Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
На 11.07.2026 околу 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Ѓ.П.(40) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција На 11.07.2026 околу ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Не можете да кажете дека СДСМ шири невистини, кога граѓаните сами гледаат. Не треба никој да ги убедува. За ова нема лаги – само вистина. Oрганизираната криминална група ВМРО повторно се обидува со суви бројки и пропаганда да го убеди народот дека живее подобро. Тврдат дека имаме најниска инфлација во регионот и дека СДСМ шири паника. Но народот не живее од статистички извештаи. Народот живее од тоа што го ...
Пожар избувна вчеравечер во познатиот угостителски локал „Baking Bread“ на улицата „Димитрие Чуповски“, кај Рекорд во центарот на Скопје. Огнот зафатил дел од локалот, кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда, но благодарение на брзата интервенција на Противпожарната бригада бил навреме локализиран и изгаснат, со што било спречено негово проширување. По инцидентот, сопственикот на локалот, Мише Цвејевски, се огласи на социјалните ...
Шеснаесетгодишен малолетник од скопско Сарај е лишен од слобода откако, според информациите на полицијата, со остар предмет тешко повредил 14-годишен малолетник по претходна расправија. Од СВР Скопје информираат дека на 11 јули 2026 година било пријавено дека околу 15:00 часот, пред угостителски објект во село Сарај, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници. По кратко време, пред продажен објект, ...
Тројца жители на Скопје се лишени од слобода откако, според сомнежите на полицијата, извршиле кражба во продажен објект во Велес. Благодарение на брзата реакција на полициските службеници, украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Од СВР Велес информираат дека на 11 јули 2026 година, околу 12:30 часот, биле приведени С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје. Настанот бил пријавен од 39-годишна вработена во ...
Романски државјанин беше успешно пронајден во раните утрински часови по ноќна спасувачка акција во кањонот Матка, откако преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пријавил дека се изгубил во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги активирал сите надлежни институции. За случајот биле известени Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата ...
Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди повеќе факти. Веруваме дека е време оваа дебата да се врати таму каде што припаѓа – кај науката, експертите и институциите. Кога се носат одлуки што ќе имаат влијание врз животната средина, здравјето на луѓето, економијата и иднината на ...
Соопштение на СДСМ Христијан Мицкоски и неговата влада се подготвуваат за предвремени парламентарни избори Иако коалициониот партнер Фатмир Лимани најави 18 април 2027 година како можен термин, поради драматичниот пад на рејтингот и целосниот економски колапс, Мицкоски ќе се обиде да ги распише многу порано – најверојатно до крајот на оваа или на почетокот на следната година. Причината е јасна и не може да се прикрие: во буџетот нема ...
Тројца планинари беа успешно спасени од непристапен дел на планината Бистрица, откако еден од нив почувствувал сериозни здравствени тегоби за време на планинарењето. Благодарение на брзата координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и заедничката акција на повеќе институции, сите лица безбедно беа евакуирани и пренесени на лекарски преглед. Пријавата за помош била примена преку Единствениот повикувачки број 112 во 18:46 часот, ...
Вечерва избувна пожар во познат угостителски локал на улицата „Димитрие Чуповски“, кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда во строгиот центар на Скопје, спроти Министерството за правда. Благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарните екипи, огнот за кратко време бил локализиран и целосно изгаснат, со што е спречено негово проширување кон останатиот дел од објектот и соседните простории. На местото на настанот ...
Вистинска драма се одвивала на летот на авиокомпанијата „Рајанер“ од Солун, кога за време на летот дошло до пукање на прозорец, а 61-годишен државјанин на Србија, кој седел покрај него, за малку ќе бил извлечен надвор од леталото. Неговата сопруга, која била до него, ги опиша застрашувачките моменти во кои таа, една сопатничка и уште еден патник со сите сили се обидувале да го задржат додека половина од неговото тело било надвор од ...
Британскиот глумец Ентони Хопкинс, вели дека ја остварил својата „прва желба“ да потпише договор за снимање како композитор. Ѕвездата на оскаровскиот „Кога јагнињата ќе стивнат“, денес 88-годишен, потпишал договор со „Дека класик“ (Decca Classics) и следниот месец ќе го издаде својот прв албум преку оваа издавачка куќа, насловен како „Животот е сон (Life Is A Dream)“ – збирка дела на коишто работел скоро 60 години. Од неа првиот објавен ...
Екстремната горештина која во изминатите неколку недели двапати ја погоди Велика Британија донесе температури повисоки од 40 степени Целзиусови во училниците на некои училишта, пренесуваат денеска британските медиуми. Учениците и вработените страдаат од топлотен удар, мачнини и главоболки, а наставниците сведочат дека очајнички се обидуваат да ги заштитат децата, пренесува „Гардијан“. Некои наставници ги покривале помладите ученици што ...
Иранскиот министер за надворешни работи пристигна во Оман за да разговара за аранжманите за безбеден премин на бродовите низ Ормуската Теснина, јавуваат иранските државни медиуми, додека Вашингтон бара јавно ветување за слободен и безбеден транзит. Полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним јави дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи пристигнал во Оман. Оваа земја помага во посредувањето за ставање крај на војната која ја ...
Јапонската експериментална ракета за повеќекратна употреба денеска полета и безбедно слета за време на својот прв пробен лет. Јапонија бара начин да ги намали трошоците за лансирање и да ја зголеми сопствената конкурентност на глобалниот вселенски пазар, со кој доминира американската компанија „СпејсИкс“. Ракетата „РВ-Икс“ (RV-X) полета, лебдеше и се движеше хоризонтално пред да слета за време на својот лет кој траеше помалку од една ...
Наместо чипс и индустриски обработени грицки што обично нудат само празни калории и чувство на надуеност, ви претставуваме алтернатива, грицки што ќе ја задоволат вашата желба за грицкање без вина. Сите знаеме како оди. Седнувате да гледате филм навечер, а раката автоматски ви оди кон кеса со чипс или мрсни пуканки. Додека филмот завршува, кесата е веќе празна, а вие се чувствувате виновни бидејќи знаете што сте му направиле на вашето ...
Албанија и ако стане членка на Европската Унија нема да го користи правото на вето против Северна Македонија во процесот на европска интеграција, изјавил албанскиот премиер Еди Рама пред учесниците на кампот „RinCamp 2026“ во туристичкото место Јал, на кој има и млади од Македонија. Одговарајќи на прашањето на студент од Скопје, дали Албанија ќе стави вето на европскиот пат на Македонија, тој нагласил дека отсекогаш бил против употребата ...
Линда Носкова е нова шампионка на Вимблдон. Попладнево во чешкото финале го забележа најголемиот успех во кариерата совладувајќи ја сонародничката Каролина Мухова со 2-1 (6:2, 5:7, 6:3) во сетови. Ова за 21-годишната Носкова е прва Гренд слем титула, додека Мухова и во вториот обид не успеа да освои Гренд слем трофеј. Носкова го заврши најдобриот турнир во својата кариера на фантастичен начин и ја освои третата ВТА титула во кариерата. ...
Cеверна Кореја ги осуди САД и сојузниците за зајакнување на воените блокови, за интензивирање на вооружувањето и го повика Западот да го ограничи нуклеарното оружје. Осудата на Пјонгјанг уследи по Самитот на НАТО во Анкара, на кој претседателот на Јужна Кореја, Ли Џае-мјунг истакна дека се надева дека Сеул ќе ја прошири соработката со сојузниците на НАТО во истражувањата и развојот на технологијата, како и во производството на оружје. За ...
Сладоледот е омилен десерт во топлите летни денови. Но сигурно малкумина знаат интересни факти за овој омилен студен десерт. 1. Кекс корнетот е направен во 1904 година и претставен на Светскиот саем во Сент Луис. Кога на продавачот на сладолед му се потрошиле хартиените чинии, трговецот, Аду Димар му предложил десертот да го послужи во замотани вафли кои се продавале на штандот близу до него. 2. Првиот познат рецепт за сладолед е запишан ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека и наредил на армијата да биде подготвена за напади врз Иран, ако Техеран се обиде или изврши атентат врз него. – Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на многу места низ целиот свет, за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на САД – во ...
Министерството за здравство на Турција издаде предупредувања за граѓаните во врска со внесот на течности и исхраната поради зголемените температури и влажноста во текот на летните месеци. Во соопштението се советува избегнување на мрсна храна, пржена храна и печива колку што е можно повеќе, а се препорачува подготовка на оброците со варење, печење на скара, динстање или готвење во мала количина вода. Исто така, се препорачува зголемување ...
Во текот на потоплите месеци, особено се препорачува да се јаде храна богата со вода, бидејќи таа му помага на телото да одржува оптимална хидратација. Иако водата е најважниот извор на течности, овошјето и зеленчукот богати со вода можат значително да придонесат за дневните потреби на телото. Експертите наведуваат дека оваа храна, покрај водата, содржи витамини, минерали, влакна и антиоксиданси кои имаат позитивен ефект врз целото тело. ...
Селото Варена во Италија воведува казни од 50 до 200 евра за туристите кои се движат без маица или во костими за капење. Целта на ваквата одлука е да се намалат негативните последици од масовниот туризам, а со тоа да се зачува угледот и мирот на ова историско место. Според статистиката на локалната власт, постојаниот пораст на туристи сè повеќе влијае врз секојдневниот живот на мештаните. Со воведување на новите мерки надлежните сакаат да ...
Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Алијансата за еднаквост и европска правда и Партијата за европеизација и интеграција на Албанија доставија заедничко барање со препораки до Специјалната парламентарна комисија за изборна реформа на Албанија, со кое бараат суштински измени во изборното законодавство, со цел обезбедување на поефикасно политичко претставување на националните малцинства. Документот е доставен и до ...
„Пејачот Џастин Бибер ќе настапи на полувремето на финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал, заедно со претходно најавените Шакира, Мадона и јужнокорејската К-поп група БТС“, соопштија вчера организаторите на натпреварувањето. За првпат во историјата, на полувремето на финалето на Светското првенство ќе биде организиран музички спектакл кој ќе трае 11 минути. Водител и креатор на програмата е Крис Мартин од групата „Колдплеј“. ...
Едно лице е прободено со рог во лицето од бик за време на традиционалната трка со овие животни во шпанскиот град Памплона, додека девет лица здобиле различни видови контузии. Несреќата се случила за време на фестивалот „Сан Фермин“, а како што пренесува агенцијата ЕФЕ, повреден е 30-годишен маж од Аликанте. Како што се наведува, мажот бил прободен во лицето за време на мал метеж, кога неколкумина тркачи паднале на земја. Во трката ...
Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, денеска изјави дека одмаздата за неговиот убиен претходник, неговиот татко, ајатолахот Али Хамнеи, е „барање на нацијата“ и „мора“ да се спроведе. Хамнеи ја објави пораката на Телеграм по повод погребните церемонии за неговиот татко, кои се одржаа неколку месеци откако беше убиен на 28 февруари, првиот ден од војната што почна со американските и израелските напади врз Иран. „Се колнеме дека ќе ја ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека формира посебна команда која ќе се фокусира на длабоките напади врз Русија, а ќе формира и нова сила за брз одговор, која ќе вклучува сили за напад и единици за беспилотни летала. Руската енергетска инфрастуктура илјадници километри оддалеченост изминатиот период е цел на украинските напади со дронови. Последните недели, Украина речиси секојдневно пријавува напади, а ...
На 10.07.2026 во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46) кој возел мерцедес со брзина од 203 километри на час, а дозволено било 120. – При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од ...