Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
„Овојпат процесот е целосно успешно завршен и сега влегуваме во процес на потпишување на договор“, изјави министерот за транспорт, додавајќи дека од понудувачот ќе бара првите 30 автобуси да ги испорача до декември или јануари, иако договорот предвидува првата испорака да се случи шест месеци по неговото потпишување Министерот за транспорт Александар Николоски очекува првата испорака на новите 150 електрични автобуси за Скопје да се случи во ...
Земјоделците што имаат проблем со откупот на пиперката, велат од владејачката партија, добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е „Мамас“ во сопственост на Зоран Заев Лицемерно е што СДСМ се вмешува во политичка борба и пресметка на откупната цена на пиперките – велат од ВМРО-ДПМНЕ откако претходно денеска опозициската партија најави поддршка за струмичките земјоделци кои протестираа поради ниската откупна цена на пиперката од сортата ...
Наместо политички квалификации и прес-конференции, велат од Министерството за здравство, на институциите треба да им се овозможи непречено да ја завршат постапката – процес во кој велат дека целосно ќе соработуваат и ќе ја достават целата документација што ќе им биде побарана Обидите на СДСМ да го претвори случајот со водата во Гостивар во партиска тема не придонесуваат за утврдување на фактите – реагираат од Министерството за здравство ...
Потресот бил почувствуван низ целата земја, но и во соседните земји на јужноамериканскиот континент – Венецуела, Еквадор и Панама. Десетици згради се урнати, а многу други се оштетени од потресот, кој колумбиската геолошка служба го регистрира како најсилен во последната деценија во Колумбија. Во тек се спасувачки акции Потресот во Колумбија се случува помалку од два месеци по двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела, при што ...
На средбата, која по првпат се одржува во земјава, е најавено учество на раководствата на здруженијата на превозниците од Северна Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ Зруженијата на професионалните превозници од земјите од Западен Балкан утре ќе одржат регионална средба во Скопје, на која ќе разговараат за проблемот со кој се соочуваат во однос на ограничениот престој во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од 180 дена. На средбата, ...
Од СДСМ велат дека ќе се борат за правата на земјоделците и бараат Владата да донесе системско и одрживо решение, потенцирајќи дека откупната цена на ајварката мора да биде над 50 денари по килограм бидејќи тоа, според опозиционерите, е цената која може да даде сигурност и соодветен егзитенцијален приход за земјоделците Барањата на струмичките земјоделци се оправдани. Тие не протестираат за милост, туку бараат достоинствени откупни цени и ...
Во објава на Икс се споделува видео за кое се вели дека е од руската рафинерија за нафта ТАНЕКО во Нижнекамск, која утрово е нападната со беспилотни летала, а која има проектиран капацитет за преработка од околу 15 милиони тони годишно, што ја прави една од најголемите во Русија Најмалку 13 лица, меѓу кои и едно дете, се загинати, а 39 се повредени во украински напад со беспилотно летало во градот Нижнекамск во руската република Татарстан, ...
„Нашите барањата беа јасни – бараме итно зголемување на цената на куртовската капија, бараме итна и навремена исплата на субвенциите по килограм предадена роба и површина, бараме намалување на рокот на исплата на три месеци за предадена количина во фабриките, а бараме во иднина да имаме и редовни и навремени состаноци со министерството, фабриките и откупувачите најмалку месец дена пред секоја сезона на сеидба и берба“, порачаа струмичките ...
Од партијата прават споредба со претходните владини состави, истакнувајќи дека тогаш функциите на заменик-премиерот служеле како реален политички и институционален механизам за заедничко управување Ниту една седница на владата не ја претседавал првиот заменик-премиер Албанец, реагираат денеска од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Според ДУИ, од јуни 2024 година до денес ниту еден од првите заменик-премиери Албанци во оваа влада – Изет ...
Според информациите од ЦУК, денеска до 13 часот се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор од кои активни се три Речиси целата територија на Македонија, со исклучок на највисоките делови на Шара, од денеска се наоѓа во зона на висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, покажуваат најновите податоци од Македонскиот информациски систем за шумски пожари (МКФФИС). Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамет Али, ...
„Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот“, изјави претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар, Мартин Андоновски Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Гостивар, Мартин Андоновски денеска изјави дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче нема право да морализира за случајот со ...
Од СДСМ упатија апел до Јавното обвинителство итно да постапи по пријавата, да ги истражи сите наводи за утврдување на фактите и доказите за наведените во оваа кривична пријава Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашо Клековски и директорите на повеќе здравствени институции, обвинувајќи ги за пропусти и непреземање мерки при загадувањето на водата за пиење во Гостивар. На ...
Како што соопшти РКЕ, новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 89, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 91,5 денари за литар Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за 4 денари по литар, а дизелот за 8 денари по литар. Како што соопшти РКЕ, новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува ...
Според командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски, пожарот бил локализиран вчера, во текот на претпладневните часови, додека на негово целосно гасење се работело до доцна синоќа Kомандирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски информира дека е изгаснат пожарот што избувна во саботата на градската депонија во Крива Паланка. Според Коцевски, пожарот бил локализиран вчера, ...
Поради сообраќајната несреќа на патниот правец кон Стража има отежнато одвивање на сообраќајот и долги колони во двата правци Четири лица, од кои три се деца, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Гостивар – Стража во близина на каменоломите. Според информациите од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, во сообраќајката, која била пријавена денеска во 7:40 часот, учествувале четири автомобили и еден камион. ...
На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола ...
„На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ одговори на реакцијата на опозицискиот СДСМ за знамето со 12 краци на ...
„Доколку користите уред за климатизација, избегнувајте прекумерно разладување на просторијата и нагли температурни промени. Избегнувајте користење шпорет, рерна и други уреди што дополнително го загреваат домот во периодот од 13 до 17 часот“, велат од ИЈЗ Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) излезе со препораки за заштита од високите температури што веќе две недели ја зафатија земјава. Посебен апел е упатен до лицата над 65 години кои се сметаат ...
„На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ одговори на реакцијата на опозицискиот СДСМ за знамето со 12 краци на ...
Избегнатите царини и даноци се проценуваат дека надминуваат 338 000 евра На граничните премини „Дојрани“ кон нашата земја и „Кипи“ кон Турција, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грција, царинските службеници на грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле и заплениле вкупно 1 296 боци нелегална разладна течност (фреон), а избегнатите царини и даноци се проценуваат дека надминуваат 338 000 евра. Од боците со ...
„Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски, а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер-патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме“, велат од СДСМ Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) објави дека македонското знаме било погрешно претставено на државната прослава на независноста. Обвинија дека Владата троши милиони евра, а сепак ...
Анализата е на Службата за климатски промени „Коперник“ на Европската Унија чии податоци датираат од 1950 година, а за некои мерења и од претходни периоди Европа ги имаше најтоплите јуни и јули досега, со просечна температура од 21,62 степени Целзиусови, објави денеска Службата за климатски промени „Коперник“ на Европската Унија (ЕУ). Тоа е за 2,79 степени над просечната температура за јуни во периодот од 1991 до 2020 година. Мерењата покажаа ...
Од Центарот велат дека изгаснати се пожари во повеќе региони низ земјата каде се интервенирало на запалена ниска вегетација, стрништа, ѓубре и диви депонии Во текот на изминатите 24 часа на територијата на државата биле регистрирани 26 пожари на отворен простор, информираат утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според последните податоци, во моментов нема активни пожари. Пожарникарите успеале целосно да локализираат и да изгаснат ...
До денеска, тајфунот е ослабен до тропска бура, но се движи кон внатрешноста на Кина, а властите сè уште предупредуваат на поројни дождови, силни поплави и ризик од лизгање на земјиштето Повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во Источна Кина, вклучувајќи ја и областа Шангај, откако тајфунот Делфин вчера стигна до копното. Поради тајфунот сообраќајот е парализиран, а околу 1 400 летови се откажани само во Шангај, пишува ...
Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност прогнозираат метеоролозите за денешниот ден. Во попладневните часови на некои места ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 14 до 24 Целзиусови ...
Палестинската милитантна група Хамас повика на целосно спроведување на планот за Газа на Доналд Трамп составен од 15 точки. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веќе кажа дека Израел нема да го прифати планот и нема да се повлече од енклавата се додека Хамас целосно не се разоружа Хамас соопшти дека останува посветен на втората фаза од прекинот на огнот и дека приоритет треба да биде целосното спроведување на договореното – прекин на ...
Според руското МНР, со стапувањето на должност на владата на Румен Радев, позицијата на Бугарија добила „рационални елементи“ извор: БГНЕС Москва забележува промена во реториката на Софија во однос на Русија и кризата околу Украина по доаѓањето на власт на владата предводена од Румен Радев. Според руското Министерство за надворешни работи, позицијата на Бугарија станала „повоздржана“ и добила „рационални елементи“. Ова го изјави Јуриј ...
Пентагон побарал од воено-индустрискиот комплекс сериозно да го зголемат и забрзаат производството на оружје поради загриженоста за намалување на американските резерви поради војната со Иран Во меморандум од 5 август, заменик-секретарот за одбрана Стив Фајнберг им дал на раководствата на компаниите рок од најмногу 21 ден да достават планови за сериозно забрзување на испорака и зголемено производство на критични воени системи. За постоењето ...
Под дрвото завршиле по четворица држвјани на Хрватска и на Чешка извор: ХРТ Осуммина хрватски и чешки државјани, меѓу кои три деца, се полесно повредени откако денеска врз нив паднал бор на плажата пред хотелот „Цриквеница“, а по извршените прегледи сите се пуштени од Клиничкиот болнички центар во Риека, соопшти приморско-горанската полиција. Борот, висок 13,5 метри, паднал денеска околу 11:10 часот, откако стеблото се скршило кај коренот. ...
Знамето на Украина, кое четири години стоеше во центарот на Приштина како симбол на солидарност поради руската инвазија, денеска е отстрането. Потегот доаѓа еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белград изјави дека Киев не ја променил позицијата за непризнавање на независноста на Косово Снимки од отстранувањето на знамето се појавија на социјалните мрежи, а за таквиот чекор информираа и косовските медиуми, без да ...