Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Бургас ќе биде домаќин на музичкиот натпревар „Евровизија“ во 2027 година, соопшти денес Бугарската национална телевизија (БНТ). Полуфиналните вечери ќе се одржат на 11 и 13 мај, а финалето на 15 мај, пренесува БТА. Во трката за домаќинство првично беа Софија, Пловдив, Варна и Бургас, а во завршната фаза останаа Бургас и Софија. На 15 јули претставници на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) го посетија Националниот дворец на културата во ...
Поранешната учесничка во „Големиот брат“, Мирјана Мими Ѓуровиќ од Црна Гора, своевремено привлече големо внимание со своето учество во ова реално шоу во 2008 година. Многумина ја споредуваа со куклата Барби, што не е чудно со оглед на тоа што важеше за една од најатрактивните учеснички. Таа всушност е и првата жена што победи во српско реално шоу, освојувајќи ја наградата од 100.000 евра. Она поради кое Мими и понатаму се споменува е и ...
Вознемирувачки случај бил регистриран во хрватскиот град Пореч, каде што брачен пар од Босна и Херцеговина е осомничен дека го оставил своето малолетно дете само во паркиран автомобил додека тие заминале во трговски центар. Според информациите од Полициската управа на Истра, станува збор за 39-годишен маж и 31-годишна жена, двајцата државјани на Босна и Херцеговина. Тие, според пријавата, го оставиле детето во заклучен автомобил со затворени ...
Астон Вила загуби од ПСЖ со 1-2 во Суперкупот, но Унаи Емери беше задоволен од настапот на својот тим и порача дека англискиот клуб се приближува до нивото на европскиот шампион. „Многу, многу сум среќен затоа што ни недостигаа неколку играчи, а сè уште имаме работа за завршување, но денес покажавме дека се приближуваме против одличен тим. По натпреварот, играчите чувствуваа дека можат да се натпреваруваат со ПСЖ и тоа е најважното за мене. ...
Албанија е рангирана на првото место во светот на National Cyber Security Index (NCSI), со резултат од 98,33 поени, со што се позиционира на врвот на глобалната ранг-листа според нивото на развој на националните капацитети во областа на сајбер-безбедноста. Ова рангирање претставува значителен и континуиран напредок на Албанија на меѓународната сцена: од 54-то место во 2023 година, на 15-то место во 2025 година, а сега на првото место во ...
Европското земјоделство се соочува со сè посериозни последици од климатските промени, а екстремните горештини и сушите можат драматично да ги зголемат финансиските загуби во секторот. Според анализа на „Хауден“, изработена за Европската инвестициска банка, годишните загуби во земјоделството на ЕУ до 2050 година би можеле да надминат 40 милијарди евра, а во особено неповолни климатски услови да достигнат и повеќе од 90 милијарди евра. ...
Пред токму една година, македонската јавност се збогува од примадоната Милка Ефтимова, која почина на 89-годишна возраст во Скопје. Ефтимова е една од најзначајните македонски оперски уметници, која остави длабока трага во историјата на македонската култура. Родена во Радовиш во 1936 година, своето музичко образование го започнува во Штип, а го продолжува на Музичката академија во Љубљана. На сцената на Македонската опера дебитира во 1961 ...
Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација На прв поглед, бројките звучат импресивно. Русија со стапка на невработеност од околу 2,2 oтсто, Мексико со 2,4 отсто, а веднаш зад нив Јапонија и Јужна Кореја со 2,7 отсто. На спротивниот крај на табелата, драматична слика во Јужна Африка со над 30-отстотна невработеност… Овие податоци не се само статистика. Тие се огледало на длабоки ...
На шест различни локации, во подрачјата на Мола Калива, Неа Скиони, во Калитеа, Ханиоти, како и во крајбрежната зона меѓу Криопиги и Полихроно, општина Касандра, на првиот крак на Халкидики, досега спроведе организирани акции за отстранување на нелегално поставената опрема на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. халкидики плажи чистење Од општината информираа дека ваквите акции се спроведуваат од средината на јули, по поднесени ...
Две популарни плажи во Изола на словенечкиот брег се затворени поради фекална контаминација откако рутинските тестови на водата открија екстремно високи нивоа на бактеријата Escherichia coli. Како што соопшти Бонија Миљавац, експерт во Националниот институт за јавно здравје, бактеријата е директен индикатор за фекално загадување. „Прелиминарните резултати од тестовите покажаа дека нивото на бактерии е девет пати повисоко од дозволените ...
Динамо од Дрезден одлучи да воведе нови правила на својот стадион, што особено ќе влијаат на инфлуенсерите, јутјуберите, стримерите и другите креатори на содржини. Германскиот клуб ги промени правилата за користење на стадионот „Рудолф Харбиг“ и јасно дефинираше што им е дозволено на посетителите да снимаат без претходна дозвола. Ова не е забрана за користење телефони, ниту пак навивачите ќе бидат спречени да фотографираат и снимаат ...
По повод Меѓународниот ден на младите – 12 Август, вчера вечер беа доделени Наградите за младинско учество за 2026 година, со кои се оддава признание на младите, младинските организации и поединците кои со својата активност, иницијативи и посветеност придонесуваат за позитивни промени во заедницата. Настанот беше организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади во партнерство со Националниот младински совет на ...
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за кибер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Со резултат од 84,17 поени од можни 100, државата се вбројува меѓу земјите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и за управување со кибер-инциденти. Напредокот е забележан и во меѓународните медиуми, кои ја ...
Заклучно со вчерашниот ден, 110 лица се заразени со вирусот Западен Нил во Грција, а девет лица починале, а најголем број случаи се регистрирани во Атика, објави денес Грчката Национална организација за јавно здравје (ЕОДИ). Од вкупниот број случаи, 81 лице развило заболување на централниот нервен систем (менингитис или енцефалитис), а 45 нови случаи се пријавени само во последните седум дена. Вирусот е регистриран во 39 општини во 14 ...
Со нови три натпревари синоќа продолжија возбудувањата на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино. Др. Баткоски славеше против Требеништа со 3:0, со идентичен резултат ДОЕЛ Ноче ја совлада Мики Про Керамика, додека Мороишта беше подобра од Бурекџилница Го-Ка со 3:1. Резултати – 12 август: Др. Баткоски – Требеништа 3:0 ДОЕЛ Ноче – Мики Про Керамика 3:0 Мороишта – Бурекџилница Го-Ка 3:1 Турнирот продолжува ...
Малолетна девојка по име Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, информираат нејзини блиски. Според објавените информации, последниот контакт со семејството го остварила вчера околу 16 часот. При излегувањето била облечена во црна маица и широки фармерки. Случајот е пријавен и во полиција, а семејството апелира до сите кои можеби ја забележале или имаат каква било информација за нејзиното движење да помогнат. Сите информации можат да се ...
Одредени видови храна и пијалаци кај чувствителните лица можат да поттикнат напад на мигрена, додека прескокнувањето оброци и наглите промени во внесот на кофеин исто така можат да имаат значајна улога. Намирници како чоколадото и зрелите сирења можат да предизвикаат мигрена кај чувствителните лица. Водењето дневник за исхраната и симптомите може да помогне во препознавањето на личните предизвикувачи, што го олеснува нивното избегнување и ...
Лила Филиповска важи за една од најуспешните телевизиски водителки во Македонија, но и за една од највлијателните македонски личности на социјалните мрежи. На својот профил на Инстаграм, каде што ја следат повеќе од 230.000 корисници, таа редовно споделува моменти од секојдневието и своите патувања. Овојпат, Филиповска ги почести следбениците со низа фотографии од одморот во Бодрум, едно од најпознатите летувалишта на турското крајбрежје. На ...
Гласачите во Клактон, крајбрежен град во близина на Лондон, гласаат во четврток на предвремените избори што ги предизвика Најџел Фараж откако поднесе оставка од функцијата пратеник. Фараж, лидер на антиимиграциската партија „Реформа на Велика Британија“, се повлече од Долниот дом со надеж дека новите избори ќе ги замолчат прашањата за неговите финансии. Опозицијата и политичките противници го опишаа потегот како политички маневар, а големите ...
Ракометарите на Е. Пелистер продолжуваат со подготовките во Словенија, при што тимот на Лино Червар ја одигра третата контролна средба, забележувајќи ја и третата победа. „Зелено-белите“ за противник на овој дуел го имаат Словењ Градец, меч што мина во израмнета борба и заврши со триумф на македонскиот вицешампион од 22-21. Червар им даде шанса на сите ракометари, искусниот стратег повторно испроба најразлични тактички варијанти, но судејќи ...
Сопругата на Шарл Леклер, Александра Леклер, предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако во среда објави фотографии од одморот на Сардинија, покажувајќи го своето трудничко стомаче. Двојката официјално потврди она што сите веќе го знаевме, дека наскоро ќе го добијат своето прво дете. Сопругата на ѕвездата на Формула 1 блескаше во смарагдно зелен комплет, горен дел и здолниште, а многумина во коментарите ја нарекоа најубавата ...
Славниот шпански тенисер Рафаел Надал неодамна го посети Примоштен, каде што ја помина вечерта во ресторан, а потоа се прошета низ градот. Локалниот портал Примоштен Плус објави дека поранешниот шпански тенисер вечерал во крчмата Двор, по што бил виден како шета по калдрмисаните улици. Доаѓањето на Надал не поминало незабележано. Неколку луѓе го препознале во текот на вечерта и се фотографирале со него, а тој се согласил да биде ...
Славната Кејт Мос (52) изгледаше неверојатно во црн едноделен костим за капење со длабоко деколте додека уживаше во сонцето со својата ќерка Лила за време на патување со брод покрај островот Форментера во Шпанија. Супермоделот (52) привлече внимание во елегантен едноделен костим за капење, кој го надополни со златен накит за време на крстарењето. Ова ги израдува и сите нејзини обожаватели бидејќи Кејт конечно изгледа како да се опоравува од ...
Во текот на јули биле поднесени околу 55 илјади барања за издавање лични документи, информира Министерството за внатрешни работи на Косово. Според информациите, граѓаните во моментов термин за поднесување барање добиваат за еден до два дена, додека изработката и доставувањето на документите трае најмногу до седум дена. Од Министерството посочуваат дека процесот на издавање лични документи се одвива без поголеми доцнења, а граѓаните можат ...
Американските и украинските сили изведоа заедница воена вежба „Combined Resolve“ во Германија, каде што украинските оператори на дронови лесно ги откриваа и неутрализираа американските единици. Според сознанијата до кои дојде „WSJ“, вежбата одржана во април и мај била насочена кон способноста на ротирачките американски сили да дејствуваат и да се бранат во услови на масовна употреба на мали фронтовски дронови, кои станаа едно од клучните ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денес поради изведување на водоводен приклучок на ул. Марко Крале бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Марко Крале, Лопушник и Зуфер Мусиќ. Водоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 10:30 часот до завршување со работните активности. ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денес поради изведување на водоводен приклучок ...
Српската пејачка одмара на хрватското приморје во друштво на многу помлад партнер, а деталите од нивната романса повторно ја заинтригираат јавноста Српската пејачка Дара Бубамара (50), позната по своите енергични настапи, ова лето одмара на хрватскиот брег. Моментално престојува во Дубровник, но не е сама. Српскиот медиумски портал HypeTV објави фотографија од пејачката во друштво на помлад маж на својот Инстаграм профил, што повторно ја ...
Европската унија забрзано работи на сопствена инфраструктура за дигитални плаќања, а дигиталното евро се наметнува како еден од клучните инструменти за намалување на зависноста од американските платни гиганти Виза и Мастеркард. Европа сака поголема независност во дигиталните плаќања. Причината е високата зависност од компании со седиште надвор од ЕУ, особено Виза и Мастеркард, кои имаат доминантна позиција на пазарот на картични плаќања во ...
Viber дозволува споделување на локација, но таа опција не значи дека некој може тајно да ги следи вашите движења. Корисникот мора самиот да ја вклучи локацијата и да ја испрати до друго лице преку разговорот. Кога корисникот ќе дозволи пристап до локација на својот телефон и ќе избере да ја сподели во разговор, Viber го користи GPS-от на уредот и другите достапни податоци за да ја прикаже неговата моментална локација. Ова значи дека другата ...
Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...