Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
На 7 август 2026г. -петок од 20.00 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на фотографии и дигитални дела “ДОМА – МЕЃУГЕНЕРАЦИСКИ ДИЈАЛОЗИ ЗА ДЕНОТ И НОЌТА“ – колаборативен проект на Александра Ацеска и Илија Ацески (ќерка и татко). Изложбата е визуелен дијалог во кој се откриват две перспективи на поглед кон светот. И од тука лежи една фундаментална тензија. Едената перспектива, на Ацеска е аспект од ...
Националниот конзерваторски центар како дел од Годишната програма за остварување национален интерес во културата на Министерството за култура и туризам за 2026 година го реализира проектот „Истражувачки работи и испитувања во функција на изработка на градежно-конструктивнен проект за реконструкција на објектот – Стара училишна зграда, с. Подвис, Кичевско – II фаза“. Овој објект има посебно историско значење од периодот на ...
Во рамките на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во црквата „Света Софија“ ќе се одржи Холандската вечер, на која ќе настапат виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким. Ниек Бар важи за еден од најистакнатите холандски виолинисти од својата генерација, познат по харизматичните и впечатливи изведби на најзначајните светски сцени, меѓу кои Филхармонијата во Берлин, „Концертгебау“ во Амстердам, „Гевандхаус“ во Лајпциг, ...
Галичник филм фестивал ги објави добитниците на наградите на овогодишеното издание на фестивалот. Гран При наградата му припадна на филмот „Што ако бомбардираат овде вечерва“ на режисерот Самир Сиријани од Либан. Наградата за најдобар игран краткометражен филм ја доби „Жигосување“, за ајдобар документарен краткометражен филм – „Кобила-авион“ а за Најдобар анимиран краткометражен филм, филмот „Живот кучешки“ За најдобра актерка е прогласена ...
Македонскиот краткометражен филм „Никола, Никола“ во режија на Леон Ристов, е меѓу годинашните добитници на студентскиот грант Национален одбор на критиката 2026– признание што го доделува една од најреномираните американски филмски организации за исклучителни студентски филмски проекти. Иако филмот не ја освои наградата за најдобар филм, грантот претставува значајно признание за авторската визија и квалитетот на проектот, како и поддршка за ...
Камерниот оркестар „Профундис“ утревечер (6 август) од 21 часот ќе одржи концерт со свеќи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во рамките на 66. издание на Охридско лето. Специјален гостин ќе биде светски познатиот виолинист од Србија, Стефан Миленковиќ. Ќе диригира маестра Ѓурѓица Дашиќ, Концертот ќе се одржи во амбиент осветлен со илјадници свеќи, концепт кој во последните години стана еден од најпопуларните светски формати за изведба на ...
На јавниот повик на „Матица македонска“ може да се пријават училишни и локални библиотеки и јавно достапни библиотечни фондови, а библиотека може да предложи и секој што е запознаен со нејзините потреби Уште до петок, 7 август, трае пријавувањето на јавниот повик „Каде недостигаат книги за Македонија?“, преку кој „Матица македонска“ ќе подари фонд од 35 книги на една библиотека, во рамките на програмата „Зад датумот – овој Илинден, Македонија ...
Над 560 илјади евра ќе чини санацијата и репарацијата на делови и позиции во Македонскиот народен театар (МНТ). Според договорот објавен на Бирото за јавни набавки (БНЈ), тендерот за санацијата и репарацијата ја добила фирмата „Мартин инженеринг“ од Скопје, а рокот за изведување на работите е една година. Согласно податоците, вкупната вредност на сите санации изнесува 34.883.514,00 денари со ДДВ, што е приближно 567.212 евра. Објектот во ...
Проф. д-р Кристоф Бенедиктер, претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори и еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и промотори на академската и културната соработка, е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, што во чест на делото на Свети Климент Охридски ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Наградата на Бенедиктер му се доделува како признание за исклучителниот негов ...
Задоволство ни е да споделиме дека во недела, 9 август, од Охрид започнува музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија!, информираа од Авалон. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од изминатите три и пол децении! Во пресрет на 8 ...
MakeDox – фестивалот за креативен документарен филм Ве поканува на својата годишна фиеста, кој оваа година ќе се одржи од 20 – 27 август, посветен на една од нашите најзначајни филмолози и филмски критичарки, основополжници на Кинотеката, Илинденка Петрушева, нашата Бабе, голем сонувач, но и борец, која додека живееше на Земјата, празнуваше роденден на ден денешен… Нека и е вечен споменот! Во продолжение текстот за годинешното издание на 17. ...
НУ Музеј-Куманово, под покровителство на Министерството за култура и туризам и Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во комплетна организација на Уметничката галерија и Фондацијата за култура и спорт – Куманово, ќе ја реализира 52 -та, интернационална ликовна колонија „Куманово 2026“ со 13 гости-учесници, ликовни автори од повеќе земји: Хрватска, Србија, Романија, Бугарија и секако од Република Македонија: Александар Џинго, Ферди ...
Со излегувањето од печат на поетскиот и духовен еп „Крстот на Охрид и Светлината на Вечноста“, авторот проф. д-р Зоран Пејковски го збогатува својот богат и плоден книжевен опус со своето 70-то книжевно дело – дело со исклучителна духовна, историска и поетска димензија. Овој грандиозен поетски еп е посветен на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Чуварот на Светата Охридска Архиепископија и на Апостолското ...
РТВ Словенија нема да го прикажува наградуваниот хрватско-словенечко-литвански филм „Зајачки насип“ („Зечји насип“) на режисерката Чејен Черниќ Чанак, кој досега е прикажан на повеќе од 50 меѓународни фестивали и освои повеќе значајни признанија. Овој филм е реализиран со поддршка на Словенечкиот филмски центар и затоа филмската јавност смета дека е чудна одлуката на јавниот словенечки сервис, објавија хрватски и словенечки медиуми. „Зајачки ...
Десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим шорт“, ќе се одржи од 5 до 9 август во Струга. Главната програма на фестивалот ќе се одржи во Паркот на поезијата, додека останатите настани се распределени во ЕУ хаус Струга, мезе-бар „Кингстон“ и кафе-бар „Дуќан“. „Оваа година не славиме само јубилеј. Ги славиме сите капки слеани во ова наше езеро – секој автор, секој филм, секој гледач, секој волонтер. Ниту една приказна не се ...
– Во уметноста нема брзи победи. Секоја сериозна кариера се гради со години, а понекогаш и со децении. Најтешко е кога доаѓате од мала земја во која уметникот често мора сам да биде и автор, и организатор, и менаџер, и промотор. Меѓународната кариера бара многу повеќе од талент – бара истрајност, континуирана работа и постојано присуство на меѓународната сцена. Имало и одбивања, и разочарувања, но секое од нив ме мотивирало да работам уште ...
Македонскиот режисер Милчо Манчевски сними документарен филм за трагедијата во Кочани, во кој главниот збор им го препушта на преживеаните, семејствата на загинатите и луѓето што помагале по пожарот во дискотеката „Пулс“. Филмот „Добри луѓе“ е снимен само еден месец по трагедијата од март 2025 година, во која загинаа 63 лица. Манчевски во интервју за белградски „Данас“ вели дека сакал директно да ги забележи болката, мислите и чувствата на ...
„Охридско лето“ го слави својот роденден, а дирекотор на Фестивалот, еден од најистакнатите вокални уметници на нашата сцена, тенорот Ѓорѓи Цуцковски, споделува ексклузивни рефлексии за магијата на овој фестивал. Како уметник кој со години ја освојува публиката на сцените на Античкиот театар и „Света Софија“, Цуцковски во ова интервју зборува за емоцијата, одговорноста и престижот да се биде дел од традицијата која повеќе од шест децении го ...
Српската диригентка и текстописец Билјана Брун ја загуби битката за живот, а веста за нејзината смрт растажи многу пријатели и колеги кои од неа се збогуваат со емотивни пораки. Со години Билјана беше диригентка на детскиот хор што го водеше заедно со Леонтина Вукомановиќ, а со својата работа остави голема трага на растењето бројни генерации. Покрај музиката, Билјана Брун се занимавала и со гласовна глума, позајмувајќи го својот глас во ...
Во Културниот центар „Баци“ на грчкиот остров Андрос, е отворена изложбата „Хербариум на Егејот“, на којашто се претставени дела на уметници од четири земји, а учествуваат и нашите уметници Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов. Во текот на јуни 2026 година, здружението за уметност „Амалија Гарденс“ ја организираше својата трета уметничка резиденција на островот Андрос, обединувајќи седум уметници: Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов од ...
Хрватскиот поп-пејач Јаков Јозиновиќ го преполни Античкиот театар вчера (3 август) на неговиот прв концерт во Охрид. Полни беа локалите над Антички, а луѓе имаше насекаде околу театарот. „Ова досега не сум го видел“, ѝ рече Јозиновиќ на публиката, која го пречека со вресоци. Ова е втор концерт на најголемата млада регионална поп-ѕвезда во Македонија. Во април, тој имаше концерт во Скопје и потоа вети дека до концертот во Охрид ќе му излезе ...
Во летните месеци, кога се движиме низ урбаните средини, инстинктивно бараме места каде што има повеќе сенка, особено во најтоплите периоди од денот. Нормално, тоа го правиме под точната претпоставка дека таму ќе биде поладно отколку ако се движиме директно изложени на сонце. Решивме да го тестираме ова на неколку локации низ Скопје со термометар за домашна употреба, со можност за мерење на две места. На 14 јули околу пладне меревме ...
Струга, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Капка по капка – езеро“ утревечер во Струга започнува 10. фестивал за краток филм „Drim Short Film Festival 2026“. Фествалот ќе трае до 9 август, а и годнава ќе донесе филмови во интернационална, регионална, национална и студентска конкуренција, работилници, мастеркласови, плус делот „Справување со минатото“, холандска вечер, дневни сесии со прашања и одговори, но и музичка програма. – Десет ...
21. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе биде отворено вечерва во 20.30 часот во Амфитеатрот во Струмица. На актерката Синоличка Трпкова ќе и биде врачена наградата „Астер“ за придонес во филмската уметност. Наградата ќе и ја врачи градоначалникот на Струмица, Петар Јанчев. Првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше ...
Украинскиот пијанист Вадим Холоденко, кој има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти, вчеравечер имаше пијано-рецитал во црквата „Света Софија“ како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“. Неговите настапи се препознаени по техничката прецизност, динамичните интерпретации и внимателното градење на музичката драматургија. Во досегашната кариера настапувал како ...
Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години од своето постоење со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ и свечен концерт во црквата „Света Софија“. Монографијата, чии автори се Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски, е посветена на 100-годишнината од раѓањето на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ, која на 4 август 1961 година го означи почетокот на фестивалот со својот солистички рецитал. Промоцијата ќе ...
Фестивалската треска полека го обзема градот, па во тоа име и едно изненадување за сите љубители на BOOKSTAR! Во склоп на програмата, но пред официјално да започне Фестивалот, во Скопје ни доаѓа Леа Ипи!, соопшти Антолог. „Жена која не се плаши да го сподели своето мислење, носејќи го Балканот и нејзиното детство на овие простори како уникатен беџ низ животот, но и низ творештвото. Прогласена за една од десетте најважни мислители на модерното ...
Од 3 до 9 август 2026 година во Скопје се одржува седмото издание на Флипбук филм фестивал, кое годинава првпат се проширува на седум фестивалски дена и три локации – КОТУР, Кинотеката и просторот „Sе“. Во шесте фестивалски селекции ќе бидат прикажани вкупно 185 анимирани филмови: 27 филмови во главната конкуренција, 31 во студентската, 13 анимирани документарни филмови, 25 анимирани музички видеа, 53 филмови во Европската панорама и 36 ...
Роџер Вотерс објави нова верзија на „Comfortably Numb“, една од најпознатите класици на „Пинк Флојд“, снимена во соработка со палестинската пејачка Мона Миари. Новата интерпретација носи сосема поинаква атмосфера во однос на оригиналот од 1979 година. Наместо препознатливото гитарско соло и раскошната продукција, Вотерс се одлучи за поедноставен аранжман кој се фокусира на вокалната интерпретација и емотивната порака на песната. Според него, ...
На 19 август со почеток во 21 часот во НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес – Мала сцена свој концерт ќе одржи „Пијан Славеј Трио“. „Пијан Славеј“ е авторски музичко-поетски формат на Бранислав Николов, заедно со Пеце Брада Трајковски и Славчо Јовев (тројцата членови на култната група „Фолтин“). Во срцето на овој проект е идејата да се креира една нова македонска шансона, која инстинктивно го осовременува стариот вкус на ...