
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Во четврток 09.05.2024 година со почеток од 19 часот во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје- Спомен соба “Т’га за југ” ќе се одржи разговор со поетесата Долорес Атанасова-Лори, авторка на книгата на месецот „Сега ТИ стануваш ЈАС“, која е дел од кампањата #ЧитамеСовремениМакедонскиАвтори. Сега ТИ стануваш ЈАС“ (издание на @Чудна шума) е последната книга од вториот циклус на кампањата на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје за ...
Денес во Москва се одржува инаугурацијата на претседателот на државата. Ова е петта ваква церемонија за Владимир Путин, кој беше избран во март. Инаугурацијата на претседателот е свечена процедура за преземање на должностите на шефот на државата. Постапката за инаугурација на претседателот на Русија, според Законот за избор на претседател на Руската Федерација, се спроведува по шест години од датумот на инаугурацијата на неговиот претходник. ...
Во рамки на меѓународниот проект и едиција „100 словенски романи“ деновиве во издание на Центарот за книга „Рудомино“ од Москва беше објавен преводот на руски јазик на романот „Бродот. Конзархија“ од македонски писател Томислав Османли. Преводот на руски јазик го направи Олга Панкина. „Бродот. Конзархија“ е шестиот по ред роман од еден македонски автор кој се појавува на руски јазик во едицијата „100 словенски романи“, при што сите нив ги ...
За вториот круг од претседателските избори и за парламентарните избори на 8 мај акредитирани се вкупно 1.999 набљудувачи, преведувачи и странски новинари. Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи – 1.078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 66 странски новинари. Најмногу домашни набљудувачи ...
На еден ден пред гласачкиот ден за двојните избори, денес своето право на глас први ќе го остварат болните и изнемоштените лица, како и затворениците во казено-поправните домови во државата. Од Државната изборна комисија информираа дека за претседателските избори ќе гласаат 11.123 болни и немоќни лица, а за парламентарните избори бројката е поголема за 102 избирачи или ќе гласаат 11.225 болни и немоќни лица. Освен изнемоштените и затворениците, ...
АПЕЛ ДО МЛАДИТЕ На 8 Мај има избори… Којзнае кои по ред, откако си роден!? А, можеби први на кои имаш право да гласаш? Ама, за што? За кого? Кристално јасно ги гледаш различните димензии на паралелниот свет во кој живееш. Сметката за една софра во кафаната каде што работиш е колку месечната плата на мајка ти!? Запрашај се: нив ли треба да ги избереш?! ИЗЛЕЗИ И ГЛАСАЈ! Изминативе три децении, повеќе од сè, се прашуваме зошто? Зошто ова го ...
Секој член, подржувач или сипатизер на Левица на 8ми мај ќе земе гласачко ливче и за претседателски избори, а со тоа ќе допринесеме да има цензус за избор на претседател. Нема да дозволиме да се исполни желбата на ДУИ, со тивок бојкот да ги пропаднат изборите. Кој како ќе гласа за претседателски е негово лично право. Дури и неважечко влегува во броење за цензус. На другото ливче, она за #НашитеИзбори, каде се гласа за пратеници, е таму треба од ...
Нека си направи и Бугарија Рамковен договор, нека ги признае Македонците во Приинска Македонија, ние не внесуваме Бугари во Устав, нагласи лидерот на Левица, Димитар Апасиев во гостување во „Тешки муабети“ на Инфомакс. – Одложено дејство е обид за дефокус, ќе им удрат чврга од ЕУ и ќе ги внесат Бугарите во Уставот. Ние на никакво влегување на Бугари во Устав не се согласуваме затоа што ние за разлика од Бугарија признаваме колективни права. На ...
Формирање на повеќенаменски младински културни центри (МКЦ) на територијата на цела Република – за социјализација, концерти, изложби, проекции, промоции, едукативни работилници, учење и работа на младите, пишува во програмата на Левица. Формирање на посебни мрежи и фондови за поддршка на млади таленти од сите области на уметноста, како и градење на специјализирани институции за работа со детски таленти од најрана возраст. Попусти за т.н. ...
На ден пред двојните Избори – 2024 година во Република Македонија, затвораме ера на едно предавничко, криминално и коруптивно владеење на СДС и ДУИ – чии резултати се бројат во изгубени години, животи и обезличување на Македонија. Го сменија името, капитулираа пред сите соседи, а во меѓувреме ненаситно си ги наполнија џебовите, се вели во соопштението на Левица.. -Левица ги повикува сите граѓани масовно да излезат и да го зададат последниот удар ...
Израелските сили (ИДФ) ја започнаа долго најавуваната инвазија на регионот Рафа, во кој според израелски извори се наоѓаат последните пет баталјони на Хамас. Според извештаите од теренот, воената акција започна со гранатирање на повеќе цели во поширокиот појас на Рафа, а од бомбите досега загинаа најмалку 23 цивили, од кои 12 се деца. Во меѓувреме во воени дејствија се упатија и силите на копнената војска, поддрѓани од тенкови и артилериски ...
Откако се изнаслушавме ветувања за мед и млеко, европски иднини и одговорност за криминалите (што 30 години не сме посведочиле) – мојата маленкост се потруди да ја илустрира бруталната реалност надвор од блескавите кампањи. Кичевската болница се гради од 1985 година (!), го помина таткото на Филипче (кој беше министер во 90-тите), го попрати Венко Филипче како министер, па изгледа го чекаме синот на Филипче за да се финализира овој ...
Огромно БЛАГОДАРАМ до сите другарки и другари низ цела Македонија за нивната неуморност во оваа исцрпна кампања, како и наклон до земја за решителноста во борбата против системските партии кои ги имаат сите финансиски и системски адути на своја страна, но ги немаат нашата љубов за слобода, порив за борба и возвишена цел да ја вратиме државата во рацете на обичните луѓе. Повторно низ цела Македонија се вееше знамето на АСНОМ, повторно се пеат ...
Сите антинародни елементи кои последните 30 години паразитираат врз Македонија како никогаш досега имаат исти цели. Првата им е да го сменат Уставот уште во првите 200 дена, а втората да продолжат “како до сега”. Ним им тежи стотонска вина за се досега. И сега продолжуваат со раце гнасни на народот во душа да му чепкаат. Својата волчја нарав, нивните муцки скриени под овчи кожи, нивната престапничка и плитка лицемерност по кој знае кој пат ја ...
Откако се изнаслушавме ветувања за мед и млеко, европски иднини и одговорност за криминалите (што 30 години не сме посведочиле) – мојата маленкост се потруди да ја илустрира бруталната реалност надвор од блескавите кампањи. Кичевската болница се гради од 1985 година (!), го помина таткото на Филипче (кој беше министер во 90-тите), го попрати Венко Филипче како министер, па изгледа го чекаме синот на Филипче за да се финализира овој ...
На денешниот завршен Народен собир на Левица од Парламентарна кампања, 2024, претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев. ,,AСНОМ е она што сега го возобнувуваме. Тие што нè ословуваа дека сме националисти, нека знаат дека повеќе Турци и Бошњаци ќе влезат преку листите на Левица, отколку преку нивните етнотрибалистички листи”, рече Апасиев во своето обраќање кон граѓаните. Според Апасиев, Левица не е лажна опозиција и Левица има ...
Новинарот кој својот занает го учеше кај Латас, во сопствената емисија, на сопственото радио (финансирано од странски пари) си призна дека пренесува лажни вести со цел да наштети на Левица и Апасиев. За неговиот портал, како што тој вели дека нема ништо читаност и дека не го следи ниту еден медиум во земјава и дека е до толку очен, како што вели без никаква репродукција, т.н. новинар Љупче Златев, одлучи да сподели како од неговиот портал и ...
Левица го одржа завршниот митинг на партијата во Градски парк во Скопје. Лидерот на партијата, Димитар Апасиев, истакна дека очекува Левица во идниот парламент да има 8 до 12 пратеници. Тоа, како што нагласи, ќе даде можност за фајтерска битка за македонските државни и национални интереси во парламентот. -Ние ја понудивме нашата македонска платформа и очекуваме идниот мандатар на ниво на таа платформа, да почне преговори. Апелираме до гласачите ...
Денеска разговараме со носителот на Изборна единица 6 од политичката партија Левица, Игор Димески. Темите се однесуваат на работничките права, нивно подобрување, што партијата ќе направи за пензионерите… Како ја оценувате моментална состојба со работничките права во Македонија? – Во последните неколку години, ситуацијата која се однесува на работничките права се поставени на најниско можно ниво од периодот на осамостојувањето на нашата држава. ...
Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на изведувачот му се исплатени, а работата ни оддалеку не е завршена. На изведувачот, само за реконструкција на дворот му се исплатени 230.000 евра од страна на Општина Охрид, за моментално оваа слика што ја гледате позади мене да биде ваква – грда, раскопана, каллива, нереконструирана вели носителот на ИЕ5 и ...
“Прво на Кожуф сакаа да прават рудници на смртта. Сега сакаат да ги узурпираат и уништат реките на Кожуф со отворање на најнеефикасниот и најштетен вид на хидроелектрани, тоа се малите хидроелектрани. Ако се има предвид дека шумите на Кожуф се наши бели дробови, водите на Кожуф буквално се извор на нашиот живот, а плодовите од Кожуф се извор на нашата храна и здравје, тогаш нападите на Кожуф се директен напад на нашиот живот. Затоа Левица во ...
Изјава на САШКО ЈАНЧЕВ, носител на листата за пратеници на #Левица во ИЕ 4, во која рече: “Во изборна единица четири се Струмичко-Радовишката, Гевгелиско-Валандовската Котлина, Тиквешијата и голем дел од Пелагонија. Имаме златно поле и штета е луѓето да имаат ваква дедовина, да имаат се, а да го бараат спасот некаде во странство. Затоа Левица во својата програма предвидува сериозна државна интервенција во земјоделието која се состои од: – ...
Еве ви ги ГНИДИТЕ ВМРОИДНИ на дело! На најголемиот христијански празник Велигден, ботовите на ДПМНЕ, по лична директива на Hristijan Mickoski, пуштаат дип-фејк ФОТОМОНТАЖА на лажна вест!!! Најостро демантирам дека постои ваков мејл! Дали сега сфаќате зошто ја немаат нашата јавна поддршка овие гнасни политички кариеристи и бизнисмени. p.s. Резултатите од вашата пизма кон Левица ќе си ги видите во среда. Мир во вас, “браќа и сестри”. Сподели: ...
Демантот ви го доставуваме во целост: Д Е М А Н Т Еве ви ги ГНИДИТЕ ВМРОИДНИ на дело! На најголемиот христијански празник Велигден, ботовите на ДПМНЕ, по лична директива на Христијан Мицковски, пуштаат дип-фејк ФОТОМОНТАЖА на лажна вест!!! Најостро демантирам дека постои ваков мејл! Дали сега сфаќате зошто ја немаат нашата јавна поддршка овие гнасни политички кариеристи и бизнисмени. p.s. Резултатите од вашата пизма кон Левица ќе си ги видите во ...
Денес е 5 мај – Ден на македонскиот јазик. На овој ден во 1945 година, Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо. Левица во својата Изборна програма се залага за ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК преку: • Посебен закон за задолжителна и проширена употреба на македонскиот јазик и негова институционална заштита преку зајакнати ингеренции на Инспекторатот за употреба на ...
Мециновиќ до ЗНАМ: Дали кога агитиравте за Преспанскиот договор со кој се ИЗБРИША АСНОМ од Уставот, мислевте дека тоа ќе биде последниот услов, вели носителот на листа во ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ. „Дајте еднаш да ги испочитуваме позициите на народот – народот го ОДБИ францускиот предлог! Зошто сите работите на амортизација на ова чувство?! Левица вели – дајте еднаш со крената глава и со достоинство да бараме промена на условите ...
Во склоп на економските мерки во Програмата на Левица, во интервју за ,,ТВ Стар”, Претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев, истакна: ,,Во поглед на економијата имаме два столба – првиот ни е антилихварското законодавство со коешто ќе регулираме максимални каматни стапки на давање кредити од банките. Исто така, ќе ги забраниме брзите кеш кредити, коишто го водат народот во должничко ропство. А од друга страна тоа е даночната ...
Дајте еднаш да ги испочитуваме позициите на народот – народот го ОДБИ францускиот предлог! Зошто сите работите на амортизација на ова чувство?! Левица вели – дајте еднаш со крената глава и со достоинство да бараме промена на условите кои задираат во нашиот идентитет, изјави Амар Мециновиќ, носител на листа на Левица во Изборна единица 2. -И реплика кон ЗНАМ – дали кога агитиравте за Преспанскиот договор со кој се ИЗБРИША АСНОМ од Уставот дали ...
На средбите со граѓаните на Берово, пратеникот од Левица и Носител на листа во ИЕ3, Борислав Крмов, обраќајќи се кон земјоделските произведители, истакна дел од мерките предвидени во изборната програма на Левица. ,,Приоритет ни е укинувањето на забраната за продавање на зелени пазари за сите ,пазарџии’ со минимални примања. Секој има право да го продава на пазар она што самиот го произвел со свој труд!”, потенцираше Крмов. ,,Левица се залага за ...
Дека мотивацијата по првиот круг од претседателските избори е зголемена, во интервју за ,,ТВ Стар” потврди Претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев. ,,Мотивацијата е зголемена, затоа што ова беше наше огнено крштевање – првпат имавме претседателски кандидат и тоа е одлично искуство. Партијата продолжува напред. Отворивме над триесетина канцеларии во меѓувреме, во овие две последни години, така што мотивацијата е најмалку да го ...