ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ НЕИЗВЕСНОСТ И МАКИ НА ГОРЕШТИНИТЕ Водата за пиење во Гостивар, конечно, е прогласена за безбедна, по повеќе од еден месец неизвесност. Здравствените власти потврдија дека водата е микробиолошки и физичко-хемиски исправна и најавија дека и во периодот што следува ќе се прават три мерења за квалитетот на водата во Гостивар неделно. На жителите на Гостивар им препорача да ја остават водата да истече неколку секунди, ...

За една недела, втор смртен случај од вирусот западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Почина 72-годишен маж кај кого била утврдена и клиничка слика на менингитис. На Клиниката во моментов се хоспитализирани 24 пациенти, од кои неколкумина се на механичка вентилација. Пред неколку дена, од вирусот почина 83-годишен маж од Скопје, кој бил лекуван на Инфективна. Кај пациентот биле присутни и вкочанетост на вратот и ...

Остатоци од птица се пронајдени во моторот на авионот „боинг 737 НГ“ на „Рајанер“, во кој патник беше делумно вовлечен низ скршен прозорец кратко по полетувањето од Грција во јули, објави Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (НТСБ) на САД. Одборот го истражува инцидентот во кој се одвои дел од моторот од авионот и скрши прозорец, низ кој за малку ќе излеташе патник од Србија. Авионот, кој летал кон Германија, тогаш го загубил ...

Жозе Мурињо мораше да ги земе работите во свои раце и да им „објасни“ некои работи на челниците на Реал (М). Ендрик би можел да има многу поважна улога во Реал (М) оваа сезона отколку што се очекуваше претходно, а зад таквото сценарио, според информациите што ги даде „Диарио АС“, се крие интересен став на Жозе Мурињо. Португалецот, кој и во минатото раководеше со „кралскиот клуб“, верува дека младиот Бразилец може да биде многу важен играч во ...

Европското првенство во пливање во Париз донесе неколку извонредни резултати и нови рекорди. Романецот Давид Поповичи го освои златото на 100 метри слободен стил со време од 46,56 секунди, нов рекорд на шампионатот. Среброто му припадна на Русинот Егор Корнев со 46,76, додека бронзата ја освои Унгарецот Кристоф Малик со 46,87. Италијанката Сара Куртис триумфираше на 50 метри грбно, но постави и нов светски рекорд. Во финалето, таа исплива ...

Одлуката на Итан Томпсон да ја напушти Индијана пејсерс и да ја продолжи кариерата во Партизан предизвика големо изненадување во американската јавност. Дваесет и седумгодишниот бек минатата сезона успеа да изгради солиден статус во НБА-тимот и да ја добие довербата на стручниот штаб. Сепак, наместо да се обиде да се избори за место во ротацијата и во следната сезона, реши да направи голем пресврт. Условите за неговиот трансфер во Партизан ...

Новак Ѓоковиќ е во јавноста со години, а љубителите на тенисот се добро запознаени со неговата борбеност, упорност и емоциите што ги покажува на теренот. Сепак, неговата сопруга, Јелена Ѓоковиќ, знае сосема поинаква страна на еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Јелена неодамна одговори на интересни прашања од нејзините следбеници на социјалните мрежи, а едно од нив беше за Новак. Јелена беше прашана со кој литературен херој може да ...

Готовината е сè уште најшироко прифатениот метод на плаќање на физичките продажни места во еврозоната, и покрај силниот раст на мобилните и на другите дигитални плаќања, според нова студија на Европската централна банка (ЕЦБ). Според резултатите објавени денес, 92 проценти од компаниите што продаваат стоки и услуги на физички локации прифаќаат готовина, во споредба со 90 проценти во 2024 година. ЕЦБ проценува дека ова го запрело падот на ...

Македонските превозници да не подлегнуваат на „пропаганда“ што, главно, доаѓа од Србија, во услови кога превозниците од земјите од Западен Балкан повторно предупредуваат дека би можеле да ги блокираат граничните премини кон земјите од Шенген-зоната. Ова го изјави министерот за транспорт, Александар Николоски, кој претходно рече дека Владата веќе има постигнато билатерални договори со Романија, Хрватска и со Швајцарија за долгорочни ...

Поставувањето и ставањето во функција на новиот АТМ- систем во М-НАВ ќе овозможи повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на М-НАВ и на контролната кула на Скопскиот аеродром. Значењето на модернизацијата е уште поголемо поради значителниот раст на воздушниот сообраќај над Македонија. Според ...

Песната има и прекрасен видео спот снимен на едно од најзначајните археолошки наоѓалишта во Македонија – во Стоби. Посебно треба да се истакне дека додека го гледате спотот, нема да можете да се воздржите од силниот наплив на емоции. Во спотот синовите на Елена, се дел од оваа приказна. Одличната Елена Андоновска деновиве ја претставува својата нова песна „Синови македонски“, музичка приказна посветена на љубовта кон татковина Македонија, ...

Во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска беше отворен Центарот за дневен престој за лицата со попреченост од 14 години, па нагоре. Центарот го отворија заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Во овој Центар корисниците ќе добиваат психолошка и стручна поддршка, ќе учествуваат во едукативни, креативни и рекреативни активности, ќе развиваат ...

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска ги прими младите ракометарки од училишната екипа „Астра“ при ООУ „Тихомир Милошевски“, кои остварија извонреден успех на спортските игри за млади – „Плазма“, освојувајќи го првото место на државно ниво во ракомет. Со овој резултат, младите спортистки од Ѓорче Петров се изборија за учество на меѓународното финале во Сплит, каде што ќе ја претставуваат Македонија и ќе се ...

Аеродром добива нови простори за спорт, рекреација и активен живот. Во паркот „Патрик“ е поставена првата од вкупно петте нови фитнес-зони што ги планира Општина Аеродром за оваа година, со што продолжуваат активностите за создавање современи и достапни услови за физичка активност на отворено. Во следниот период, ќе бидат поставени нови фитнес-зони и во Острово, Ново Лисиче, Тодор Чангов и во Долно Лисиче, со што граѓаните од повеќе населби ...

Живко Поповски-Цветин, македонски уметник и хуманист, изработи 35-метарска мироцветна патека по повод три и пол децении македонска независност. Оваа цветна патека, според него, претставува симбол на мирољубивиот македонски народ и сите народности што живеат во Македонија. – Во сите овие триесет и пет години, како македонски народ, покажавме и докажавме дека чекориме по цветната патека на мирот. Ние сме мирољубив народ, кој создава ...

Од Јавното претпријатие за државни патишта објаснија дека се санира горниот строј на мостот, при што ќе се изврши отстранување на постојните дилатациски фуги, сливници, асфалт, ограда и тротоари. Потоа ќе се постави нова бетонска плоча, хидроизолација на мостовската конструкција, ќе се асфалтира козловозот, ќе се изградат нови тротоари, а ќе се постави и нова ограда. Во текот на изведувањето на работите, сообраќајот ќе се регулира со ...

Освен силните ветрови, главните причини за ширењето на катастрофалниот пожар во Омиш се и човечката глупост и невнимание, што го потврдува и снимка што се појави на социјалните мрежи! Имено, на пат полн со автомобили и мотоцикли, се гледа возило целосно зафатено од пламен. Додека другите возачи му свират да застане, искри од пожарот на неговиот автомобил летаат наоколу, зголемувајќи го ризикот од ширење на пожарот. Au brate, tragikomedija… ...

Полицијата денеска околу 13:30 часот пронашла тело на лице додека вршела увид во изгорената површина, соопшти Сплитско-далматинската полиција. „Ве известуваме дека при увидот на изгорената површина околу 13:30 часот, полициски службеници пронајдоа тело на едно лице. На местото на пронаоѓањето на телото ќе се спроведе истрага, предводена од надлежниот државен обвинител со помош на полицијата“, соопшти Сплитско-далманската полициска управа. Ова ...

Сивири полека се враќа во нормала утрото по драматичната ноќ, но работата на пожарникарите сè уште не е завршена. Чадот и пламенот можеби повеќе не се глетката што ја обележа претходната ноќ, но преостанатите жаришта и силните ветрови значат дека претпазливоста сè уште мора да биде од најголема важност. На Халкидики повеќе нема ниту еден активен противпожарен фронт, но пожарникарите сè уште гаснат бројни жаришта во веќе изгорената област, ...

Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи. Претходно за најновите информации поврзани со водата за пиење од гостиварскиот водовод седница одржа Главниот штаб за управување со кризи. ИЗДВОЕНИ Македонија официјално кандидат за домаќин на ЕП во ракомет 2034 Комарци и канали полни со застојана вода ...

Од вчеравечер, на плоштадот во Валандово, се изложени новите уметнички дела што настанаа како дел 29. Меѓународна ликовна колонија, во организација на Домот на културата „25 Мај“ – Валандово. Од Општина Валандово информираат дека на ликовната колонија, која се одржа изминатава недела, учествувале уметници од Македонија, Турција, Грција, Албанија и од Бугарија. – Нивните дела ќе бидат дел од уметничкото богатство и сопственост на градот ...

Во Куманово, во тек е реконструкцијата на капелата во гробиштата. Станува збор за проект што е во вредност од 36 милиони денари, а се реализира преку Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија. – Ова е проект за кој аплицираше Општина Куманово директно во Министерството за транспорт и врски. Избраните изведувачи сега ја реализираат целосната реконструкција на капелите и партерното уредување. Верувам дека ќе завршат ...

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот Инспекторат и надвор од утврденото работно време. Со оваа одлука, инспекторите ќе бидат активно присутни на терен во текот на работните денови, како и во текот на викендите и на неработните денови. Дежурствата ќе опфаќаат вонредни контроли и обиколки ...

Познатиот авантуристички солидарен француски карван „Јуроп раид“, со над 25 екипажи со автомобили „пежо 205“, пристигна во Крива Паланка во четвртокот попладне. Во име на меѓународната солидарност, тој тргна од Париз на почетокот од август, носејќи училишна и спортска опрема што ја донираат организаторите на училишта во Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и во Македонија. Жулиет Бертран, координатор за логистика на „Јуроп раид“, истакна ...

Општина Илинден воведува субвенции за првачиња, мерка наменета за помош на семејствата во пресрет на почетокот на учебната година. За таа цел, објавен е Јавен повик за доделување еднократна финансиска помош за семејствата со деца кои во учебната 2026/2027 година ќе го започнат своето основно образование. Со новововедената мерка, секое дете запишано во прво одделение ќе добие еднократна финансиска помош во износ од 3.000 денари. Родителите или ...

Од денеска, Општина Бутел, заедно со ЈП „Водовод и канализација” започнаа со чистење на фекалната и на атмосферската канализациона мрежа која се наоѓа на територија на оваа општина. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со директорот на ЈП „Водовод и канализација”, Иван Митровски вчера направија увид во активностите на терен. -Со навремено чистење и одржување на канализацијата придонесуваме за подобра функционалност на ...

Додека пожарникарите веќе трет ден се борат со пожарот над Бијела и Баошиќ, а големите пожари во областа Улцињ сè уште не се локализирани, нов пожар избувна во областа Никшиќ. Пожарот избувна во местото Кусиде, веднаш до главниот пат, кој го затвори патот Никшиќ-Вилуши. Ситуацијата е дополнително комплицирана од можноста за повторно засилување на ветерот. Во текот на ноќта, ветерот ослабе и им овозможи малку одмор на пожарникарите, но ...

Во Сплитската клиничка болница, 36 лица побарале помош по катастрофалниот пожар во областа Омиш, а 14 од нив биле хоспитализирани. Десет пациенти се на интензивна нега, додека седум се во животозагрозувачка состојба. Д-р Мирела Павичиќ Ивеља од Сплитската клиничка болница на состанокот на персоналот извести за состојбата на повредените, нагласувајќи дека третманот на пациенти со изгореници е исклучително тежок. „Од 36 лица кои побарале помош ...

Вкупно пет македонски семејства досега побарале помош или асистенција при евакуација од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Според информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, македонските семејства, во координација со надлежните грчки власти, биле упатени кон најблиските евакуациски точки, каде што биле згрижени заедно со останатите туристи. ...

Речиси 200 лица беа спасени од морето кај Омиш синоќа кои бегале од голем пожар. Ова го објави Министерството за море, транспорт и инфраструктура, а беше спроведено во координација со Националниот центар за координација на пребарување и спасување на море, во Риека, и Пристанишната управа на Сплит со нејзините придружни ограноци. Координираната операција за спасување на море беше започната по извештаите дека голем број луѓе и деца се наоѓаат ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75