Како и секоја година, и годинава порталот Пари, во соработка со БизнисМрежа.мк, подготвува ексклузивен серијал во кој ви ги открива приходите, добивките и бројот на вработени на 100-те најголеми компании во секоја од овие области поединечно. Но, не се задржуваме само на голи бројки, туку правиме споредби и анализи на трендовите на компаниите што се на врвот на стопанството. Првиот поглед покажува дека стоте компании најголеми по приход лани ...

Нема потреба да се очекува целосно воспоставување на контрола на Киев врз целата територија на Украина, земјата може да биде примена во НАТО со привремена административна граница, изјави чешкиот претседател Петр Павел. „Мислам дека целосното воспоставување на украинска контрола врз целата територија на земјата не е неопходен услов за прием во НАТО. Ако има демаркација, ќе се воспостави барем административна граница и тогаш можеме да ја ...

Бројот на пензионери се зголемува, а ќе се зголемува и во иднина. Зависноста на државниот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) од Централниот Буџет станува се поголема. Се зголемува и учеството на расходите на ПИОМ во БДП. Сите овие параметри укажуваат дека државниот Фонд за пензисоко осигурување, кој е една од институциите со најголем Буџет, е на “стаклени нозе“. Новата Влада ветува стабилност во исплата на пензии, но како ќе се ...

Неопходно е да се заврши потребната експропријација и дислокација на електричните и телекомуникациски водови, а потоа, пред Нова Година „Бехтел и Енка“ да влезат на терен со активности за изградба на коридорите 8 и 10. Ова го истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски. Одговарајќи на новинарски прашања во Кавадарци, Трајановски рече дека претходната влада, во договорот со „Бехтел и Енка“ поставила ...

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 71 ...

Нема рентабилно производство ниту по квалитет нити по квантитет, ако нема вода. Владата и Министерството за земјоделство наредната 2025 година ќе започнат со спроведување на 10-годишната програма, со која 20 милиони евра на годишно ниво ќе бидат одвоени за инвестиции и враќање на системите за наводнување во една функционална состојба. Ова при денешната посета на Делчево го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан ...

Цените на становите во Штип вртоглаво растат. Метар квадратен во новоизградена стамбена зграда се продава и по цена од 1500 евра. Според проценителите ова не е вистинска пазарна вредност на недвижноста, туку се базира само на зголемената побарувачка. – Ние со нашиоте проценки, кои се реални и се базирани на една издржана методологија за процена на пазарна вредност на недвижен имот, не можеме да дојдеме до 850 до 900 евра од метар квадратен, а ...

Земјоделците кои го осигурале своето производство од временски непогоди можат да добијат субвенции од Платежната агенција. Финансиската поддршка е 60 проценти од вкупната вредност на полисата но не повеќе од 150.000 денари по корисник. Крајниот рок за поднесување на апликациите е до крајот на овој месец … До 31-ви август годинава земјоделците ќе можат да поднесат барања за мерката – помош во премии и осигурување од програмата за финансиска ...

Се зголемува бројот на сместувачки капацитети во мали винарници, информираа денеска од Здружението Македонски семејни винарии, преку својата Фејсбук страница. Оттаму појаснија дека се комплетира уште една винска приказна од идејата мали семејни винарии. Имено, по претходно две мали семејни винарии членки на здружението, што имаа свои сместувачки капацитети, отсега уште една мала семејна винарница има сместуваки капацитет апармани за 12 луге. Се ...

Недостигот на работна рака во моментов останува еден од главните проблеми на на македонското стопанство. Иселувањето си го прави своето, а тука е и проблемот што тешко може да се обезбеди и некој поголем увоз на работна рака од странство, затоа што Македонија останува понеатрактивна државата и на овој план за разлика од некои наши соседни држави. Од Стопанската комора велат дека само со добра државна стратегија може да се надмине овој горлив ...

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со новиот виетнамски лидер То Лам, јави кинеската новинска агенција Синхуа. Ова е првата меѓународна посета на новиот виетнамски лидер откако ја презеде функцијата. Состанокот е показател за блиските врски меѓу Виетнам и Кина, кои имаат добро развиени економски и трговски односи. Минатата недела, Кина изјави дека изборот на Лам да ја посети Кина „во целост ја одразува големата ...

Во државава има над 330.000 пензионери, а анализите покажуваат дека сегашните вработени ги финансираат сегашните пензионери, односно придонесите што по однос на пензиско и инвалдиско осигурување се собираат од еден и пол вработен се доволни за да се исплати една пензија. Исплатата на пензиите претставува сериозен предизвик имајќи го предвид буџетскиот дефицит во Фондот за пензиско и инвалидско осигирување којшто во моментот изнесува над 600 ...

Вредноста на хакерските напади во крипто секторот речиси се удвои на 1,6 милијарди долари во првите седум месеци од 2024-та година, поттикната од порастот на цените на дигиталните средства, објави „Bloomberg“, цитирајќи податоци од „Chainalysis Inc“. Додека вредноста на украдените средства се зголеми, бројот на хакери се зголеми маргинално на 149 досега оваа година, од 145 во соодветниот период од 2023-та година, според извештајот. „Цените на ...

Финтехничкиот гигант „Revolut“ објави дека секундарната продажба на акции, што и овозможи на компанијата да им даде ликвидност на вработените за нивните акции, ја процени компанијата на 45 милијарди долари, пренесува „Bloomberg“. Новата проценка е повисока од вреднувањето од 33 милијарди долари што го доби „Revolut“ во 2021-ва година. За разлика од многу од неговите конкуренти во областа на финтех, „Revolut“ не мораше да собира пари во ...

Откупните цени за грозјето што ги истакна Министерството мора да се почитуваат, истакнал денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, информираат попладнево од Министерството. При неговата денешна посета на откупен пункт на грозје во кавадаречкото село Сопот, за да се увери во текот на почетокот на бербата на грозјето, тој бил информиран од страна на сопственикот на откупниот пункт на грозје и од ...

Берзанските индекси на Волстрит го завршија петокот со нивната најдобра трговска недела од ноември минатата година. Извештајот на американското Министерство за труд за намалување на инфлацијата на ниво на цените на производителите ги потисна берзанските индекси во вторник. Индексот на цените на производителите се зголеми за само 2,2 отсто на годишно ниво во јули, по 2,7 отсто пораст во јуни. Податоците на министерството ги надминаа очекувањата ...

Околу 68 милиони луѓе во Јужна Африка се погодени од суша предизвикана од Ел Нињо, временски феномен што ги уништи посевите низ целиот регион, соопшти Јужноафриканската развојна заедница (САДК), цитирана од британските медиуми. Лидерите на 16-те земји-членки на САДК се состанаа во главниот град на Зимбабве, Хараре, за да разговараат за регионалните прашања, вклучително и безбедноста на храната. Сушата што започна на почетокот на оваа година ...

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна минатата недела, бидејќи се зацврстија очекувањата дека американската ФЕД ќе ги намали каматните стапки во септември, па еврото се проби над 1,10 долари. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,7 отсто, на 102,40 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на еврото падна за околу 1 ...

Државата повторно се задолжува и овој пат од домашните банки и фондови. Од вчера на Берзата котира нова домашна државна обврзница објавена на сума од близу 24 милиони евра. Каматата е прилично висока и изнесува 5,6 проценти. Тоа говори дека банките и приватните фондови не се воопшто попустливи кон националниот буџет, туку го кредитираат со каматна стапка од 5,6 проценти, камати кои државата ги наплатуваше и при претходните издавања на ...

Соединетите Американски Држави ја престигнаа Кина како водечки пазар во светот за финансирање на климатските технологии во првата половина од оваа година, иако вложениот износ се намали, според новата анализа на „BloombergNEF“. Американските компании собраа 6,7 милијарди долари, помалку од 9,8 милијарди долари во првите шест месеци од 2023-та година. Но, тоа сепак ги надмина инвестициите во Кина, каде што компаниите за климатска технологија ...

Во јуни 2024 година се издадени 185 одобренија за градење, што е за 23,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Во јуни 2024 година се издадени 185 одобренија за градење, што е за 23,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Во Скопскиот регион се издадени 43 одобренија, од кои осум во Општина Аеродром, по шест во Центар, ...

Сопственикот на технолошката корпорација „Мета“, Марк Цукерберг, напредуваше на најновата листа на милијардери на Блумберг и го зазеде третото место, додека сопственикот на корпорацијата за луксузни стоки LVMH, Бернард Арно падна на четвртата позиција. Како што се наведува, богатството на Цукерберг се зголемило за 4,32 милијарди долари на 188 милијарди долари од последното мерење, а од почетокот на годината неговата пазарна вредност се ...

Во Европската унија, бројот на компании кои прогласија банкрот во вториот квартал од 2024 година е зголемен за 3,1 отсто во однос на првиот квартал, додека бројот на нови регистрации на компании во истиот период е намален за 2,1 отсто. Ако се анализира состојбата по сектори, најголем квартален пораст на бројот на банкроти е забележан во градежништвото 3,8 отсто, финансиските дејности 2,6 отсто, трговијата 2,4 отсто и индустријата 1,6 отсто, ...

Цените на новите станови во Кина паднаа во јули со најбрзо темпо во последните девет години, бидејќи низата мерки за поддршка не успеаја да ги стабилизираат цените и да ја вратат довербата во кризниот сектор на недвижности. Долготрајниот пад на пазарот на домување силно ги погоди втората по големина светска економија и нејзините потрошувачи, при што аналитичарите велат дека целта на Пекинг од пет отсто раст на БДП во 2024 година може да биде ...

Иако увозот на работници од странство засега не ги дава очекуваните резултати и за дел од нив Македонија е начин да продолжат до европските држави. Овој процес не треба да запре, смета бизнис заедницата. Проблемот е ист во сите балкански држави, заради значително пониските плати кај нас во однос на европските… Увозот на работна сила не смее да престане и покрај тоа што за дел од странските работници во најголем дел од Непал и Бангладеш, ...

Јајцата се меѓу земјоделските производи чија цена по производител најмногу е намалена во вториот квартал – за 22,7%. Ова го покажуваат податоците на бугарската статистика за земјоделството, објавени во четвртокот. Најзастапени јајца на бугарскиот пазар се од кокошки одгледани во кафез, а кога има промоции нивната цена паѓа на 35 центи, објави „24Часа.бг“. Другиот производ што поевтини е лебната пченица – за 15,5%, а трет е пилешкото месо – за ...

Цената на златото денеска за прв пат се искачи над 2.500 долари за унца, поттикнувајќи ги очекувањата дека американската ФЕД ќе ги намали каматните стапки. Цената на златото попладнето достигна 2.500,16 долари бидејќи најновите податоци на пазарот на недвижности во САД покажуваат дека намалувањето на каматните стапки во САД ќе биде побрзо и позначајно од очекуваното. Пониските каматни стапки се генерално позитивни за златото бидејќи тоа не ...

Преку градење партнерства и вклучување на сите заинтересирани финансиски институции, асоцијации и граѓански здруженија, Народната банка работи на зајакнување на свеста и унапредување на финансиската едукација на широка основа. За таа цел, во име на Народната банка и Здружението за поттикнување младинска соработка, промовирање мир и стабилност ̶ МАКЕДОНСКА АЛПБАХ ЗАЕДНИЦА, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и застапникот на здружението, Марко ...

Оправдана мерка во услови на раст на инфлација кога системските решенија не се доволни е претстојното линеарно зголемување на пензиите, сметаат експертите, но истовремено нагласуваат дека ваквата мерка претставува притисок врз буџетот и апелираат ад хок решенија да се избегнуваат. Пензионерите со септемвриската пензија којашто ќе им биде исплатена во октомври треба да добијат зголемување за 2.500 денари, а уште едно линеарно зголемување во ...

Огромниот норвешки државен фонд објави профит од 1,48 трилиони круни (138 милијарди долари) во првата половина од годината, што главно се должи на силните приноси од нејзините инвестиции во технолошките акции, пренесува „CNBC“. Фондот, кој е најголемиот суверен богат фонд во светот, објави дека има вредност од 17,75 трилиони круни кон крајот на јуни. Вкупниот принос на фондот за шестмесечниот период изнесува 8,6%, што е за 0,04 процентни поени ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
10.29
44%
1019
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
6.69
39%
1024
weather icon

Загреб

21ᴼ / 20ᴼ
3.6
48%
1025
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
8.23
53%
1019
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
7.63
46%
1018
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
3.8
75%
1025
weather icon

Атина

35ᴼ / 31ᴼ
6.17
37%
1013
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
18%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
9.26
30%
1016
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
1.54
45%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
6.69
42%
1024
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
64%
1014
Currency

61.53

Currency

53.8663

Currency

72.9866

Currency

35.0321

Currency

39.3959

Currency

65.6314

Currency

7.50525

Currency

0.68687

Currency

0.37233

Currency

0.52309

Currency

1.3737

Currency

0.62895

Алуминиум

2.45

Кобалт

42.99

Никел

15225.00

Рутениум

19708.41

Калај

32.53

Сребро

1156.73

Злато

106452.73

Бакар

9.71

Паладиум

33629.68

Платина

37475.18

Родиум

186474.33

Цинк

2.63