Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 25 мај (понеделник) поради прослава на Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. „Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка“, велат од Комерцијална банка. За корисниците на ...

Седиштето на Стопанска банка АД – Скопје е добитник на престижниот LEED Gold сертификат, со што објектот стана првиот LEED-сертифициран проект во Скопје и првиот во Северна Македонија што достигнал Gold ниво. Информацијата ја објави компанијата Focal преку објава на социјалните мрежи, каде што се наведува дека зградата покажала одлични резултати во сите поднесени категории за оценување, при што биле прифатени сите кредити. Од компанијата ...

Комерцијална банка АД Скопје во соработка со Visa Inc. организира наградна игра преку која корисниците на Visa картичките имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland® Paris за четири лица. Од Банката информираат дека наградната игра е во тек и ќе трае до 31 мај 2026 година. Во овој период, секое плаќање со Visa картичка носи дополнителна шанса за освојување на главната награда. „Колку повеќе плаќања, толку повеќе шанси за ...

АЛТА банка понуди пакет наменет за вработените во јавната администрација, кој вклучува потрошувачки кредит, кредитна картичка, дозволено пречекорување по платежна сметка, СМС известување и електронско, односно мобилно банкарство преку платформата Bank2Go. Според условите на пакетот, максималниот износ на кредитната изложеност достигнува до 2.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци, а во одредени случаи и до 120 месеци. Кредитот може ...

Групација Триглав во првото тримесечје од 2026 година оствари вкупен обем на работење од 633,4 милиони евра, што претставува раст од 14 проценти во однос на истиот период лани. Од компанијата посочуваат дека најголем придонес за растот имаат меѓународните пазари и зголемените премии. Деловниот резултат пред оданочување достигна 49,3 милиони евра, додека нето добивката изнесува 39,8 милиони евра. И покрај нешто пониските резултати во споредба ...

ПроКредит Банка доби одобрение од Комисија за хартии од вредност за издавање трајна обврзница во вредност од 5 милиони евра преку приватна понуда. Информацијата ја објави SeeNews, повикувајќи се на соопштение од регулаторот. Станува збор за таканаречена „perpetual bond“ обврзница, односно финансиски инструмент без рок на достасување, кој банките најчесто го користат за зајакнување на капиталната структура. Издавањето на вакви инструменти е ...

НЛБ Банка во соработка со своите партнери организира караван за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти, кој ќе се одржува во периодот од 18 мај до 19 јуни. Во рамки на караванот, пред повеќе експозитури на банката во Скопје и во други градови низ државата ќе се организираат промотивни настани, каде граѓаните ќе можат да се информираат за различните небанкарски услуги и продукти што се нудат преку банката. Во активноста се ...

Цената на златото продолжи да паѓа и во петокот на европските пазари, при што благородниот метал се движи кон втора последователна неделна загуба. Главен притисок врз цената создава зајакнувањето на американскиот долар, додека инвеститорите внимателно ги следат преговорите меѓу Соединети Американски Држави и Иран. Цената на златото денеска се намали за 0,75 проценти и достигна 4.507 долари за унца, откако претходниот ден забележа минимален ...

„Банкарскиот систем во регионот е со значително подобрени показатели и поголема отпорност во споредба со периодот пред пандемијата, но силниот кредитен раст и растот на цените на недвижностите наметнуваат засилена претпазливост и потребно е постојано следење на ризиците“, порача вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска. Овие пораки беа упатени на 24. состанок на Работната група за монетарна политика во Централна и Источна Европа, ...

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање. НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни ...

Азиските берзи забележаа раст во петокот, поттикнати од подобреното расположение кај инвеститорите по позитивните сигнали од мировните разговори меѓу САД и Иран, како и силните резултати на технолошките компании предводени од „Nvidia“. Најширокиот индекс на „MSCI“ за Азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, порасна за 0,8%, додека јапонскиот индекс „Nikkei“ се зголеми за високи 2,8%, приближувајќи се до ново рекордно ниво. Значителен раст ...

Цените на нафтата повторно пораснаа во петокот, откако претходно забележаа остар пад, додека неизвесноста околу разговорите меѓу САД и Иран продолжува да создава силни осцилации на енергетските пазари. Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ се зголемија за 1,9% и достигнаа 104,56 долари за барел, додека американската нафта „WTI“ порасна за 1,35% на 97,64 долари за барел. И покрај дневниот раст, двата референтни индекси и натаму се на пат да ја ...

Иуте Македонија, во соработка со СИГАЛ Иншуренс Груп, Allianz Partners, MediGuide, IUTE AFFINITY и АМСМ, го претставува iuteCare – нов, уникатен и целосно дигитален осигурителен производ на македонскиот пазар, креиран за корисници кои сакаат поголема сигурност при патување, практична поддршка во непредвидени ситуации и пристап до помош кога е најпотребно. iuteCare е доброволно осигурување кое во еден пакет комбинира патничко осигурување во ...

Европската унија ја намали прогнозата за економски раст за 2026 година, додека инфлацијата се очекува да порасне поради конфликтот на Блискиот Исток и енергетската нестабилност. Европскиот комесар за економија Валдис Домбровскис соопшти дека Европската комисија ја намалила прогнозата за економски раст на ЕУ за 2026 година на 1,1 отсто, додека инфлацијата се очекува да достигне 3,1 отсто во текот на годината поради војната во Иран. „Конфликтот ...

„Доколку има натамошни притисоци врз ценовното ниво, ќе реагираме со корекција на каматните стапки нагоре, но конечната одлука ќе зависи од расположливите податоци за инфлацијата и за нејзините движења во наредниот период“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во поткастот „Каде се парите“ со Горан Теменугов. Тој нагласи дека Народната банка внимателно ги следи инфлациските движења коишто, по период на ...

Светот има уште шест месеци за да избегне нова прехранбена криза, предупредува Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО, поради растечките тензии на Блискиот Исток и можните последици од затворањето на Ормускиот Теснец. Според ФАО, евентуален прекин или сериозно нарушување на сообраќајот низ Ормускиот Теснец во следните шест до 12 месеци може да предизвика глобален раст на цените на храната, преку нарушување на ...

Управата за јавни приходи (УЈП) објави нов модел за е-фактурирање, со кој компаниите ќе преминат од хартиени кон електронски фактури и дигитална размена на документација. Според прикажаниот концепт, системот ќе функционира преку централизирана државна платформа на УЈП, која ќе овозможи директна комуникација меѓу компаниите и институцијата во реално време. Е-фактурирањето ќе опфати размена на фактури, испратници, повратници, авансни фактури и ...

УНИ Банка во првиот квартал од годинава остварила нето-добивка од 56,6 милиони денари, што претставува пад од 61 отсто во споредба со истиот период лани, објави SeeNews повикувајќи се на финансиските резултати на Банката. Според објавените податоци, добивката на Банката во периодот јануари – март изнесувала околу 915 илјади евра. Во кратката објава не се наведуваат дополнителни детали за причините за намалувањето на профитот, но резултатите ...

Во април 2026 година паричната маса забележа месечен пад од 1,3%, главно како резултат на намалувањето на краткорочните депозити, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Вкупните депозити на месечно ниво се намалени за 1,4%, при што падот е концентриран кај корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата продолжиле да растат. На годишно ниво, депозитите бележат зголемување од 9,3%. Во истиот период, вкупните кредити се ...

Халкбанк АД Скопје доби нова докапитализација во вредност од 40 милиони евра од матичната банка Halkbankası AŞ, со што дополнително ја зајакнува својата позиција на македонскиот банкарски пазар. Со најновото зголемување на капиталот, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигна 2,15 милијарди евра, додека вкупниот капитал на Банката сега изнесува 412 милиони евра. Од Банката посочуваат дека ова е уште една потврда за континуираната ...

Економската активност во еврозоната во мај се намали со најбрзо темпо во последните две и пол години, покажуваат прелиминарните податоци на S&P Global, додека војната на Блискиот Исток и растот на цените на енергенсите дополнително ја намалуваат побарувачката и ги зголемуваат инфлаторните притисоци. Композитниот PMI индекс, кој ја мери активноста на приватниот сектор, во мај паднал на 47,5 поени, од 48,8 поени во април. Ова е најниско ...

Халкбанк АД Скопје нуди кредитна линија за поддршка на одржливи земјоделски активности, наменета за микро, мали и средни претпријатија, како и за индивидуални земјоделци и трговци поединци. Кредитната линија е наменета за финансирање на работен капитал и инвестициони потреби поврзани со одржливо земјоделство, согласно квалификуваните активности утврдени во листата за одржлива земјоделска активност. Износот на кредитите се движи од 5.000 до ...

Халкбанк АД Скопје ја зацврстува својата позиција на еден од клучните столбови на македонскиот финансиски систем со нова докапитализација во износ од 40 милиони евра, обезбедени директно од матичната банка, гигантот Халкбанкаси АШ Туркије. Со оваа стратешка инвестиција, вкупната актива на Халкбанк АД Скопје достигнува 2,15 милијарди евра. Она што дополнително влева сигурност кај депонентите и инвеститорите е нивото на вкупен капитал на ...

Масовната примена на вештачката интелигенција може длабоко да го промени капитализмот, но не нужно и да го уништи, оценува економистот Бранко Милановиќ во анализа за иднината на трудот и профитот во ерата на AI. Тој посочува дека од марксистичка перспектива, вештачката интелигенција носи високо автоматизирано производство со минимално учество на човечки труд. Според теоријата на Карл Маркс, токму трудот создава вишок вредност и профит, па ...

И покрај неуспешните разговори со ирската нискобуџетна компанија „Рајанер“, Владата најавува проширување на авиомрежата со пет нови линии од скопскиот и охридскиот аеродром во текот на летната сезона. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да дозволи привилегирање на една компанија на штета на останатите превозници. – Даваме субвенција од 9 ...

Азиските берзи забележаа силен раст во четвртокот, следејќи го позитивниот тренд на Волстрит, откако порасна оптимизмот дека тензиите на Блискиот Исток би можеле да се намалат. Американскиот претседател Доналд Трампизјави дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се во „завршна фаза“, што дополнително ја подобри довербата кај инвеститорите. Во исто време, цените на нафтата остануваат под притисок поради блокадите на иранските пристаништа од ...

Дваесет и пет европски банки, меѓу кои „ABN AMRO“, „Sabadell“, „Rabobank“, „Bankinter“, „Bank of Ireland“, „Handelsbanken“ и „Nordea“, се приклучија на европски конзорциум кој работи на лансирање на криптовалута поврзана со еврото. Конзорциумот, основан минатата година од компанијата „Qivalis“, сега брои 37 финансиски институции од 15 земји, вклучувајќи и големи европски банки како „ING“, „BNP Paribas“ и „BBVA“. Проектот има за цел да понуди ...

Нова финансиска поддршка од Европската комисија пристигна за земјите од Западен Балкан, при што Македонија доби 65,7 милиони евра, Албанија 49 милиони евра, а Црна Гора 44,2 милиони евра во рамки на Инструментот за реформи и раст, познат како План за раст за Западен Балкан. Средствата се исплатени откако Европската комисија оцени дека трите земји спровеле клучни реформи во области како конкурентност, иновации, образование и дигитализација. ...

Цените на нафтата во четврток повторно забележаа раст од над 1%, откако пазарите продолжија внимателно да ги следат неизвесните мировни преговори меѓу САД и Иран, како и сигналите за намалување на глобалната понуда. Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ пораснаа на 106,29 долари за барел, додека американската „WTI“ нафта достигна 99,55 долари за барел, делумно надоместувајќи ги загубите од претходниот ден. Пазарите остануваат чувствителни на ...

Американскиот долар во четврток се задржа блиску до шестнеделниот максимум, додека инвеститорите внимателно ги следат мировните преговори меѓу САД и Иран и очекувањата за идните потези на централните банки. Индексот на доларот остана стабилен на 99,161 по вчерашниот раст, поттикнат од засилената побарувачка за „безбедни засолништа“ во услови на геополитичка неизвесност на Блискиот Исток. Еврото се тргуваше околу 1,1623 долари, по претходниот ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
82%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
59%
1022
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1026
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.46
96%
1020
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1027
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
4.12
70%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
49%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
41%
1019
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
94%
1017
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
2.06
54%
1025
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
86%
1015
Currency

61.645

Currency

53.0731

Currency

71.2783

Currency

37.8702

Currency

38.5006

Currency

67.553

Currency

7.80276

Currency

0.74373

Currency

0.33365

Currency

0.52504

Currency

1.1605

Currency

0.55349

Злато

145599.27

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Бакар

12.77

Платина

62468.90

Сребро

2457.76

Родиум

310254.70

Алуминиум

3.65

Цинк

0.00

Калај

53.02

Паладиум

43499.96