Граѓаните на Сараево и денеска продолжуваат со протестите, по несреќата на 12 февруари, кога трамвај излета од шините, при што загина 23 годишен студент, а неколку беа повредени. Вчера оставка си поднесе премиерот на сараевскиот кантон, а возачот на трамвајот, за кого претходно обвинителството бараше одредување притвор, е ослободен. Организаторите на протестите бараат објава на целосни и транспарентни информации од истрагата, итно повлекување ...
За денеска напладне е закажан нов собир на граѓани по трагичната трамвајска несреќа во која 23-годишно момче го загуби животот, додека 17-годишно девојче е тешко повредено, пренесува Слободна Босна. Во повикот за протести, повикани се средношколците и студентите да се соберат пред Националниот музеј на Босна и Херцеговина. Организаторите велат дека е важно да се покаже единство, меѓусебна поддршка и солидарност. Тие нагласуваат дека младите ...

