
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Хахаххахаха ДПМНЕ утре во Ѓорче ќе организирале трибина за „Инволвираноста на младите во носењето на одлуки” Нека кажат на пример дека сѐ уште немаат оформено Локален младински совет (кој е законска обврска на општините), и покрај сите иницијативи и инсистирања на Левица… Нека кажат на пример дека ја одбија иницијативата на Левица за отворање на младинско катче (читална, библиотека, место за организирање помали настани, дружба на младите и сл.). ...
,, – За Охрид може да се зборува и низ една посебна призма која е актуелна на овие претседателски избори, за внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Како што знаеме, бугарската јавност и историографија дури го смета Охрид за колевка на бугарштината. Од овде, јас порачувам дека како иден претседател никогаш нема да дозволам внесување на Бугарите во Уставот затоа што во план имам сосем НОВ Устав. Меѓутоа, морам да укажам дека сите оние бајки ...
,,Сега сум во Струга, еден град кој ме враќа дваесетина години наназад, во времето на отпорот на стружани кон територијалната организација која тогаш беше воведена. Можам да кажам дека мојот прв говор, обраќање од улица, пред граѓани беше овде. Градот е секако изменет но, луѓето ја споделуваат истата мака, а тоа е корумпирана локална власт, корумпирана центарлна власт и секако младите кои заминуваат. Практично се брише и дел од минатото. Особено ...
Претходно Инфомакс објави дека со 2.500 евра се купуваат станови од 8 милиони денари во Куманово, а вчера објави како можете да ќарите 600.000 евра од инвеститор. Во текстот посветен за кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, порталот го отвора прашањето дали Димитриевски добил 600.000 евра од ЛИДЛ Македонија за да „заврши работа“ за јавно наддавање за купување на земјиште во Куманово. Да почнеме со ред. Се сеќавате на првите најави ...
Живееме во свет кој се соочува со невидена еколошка криза. Свет во кој природните ресурси кои го одржуваат животот се исцрпуваат и уништуваат од човечката алчност и незнаење. Свет во кој климата се менува брзо и непредвидливо, загрозувајќи го опстанокот на милиони луѓе и видови. Свет во кој богатите и моќните ги експлоатираат и угнетуваат сиромашните и слабите и им ги ускратуваат основните права и достоинство. Македонија не е исклучена од ...
Уште еднаш да потсетам на апсурдноста на изборната трка за претседател на Република Македонија и улогата на медиумите: Прво, се разговара за т.н. мастер дебата (по американски стил) – но, некои од моите противкандидати почнуваат да поставуваат услови – сакам со овој, ама не и со оној! За мене било кажано дека сум “нереализиран професор”, “радиоактивна” поради штетното влијание на левата идеологија, и ќе губеле време во дебата со мене. Предлогот ...
Претходно Инфомакс објави дека со 2.500 евра се купуваат станови од 8 милиони денари во Куманово, а вчера објави како можете да ќарите 600.000 евра од инвеститор. Во текстот посветен за кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, порталот го отвора прашањето дали Димитриевски добил 600.000 евра од ЛИДЛ Македонија за да „заврши работа“ за јавно наддавање за купување на земјиште во Куманово. Да почнеме со ред. Се сеќавате на првите најави ...
Кандидатот за претседател од партијата Левица, Билјана Ванковска вчера ја претстави својата програма пред граѓаните на Македонска Каменица и Делчево. Ванковска поразговара „очи в очи” со граѓаните за актуелните проблеми и претстави делови од програмата која таа ја нуди како претседателски кандидат. „Прв пат бев овде кога ја отворавме локалната канцеларија на Левица. Денеска имаме пазарен ден и малку повеќе луѓе, продолжуваме со разговор „очи в ...
Градот Ајга (денешна Вергина) бил првобитната македонска престолнина и долго време бил гробница на кралското семејство. Античка благородничка гробница е откриена при изградба на канализација. Истражувачите веруваат дека гробницата припаѓала на локален благородник и неговата сопруга, кои биле погребани во 3 век п.н.е. Откривањето на гробницата беше објавено на 36. Годишен археолошки состанок на „Археолошкиот проект во Македонија и Тракија во 2023 ...
Пред и по почетокот воената интервенција во Украина, кон Руската Федерација се воведени дури 11.000 разни санкции од страна на Европа и Западот, кон кои се придружи и Македонија. Овие санкции, добија неминовен контра ефект и за Колективниот Запад и за Македонија, кои најмногу ги чуствуваат последиците од истите. Минатата година 2023 воопшто немало извоз на јаболка во Русија. Во 2020 година, пред руската забрана за увоз на македонски јаболка како ...
Македонија бележи најмал економски раст од сите земји во регионот, според најновиот извештај од Светска банка. Ова се должи пред се, на големата зависност на македонската економија од западните пазари. Или со други зборови, кога не градите алтернативи за економска соработка, станувате зависен од еден центар, кој веќе и политички и економски ве доминира. Балканот е економско поле за ширење на германскиот капитал, со што Германија конечно ...
Во како што го нарекуваат во партијата „Бастионот на Левица“ – Аеродром, се отвори подрачна канцеларија во Лисиче. На настанот присуствуваше Претседателот на партијата Апасиев, но и дел од кандидатите за пратеници на партијата Левица. Во обраќањето пред присутните, претседателскиот кандидат Билјана Ванковска потенцираше дека со политичките поделби, Македонците станаа подстанари во сопствената држава. Да не бидеме потстанари во сопствената ...
Руските специјални сили во четвртокот убија две лица осомничени за планирање терористички напади на југот на земјата, објави Националниот комитет за борба против тероризмот. Според соопштението на Комитетот, осомничените биле фатени на периферијата на Наличик, главниот град на Република Кабардино-Балкарија и во таа прилика пукале во специјалните сили на Федералната служба за безбедност. Комитетот не даде детали за дејствијата за кои се верува ...
За прв пат пред црногорската публика ќе бидат презентирани едни од најрепрезентативните археолошки откритија „теракотните икони“ од Виничко Кале. На изложбата во Подгорица, Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“- Виница ќе се претстви со 12 мотиви од иконите, како едни од најизложуваните археолошки предмети од Македонија. Истата ќе биде збогатена со 8 банери и проекција на документарен филм за нивното откривање во 1985 год. Изложбата ...
Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска и кандидатите за пратеници од ИЕ1 Дарко Ристовски и Катерина Јовановска, вчера одржаа средба со граѓани во Карпош. На средбата беа презентирани делови од програмата на Ванковска за претстојните избори. „Ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка. Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот. Покренување на постапка за излегување од НАТО е неопходна. Како сиромашна ...
На 14.04.24 (недела) со почеток од 12 часот во Фоајето на НУ Центар за култура Крива Паланка ќе се одржи промоција на автобиографска книга“Мојот сон“ од доктор Џемиле Берат родена во Крива Паланка. “Пишувањето на оваа автобиографска книга ја чувствував како должност зашто сакав да биде мотивирачка за сиромашните, интелигентни млади луѓе, особено за мојата ромска нација, дека желбата, трудот и упорноста секогаш победуваат во остварувањето на ...
Кандидатката за претседател на #Левица, професорката Билјана Ванковска и кандидатите за пратеници од ИЕ1 Дарко Ристовски и Катерина Јовановска, денес одражаа средба со граѓани во Карпош. На средбата беа презентирани делови од програмата на Ванковска за претстојните избори, и народот повторно ги препозна цврстите ставови на левичарите – ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува ...
На ден 11.04.2024 (четврток) со почеток од 19 часот во голема сала на зградата “Комитет” во Куманово ве каниме на голем народен собир, за да порачаме дека го враќаме достоинството на нацијата -и ја враќаме државата во рацете на работничката класа! Свое обраќање ќе имаат кандидатката за Претседател на Република Македонија, проф. Билјана Ванковска, претседателот на #Левица проф. др. Димитар Апасиев и носителот на ИЕ 2 Амар Мециновиќ. Борбата е ...
Еден од симболите на Скопје, денеска доживеа трагедија. За оваа катастрофа се заслужни властите кои со години си ја префрлаат реконструкцијата, најпрво преку екс-градоначалникот Петре Шилегов, а потоа и преку сегашната Министерка за култура, кои дозволија овој симбол на Скопје да се запушти и конечно уништи. Речиси две години во Советот на Град Скопје се водеа расправи кој да ја реконструира Универзалната сала, за конечно ингеренциите да се ...
Левица е партија од народот, за народот. Ги знам сите проблеми на мојот народ. Се залагаме за тоа да престанеме да бидеме колонија, да престанеме да бидеме заложници на локални олигарси, феудалци кои ги држат сите во заложништво. Конечно да почнеме да дишеме слободно како слободна држава, да си ја земеме судбината во свои раце. Ова вечерва од Неготино го истакна кандидатката за претседател на државата, Билјана Ванковска, која имаше средба со ...
Антропол: Како наставник по руски јазик во Рускиот центар при УКИМ, може ли да ни споделите повеќе за вашето искуство со рускиот јазик? Каде ги завршивте студиите, какви се вашите искуства со програмата за размена на студенти во Русија, и за програмите за усовршување на квалификации кои се директен виновник за вашето запознавање со руската култура? Д.Н.: Роден сум и живеам во Скопје целиот свој живот, иако многу често сакам да патувам постојано ...
Во ЕУ, наскоро повторно ќе доспеваат царини за големи количества на некои украински земјоделски производи. Членките на Европската унија привремено се договорија за ограничување на увозот на украинско жито и земјоделски производи, откако претставниците на Европскиот парламент и Белгија, која во моментов претседава со Унијата, постигнаа договор за тоа. За таква одлука е потребно и официјално одобрение од сите членки на Унијата и од Европскиот ...
Трета ВОНРЕДНА седница на Совет на општина Велес одржана денес( 9- ти април) по указот на министерот за образование Јетон Шаќири за отворање на втора албанска паралелка во велешката гимназија : – Советот со 20 гласови ЗА и 2 против изгласа ЗАКЛУЧОК….без сегрегација и со вештачки и насила наметнати решенија. Ќе се примат сите ученици согласно критериумите објавени во конкурсот, а претходно одобрени од наставничкиот совет. Потребни се минимум 60 ...
Вчера кандидатот за Претседател на Република Македонија Biljana Vankovska, оствари средба со граѓаните на Богданци. Искреноста и љубовта кон татковината не можете да ни ја земете, една татковина имаме и таа треба да ја сочуваме рече Ванковска пред присутните. Во присуство на Вановска беше и носителот на ИЕ4 Сашко Јанчев како и кандидатот за пратеник Михаил Тодоров. Јанчев и Тодоров порачаа дека борбата штотуку започна и назад враќање нема. На ...
На 11 април (четврток), со почеток од 19 часот, во културниот центар „Јадро“ ќе се одржи промоција на книгата„Љубов во топка“ ,која е седма книга на Ана Јовковска, нејзина втора илустрирана книга за деца, во издание на „Едиција светулка“. Илустрациите се на Иванка НиБа. Промотор е Владимир Мартиновски. Тоа е интерактивна илустрирана книга за деца од претшколска и раноучилишна возраст што го обработува проблемот на врсничкото насилство. Сподели: ...
„Проф. Ванковска цврсто стои на ставот дека Македонија има алтернатива и дека Македонија треба да се позиционира како рамноправна членка во новиот геополитички поредок. За разлика од сите останати партии, Левица и Ванковска се ПРОТИВ безалтернативноста која ни се наметнува последниве 30 години. Граѓаните можат да видат дека единствено Левица и единствено проф. Ванковска се против бугаризацијата на Уставот. Врпочем, Левица беше и единствена ...
Денес, активистите на Левица во Охрид поставија табла на нелегалниот објект на бизнисменот од ДУИ, Нефи Усеини. Оваа герила акција го симболизира МОЛКОТ на институциите на локално и централно ниво пред дивеењето на Усеини. Со уништувањето на овој културен објект во Охрид, кој ја симболизира антифашистичката борба, се потврди немоќта на СДС и ДПМНЕ пред насилието на ДУИ! На оваа локација се наоѓаше препознатливата бела куќа, во која на 26 и 27 ...
Една година институциите не постапуваат по Решението за уривањето на дивоградбата на Нефи Усеини од ДУИ, порачаа од Левица. Помина и цел месец како Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид молчи пред коалициониот другар од ДУИ за бесправно отстранетата табла на АСНОМ. ДПМНЕ молчи во име на идната коалиција со бандитите од ДУИ, додека се уништува белегот на антифашистичкото наследство во Охрид. Го нема ниту МВР на Панче Тошковски да иницира ...
Окупациските сили на израелската армија се повлекоа од јужните делови на Појасот Газа пред почетокот на новата рунда индиректни преговори со Хамас во Египет. Пред да се повлече, израелската армија прогласи победа во Хан Јунис, град во кој борбите се водат од декември минатата година, за дневниот весник Хаарец. Имајќи предвид дека четворица израелски војници беа убиени во заседа на Хамас таму еден ден пред повлекувањето, оваа изјава наиде на ...
Политичката партија Левица како единствената партија на обичниот народ испраќа искрени честитки по повод 8ми април – Меѓународниот ден на ромите. Етничката заедница во Македонија кон која има убедливо најмногу предрасуди и која е континуирано дискриминирана од страна на целокупниот општествен систем. Во Македонија но и во „демократската“ ЕУ, ромите се соочуваат со системска дискриминација и супресија што резултира со целосна сеграција по етничка ...