Фудбалерите на Шкендија по поразот од Башкими заостануваат четири бода зад Вардар на врвот на табелата во ПМФЛ. Секоја нова грешка на Шкендија ќе го доближи Вардар уште повеќе до шампионската титула. Затоа тетовци немаат право на кикс. Едноставно, мора да го освојат Кратово, да стигнат до трите бода ако сакаат да останат во трка за одбрана на тронот. „Искрен да бидам, разочарани сме од последниот меч од Башкими. Не го заслуживме тој пораз, но ...
Поразот од Башкими значеше нов удар за Шкендија, која веднаш загуби чекор во трката за првото место. Разликата во однос на Вардар сега изнесува четири бода, што дополнително го зголемува притисокот врз тетовскиот тим. Во самата завршница од сезоната, секоја грешка скапо се плаќа, а „црвено-црните“ тоа веќе го почувствуваа на своја кожа по неуспехот на домашен терен. Сега, секој нов кикс може уште повеќе да го доближи Вардар до шампионската ...
Третото место веќе е „невозможна мисија“ за Силекс. Кратовскиот тим на крајот ќе заврши како четвртопласиран во ПМФЛ, а целиот фокус на избраниците на Александар Васоски ќе биде ставен во Купот на Македонија. Затоа Силекс без резултатски или било каков притисок ќе се обидат да и го „попречат“ патот на Шкендија. И покрај тоа што за нив овој меч нема никакво значење, најавуваат дека до крајот ќе се борат за што повеќе бодови, и ќе се обидат да ...
Со два натпревари денеска беше отворено 30. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кое кандидатот за титулата Шкендија продолжи со киксовите и во самиот финиш од сезоната како да го губи чекорот со Вардар. По изненадувачкиот пораз на Башкими во Тетово, Шкендија немаше простор за нова грешка на гостувањето кај Силекс во Кратово, но и покрај тоа не успеа да слави, одигрувајќи 1-1. Тетовци поведоа во 19. минута преку Нзенгуе и со таа ...
По големата победа над Шкендија во Тетово, екипата на Башкими со многу оптимизам влегува во претстојниот дуел со лидерот. Во рамките на 30. коло, кумановци ќе се соочат со Вардар, но наместо во Куманово, натпреварот ќе се одигра во Гостивар. И покрај тоа што Башкими ќе го пречека најтрофејниот македонски клуб на неутрален терен, мотивот кај фудбалерите е на највисоко ниво. Тимот сè уште ја бара „безбедната зона“ за опстанок во елитата, што е ...
Денеска во рамките од новото 30. Коло во ПМФЛ шампионатот, актуелниот лидер на табелата, екипата на Вардар заминува во Гостивар, каде што од 16:00 часот ќе го одигра дуелот против тимотн на Башкими. Јавноста е веќе информирана зошто клубот од Куманово своите мечеви како домаќин ги игра 100 км подалеку, а тоа е секако поради инцидентите по мечот со Струга ТЛ. Па така, Вардар со своите досегашни 71. бод ќе тргне по нова победа и многу ...
Лидерот во ПМФЛ, Вардар попладнево гостува во Гостивар каде во натпревар од 30. коло ќе се соочи со Башкими. “Црвено-црните” атакуваат на нови три бода со кои ќе бидат на чекор до освојување на шампионскиот трофеј откако директниот конкурент Шкендија на вчерашното гостување во Кратово освои само бод во дуелот против Силекс. Во пресрет на денешниот натпревар составот предводен од Гоце Седлоски има предност од три бода и со евентуален триумф во ...
По вчерашната победа над Башкими и по ремито на Шкендија во Кратово, сега и дефиитивно е јасно дека Вардар само милиметри го делат од титулата, прва после шест години и 12-та во самостојна Македонија или 13-та вкупно во својата клупска историја. Имено сега по 30.коло Вардар има 74 бода а Шкендија 68, тоа се +6 бода на три кола до крајот. Што значи дека Вардар веќе следниот викенд може да ја официјализира титулата. Лидерот игра со Силекс дома ...

