Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Возило за копнени услуги, „Фиат Панда“, се судри со приватен авион на платформата на аеродромот Линате во Милано. Инцидентот се случи во понеделник, 10 август, околу 11:20 часот, додека авионот се движел кон пистата откако добил дозвола од контролната кула. Авионот, „Хокер Бичкрафт 400XP“, бил удрен во предниот дел од возилото, кое ѝ припаѓало на компанијата што обезбедува копнени услуги на аеродромот. И авионот и возилото претрпеле штета, ...
Неколку невладини организации за човекови права поднесоа тужба против Доналд Трамп поради санкциите што неговата администрација ги воведе врз претставниците на Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Во февруари 2025 година, американската администрација под водство на Доналд Трамп воведе санкции врз претставниците на Меѓународниот кривичен суд (МКС) со седиште во Хаг, Холандија. Сега, неколку групи за човекови права поднесоа тужба против ...
„СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет“, вели Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар. „Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за ...
„Пет недели Гостивар нема безбедна вода за пиење. Во повеќе од 50 населени места низ државата водата не е безбедна. Во околината на Рашче тлее нова потенцијална еколошка и здравствена катастрофа. Загадена е водата за пиење и во Свети Николе – утврдени се микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа“, велат од СДСМ. „Затруени се реките Тополка и Бабуна, бела хемиска материја имаше во реката Лепенец и Вардар. Граѓаните од цела ...
ДУИ денес повторно се обиде да конструира афера таму каде што има јавно пријавени, законски и целосно проверливи инвестиции. Од податоци што Недим Рама самиот ги пријавил во ДКСК, партијата која две децении создаваше семејни бизнис-империи состави соопштение со многу прашања, но без ниту еден доказ, реагираат од Влен на соопштението на ДУИ. Велат дека Недим Рама го пријавил својот имот, а дека ДУИ се крие зад соопштенија составени од ...
„Кога станува збор за СДС и актуелното раководство, другарите на Венко Филипче секојдневно сведочиме на лаги, манипулации, ширење на паника, како и наменско креирање на инциденти за да привлечат внимание“, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Во нивни стил за доаѓање на власт, во Ново Село пуштија лица кои се насилници, корисници на наркотични средства да направат инцидент. Тоа беа лица со криминални досиеја роднини на ...
По екстремниот топлотен бран, Тирол, Австрија, е погоден од обилни дождови и бројни лизгања на земјиштето. Метеорологот и климатолог Андреас Јагер вели дека ова повеќе не се изолирани феномени, туку знаци на нова климатска реалност. Според Јагер, таков јуни не е забележан од почетокот на милениумот. Тој го опишува неодамнешниот топлотен бран, заедно со оној од 2015 година, како меѓу најинтензивните некогаш забележани, при што повеќе од ...
Во Сицилија, Италија, Етна се смета за речиси задолжителен дел од маршрутата на секој турист. Сега, сепак, најактивниот вулкан во Европа ги претвора одморите на многу луѓе во вистинско искушение. Поради најновата ерупција, која трае од петок (07.08.2026), неколку илјади туристи се заглавени на италијанскиот медитерански остров . Како резултат на облаците од вулканска пепел на небото, воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија беше целосно ...
Епидемија на западнонилска треска е прогласена во општините Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и зафатени населби како Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери. Од вирусот досега се заболени 26 лица, а еден пациент починал. Од Министерството за здравство велат дека нема место за паника и апелираат да се почитуваат мерките за лична заштита од западнонилска треска. Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски, ...
Антонио Вентре (82) стана необична ѕвезда во Неапол благодарение на фотографијата на која позира гол со гради, со тетоважа „Tutto passa“ („Сè поминува“). „Мојата фотографија го обиколи светот! Бред Пит дури ми ја испрати во приватна порака. Понекогаш, особено во лето, морам да ја држам кошулата на себе за да имам малку мир и тишина, во спротивно ме замолуваат да позирам цел ден“, рече Антонио Вентре, 82-годишен човек од Неапол , кој стана ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со својот тим, денес изврши увид во тековните градежни активности во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, каде што интензивно се одвива доградбата на училиштето, како и во активностите за унапредување на системот за греење со топлински пумпи. Во рамките на доградбата се гради целосно нов дел од училиштето, кој ќе располага со шест нови училници и две помали канцеларии. Со реализацијата ...
„Денеска е Меѓународен Ден на младите! Силен потсетник за значењето на младите, најголемиот потенцијал на една држава. Тие се прогресивната сила – двигатели на развојот, носители на иднината. Во нормалните држави владите се фокусирани на создавање подобри услови за младите, подобро образование, работни места, достоинствени плати и сигурен живот, за младите да останат во својата држава“, кажа Трајче Стојчевски, претседател на СДММ. „За жал, ...
УХМР за наредните денови најави пороен дожд, грмежи и локално невреме. Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени, информира УХМР. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата. УХМР за наредните денови најави пороен ...
Климатските промени и високите температури што го зафатија регионот ги принудуваат земјоделските работници во Северна Македонија да го променат својот начин на работа. Поради екстремната топлина во текот на денот, што ја оневозможува работата на полињата, одгледувачите на тутун почнаа да ги берат своите производи во доцните ноќни часови и раните утрински часови. Опремени со фенери, земјоделците работат во темнината на ноќта за да соберат ...
Британската актерка Луси Дејвис (53) одлучи јавно да проговори за својата борба со сериозна болест, откривајќи дека пред година и пол ѝ бил дијагностициран рак на дојка во четврта фаза, кој се проширил на коските. Иако болеста е неизлечива, Луси Дејвис истакнува дека сака преостанатото време да го помине што е можно поисполнето , со хумор, работа и активности што многу ѝ значат. „Здраво пријатели. Сакав да споделам со сите вас нешто што го ...
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување. „Денешната акција е фокусирана на сузбивање на ларвите, при што специјализираните екипи на терен вршат прскање со соодветен ларвицид во сите критични точки, каналите, застоените води и влажните места ...
„ДПМНЕ повторно се обидува економската состојба во државата да ја сведе на неколку внимателно одбрани проценти, наредени во партиска графика и ослободени од секој контекст што би можел да им ја расипе приказната. Оние бројки што ДПМНЕ намерно ги премолчува кажуваат многу повеќе од самофалбите што ги сервираат. Впрочем, нема потреба ни од посебни анализи, доволно е да се прашаат граѓаните дали ги чувствуваат вмровските економски успеси или ...
Додека граѓаните пет недели чекаат чиста вода има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. Уште поалармантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени, изјави Кети Штерјова од СДСМ. „Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето се уште не е ставен под контрола. Пет недели Гостивар е отруен. Пет ...
Една ескорт дама составила список на мажи од различни професии и го дала своето мислење за тоа кој е најдобар во кревет. Австралиската ескорт дама Катја Кортез составила листа на занимања за кои тврди дека ги прават најдобрите љубовници меѓу мажите. Кортез (28) вели дека во текот на нејзината кариера запознала мажи од различни професии и ги сумирала своите набљудувања во листа од четири занимања. Таа верува дека одредени работни места им ...
Високите температури бараат дополнителна претпазливост кога станува збор за храната што ја носиме на плажа, на патување или на долг престој во природа. Прехранбените производи како што се јајца, млеко и млечни производи, месо и риба не треба да се носат без соодветна торба за ладење. Нутриционистката Тијана Младеновиќ советува дека, ако немаме ладилник , едноставно да ги избегнуваме овие намирници . „Торба за ладење не е луксуз, туку ...
Во 2025 година, Полска стана шестата најголема економија на Европската Унија, со номинален бруто домашен производ од 922,9 милијарди евра. Со ова, оваа земја создаде 4,9 проценти од вкупното економско производство на ЕУ. Според податоците на европската статистичка служба објавени од „Еуроњуз“, само Германија, Франција, Италија, Шпанија и Холандија се пред Полска . Полска ги престигна Белгија, Шведска, Ирска и Австрија во однос на големината ...
За помалку од еден час, објавата на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез по нивната венчавка достигна речиси пет милиони лајкови. По денови, па дури и недели шпекулации за венчавката на Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез , конечно се случи! Двојката ја шокираше јавноста со објава на Инстаграм во која потврди дека го кажале своето судбоносно „да“. Тие објавија фотографија на која се гледаат златни венчални прстени на рацете, а покрај ...
Полициските службеници изминатите два дена констатираа 1.322 сообраќајни прекршоци, а 32 лица се уапсени за безобѕирно управување на возило. „Во текот на изминатите два дена (10/11.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.322 издадени платни налози, 400 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале ...
Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија, велат од ДУИ. Од таму наведуваат дека Рама пријавил акции во големи странски компании, меѓу кои и во германската компанија Mercedes-Benz Group AG. Но, велат од ДУИ, клучниот проблем е датумот. „Според неговото сопствено ...
Соопштението на СДС и Филипче утрово за семејниот одмор на премиерот Мицкоски е пример за тоа како делува талогот во СДС на ниски страсти и сеење на омраза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ. „Гостивар вода за пиење ќе има, наспроти стотиците сокриени случаи на загадена вода кога Венко како министер не реагирал и мува не го лазело. Но кога сме кај одморите чесно е СДС да каже каде е Венко Филипче на одмор? Под А. Венко е на ...
По повод Меѓународниот ден на младите, младинската група на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“ преку герила акција во Скопје го изразува својот револт од, како што велат, сè поголемата присутност и нормализација на коцкањето и обложувањето во секојдневието на младите. „Казина, обложувалници, онлајн платформи и реклами што ветуваат „брза добивка“ се лесно достапни во ...
Брук Шилдс повторно го привлече вниманието на јавноста, но овој пат не станува збор за филм или гламурозен настан. Актерката и поранешна супермоделка стана хит на социјалните мрежи откако учествуваше во виралниот тренд на TikTok заедно со нејзината ќерка Грир Хенчи. Дваесетгодишната Грир реши да се пошегува со својата мајка преку формат во кој учесниците си фрлаат имагинарни навреди и провокации едни на други. Дојде редот на изгледот, ...
Над 400 извештаи за загадена вода а Филипче и Младеновска со години молчеле, Гостиварци заслужуваат да знаат зошто СДС и Филипче ништо не превзеле, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Венко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не превзеле никаков чекор иако знаеле за загадената вода во Гостивар. Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, повторно се обидува преку ПР-соопштенија да ја смени суштината на дебатата околу спорниот Нацрт-ДУП за Барутана, претставувајќи ја задолжителната јавна анкета како доказ дека граѓаните наводно „директно се вклучени во одлучувањето“. Но, јавната презентација и јавната анкета се законски предвиден дел од постапката за донесување на урбанистички план и не претставуваат никаква посебна ...
Астролошки гледано, до крајот на август, Скорпиите влегуваат во период на големи превирања во сите области од животот. Сончевите и лунарните затемнувања и силните планетарни влијанија ги отвораат темите за завршетоци, ослободување и соочување со вистината. Скорпиите може да имаат чувство дека она за што долго време се бореле се распаѓа, но ѕвездите велат дека исчезнува само она што повеќе нема цврста основа. Скорпиите би можеле да се соочат ...