Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се обидува да го ограничи правото на државјанство по раѓање во Соединетите Држави, само неколку недели откако Врховниот суд го отфрли неговиот претходен обид за укинување на ова право. Трамп вчера потпиша две извршни наредби, вклучувајќи една со која се прошируваат категориите на лица кои не се државјани чии деца нема да имаат право да добијат американско државјанство врз основа на раѓање. ...

Млад турист од Македонија се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Турција. Тој со владиниот авион утре ќе биде транспортиран во земјава. „Министерството за здравство информира дека е обезбеден итен медицински транспорт за млад пациент од Македонија, кој се здобил со тешки повреди на вратните пршлени за време на престој во Кушадаси, Република Турција. По итна постапка и во координација со Владата, ...

На комеморативен настан вечерва во Домот на културата 11 Октомври во Ченто беа прочитани имињата на 22 загинати во катастрофалните поплави што ја погодија Општина Гази Баба. „Денес, со длабока почит, се поклонивме пред споменот на сите оние кои ги загубија своите животи во катастрофалните поплави што во 2016 година ја погодија Општина Гази Баба. Десет години подоцна, болката не е помала. Времето не ги избриша спомените, ниту пак ја намали ...

За само 63 дена, ДПМНЕ отвори три нови финансиски фронта вредни најмалку 308 милиони евра. На 26 мај, парламентарното мнозинство го задолжи народот со 260 милиони евра кај странски банки; во јули Владата посегна по седум милиони евра од М-НАВ за да ја крпи ликвидноста на ЈП државни патишта; сега се издаваат нови тригодишни и петнаесетгодишни обврзници од над 41 милион евра, со камати до 5,20%. Само во последните две недели се активирани 48 ...

Пакистан, Турција и Саудиска Арабија потпишаа пакт за заемна одбрана во услови на зголемени тензии во Персискиот Залив. Договорот беше склучен во Мека од страна на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф. Според идентичните соопштенија на трите земји, секој вооружен напад врз една од нив ќе се смета за напад врз сите, а пактот има за цел зајакнување на ...

Денеска (07.08.2026) во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б. (46) и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Н.М. (19) од скопско, при што возачот на мотоциклот починал на местото на настанот, Во тек е увид, за да се утврдат причините на несреќата. Моторот е целосно уништен. The ...

Супербабата Ганс е доста активна на социјалните мрежи каде што покажува колку напорно вежба, а нејзиниот изглед ги воодушевува луѓето ширум светот. Баба Ганс (68), која многумина на социјалните мрежи ја нарекуваат супербаба, стана вирална кога почна да објавува видеа од своите тренинзи и докажува дека никогаш не е доцна ако сакате да направите нешто за себе. Како што самата вели, станала зависна од вежбање , а видеата на кои крева тегови ...

Каја Гербер не се согласува со тврдењата на луѓето кои велат дека таа и нејзината мајка Синди Крофорд се „како близначки“ и откри што мисли за својот најголем модел. Моделот Каја Гербер (24), ќерка на еден од најпознатите модели од 90-тите и 2000-тите, легендарната Синди Крофорд и претприемачот Рене Гербер, во последните месеци е на удар на јавни коментари поради нејзината неверојатна сличност со нејзината мајка , иако верува дека не се ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец кој повремено ќе достигнува брзина од 40 километри на час. Во попладневните часови особено во северните делови, ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а ...

Француската влада планира да спроведе симулација на голем прекин на електричната енергија низ целата земја во втората половина на 2027 година за да ја тестира својата подготвеност за кризни ситуации, соопштија денес извори запознаени со подготовките. Во вежбата ќе учествуваат операторите на електричната мрежа Enedis и RTE, неколку државни институции, министерства и француската воена администрација, објави денес бриселскиот „Политико“. Целта ...

Иако разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли официјално беше финализиран во 2024 година по осум години судска постапка, нивната правна битка сè уште е во тек. Најновиот развој на настаните покажува дека правниот тим на Пит побарал од Џоли да достави доказ за нејзините приходи, што таа досега одбиваше да го стори во целост, објавува LADbible. Спор за приходи Анџелина Џоли тврди дека по раскинувањето во 2016 година, направила пауза од актерската ...

Повеќе од две децении откако првпат стапна на познатиот имот „Неверленд“, пензионираната детективка Руби Волф повторно се најде пред неговите порти. Овој пат не можеше да ги скрие своите емоции – се расплака штом го виде детскиот цртеж врежан во ѕидот. Последниот пат кога била на ова место бил во 2003 година, кога како истражител учествувала во детално пребарување на ранчот откако тогаш тринаесетгодишниот Гевин Арвизо го обвинил кралот на ...

Најновиот глобален енергетски шок, предизвикан од конфликтот на Блискиот Исток, ги остави јавните финансии на земјите од еврозоната во значително полоша позиција отколку што беа за време на енергетската криза во 2022 година, предупредуваат експертите на Европската централна банка (ЕЦБ). Фискалниот простор на владите сега е многу поограничен, поради што средствата за помош на економијата и граѓаните се намалени на само 0,1 процент од БДП на ...

Општествената одговорност за нас не е обврска. Таа е дел од вредностите на Компанијата. Само во последните 5 години, вложивме повеќе од 90.000.000 денари, односно 1.500.000 евра, преку донации и спонзорства во Македонија. Поддржувавме спорт, култура, здравство, образование, локални заедници и иницијативи кои придонесуваат за подобар и поквалитетен живот на нашите сограѓани. Затоа што за Кожувчанка, луѓето и заедницата се секогаш на прво ...

Зарем е важно кога се родени денешните првачиња и кој е крив за се помалиот број првачиња? Факт е дека државата старее и дека од година во година имаме се помалку првачиња. Додека цели семејства заминуваат од државата, политичарите си наоѓаат нова тема за меѓусебни препукувања наместо да донесат итни мерки за да се спречи одливот на млади. По информациите од Министерството за образование дека во септември ќе се запишат помалку 4.900 ...

Американската поп-пејачка и „кралица на попот“ Мадона и австралиската пејачка Кајли Миног ќе ја објават својата прва заедничка песна „Love Sensation (Afterhours Mix)“ во петок, откако премиерно ќе биде изведена во живо на настанот World Pride во Амстердам. Мадона и Кајли Миног за прв пат настапија заедно со нова верзија на песната „Love Sensation“ на настан одржан во рамките на World Pride во салата AFAS Live во Амстердам, пишува ...

Повикувајќи се на извори, американскиот таблоид TMZ објавува дека поранешната свршеница на Лука Дончиќ, Анамарија Голтес, поднела нова тужба за алиментација, овој пат во Словенија, барајќи 50 милиони долари. Според TMZ, Голтес сака 40 милиони долари за себе и 10 милиони долари за своите ќерки. Извори за TMZ изјавиле дека Голтес, во своето барање, исто така сака да го намали бројот на денови што нејзините ќерки ги поминуваат со Дончиќ. ...

Европската комисија сè уште не понудила решение за укинување на ограничувањето на престојот на професионалните возачи на камиони од Западен Балкан во земјите од Шенген-зоната – изјави денеска претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ. Тој за агенцијата Бета изјави дека состанокот со надлежниот директорат на Европската Унија, на кој треба да се разговара за изземање на возачите во меѓународниот транспорт од ...

Во текот на оваа недела во земјата се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром. Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани. На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е ...

Случајот на хантавирус , кој неодамна предизвика меѓународна тревога , е потврден кај француско-аргентински државјанин кој бил на одмор во Франција во јули , пред да биде ставен во изолација во Шпанија , објави во четврток француското Министерство за здравство, како што објави порталот „Еурактив “ . Пациентот имал многу благи симптоми, а сега тие ги нема , соопшти министерството, додавајќи дека се преземени сите мерки за утврдување и ...

Доколку методите за заштита се спроведуваат правилно, ризиците од западнонилска треска, како и други болести што ги шират комарците, можат да се минимизираат, изјави епидемиологот Драган Даниловски. Бидејќи комарците се размножуваат дури и во многу мали количини вода, тој препорачува луѓето да не чуваат стоечка вода околу своите домови. „Постарите лица, хронично болните, лицата со ослабен имунолошки систем се изложени на најголем ризик од ...

Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички договор со кој се овозможува шпански борбени авиони распоредени во Романија да вршат воздушно патролирање над бугарскиот воздушен простор, објави „Новините“. Договорот го потпишаа воздушните сили на трите земји врз основа на член 12 од билатералниот договор меѓу владите на Бугарија и на Романија од 2021 година. Со него се проширува постојната рамка, овозможувајќи борбени авиони од ...

На 18 октомври ќе се одржат предвремените избори за градоначалник на Брвеница откако ненајдено почина градоначалникот Јовица Илиевски. Одллуката денеска ја потпиша претседателот на Собранието Африм Гаши за што информираше на социјалните мрежи. – Очекувам од Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија на Брвеница и од сите органи задолжени за спроведување на оваа одлука, изборниот процес да го спроведат професионално, ...

Бугарија, Романија и Шпанија потпишаа трилатерален технички договор за спроведување на прекугранични воздушно-полициски операции на НАТО, објави синоќа бугарското Министерство за одбрана. Договорот се базира на договорот од 2021 година меѓу владите на Бугарија и Романија и им дозволува на борбени авиони од трета земја, во овој случај Шпанија , да учествуваат во прекугранични операции на воздушната полиција , објави министерството, пренесува ...

Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра, односно 51,7 отсто од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов. Тој на прес-конференција рече дека, покрај јавниот долг, кој во вториот квартал во споредба со првиот се намалил на 58,8 отсто од БДП, намалување има и кај државниот долг. „На месечно ниво имаме ...

Мата Хари е симбол на женственост, мистерија и заводливост, а нејзината легенда се прераскажува со децении. Родена е пред точно 150 години, на 7 август 1876 година. Нејзиниот живот беше авантура, мит. Таа стана една од најпознатите жени во светот, за која се пишува, чита, пишува песни, се снимаат филмови повеќе од еден век… Таа е исто така и најпознатиот шпион за време на Првата светска војна , а денес се дебатира дали навистина шпионирала ...

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска изјави дека секој нов руски напад врз Украина е дополнителна причина Европа да го зголеми притисокот врз Москва. Калас на Икс напиша дека Европската Унија, како одговор на неодамнешната серија руски воздушни напади, усвои нови санкции против пет лица поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс. „Со армија заглавена на бојното поле, Москва ...

Оперативниот тим на Републичкиот штаб за вонредни ситуации ја разгледа состојбата во земјата поради неповолните временски услови и високите температури. На состанокот беше истакнато дека моменталниот фокус на активностите е на сузбивање на пожарот што ја зафати Делиблатска Пешчара и на нормализирање на работата на пумпните станици Бездан и Богојево на горниот тек на Дунав. Пожарот во Делиблатска Пешчара, како што соопшти Владата, зафатил ...

Вирусот Западен Нил се пренесува на луѓето преку каснување од заразен комарец, кој се инфицира кога каснува птица што го носи вирусот. Она што е важно да се истакне е дека вирусот Западен Нил не се пренесува преку директен контакт од едно лице на друго преку допирање, бакнување или додворување на заразено лице. Ризична група за вирусот се постарите лица. Иако шансата некој да се зарази со вирусот Западен Нил е многу мала, повеќето случаи во ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија со загриженост констатира дека „се појавува пракса во која Владата систематски одбива да одговара на новинарски прашања и го ограничува пристапот до информации од јавен интерес. Истата се повтори и на вчерашниот настан на кој владиниот Пи-ар одговараше селективно на новинарски прашања“. „Обврска на Владата е да комуницира транспарентно со јавноста. Молкот не смее да биде ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.9
26%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
2.3
36%
1016
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.08
42%
1017
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.45
32%
1017
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
0.89
28%
1016
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.57
56%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
28%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
3.18
22%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.04
26%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
2.24
44%
1015
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.68
30%
1016
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
4.49
56%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.5912

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Родиум

278103.96

Иридиум

252383.36

Калај

56.16

Алуминиум

3.34

Платина

56328.11

Цинк

0.00

Злато

141498.65

Рутениум

53852.50

Паладиум

43853.62

Сребро

2102.98

Кобалт

56.29

Бакар

13.36