Од четирикратен вицепрвак на Македонија во уметничко лизгање до магистерски студии по архитектура и блесок на модните писти- Лара Герасимовска е девојка која не признава граници. Таа е доказ дека убавината е само почетна точка, а вистинскиот успех се гради со строга дисциплина научена на лизгалиштето и храброст да се чекори низ животот со истата прецизност со која се цртаат архитектонските нацрти. Искрена, амбициозна и автентична, Лара ни ...

Со детски џагор, радост и многу насмевки, а најмногу со детска песничка и годинава започнува 23-тото издание на фестивалот „Поточиња“. На 18-ти и 19-ти април во Македонската опера и балет по 23-ти пат на големата сцена ќе блеснат единствените „Поточиња“ и ќе ја донесат омилената детска музичка приказна на сите генерации. Најискрената публика – детската, со нетрпение очекува да дојде викендот во кој песна ги обединува, фестивалот кој еднаш го ...

Од првите звуци на виолината во Нижото музичко училиште во Битола, до создавањето на еден од највпечатливите алтернативни албуми на новата македонска сцена – патот на Атанасија Гулевска е приказна за посветеност, тишина, борба и креативна слобода. Музичкиот проект АТА започнува како соло идеја во 2021 година, а денес прераснува во силен колектив со автентичен звук. По три години работа, експерименти и раст, АТА го објави својот деби албум ...

Институциите кај нас сè уште ја дефинираат „транспарентноста“ преку објавување на нестандардизирани, непрегледни табели и скенирани документи во кои кирилицата и латиницата се мешаат како лош превод. Гоце Митевски реши да го исчисти овој дигитален шум, наместо да чека бирократијата да се дигитализира, тој користи вештачка интелигенција за да ги направи податоците поразбирливи. Така се роди идејата за Регистарот на јавни претпријатија кој ...

Во пресрет на летната туристичка сезона, кога интересот за патувања традиционално расте, разговараме со Александар Чоневски сопственик на туристичката агенција „Игуана“ за актуелните цени, трендови и навики на патниците. Како глобалните случувања влијаат врз изборот на дестинации, што најмногу ги привлекува туристите и дали цената сè уште е пресуден фактор, се дел од темите за кои зборуваме во интервјуто. Воедно, агенцијата оваа година ...

Весна Бруно (61) е име кое веднаш се поврзува со две нешта: безгрешна професионалност како стоматолог и модна храброст која привлекува внимание. Таа е доказ дека зрелоста не е време за да се стане „невидлив“, туку моментот кога личниот печат треба да стане најсилен. Додека нејзината професија бара хируршка прецизност и око за најситните детали, нејзиниот моден израз е сосема поинаков – слободен, храбар и ослободен од сите општествени ...

Иако цените на храната на домашниот пазар засега се одржуваат релативно стабилни, бизнис секторот предупредува дека овој тренд нема да трае долго. Зголемените трошоци за производство, поттикнати од глобалниот раст на цените на енергенсите и суровините, веќе создаваат сериозен притисок врз компаниите, кои сè потешко го апсорбираат ударот. Претседателот на Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски, посочува дека дел од компаниите веќе ...

Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во интервју за Собранискиот канал говореше за личното искуство како млад човек кој се соочил со, како што вели, нефункционалностите на системот и партизацијата при вработувањето. Таа посочи дека по дипломирањето на Факултетот за безбедност, се обидела да најде работа во државни институции, но без успех. Според неа, „јавна тајна“ е дека без поддршка од партија на власт, младите тешко можат да се ...

Воената офанзива на САД и Израел против Иран веќе се претвори во „целосен неуспех“ со сериозни последици за Западот, оценува аналитичарот Петер Хенселер во интервју за турскиот медиум Хариџи. Говорејќи во емисијата „Стратешки компас“, Хенселер тврди дека офанзивата е не само стратешки погрешна, туку и правно и политички нелегитимна, оценувајќи ја како пресвртница што го доведува во прашање функционирањето на меѓународното право. На воен ...

Денес, Сенада Сали е Правен директор на Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC) и професор на Универзитетот во Лил, Франција. Но, зад овие звучни титули стои жена која сопствената биографија ја изградила врз парадокси: помеѓу тешките искуства во детството и младоста и софистицираните дебати пред Судот во Стразбург, помеѓу личните битки со стереотипите и глобалната борба за човекови права. За Сенада, правото не е само збирка на студени ...

Проектот „Бас рапид транзит“, или БРТ (во превод – брз автобуски превоз) се реактуализираше по неодамнешниот состанок меѓу скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и проектниот тим што работи на оваа тематика. Идејата за воведување БРТ, како нов вид јавен превоз во главниот град, со посебни автобуси што ќе се движат по издвоени ленти и нема да заглавуваат во сообраќајниот метеж, е од времето на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, кога се ...

На прагот на туристичката сезона сме полна со неизвесност и многу прашања. Колку е сигурно да се патува? Каде да се патува? Што со раните уплати на аранжмани во земји кои сега се нарекуваат небезбедни? Како ќе се враќаат парите? Како ќе се реши хаосот? Кој е виновен-туристите, агенециите или „виша сила“ ? Од летото не делат денови а одговори на овие и други прашања нема. Нема кој да каже како треба да се постапи, каде е безбедно да се летува, ...

Маја Гогоска е директор на Дирекција за управување со депозити во Халкбанк. Во интервју за еМагазин го потенцира градењето на довербата со клиентите кои се повеќе создаваат навики за штедење, атрактивните каматни стапки на банката кои придонесуваат кон тоа, како и ефикасното управување со кредитната база. Важен дел од работата претставува дигитализацијата на услугите, а дигиталните производи се добро прифатени од клиентите. „Дигиталните ...

Преку извештајот на Томас Вајц, Скопје сака да го заобиколи вториот протокол од Договорот за добрососедство од 2017 година, кој е дел од преговарачката рамка. Извештаите се незаконодавни, необврзувачки, но сепак имаат и морална обврска. И медиумите, како Вие, така и во Република Северна Македонија, ќе зборуваме неколку месеци на оваа тема, додека се заборави и дојде следната година. Ова пред БГНЕС го изјави европратеникот Андреј Ковачев пред ...

Вечерва од 21.15 часот на нашиот Јутуб канал ќе може да ја гледате емисијата „Кафе муабети“ со водителката Виолета П. Периќ. По повод 02. април, светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, гостинка во „Кафе муабети “е Амела Мемиш Апостоловска. Таа е мајка на дете со аутизам, па лично од неа ќе слушнеме повеќе за борбата, но и за спектарот на посебностите што ги има нејзиниот син. Ова е вистинска приказна како за нејзиниот личен ...

Во новото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ како поткаст гостин на денот на шегата 1-ви Април, гостуваше македонскиот актер и стендап комичар Бојан Велевски, кој се смета за еден од пионерите на современата стенд-ап комедија во Македонија. Тој беше дел од првиот бран артисти кои го популаризираа овој формат кај нас, правејќи го мејнстрим во време кога публиката допрва се запознаваше со концептот „еден човек со микрофон“. Беше и првиот ...

Во услови на засилени глобални притисоци врз цените на енергенсите и растечка неизвесност поради геополитичките случувања, Владата разгледува нов сет на мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилизирање на цените. Во најновото издание на емисијата „FinSight“, заменик министерот за економија, Марјан Ристески, откри дека намалувањето на акцизата на горивата е една од опциите што сериозно се разгледуваат како следен чекор, ...

Човекот што ноќе ја разгорува атмосферата зад диџеј пултот, дење со трпение обликува бонсаи како мала животна филозофија, а зад сцената во „Театар Комедија“ тивко ја држи магијата под контрола... Александар Јорданов е името кое несомнено остава длабок белег во сѐ она што го работи и создава. Во разговор за „Точка“ овој млад и ентузијастичен човек, искрено говори за она што е суштинско за него, она без кое не може да си го замисли ...

Грофина Ристова е современа апстрактна уметница чија работа се движи помеѓу тишината, светлината и движењето на енергијата. Нејзините дела се изградени од суптилни слоеви, минималистички форми и внимателно избалансиран простор, создавајќи чувство дека композицијата свети од својата внатрешност. Во овој разговор таа говори за инспирацијата, процесот на создавање и за начинот на кој уметноста може да стане простор на внатрешна тишина и ново ...

Што се случува кога во едно скопско кафуле, со мирисот на ладно нескафе, ќе се вкрстат византиските маками и викиншките саги? За Џулијан Мишиќ, музичар со норвешка дисциплина и македонско срце, овој „обичен муабет“ со македонскиот музичар Дориан Јовановиќ пред десет години стана семе за проект кој денес ги помирува световите. Неговиот албум „Ќерките на двајцата кралеви“ (Two Kings’ Daughters) е повеќе од музика, тоа е духовен мост изграден од ...

Најголемиот предизвик е да не се оштетат граѓаните кои уплатиле аранжмани по повластени цени со рана резервација, особено затоа што во случај на откажување тие средства не подлежат на поврат. Поради тоа се апелира туристите да не ги откажуваат аранжманите за дестинации каде што ситуацијата се одвива нормално, со цел граѓаните да не сносат финансиски последици, вели во интервјуто за „Локално“ Ана Марија Алексова Малева, претседател на ...

Секоја нова вест од Блискиот Исток ги поместува глобалните пазари за неколку проценти во еден ден, а инвеститорите се прашуваат како да се зачува вредноста на капиталот и како да се препознае можност таму каде што другите гледаат ризик. Војната во Иран, ценовните шокови кај енергенсите и неочекуваните движења на цените на златото и среброто отвораат многу дилеми. За овие актуелни побаравме одговор од Гоце Новачевски, Портфолио менаџер во КБ ...

Во новата епизода на FinSight разговараме со Владимир Деспотовски од ВФП Фондови за тоа како се избира соодветна инвестициска стратегија и кои се клучните фактори при носење на инвестициски одлуки. Според него, основата на секоја инвестиција е правилната проценка на ризикот што клиентот е подготвен да го прифати. „Нашите инвестициски агенти токму тоа го анализираат – инвестицискиот профил на клиентот и неговиот капацитет за прифаќање ризик“, ...

Во најновото издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски како поткаст гостинка „душата ја отвори“ македонската фолк ѕвезда, пејачката Стојне Николова. Атрактивниот, заводлив изглед и неодоливиот сексапил особено огледани во провокативните фотосесии и возбудливите видеоспотови, ќе направат песните како „Око мое“, „Камионџија“, „Новата јас“, „Лоша“… да станат хитови, а таа една од најпосакуваните и најбарани естрадни фолк ...

Во услови на зголемена економска неизвесност и притисоци од растечка инфлација, граѓаните сè почесто се соочуваат со дилемата – дали да ги чуваат заштедите во банка или да ги вложат во инвестициски фондови со цел повисок принос. Оваа тема е во фокусот на најновата епизода од емисијата FinSight, каде гостува Владимир Деспотовски од ВФП Фондови. Во разговорот се отвораат клучните прашања за управување со личните финансии во турбулентни времиња, ...

Весна Чипчиќ во осумдесеттите години од минатиот век важеше за една од најубавите актерки во Југославија, а нејзината заразна насмевка и енергија редовно беа тема во медиумите. Се прослави по улогата во култната серија „Жежок ветар“, а тогаш со нејзиниот партнер од серијата, Љубиша Самарџиќ, ја освоија наградата за најдобар актерски пар во 1980 година, а денес полни 72 години. По улогата што ја прослави, Весна оствари забележителни улоги во ...

Таа е стратег на умот кој своите најголеми битки ги води во тесниот, но пресуден простор помеѓу живата мисла и нејзиниот израз. Станислава Антевска е еминентен професионалец, магистер специјалист по клиничка логопедија и редок експерт кој повеќе од две децении директно се соочува со една од најтешките состојби во медицината – афазијата по мозочен удар. Кога неможноста да се изусти зборот често значи и целосен прекин на врската со светот, таа ...

Андреја Исаиев и Виктор Михајловски се добро познати имиња во тениските кругови во нашата земја. Како големи пријатели и вистински тениски ентузијасти, тие стојат зад успешната приказна на тенискиот клуб Мондано, кој повеќе од една деценија континуирано и посветено работи со млади таленти. Нивната визија, енергија и љубов кон спортот придонесоа Мондано да стане место каде што децата не само што учат тенис, туку ја развиваат спортската ...

Дечињата од градинката „Виножито“ од Струмица имаа ретка и вредна можност да ѕирнат зад кулисите на модната индустрија, посетувајќи го производствениот погон на најдобриот македонски моден бренд ELENA LUKA. Лоциран во Струмица, овој современ центар за изработка не е само фабрика, туку вистинска креативна лабораторија во која идеите добиваат форма, а дизајнот се претвора во уметност. Опремен со најсофистицирана технологија за кроење и шиење, ...

Споделете со пријателите! Интервју со: м-р фарм. Филип Ачкоски (Top Edukator) | www.topedukator.com „50>100“ е продолжение на „50=100“ и практичен водич со 50 јасни здравствени совети, чек-листи и доказно-базирани препораки за најчестите здравствени состојби, исхрана, имунитет, хронични болести, женско и детско здравје. Авторот Филип Ачкоски е м-р по фармација со 20-годишно регионално искуство во фарма индустријата и основач на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
88%
1019
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
74%
1019
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
0.51
86%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 10ᴼ
0.51
53%
1020
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.46
77%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 9ᴼ
0.51
99%
1021
weather icon

Атина

19ᴼ / 16ᴼ
7.6
60%
1013
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.57
77%
1016
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
77%
1016
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
66%
1021
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
73%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
71%
1019
Currency

61.6317

Currency

52.2925

Currency

70.8614

Currency

37.3376

Currency

37.9756

Currency

66.8358

Currency

7.67058

Currency

0.68918

Currency

0.32889

Currency

0.52468

Currency

1.1686

Currency

0.55984

Калај

49.73

Цинк

3.30

Родиум

319899.93

Бакар

12.25

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.57

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Платина

67484.42

Рутениум

56199.51

Паладиум

50080.60