европскиот регион доведе до т.н стратегии за справување, кои подразбираат примена на различни начини на справување со реални ...

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2022 година и со тоа малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 88,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 90,50 ден/лит. Малопродажната цена на ...

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година. Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската ...

АД ЕСМ на 24.10.2022 година произведе 11.335 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 8.824 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.511 MWh. Изминатото деноноќие нема никакви забележителни промени во однос на перформансите на производствените постројки. Во функција се два блока во РЕК Битола, работи РЕК Осломеј, а продолжуваат и сервисните активности во ТЕЦ Неготино. АД ЕСМ на 24.10.2022 година ...

Утре Регулаторната Комисија за Енергетика, стандардно, како и секоја седмицс ќе ги утврдува новите цени на горивата. Цените на нафтата на светските берзи се речиси идентични и без големи промени изминативе денови, па така барел од типот брент се продава за 92 долари, што може да укаже дека нема да има големи промени во цените. Во моментов малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 89,00 денари/литар, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ...

Жито Пром – Гевгелија ги претстави кроасаните и колачите 4U на саемот СИАЛ во Париз, еден од најпознатите светски настани од прехранбената индустрија, што се одржа од 15 до 19 октомври. Со повеќе од 7000 излагачи од 126 земји во 10 павилјони, СИАЛ е една од најголемите изложби, но и места на кои се следат и диктираат светските трендови во производството на храна и пијалаци, па учеството таму е голем предизвик: – Ова е уште еден клучен настан во ...

Грејната сезона започна согласно правилата за снабдување и мрежните правила за 60 илјади потрошувачи, додека снабдувањето со електрична енергија за 611 илјади домаќинства во изминатиот период е стабилно, но и покрај тоа неопходно е рационално трошење на енергенсите посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на редовен месечен координативен состанок со енергетските компании. „ Енергетската ...

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година. Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 11,3 % во август ...

Американската веб-страница „Celebrity networth“ на својата листа на богати ги вклучи некои од најпопуларните луѓе од земјите од поранешна Југославија. Американската веб-страница „Celebrity networth“ која се занимава со проценки на вкупниот имот и финансиските активности на познатите личности од светот на спортот, музиката и другите гранки на шоу-бизнисот, вклучи некои од популарните луѓе од земјите на поранешна Југославија на неговата листа. ...

Централните банки и политиките коишто ги водат тие мора да бидат посветени на среднорочната стабилност на цените. Во услови на висока инфлација и инфлациски очекувања, монетарните власти немаат многу простор да им се посветат на другите цели надвор од нивниот основен мандат, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во авторски текст за угледниот српски неделник „Нин“. Таа посочува дека поради големата трговска ...

Шпанија, Португалија и Франција најавија дека ќе изградат подводен гасовод за транспорт на водород и гас меѓу Барселона и Марсеј. Португалскиот премиер Антонио Коста рече дека рутата, наречена Бармар, главно ќе се користи за пумпање зелен водород и други обновливи гасови, но и привремено ќе овозможи транспорт на „ограничена количина“ на природен гас за да се олесни енергетската криза во Европа. – Гасоводот е одговор на повиците за солидарност од ...

Производните цени во Германија продолжуваат да растат со вртоглаво темпо, па во септември тие беа за 45,8 отсто повисоки од 12 месеци порано. Во август и септември е забележан најбрзиот годишен раст на цените на производителите од почетокот на мерењето во 1949 година. Главен двигател на поскапувањето и натаму е цената на енергенсите, која за 12 месеци е повеќе од двојно зголемена од 132,2 отсто. Дополнително, нагло поскапеа и полупроизводите, ...

Вработените на Твитер се огласија на социјалните мрежи стравувајќи дека ќе бидат отпуштени откако се појавија документи кои покажуваат дека Илон Маск планира да ја намали својата работна сила за 75 отсто. Корпоративните документи до кои дојде „Вашингтон пост“ откриваат дека милијардерот им рекол на потенцијалните инвеститори во договорот вреден 44 милијарди долари дека планира да намали три четвртини од своите 7.500 работници. Тоа ќе ја остави ...

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.10/2022 за долгови доспеани до 30.06.2022 и неплатени до 30.10.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: Повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата на должници се објавува ...

Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија предводена од претседателот Бранко Азески оствари работна средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, согласно алармот на компаниите кои имаат сериозни забелешки за блокадите на законските решенија во Собранието, а кои во услови на тешка енергатска криза дополнително го усложнуваат нивното работење. На средбата беше посочено дека покрај Законот за ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.22
66%
1014
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.24
61%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
77%
1012
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
61%
1013
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
71%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
4.63
63%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52