Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Цената на златото бележи променливо движење, додека инвеститорите се обидуваат да го ублажат продажниот притисок и да ги искористат сигналите дека благородниот метал се наоѓа во препродадена зона. Индикаторите за релативна сила почнаа да испраќаат позитивни сигнали, што би можело да придонесе за ограничено техничко закрепнување на цената на краток рок. Сепак, техничката слика и натаму останува негативна. Златото претходно ја проби нагорната ...
Наглиот раст на инвестициите во вештачката интелигенција сè повеќе отвора прашања за можните последици врз глобалната финансиска стабилност. Иако новите технологии можат суштински да ја променат економијата, сè поголем дел од инвестициите се финансираат со долг, додека идните приходи остануваат неизвесни. Претседателот на американските Федерални резерви, Кевин Ворш, неодамна најави формирање работна група која ќе го анализира економското ...
Цените на нафтата нагло пораснаа во азиското тргување по обновувањето на тензиите на Блискиот Исток, откако Иран изврши напад со балистички ракети врз американски сили, а САД и Саудиска Арабија возвратија со удари врз цели во Ирак поврзани со Техеран. Фјучерсите на меѓународната референтна нафта „брент“ за испорака во септември поскапеа за 3,42 отсто, на 86,97 долари за барел. Американската лесна нафта WTI се зголеми за 3,58 отсто, на 82,09 ...
Халкбанк АД Скопје ја промовира Visa Travel кредитната картичка, наменета за корисниците кои сакаат дополнителна сигурност и поволности за време на патувањата. Со картичката корисниците добиваат асистенција на пат, како и патничко осигурување со покритие во времетраење од десет дена. Дополнително, на корисниците им се овозможува попуст од 10 проценти при купување полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување. Повеќе информации за ...
Стопанска банка АД – Скопје во првите шест месеци од 2026 година остварила добивка пред оданочување од 1,412 милијарди денари, што претставува намалување од 30 отсто во споредба со истиот период минатата година. Според консолидираните неревидирани финансиски извештаи, позитивниот финансиски резултат пред оданочување и резервации изнесувал 1,781 милијарда денари и бил за 31 отсто понизок на годишно ниво. Од Банката наведуваат дека намалувањето ...
Народната банка на Република Северна Македонија издаде Решение со кое е издава претходна согласност г-дин Тони Стојановски повторно да биде именуван за претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје. Согласно решението издадено на 27 јули 2026 година, Стојановски ќе добие нов четиригодишен мандат, кој започнува на 4 септември 2026 година. Тони Стојановски ја презема функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од 3 ...
Акционерот АЛТА банка АД Белград го зголеми својот сопственички удел во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со дополнителни девет обични акции на банката. Според известувањето објавено преку Македонската берза, по оваа трансакција АЛТА банка АД Белград поседува вкупно 372.123 обични акции, што претставува 95,1777% од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола. Објавата е направена согласно Правилата за котација на ...
Германскиот банкарски гигант „Commerzbank“ за првпат јавно изрази подготвеност да започне преговори со италијанската „UniCredit“ за евентуално преземање, што претставува значаен пресврт по повеќемесечното противење на ваквата трансакција. Претседателот на Надзорниот одбор на „Commerzbank“, Јенс Вајдман, изјави дека по промените во сопственичката структура се создадени услови за конструктивен дијалог, со цел да се дефинираат услови кои ќе ги ...
Еврото и во вторникот остана под притисок во однос на американскиот долар, додека инвеститорите сè повеќе ја земаат предвид можноста Федералните резерви повторно да ги зголемат каматните стапки. Околу 9:50 часот по Гринич, еврото се тргуваше по цена од приближно 1,1370 долари, со минимален дневен раст од 0,05 отсто, откако претходно тешко ги надоместуваше загубите. Индексот на американскиот долар, кој ја мери неговата вредност во однос на ...
Додека пазарот ја очекува официјалната одлука на австриската Комисија за преземања за понудите за Addiko Bank AG, на интернет-страницата на банката се објавени повеќе трансакции на членови на раководството. Податоците покажуваат дека членовите на Управниот одбор и претседателот на Надзорниот одбор ги продале своите акции преку јавната понуда за преземање на Raiffeisen Bank International, по цена од 26,50 евра за акција. Исклучок е ...
Стопанска банка АД – Скопје ја промовира својата премиум кредитна картичка, наменета за корисниците кои често патуваат и сакаат дополнителни привилегии. Картичката овозможува бесплатен пристап до повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми низ светот, како и купување на најмногу 36 рати без камата. Во понудата е вклучено и патничко осигурување за секое патување, со што корисниците добиваат дополнителна сигурност и удобност при престојот во ...
Орлин Георгиев Ваташки повторно ќе биде член на Управниот одбор на УНИ Банка АД Скопје, откако Народната банка на Република Северна Македонија издала претходна согласност за неговото именување. Како што информираат од Универзална Инвестициона Банка, согласноста е издадена со решение на Извршниот одбор на Народната банка од 24 јули 2026 година. Ваташки е именуван за член на Управниот одбор на банката за период од две години, сметано од денот ...
Халкбанк започна нов едукативен видеосеријал со кој на корисниците им ги приближува најчесто користените банкарски услуги достапни преку мобилен телефон. Серијалот „Халк Финфлуенсер“ содржи 12 кратки видео упатства во кои актерката Дарја Ризова на едноставен начин ги прикажува чекорите за користење на различни функционалности во мобилната апликација на банката. Целта е корисниците полесно да извршуваат трансакции и други банкарски активности ...
Корисниците на апликацијата Myiute отсега ќе можат да купуваат онлајн преку новата платформа iute Market, создадена во соработка со SuperMart Macedonia. Во рамки на новата услуга се достапни стотици производи од различни категории, а купувањето и плаќањето се вршат директно преку апликацијата. Корисниците можат да изберат начин на плаќање што најмногу им одговара, како и да ги искористат своите iutePlus поени за дополнителни поволности. ...
Цената на златото забележа пад во последното тргување, откако наиде на силен отпор околу нивото од 4.100 долари. Повлекувањето се оценува како корективно движење, кое помогна да се намали прекумерната купеност забележана кај техничките индикатори. Цената потоа најде поддршка кај 50-дневниот експоненцијален подвижен просек, што придонесе за ограничување на продажниот притисок. Техничката слика и натаму останува наклонета кон раст. ...
Цената на суровата нафта продолжи да се намалува, откако САД и Иран привремено ги запреа нападите и се отвори простор за продолжување на дипломатските разговори. Нафтата во понеделникот поевтини за повеќе од седум проценти, бидејќи инвеститорите позитивно реагираа на намалувањето на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран. Американската војска во петокот ги запре нападите врз Иран по речиси две недели воени операции, додека Техеран во последните ...
Халкбанк АД Скопје ја промовира „Халки“ детската картичка, наменета за децата кои постепено учат како одговорно да располагаат со парични средства. Од банката посочуваат дека картичката може да биде практична за летен камп, за првите мали авантури или за деновите што децата ги поминуваат со бабите и дедовците. Со користењето на детската картичка, најмладите стекнуваат основни навики за управување со пари, додека родителите имаат поголема ...
Прво добрата вест: македонскиот пензиски систем веројатно нема да ги остави идните пензионери сосема без пензии. Лошата вест е дека постои реална опасност тие пензии да бидат значително пониски од она што денес им се ветува. Проблемите не се случиле преку ноќ туку се наталожувале со години, слој по слој. ПИОМ постојано работи со значителна буџетска поддршка. Приносите на приватните фондови остануваат релативно скромни. Голем дел од средствата ...
Од 1 август скопјани ќе плаќаат повисока цена за централното греење, откако Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени за корисниците на топлинска енергија во главниот град. Најголемо зголемување е предвидено за корисниците приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде цената на топлинската енергија ќе биде повисока за 5,96 проценти. Поскапување следува и за корисниците на „ЕСМ Енергетика“, односно на таканареченото ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на горивата во просек за 4,55 проценти. ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за три денари и ќе се продава по цена од 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така поскапува за три денари и новата цена ќе изнесува 95 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 4,50 денари и ќе чини 98,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство ...
Меѓународниот експерт за финансиски пазари Патрик Јанг ќе биде еден од говорниците на јубилејната 25. Годишна конференција на Македонската берза, која ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во „Metropol Lake Resort“. Јанг ќе одржи специјална презентација на тема „Мал пазар, голема можност: Како малите пазари можат да го поттикнат економскиот раст“. Тој е поранешен главен извршен директор на Трансилванската берза SIBEX и автор на ...
НЛБ Банка Скопје во првите шест месеци од 2026 година остварила нето-добивка од 1.722 милиони денари, што е раст од 7 отсто во споредба со истиот период минатата година. Добивката пред оданочување достигнала 1.979 милиони денари, односно е зголемена за 7,4 отсто на годишно ниво. Нето-приходите од камати изнесувале 2.451 милион денари и биле повисоки за 1,6 отсто, додека нето-приходите од провизии и надоместоци пораснале за 10 отсто, на 833 ...
Американските власти го продолжија до 22 август рокот во кој се дозволени одредени активности поврзани со странските средства на рускиот енергетски гигант „Лукоил“. Одлуката доаѓа во период кога Бугарија повторно го става во фокус прашањето за непречената работа на рафинеријата во Бургас. Продолжувањето беше објавено истиот ден кога бугарскиот премиер Румен Радев телефонски разговараше со американскиот секретар за енергетика Крис Рајт за ...
Прометот на Македонската берза во периодот од 20 до 24 јули 2026 година изнесувал 55,9 милиони денари, односно околу 909 илјади евра, што претставува пад од 40,95 проценти во однос на претходната недела. Во текот на петте трговски дена биле реализирани 223 трансакции, или 145 помалку од претходната седмица, при што биле истргувани вкупно 94.099 акции и обврзници. Најголем дел од неделниот промет повторно бил остварен со акциите на ...
Цените на нафтата нагло се намалија откако Иран сигнализираше дека ќе ги запре нападите доколку Соединетите Американски Држави продолжат со паузата во воените операции, што ги зголеми очекувањата за смирување на тензиите на Блискиот Исток. Фјучерсите на меѓународната референтна нафта „брент“ за испорака во септември паднаа за околу пет отсто и во еден момент се тргуваа по цена од околу 92 долари за барел. Американската ВТИ нафта исто така ...
Цената на златото забележа нов раст во последното тргување, откако доби поддршка околу 50-периодниот експоненцијален подвижен просек и повторно се приближи до важната граница од 4.100 долари. Според техничката анализа, краткорочниот корективен нагорен тренд и натаму доминира, што му дава позитивен импулс на благородниот метал и ја зголемува можноста за тестирање на повисоки ценовни нивоа. Сепак, техничките индикатори укажуваат и на зголемен ...
Рајфајзен банк интернешнл официјално потврди дека доброволната јавна понуда за преземање на Аддико банка успешно го надминала минималниот праг на прифаќање, со што процесот на преземање влегува во завршна фаза. До 24 јули 2026 година биле примени изјави за прифаќање на понудата за вкупно 10.720.331 акција на Аддико банка, што претставува 55,58 отсто од сите акции опфатени со понудата. Со тоа е исполнет клучниот услов предвиден со австрискиот ...
Глобалната економија се очекува да порасне за три проценти во 2026 година, додека во 2027 година растот би можел да забрза на 3,4 проценти, покажува анализата на GlobalData. Иако глобалните прогнози речиси и да не се променети во однос на оние од пред шест месеци, зад вкупната бројка се кријат големи разлики меѓу одделните земји. Според GlobalData, економските резултати во 2026 година сè повеќе зависат од два главни фактори – изложеноста на ...
Илјадници корисници веќе го користат Apple Pay за брзо и безбедно плаќање во продавници, преку апликации и онлајн, информираат од Комерцијална банка. Корисниците на Mastercard дебитни и кредитни картички од Комерцијална банка можат да ги додадат своите картички во Apple Wallet и да плаќаат преку iPhone, Apple Watch, iPad или Mac. За плаќање во продавница, потребно е корисникот двапати да го притисне страничното копче на уредот, да се ...
Глобалниот финтек сектор продолжува забрзано да расте, а вештачката интелигенција сè повеќе го менува начинот на кој се движат, проверуваат и управуваат парите. Во такви услови, CNBC и Statista ја објавија својата листа на 500 водечки финтек компании во светот за 2026 година. Според податоците на McKinsey, финтек индустријата во 2025 година остварила приходи од 650 милијарди долари, што претставува раст од 21 процент во однос на претходната ...