Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Општина Чаир денес ја претстави програмата на првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија”, кој ќе се одржи од 23 до 26 јули во автентичниот амбиент на Старата скопска чаршија. Фестивалот претставува нова културна иницијатива на Општина Чаир, создадена со цел воспоставување нова уметничка традиција што ќе ја афирмира класичната музика, ќе ја зајакне меѓународната културна соработка и ќе го промовира богатото историско и ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри. Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за ...
Соопштение на Левица: СДСМ повторно потврди дека политичката ирелевантност не е само прашање на изборен резултат, туку и на политички рефлекс. Партија која со години секој принцип го претвораше во монета за поткусурување, денес се обидува да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија која иницираше координација на опозицискиот блок околу суштинска реформа на Изборниот законик. Наместо одговорна и достоинствена реакција и ...
Европските искуства покажуваат дека модерното рударство и високите еколошки стандарди можат да одат рака под рака, оценува геологот Ѓорѓи Димов, коментирајќи ги современите технологии што се применуваат во рудникот „Скуриес“ во соседна Грција. Според него, овој рудник и наоѓалиштето во Иловица се дел од истиот металогенски појас, што значи дека располагаат со слични геолошки карактеристики и минерални ресурси. Токму затоа, смета Димов, ...
За 2025 година, Управата за јавни приходи генерираше 863.100 Годишни даночни пријави (ГДП) кои се достапни преку системот е-Даночни услуги https://e-ujp.ujp.gov.mk. Од нив, 704.443 се достапни на корисничките профили во системот е-Даночни услуги, додека останатите се однесуваат на лица кои сè уште немаат регистриран кориснички профил на порталот и не можат да извршат увид во ГДП, со цел да ги проверат податоците и да го преземат налогот ...
Во текот на изминатиот викенд како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1426 издадени платни налози, 455 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 64 лица, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, 27 за возење без ...
Инспекциските служби од Општина Карпош презедоа акција за спроведување на двосменски дежурства, во насока на превентивна контрола при одлагање на кабаст и несоодветен отпад во контејнерите на ЈП „Комунална Хигена“. Оваа иницијатива произлезе од координативниот состанок кој претходно го организираше Град Скопје и општините во градот Скопје, каде беше договорено да се организираат вакви дежурства. За време на акцијата, дежурните ...
Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак”. На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100. Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот за субвенционирање дополнителна опрема за велосипеди, каде ...
Негативниот природен прираст во ЕУ (повеќе смртни случаи отколку раѓања) што трае од 2012 година, се компензира со позитивна нето миграција, покажуваат податоците на Евростат. На 1 јануари 2026 година, населението на ЕУ беше за 8,0 милиони луѓе побројно отколку во 2016 година и за 16,0 милиони во споредба со 2006 година. Во периодот од 1960 година, пак, населението на ЕУ се зголемило за 97,5 милиони, од 354,5 милиони на 452,0 милиони во ...
Во комбе со странски регистарски таблички, инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), откриле над два тона небезбедни млечни производи со потекло од Бугарија, што се пренесувале нелегално и во несоодветни услови, без ладилник. Комбето било запрено на автопат во близина на североисточниот град Комотини, во близина на границата со Бугарија. Комбето беше исто така сериозно е преоптоварено. Откако утврдија дека ...
На 12.07.2026 околу 23:00 часот во Скопје, на територија на ПС Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Џ.(31) од Скопје, затоа што, според пријавеното, со нож му нанел убодни рани на својот татко Е.Л. (52) од Скопје. Според пријавеното, на 12.07.2026 околу 22:35 часот во семејниот дом, Е.Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга (мајка на Б.Џ.), по што Б.Џ. му нанел ...
На локалитетот Аеродром, на Осоговските Планини, вчера неформална група граѓани од Кочани, љубители на автомобилизмот, организираа автомобилско шоу. На Пониква беа изложени околу 200 автомобили на сопственици од Македонија и Србија. Координаторот на настанот, Александар Митрев истакна дека се изложени спортски и уникатни возила, олдтајмери и специјално модифицирани проекти. Изложбата посветува внимание и на учеството на дамите во ...
Бројот бродови што вчера поминале низ Ормуската Теснина опаднал на ниво најниско во последните неколку недели, покажуваат податоците за поморскиот сообраќај, во мигови кога новите напади меѓу САД и Иран и инцидентите со бродови во регионот ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на тој стратешки пловен коридор. Според податоците од службите за следење на пловидбата, низ теснината вчера поминале само шест бродови, што е најмал број во ...
Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија денеска се очекува официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила. Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и ќе донесат дополнителни права за семејствата што патуваат, патниците со ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, синоќа го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето”. Според неа „Охридско лето” симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање. За претседателката, Охрид е оаза и ...
Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора. На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски. Исто така, на настанот на основање на Комората, ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во амбасадата на Народна Република Кина во ...
Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, ...
Најмалку 27 лица загинаа, а осум се во критична состојба откако пожар зафати бар во популарниот кварт Чатучак во Бангкок, ноќта кон понеделник. Повеќе од 60 лица се однесени во болница со повреди. Пожарникарите беа повикани на местото на настанот кратко по полноќ и затекнаа ужасна сцена, а посетителите бегаа низ влезната врата зафатена од пламен. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе како врескаат и бегаат од запалената ...
САД и Иран денеска продолжија со меѓусебни напади, при што Вашингтон соопшти дека погодил десетици ирански воени цели, додека Техеран објави дека нападнал американски бази во Јордан, Бахреин и Кувајт. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека биле гаѓани ирански системи за противвоздушна одбрана, крајбрежни радари, ракетни и беспилотни системи, како и помали пловни објекти. Од друга страна, Иранската револуционерна гарда ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Откако млада девојка од Куманово јавно ја сподели својата семејна драма и побара помош за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа, надлежните институции презедоа конкретни чекори за решавање на случајот. Во видео-обраќање кое предизвика силни реакции во јавноста, таа раскажа дека со години живее во страв поради агресивното однесување на нејзиниот татко. Според нејзините тврдења, тој има проблеми со алкохол и ...
Пратеничката Славјанка Петровска јавно понуди помош за Меланија од Куманово, која деновиве преку социјалните мрежи побара заштита за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа, тврдејќи дека со години се жртви на семејно насилство и закани. Во објава на Фејсбук, Петровска порача дека таа и нејзиниот тим стојат на располагање и најави конкретна поддршка за семејството. „Ќе помогнеме да се обезбеди привремено безбедно ...
Пишува: Мирослав Трлин дипломиран економист во пензија „Дијаспората не се враќа со изборен закон, туку со држава во која повторно ќе поверува.“ Секое отворање на прашањето за гласањето на македонската дијаспора повторно ја разгорува политичката дебата. Едните предлагаат електронско гласање, другите гласање по пошта, трети предупредуваат на можни злоупотреби и безбедносни ризици. Секој изнесува свои аргументи, а јавноста повторно се дели ...
На 11.07.2026 околу 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир С.Д.(55) од Скопје додека го управувал неговото возило настанал пожар во движење. Истиот успеал да излезе, а од пожарот се здобил со изгореници во пределот на телото. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а тој бил пренесен во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Излезено е на местото ...
Украинската премиерка Јулија Свириденко денес поднесе оставка, а претседателот на земјата Володимир Зеленски најави дополнителни промени во украинската влада. Во изјава преку социјалните мрежи, Свириденко изјави дека е „горда што имала чест да ја води владата во еден од најтешките периоди во модерната украинска историја“. Таа, исто така, рече дека разговарала за следните чекори со Зеленски, но не даде дополнителни детали. „Останувам ...
Американската војска денес соопшти дека Ормутскиот теснец е „отворен“ и дека бродарството „функционира“ и покрај претходното иранско соопштение дека го затвора стратешки важниот воден пат по обновените непријателства со САД. „Ормутскиот теснец е отворен за сите бродови кои сакаат легално да го транзитираат овој меѓународен воден пат“, напиша Централната команда на САД (Centcom) на платформата X. „Иран не го контролира теснецот. ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Вториот протест на ДУИ за имињата на улиците и плоштадите во Тетово не беше протест на граѓаните, туку манифестација на стравот на партијата на која ѝ истекува политичкото време. ДУИ повеќе од две децении ја држеше локалната и централната власт. Денес, наместо да се извинува за прекршените ветувања и проблемите што ги остави зад себе, излегува на улиците обидувајќи се да се претстави како жртва. Граѓаните не ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба”, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и ...
Соопштение за јавност на Левица: Изборниот законик е еден од најважните закони во секоја демократија и токму затоа е несериозно владејачкото мнозинство да се повлекува од процесот и сопствената одговорност да ја префрли врз опозицијата. ДПМНЕ ја пушти змијата во процесот – постави црвени линии околу гласањето на дијаспората, го оптовари целиот процес со тема што не беше предмет за формирање на Работната група, а потоа се повлече на ...