Од СДСМ наведуваат дека со напуштањето на линеарниот модел на зголемување и најавата за враќање на методологијата за усогласување што ја имала претходната влада, се потврдило дека линеарното покачување било на штета на пензионерите Има ли некој кој Мицкоски не го излажа – на сите пензионери им украде пари. Вака Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска го обвини премиерот откако тој претходно изјави дека за да се заштитат ...

Директорот на Клиничката болница Тетово, Ерзен Елези, во кус телефонски разговор отфрли партизација и политизација на настанот. Билал Касами и Изет Меџити, вели тој за „360 степени“, биле повикани на настанот не како копретседатели и претставници на Влен, туку во својство на градоначалници Во амфитеатарот во Клиничката болница Тетово денеска беше организиран свечен настан на кој 109 здравствени работници добија решенија за вработување во оваа ...

Намалувањето на бројот на паралелките рече дека не значи отпуштање на наставници вработени на неопределено време. Напротив, како што посочи, во одредени скопски општини, меѓу кои и Аеродром, има недостиг од наставен кадар и се очекуваат нови вработувања Очекува природно да се затворат 26 рурални училишта во кои нема упис на првачиња и во кои, како што додаде, наводно учат од пет до осум деца Бројот на паралелки во основното образование е ...

Покрај новата намалена цена на производот, трговците се должни да ја прикажат и старата цена која важела на 1 јуни 2026 година, затоа што токму оваа цена се зема како базична врз основа на која се утврдува намалувањето Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор за најмалку 10 отсто кај трговците на големо и 15 отсто кај трговците на мало. Одлуката стапува во сила денеска и ќе трае заклучно до 30 ...

Првиот социјалдемократ вели дека под притисок на СДСМ и неговите советници, како и под притисокот на јавноста, од денешната седница на Советот на Општина Пехчево била повлечена точката за изградба на дата-центар во Пехчевско Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, обвини дека Владата на Христијан Мицкоски денеска на мала врата се обидела да протурка изградба на дата-центар во Пехчево и повика на, како што ја нарече, национална ...

За жал, вели директорот на ДЗС, изгубена е почетната контрола над пожарот. Покрај „ертракторите“ на ДЗС и хеликоптерот на МВР, на терен се упатени и четири огнени тимови на Дирекцијата за заштита и спасување со специјални возила „пинцгауери“ Голем пожар денеска околу пладне избувна помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево во Општина Градско. Пожарот, како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, ...

За учеството на вицепремиерот Сали на состанокот на „Коалицијата на подготвените“ вчера немаше официјално соопштение ниту од Владата ниту од Министерството за европски прашања, со кое тој раководи. За неговото партиципирање денеска потврдија од Владата откако прашавме дали Македонија имала претставник на состанокот По повод 35-годишнината од независноста на Украина, вчера лидерите на „Коалицијата на подготвените“ одржаа состанок на кој ...

Премиерот останува на ставот дека земјава има најниски цени на горивата во регионот Премиерот Христијан Мицкоски најави можно намалување на ДДВ за горивата, откако нивните цени во изминатиов период повторно значително се зголемија. Одговарајќи на новинарско прашање дали Владата има во план да го намали ДДВ за нафтените деривари, премиерот рече: „Да, планираме. Имаме јасна стратегија, јасен план“. Мицкоски вели дека според анализите кои ги ...

Министерката Јаневска соопшти дека порталот ќе овозможи полесно поврзување на научниците со индустријата, идентификување експерти според нивната област на работа и создавање нови партнерства, а на јавниот сектор ќе му обезбеди подобар преглед на националниот истражувачки капацитет Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како ...

На терен се трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на скопската противпожарна бригада и екипите на ЈП „Национални шуми“ Сите расположливи државни ресурси во моментов се ангажирани на гасењето на пожарот на Китка – информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али. На терен се трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, екипите на скопската противпожарна бригада и екипите на ЈП „Национални ...

Поддршката на Трамп во Македонија, вели премиерот во интервјуто за крајнодесничарскиот американски медиум „Брајтбарт њуз“ е многу висока, повисока од каде било во Европа. Доколку распоредот на американскиот претседател тоа го дозволува, Мицкоски вели дека со задоволство би го угостил во земјава Премиерот вели дека Северна Македонија и САД постигнале начелен компромис за билатерален трговски договор со нулти царини за производите од двете ...

Повикувајќи се на нивни извори, од партијата велат дека Груби наводно бил убедуван да склучи спогодба со Обвинителството, односно да прифати вина и да добие далеку полесна санкција, но со тоа да стави крај на амбициите да ја преводи ДУИ Според партијата, интересен факт е и што адвокатите на повеќето обвинети во овој случај се, како што велат, правосудните играчи од времето на Груевски и Мијалков Од владејачката Влен денеска соопштија дека по ...

„Им понудил подарок во форма на пари на полицајците од Управата за сообраќајна полиција, за да не му издадат казна за сообраќајни прекршоци, откако управувајќи патничко моторно возило на автопатот, ја пречекорил дозволената брзина и се движел по левата лента додека десната била слободна за возење“, информираат од МВР на Србија Српската полиција уапси 43-годишен македонски државјанин, кој се обидел да ги поткупи полицајци откако сторил ...

Активни се пожарите на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер и кракот кон Палиград, како и над селото Вражале, каде гори мешана шума Во пожарите се зафатени ниска вегетација, стрништа, сува трева, грмушки и шумски површини. Регистриран е и случај на зафатено гнездо од штрк Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 ...

Во кусо соопштение, од МПЦ-ОА наведоа дека по лекарска препорака, архиепископот г.г Стефан ја откажал плнираната посета која требаше да се одржи по повод претстојните собирски манифестации на Американско-канадската епархија, чијшто овогодишен домаќин е Црковната општина ,,Св. Кирил и Методиј” во Вилоубрук, Чикаго Поради здравствени причини и препорака од лекарите, архиепископот охридски и македонски г.г Стефан нема да оди во најавената посета ...

Двајцата министри потпишале и два билатерални документа, со кои дополнително се зајакнува институционалната рамка за соработка меѓу Северна Македонија и Израел Посетата на Израел е можност силните политички односи меѓу двете земји да ги преточиме во поконкретна соработка, особено во областите на економијата, одбраната и одбранбената индустрија, кибербезбедноста, здравството, земјоделството и туризмот. Ова го рече министерот за надворешни ...

Активни се пожарите на потегот од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер и кракот кон Палиград, како и над селото Вражале, каде гори мешана шума Во пожарите се зафатени ниска вегетација, стрништа, сува трева, грмушки и шумски површини. Регистриран е и случај на зафатено гнездо од штрк Во изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е ставен под контрола, а 25 ...

„Владата е подготвена и има двегодишен план за справување со овие случувања. Ги имаме и сопствените алатки и знаеме како да ја играме оваа игра“, изјави иранскиот министер за економија Али Маданизадех Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план за справување со проширените американски санкции, откако Вашингтон започна нова кампања за економски притисок врз Техеран, пренесува Си-ен-ен. Иранскиот министер за економија Али Маданизадех ...

Од видеата споделени на социјалните мрежи се гледаат искорнати дрвја, оштетени автомобили и урнати делови од куќи. На снимките од Помас јасно се забележува торнадото како формира вртложен столб над населеното место Силно торнадо го погоди француското село Помас, во југозападниот дел на земјата, при што се повредени 41 лице, а причинета е значителна материјална штета на стотици објекти. Ветрови со брзина до 117 километри на час оштетиле околу ...

До крајот на неделата се очекува да се задржи стабилно, сончево и топло време Сончево и топло време ќе преовладува во претпадневните часови, додека во попладневните и вечерните часови во некои делови од државата се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Локално се можни поинтензивни невремиња проследени со засилен ветер и град. „Утринските температури ќе се ...

Одлуката Велика Британија на Украина да ѝ довери класифицирани информации во врска со производството на ракетите со долг дострел, од официјална Москва го оценија како додавање масло на огнот. Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, обвини дека Британија прави сè што може за да спречи каков било напредок кон евентуален мировен договор Велика Британија e подготвена да сподели доверливи технички информации со Украина за да ѝ овозможи на земјата ...

Дел од жителите споделуваат фотографии од штетите на тутунските насади, за кои велат дека во овој период се наоѓаат во чувствителна фаза. Посочуваат дека за многу семејства во Дебреште тутунот претставува значаен извор на приходи, поради што евентуалните поголеми штети од невремето би претставувале сериозен удар за земјоделците Силно невреме со пороен дожд и крупен град попладнево ги зафати Прилепско и Долненско. Локалните медиуми јавуваат ...

Орденот на принцезата Олга од прв степен, кој ѝ беше врачен денеска во Киев, на Славјанка Петровска ѝ беше доделен од украинскиот претседател Володимир Зеленски во 2023 година, за нејзиниот личен придонес во зајакнувањето на одбранбените капацитети на Украина во текот мандатот како министерка за одбрана на Северна Македонија Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка во Собранието, Славјанка Петровска, денеска во Киев беше ...

Вкупно 19 инкриминирани од шверцерската група во двете држави Две неодамнешни постапки на скопското Обвинителство за организиран криминал и корупција конечно открија нови детали за шверцот на петте тони марихуана од Македонија во Србија по повеќе од шестмесечен молк додека траеше истрагата, пишува „Призма“ во најновата анализа. Едната е објавената спогодба со двајца од досега осомничените, а другата е најавата на обвинителството за нови седум ...

„Добри луѓе“ е сниман еден месец по кочанската трагедија, вели Манчевски и додава дека се чувствува почестено за довербата што му ја дале луѓето од Кочани за снимањето на филмот. Вели дека увиделе оти нема да се тера сензација ниту политика, туку дека филмот ќе биде медиум преку кој ќе можат да ја кажат својата приказна и да ја искажат болката. Иако не е документарист и вели дека има голема сомнеж кон овој жанр, Манчевски вели дека веднаш ...

Михаилов тврди дека пожарот кој десетина дена беснее на планината Китка постојано е намерно потпалуван и дека речиси секојдневно се јавуваат нови жаришта на пожарот. Целта на потпалувачите, според него, е да се направи голема фронтална линија на огнот Заменик-директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, Кире Михаилов, тврди дека пожарот кој десетина дена беснее на Китка постојано е намерно потпалуван и дека речиси секојдневно се ...

Командирот на тетовската противпожарна единица Авни Амети вели дека 90 отсто од пожарот е изгаснат и дека е спречено огнените јазици да зафатат шума и голем број на лозја и овоштарници Под целосна контрола е ставен пожарот на планината Жеден, кој по неколку дена активност навлезе во атарот на скопско Бојане – објави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Со ова, вели тој, во голема мера ќе се ...

Од Министерството за здравство велат дека од почетокот на епидемијата досега 21 пациент е отпуштен од болница и упатен на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати Четириесет и четири случаи на западнонилска треска се потврдени во земјава, информира денеска министерот за здравство Сашо Клековски при неговата посета на Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје. Клековски ...

„Сакавте да ја земете цела Украина, наместо тоа ги изгубивте вашите рафинерии за нафта, вашата флота, вашиот профит, цела генерација што ја испративте во кланица“, порача украинскиот претседател обраќајќи му се на претседателот на Русија, Владимир Путин САД, Европа и Кина да ја одиграат својата улога и да го зголемат притисокот врз Русија за да ја принудат да седне на преговарачка маса. Ова беше една од пораките на украинскиот претседател ...

Дератизацијата се спроведува на повеќе локации во Капиштец, Дебар Маало, Буњаковец и Кале, каде што во последно време има зголемени пријави од граѓани за појава на глодари По зголемена појава на глодари на неколку локации во централното подрачје на Скопје, денеска и утре се врши вонредна дератизација. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимимовски, информира дека во акцијата ќе бидат опфатени локации во Капиштец, Дебар Маало, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53