„Кога ќе ви одземат се, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва… Tогаш ќе бидете најсилни“ – Тоше Проески. Тодор Тоше Проески е роден на 25-ти јануари 1981 година во Прилеп, како второ дете на Никола и Доминика Проески. Основно училиште завршува во Крушево, а средно во Средното музичко училиште во Битола. Студира на Факултетот за музички уметности во Скопје. Тој уште од мал покажува извонредни вокални квалитети. Неговиот ...

Во 2007 година Тоше го издава албумот „Игри без граници“. Песните „Цреша“, „Игри без граници“, „Среќна ли си ти“… стануваат големи хитови во сите балкански држави. На овај албум Тоше соработува со голема балканска авторска екипа: Мирослав Рус, Никша Братош, Миро Буљан, Антонија Шола, Срѓан Симиќ – Камба, Дејан Ивановиќ, Весна Малинива и други. Во 2007 година Тоше ја снима и навивачката химна „Македонија навива за вас“, на авторот Александар ...

Тоше Проески и продукцијата Фајнл кат успеваат сонот да го претворат во стварност. На Градскиот стадион на неговиот втор концерт имаше преку 16 илјади фанови на Тоше. На крајот на 2004 година Тоше потпишува договор со Далас рекорд за издавање на неговиот следен албум во Хрватска и Словенија. Како резултат на желбата за освојување нови музички хоризонти, Тоше ја снима песната „Крајње време“ заедно со словенечката Ања Рупел. Во 2005 година ...

„Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе“ – Тоше проески. На третиот албум „Ако ме погледнеш во очи“, Тоше соработува со познат грчки композитор Фибус, додека како автор на српските хитови се јавува Марина Туцаковиќ. Препевите ги работат Миодраг Врчаковски, Огнен Неделковски, Маја Павловска и Франц. Тука Тоше соработува и со познатиот ди-џеј Каан, турската група „Харем“ е ...

„Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене“ – Тоше Проески. Кариерата на Тоше Проески после одличниот, незаборавен и спектакуларен прв концерт продолжува на едно повиско ниво. Па така, во 2000 година Тоше учествува на „Скопје фест“ (на кој се одбираше македонскиот претставник на „Евровизија“) со песната „Солзи прават златен прстен “ на тандемот Глигор Копров – Огнен Неделковски. Песната, и покрај тоа што победува на ...