Министерството за образование и наука најавува презентација на нов проект со кој треба да се воспостави системски и одржлив механизам за рано препознавање и соодветно постапување во случаи на семејно насилство врз деца. Проектот ќе биде координиран од Министерството за образование и наука, а во неговата реализација ќе учествуваат Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, центрите за социјална работа, ...

Во Владата денеска ќе биде претставен нов национален проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Целта на проектот е да развие системски и одржлив механизам за рано препознавање, превенција и соодветно постапување при семејно насилство врз деца, преку поврзување на образовниот систем, институциите и семејствата во заедничка мрежа за заштита и поддршка. ...