Цените на електричната енергија на берзите во Југоисточна Европа минатата недела нагло пораснаа, а во одредени периоди надминаа и 700 евра за мегават-час. Причина се значителното намалување на производството од нуклеарните и хидроелектраните, во комбинација со зголемената потрошувачка поради екстремно високите температури. Според анализата на Balkan Green Energy News, цените на пазарот „ден однапред“ на седум регионални берзи во периодот од ...

Екстремните горештини и огромната потрошувачка на електрична енергија предизвикаа силен скок на цените на струјата на берзите во Југоисточна Европа, а во најкритичните часови цената надмина 500 евра за мегават-час. Една од главните причини е масовната употреба на клима-уреди за време на актуелниот топлотен бран. Во часовите кога температурите и потрошувачката го достигнуваат максимумот, електроенергетските системи се соочуваат со огромен ...