Изгледа дека мажите навистина повеќе сакаат русокоси, а жените „паѓаат“ на висок, згоден и темен маж. Така барем смета вештачката интелигенција која креирала слики од совршени мажи и совршени жени на основа на анализи на милијарди фотографии од различни социјални мрежи и профили на луѓе за кои се верува дека се убави и привлечни. Групата за подигнување на свеста за нарушувања во исхраната „The Bulimia Project“ побарала од вештачката ...

Скопскиот суд доцна синоќа за 14 осомничени ги прифатија предлозите на обвинителството и со Решение им определија мерка притвор во траење од 30 дена, додека на едно лице поради здравствена состојба му е определена мерка куќен притвор. Денеска ќе биде определен притвор за трите лица што се недостапни на органите на прогонот и кој ќе се изврши од моментот на нивното пронаоѓање. Како што вчера информираа од Обвинителството по големата акција на ...

Новиот акциски филм на „Netflix“, „The Mother“, во кој главната улога ја толкува Џенифер Лопез, ги руши сите рекорди, а стана најгледано остварување на стриминг платформата во првиот викенд од прикажувањето. Акцискиот трилер имал 83,71 милиони часа гледаност во текот на периодот од 8-ми до 14-ти мај и бил број 1 во 82 земји со речиси 43 милиони прегледи. „Netflix“ ги пресметува прегледите така што го дели вкупниот број на часови гледаност со ...

Потребни се три до четири месеци интензивна и високостручна работа за да се утврди неговата моментална состојба. А, доколку се констатира дека е потребна негова санација, тогаш треба уште минимум половина година за да се изработи проект за санација, и после тоа да се изведе санацијата. Значи, треба доста време – вели професорот Марковски. Мостот „Беласица“ дури година и половина би можел да биде надвор од функција, и тоа под услов веднаш почне ...

Обилните врнежи од дожд го зголемија нивото на реката Вардар кај Јегуновце, кај Железнички мост Скопје и кај Велес во однос на просекот за мај, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи. Зголемувања на водостоите се измерени и на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња ка кај Катлановска бања, Брегалница кај Штип и на реката Струмица кај Сушево. Пониско ниво од просекот за мај има реката Црни ...

Претставник на студентското тело на Факултетот за кинезиологија во Загреб ја контактираше редакцијата на „24 саати“ и ја кажа својата страна на приказната за руинираниот хотел во Охрид. Тој тврди дека студентите од Загреб немале никаква врска со собата која била запалена. „Тој кат воопшто не е со студенти од Загреб, ни потврди управителот дека за таа просторија се виновни инсталациите и дека не е намерно запалена. Постојано бев некаде и не ...

Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс ја доби престижната награда за најкорисен играч во “Лигата на шампионите”. Оваа награда, Шортс ја доби на специјална церемонија. Најдобрите 4 тимови во ова елитно натпреварување ќе се соочат меѓусебно во Малага, каде и нашиот плејмејкер го прими ова признание. Шортс беше најдобар стрелец како и играч со највисок индекс на процентни поени во досегашниот тек на натпреварувањето. Лидерот на Телеком Бон до ...

Државната матура мора и ќе се полага на 27 мај, како што е предвидено со рокот, рече министерот за образование Јетон Шаќири, кој денеска беше во посета на Кавадарци. Шаќири кажа дека ги поддржува барањата на синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) кој штрајкува веќе три недели, но дека неговиот конечен став е дека државна матура мора и ќе се реализира на 27 мај, како што е предвидено според рокот. Тоа не е само барање на министерот, туку е ...

Полицијата е на влезовите од гимназијата „Славчо Стојменски“ откако ученик од четврта година на Инстаграм споделил порака дека ќе дојде со пушка на училиште. Во моментов полицијата, службите, родителите и ученикот се на разговор во училиштето, потврди директорот Марјан Арсов. -Во текот на вчерашниот ден имаше дојави од странки дека има закана на социјалните медиуми од еден ученик, кој го даде алармот до нас. Ние ги презедовме сите мерки. Беа ...

Приказната за еден од најубиствените шутери во досегашната кошаркарска историја, Предраг “Пеџа” Стојакович. Роден на 9-ти Јуни 1977 година, своите кошаркарски почетоци ги прави во Црвена Ѕвезда. Станува еден од најмладите дебитанти помеѓу сениорите, настапувајќи со првиот тим на (само) 15 годишна возраст. Во 1993-та година се сели во Солунски ПАОК каде ги воодушевува сите со својата зрелост и уникатност во играта. На 20 годишна возраст станува ...

Во престрелката што се случи синоќа во Младеновац, според првите и неофицијални информации, загинале осум лица, а 13 од нив се ранети. Како што пренесува српски „Н1“, напаѓачот и се предал на полицијата во селото Вињиште. На социјалните мрежи се појавија детали од профилите на убиецот Урош Б., кои предизвикаа загриженост кај српската јавност, пренесува српска „Нова“. ВИДЕО Ubica iz Mladenova! Uđem na instagram i vidim ko mu je idol. Naravno ...

Жителите на селото кај Младеновац каде беше извршен крвав напад велат дека синоќа владеел целосен хаос во селото. „Седуммина седеа на клупа до училиштето и лудакот дојде и се паркира преку улицата од училиштето, до продавницата. Излезе од автомобилот и почна да пука по нив. Се се тоа деца кои никогаш не правеле проблеми, а тој ги уби или рани“, вели млад човек од селото кој бил очевидец на крвавиот напад на Урош Б. „Таа почна да вреска, да ...

Србија е обвиена во црно по масакрот што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“. Постојат различни теории за мотивите на крвавиот пир, но и како и зошто никој не ги забележал промените во однесувањето на убиецот на момчето. Коста К., тринаесетгодишен ученик, тргна во крваво дивеење при што загинаа осум ученици и еден училишен чувар. Овој ужасен настан шокираше многумина и поттикна истрага за причините што довеле до овој ужасен чин. ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила во саботата наутро на автопатот 53 во Унгарија, кога дури 15 лица биле повредени при превртување на автобус од Србија, кој превезувал туристи од Белград. Во автобусот имало 55 патници и двајца возачи. На 2 километри од Кишкунхалас, автобусот од непозната причина тргнал во спротивен правец и потоа се превртел со полна брзина, пренесува „Телеграф“. Според унгарските медиуми, повредени се 15 лица, а 12 се веќе ...

На иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот на општината Дејан Митески, фудбалскиот клуб Вардар ќе добие нов спортски терен во Аеродром каде ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите. Градоначалникот Тимчо Муцунски на својата фејсбук страна информираше дека утрово одржал средба со навивачката група „Комити“, која од неодамна е и сопственик на клубот, a притоа потенцираше дека на истата се ...

Ејприл Лав Гири е 25-годишна манекенка која има две ќерки со познатиот пејач Робин Рик, а за себе вели дека е благодарна на тежината која ја добила по породувањето. Таа на Инстаграм стори споделила дека се соочува со критики на сметка на својата телесна тежина и градба на тело, откако родила две деца. „Само да ве известам дека воопшто не ми значат вашите коментари кога ќе кажете дека сум била многу попривлечна кога бев послаба. Затоа што ...

Северина доживеа несреќа за време на настап во загрепска Лауба. Пејачката падна додека играше на сцена, но и покрај тоа остана насмеана, во нејзин стил. „Имав кореографија за да се фрлам во публиката, но кореографијата се случи малку порано… Всушност, ова го правам секогаш кога сакам да одморам на сцената…“ се пошегува Северина на своја сметка покрај снимката со паѓањето. Откако заврши на подот, Северина почна да се смее и продолжи со шоуто. ...

Дали знаевте дека повеќе од четвртина од децата поминуваат низ некаков облик на насилство од врсници во одреден период од нивниот живот? Најголем проблем е тоа што родителите не го забележуваат тоа поради работните и другите обврски. Како најдобар начин секогаш да знаете што се случува со вашето дете, психолозите препорачуваат отворена и искрена врска полна со разбирање и доверба, која се гради уште од најраното детство, за да може детето да ви ...

Почна да пука по случаен избор, легнав врз двајца наши пријатели за да помисли дека и јас сум мртва… Со овие зборови драматичните моменти од пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ ги опишува ученичка од ова училиште, која присуствувала на крвавиот пир во училиштетот во Врачар. Вооруженото момче влегло на час по историја. „Почна да пука по случаен избор, имаше два шаржери во раката, прво ја застрелал наставничката по историја, а потоа продолжи ...

Началникот на полициската управа за град Белград, Веселин Милиќ синоќа изјави дека момчето кое пукало во основното училиште „Владимир Рибникар“ во изјава во полицијата изјавило дека е „психопат кој треба да се смири“. Не покажал знаци на каење. Милиќ изјавил дека момчето било во полициското одделение за град Белград и дека заминало во здравствена установа за лекување на малолетници, во присуство на работници од Центарот за социјална работа. ...

Помладата сестра на момчето кое вчера стана масовен убиец, Коста К.(13), оди во истото основно училиште и во моментот на масакрот била во училницата недалеку од онаа во која убивал нејзиниот брат. Според медиумите, десетгодишното девојче во придружба на психолози и социјални работници било префрлено во семејството на блиски роднини, каде што ќе престојува во следните неколку дена. Таткото на убиецот Коста К., како сопственик на оружјето со кое ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (01.05.2023) во периодот од 10.00 часот до 12.30 часот е најавен протест организиран од страна на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул.„50-та Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ се до Владата на Република Северна Македонија на бул.„Илинден“. Исто така, со почеток во 12.00 часот најавен е ...

Бројката која што врз основа на тој договор кој што го добивме ние од свиркач се обликации кои што ги има создадено државата, што по основ на тој договор, што по основ на пенали поради тоа што нема измена во законот за работни однози, односно, да бидам попрецизен, продолжување на работната недела од 40 на 60 работни часа, точно се 301.495.000 евра, триста и еден милион четиристотини девеесет и пет илјади евра. Околу 173 милиони евра се обврски ...

Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски беше во посета на населените места Другово и Србјани и каде разговараше за проблемите на граѓаните. Како што беше посочено власта ја руинира држава, краде милиони од секој проект, а ништо не е реализирано. Сите не иритира криминалот кој секојдневно го гледаме и слушаме и чувствуваме. Земаат од нашите пари. Руинирани се институциите, секој проект ...

Македонскиот легендарен кларинетист и саксофонист Ферус Мустафов е хоспитализиран и се бори за живот, ова на социјалните мрежи го објави неговиот внук Ферчо Мустафов. Имено, статусот на Ферчо на Фејсбук се појави како демант на веста дека неговиот дедо наводно починал, пишувајќи дека тој не е починат туку дека точна е информацијата дека тој се наоѓа во болница и се бори за живот. Статусот на Ферчо Мустафов ви го пренесуваме во целост: „До сите ...

Меган Маркл изненади со промената на имиџот на првото појавување во јавноста откако беше објавено дека нема да присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс. Војвотката од Сасекс го претстави ТЕД говорот на нејзината пријателка и фотографка Хариман во видео обраќање. Многумина беа изненадени што 41-годишната Меган се појави со посветла боја на косата во црвеникава нијанса и минимална шминка на лицето. Токму нејзиното лице привлече најголемо ...

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер ја погоди провинцијата Кахраманмараш во Турција во 4 часот и 55 минути. Епицентарот на земјотресот бил округот Гоксун, јавува агенцијата Анадолија, а земјотресот се случил на длабочина од 7 километри. Кахраманмараш беше епицентарот на двата земјотреси на 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала што погодија 11 турски провинции. ...

14-годишник е приведен и осомничен за убиство на 49-годишен македонски државјанин во туристичкото место Сончев Брег, соопшти полицијата во Бургас. Телото на починатиот е пронајдено вчера во шумската површина до ресторан во туристичкото место. Утврдено е дека македонскиот државјанин на 24. јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Ѓуешево, односно од Македонија излегол од Деве Баир. Полицијата во истрагата наведе дека 14-годишното момче ...

Партизан е на чекор до “фајнл-форот”. Избраниците на Жељко Обрадович одиграа маестрално и извојуваа убедлива победа поведувајќи со 2:0 во меѓусебната серија. Крајниот епилог, за жал остана во втор план поради огромниот инцидент кој се случи на нешто повеќе од минута до крајот. При водство на “црно-белите” од 95:80 никој не ни помислуваше дека ќе настане инцидент од невиден размер. По намерниот прекршок од страна на Серхио Љуљ над Кевин Пунтер ...

Лори Марканен (сосема заслужено) ја освои наградата за играч со најголем напредок оваа сезона. Финскиот репрезентативец имаше одлична сезона во која просечно постигнуваше речиси 26 поени и 9 скокови по натпревар. Во исклучително силна конкуренција, крилниот центар на Јута Џез освои 69% од гласовите, пред Шеј Гилгес-Александер од Оклахома и Џејлен Брансон од Њу Јорк. 25-годишниот Марканен ја одигра својата шеста NBA сезона, прва во дресот на ...

weather icon

Скопје

36ᴼ / 36ᴼ
4.12
25%
1012
weather icon

Белград

35ᴼ / 33ᴼ
6.69
35%
1012
weather icon

Загреб

34ᴼ / 33ᴼ
2.06
39%
1015
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
33%
1013
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
6.21
21%
1010
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 34ᴼ
1.03
36%
1016
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
5.81
34%
1012
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
6.69
36%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.14
28%
1012
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 31ᴼ
4.12
36%
1011
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
8.75
26%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
57%
1012
Currency

61.535

Currency

52.5197

Currency

71.8905

Currency

34.3076

Currency

38.3727

Currency

65.7914

Currency

7.31617

Currency

0.66869

Currency

0.36412

Currency

0.52517

Currency

1.31935

Currency

0.61274

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75