Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Добивај вести на Viber Солунската обиколница во понеделник, 24 август, ќе биде делумно затворена за сообраќај во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот утрото наредниот ден, соопштија во групата Грчка инфо. Затворањето на овој патен правец директно ги засега возачите што патуваат од правецот на Македонија и граничниот премин Евзони кон Халкидики. За време на изведувањето на градежните активности, сообраќајот во спротивниот правец (од ...
Добивај вести на Viber Конфликтот во Иран изврши голем притисок врз глобалната рафинериска индустрија, што би можело да ги задржи цените на дизелот и бензинот на високо ниво во наредните години, предупредува анализата на Ројтерс. Иако пазарот на сурова нафта се прилагоди релативно добро на остриот пад на производството на Блискиот Исток, рафинериите имаат значително помала можност да го надоместат изгубениот капацитет, што е јасно видливо во ...
Добивај вести на Viber Италијанската банка „Монте деи Паски ди Сиена“ (MPS) понуди 34 милијарди евра за преземање на сите акции на „Банка БПМ“ и „Банка Џенерали“ преку размена на акции, со цел да се создаде нов банкарски гигант во Италија. МПС нуди 1.567 свои акции за една акција на „Банка БПМ“, со што понудата се вреднува на вкупно 25,35 милијарди евра, објавува „Sole 24 Ore“. За „Банка Џенерали“ се нудат 6.958 нови акции на МПС за една ...
Добивај вести на Viber Во Основниот кривичен суд Скопје за денеска во 10 часот е закажан почетокот на судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, каде што меѓу главните обвинети е поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Предметот го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски, а доколку нема одложувања, првото рочиште од главната расправа треба да започне со воведни зборови на јавниот обвинител. И додека Груби денеска треба да се ...
Добивај вести на Viber Управата за хидрометеоролошки работи ја објави неделната прогноза на времето во Македонија. „Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Утре во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град“, се вели во објавата на УХМР. Добивај вести на Viber Управата ...
Добивај вести на Viber Кога луѓето замислуваат земја во кризa со дебелината, првата асоцијација најчесто е Америка: фаст-фуд синџири покрај автопати, џиновски порции, седечки начин на живот. Сепак, според најновата рангирачка табела на Светската федерација за дебелина (World Obesity Federation), објавена преку нејзината платформа Global Obesity Observatory, светскиот врв не го држи ниту една западна индустриска сила, туку мал остров во ...
Добивај вести на Viber Според планот на холандската влада, Амстердам ќе има туристичка такса од 20 проценти од прометот во 2031 година, што ќе биде еден од највисоките во светот. Во Амстердам, туристичката така моментално е на ниво од 12,5 проценти, а градот сака помалку туристи, бидејќи со години бројот на туристи го надминуваше максималниот број од 20 милиони ноќевања, што градот го сакаше. Туристичкиот данок се додава на хотелското ...
Добивај вести на Viber Општина Струга губи најмалку половина милион евра годишно поради нерегулиран статус на плажи. Вистински хаос владее на брегот на езерото, бидејќи договорите за концесија за плажите во Струга истекоа во 2016 година, додека цврсти градби се изградени на речиси секоја празна површина. „Плажите во градот Струга работат нелегално, имено на црно. Ова значи дека ниту еден од субјектите што моментално управуваат со плажите не ...
Добивај вести на Viber Апелациониот суд има уште четири работни дена да донесе одлука за случајот Талир 2 пред да застари на 31 август. Судијката Даниела Алексовска Стојановска на 14 јули ја објави првостепената пресуда со која поранешниот премиер Никола Груевски доби ослободителна пресуда и беше одбиена конфискацијата за седиштето на ВМРО ДПМНЕ . На 5 август обвинителството поднесе жалба а ден подоцна Кривичен го испратил предметот во ...
Добивај вести на Viber Пензиите на над 350 илјади пензионери следниот месец ќе бидат зголемени за околу 3 отсто со септемвриското услогласување. Точните пресметки во моментов ги прави Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а од управата најавиле дека точниот процент ќе се знае до крајот на следната недела. Се чекаат официјалните податоци од Државната статистика, но според познатата формула, 50 отсто од просечната плата во првото ...
Добивај вести на Viber Поранешниот вицепремиер Артан Груби утре за прв пат ќе седне на обвинителна клупа во Кривичен суд каде што ќе му суди за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ за кое во Кривичниот законик е предвидена затворска казна од најмногу пет години. Груби додека траеше истрагата првично беше обвинет за потешко кривично дело „проневера во службата“ за кое затворската казна трае и до 20 години, но подоцна истото ...
Добивај вести на Viber Два американски авиони цистерни KC-135 ја напуштија бугарската воздухопловна база Безмер, потврди бугарскиот министер за одбрана, Димитар Стојанов, откако нивното распоредување во Бугарија предизвика остри реакции во Иран. Соединетите Американски Држави, кои се во војна со Иран од 28 февруари, пред еден месец побараа нивно привремено распоредување во Бугарија според договор што го регулира споделувањето на воените ...
Добивај вести на Viber Целодневниот паркинг билет оваа летна сезона чини 300 денари по возило во Охрид на местата каде што водите важат за почисти и се подалеку од самит град. Според информациите од туристите што ги пренесуваат од самото место овие денови, дневната паркинг карта е најскапа на паркингот во Градиште и Љубаништа - 300 денари по автомобил. - Официјалниот паркиинг во Љубаниште чинеше 300 денари, но пронајдов еден „див“ простор ...
Добивај вести на Viber Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума. Како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, веднаш по пријавата биле ангажирани сите расположливи сили од Делчево, како и пожарникари и екипи од соседните противпожарни единици. - Неодговорно лице ...
Добивај вести на Viber Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочарување за уништената зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката за планинарење Попова Шапка - Титов Врв. Дипломатот објави дека земјите од Вишеградската група - Австрија, Словачка и Чешка во иднина ќе се запрашаат дали вреди да се поддржуваат вакви проекти. Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. ...
Добивај вести на Viber Директорот на супермаркет во Кривји Рог е приведен поради злоупотреба на службената должност, откако објектот продолжил да работи за време на тревогата за воздушен напад, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Иван Виговски. Според него, полициските истражители од регионот Дњепропетровск, под процедурално водство на регионалното обвинителство, покренале кривична постапка поради службено пропуштање. Како дел од ...
Добивај вести на Viber Две лица се повредени во пукање во раните утрински часови во скопското село Арачиново, објави МВР, а при тоа и специјалните сили излегле на терен. - Денеска (23.08.2026) во 05:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул„18“ во с.Арачиново се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од Полициското одделение Арачиново и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале ...
Добивај вести на Viber Пратеничките и другите службенички вработени во Собранието ќе користат приватен преглед мамографија на дојки, објави СДК. Одлуката за најповолна понуда со приватна здравствена установа од Скопје е донесена во март. Приватниот преглед со мамографија во Македонија чини од 3.000 до 5.000 денари. Јавната набавка се спроведува во време кога тешко се закажува преглед со мамографија во јавното здравство Пакетот е додаден на ...
Добивај вести на Viber Претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, изјави од историскиот локалитет Петрова нива дека Бугарија нема да ги напушти Бугарите во Република Северна Македонија и ќе продолжи да ги брани нивните права, објави БТВ. Таа учествува во националното одбележување на „123-годишнината од Илинденско-Преображенското востание“. Јотова нагласи дека заедничката историја меѓу Бугарија и Северна Македонија не треба да биде причина ...
Добивај вести на Viber Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржувањето избори додека земјата се бори против руската инвазија би било премногу опасно. Неговите коментари дојдоа откако неговиот поранешен министер за одбрана повика на гласање. „Мислам дека во ваква војна, одржувањето избори е огромен ризик. Изборите се цунами за земјата во моментов, што ќе ја подели Украина“, рече Зеленски. Украина ги суспендираше изборите ...
Добивај вести на Viber Катастрофа била избегната во прилепското село Бонче, откако силен ветер рано утрово го пренел пожарот кон населеното место и огнената линија се приближила до куќите, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, пожарот околу 4 часот се спуштил кон долот над селото, при што ситуацијата била исклучително сериозна. Во гаснењето биле ангажирани доброволни пожарникари од Битола ...
Добивај вести на Viber Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ претпладнево, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. „На граничниот премин ГП Табановце за влез и излез од државата времето на чекање е околу 40 минути, на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути“, информираат од таму. На останатите гранични премини нема ...
Добивај вести на Viber Европа е свесна дека нема да ги врати парите што им ги даде на киевското раководство во форма на заеми, изјави поранешниот украински премиер Микола Азаров. „Оние кои даваат заеми на Украина, а тоа се главно државни организации на Европската унија, самата Европска комисија и водечките земји на Европската унија, кога даваат заеми, знаат дека никогаш нема да ги добијат тие пари назад“, рече Азаров во интервју за ...
Добивај вести на Viber Северна Македонија денес ќе биде погодена од претежно сончево и многу топло време, додека се очекува локално влошување на атмосферските услови во текот на попладневните часови. Според метеоролошката прогноза, облачноста ќе биде мала до умерена, но во попладневните часови во некои подрачја значително ќе се зголеми. Ова ќе создаде услови за пороен дожд, грмежи и силен ветер. Максималните температури ќе се движат од 32 до ...
Добивај вести на Viber Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои е и Македонија, е укината од Федерален судија во Соединетите Американски Држави, оценувајќи дека ваквата мерка го прекршува федералниот закон за имиграција со тоа што врши дискриминација врз основа на националност. Забраната беше воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, а од вчера е поништена од федерална судијка како „спротивна ...
Добивај вести на Viber Големиот пожар кој избувна вчера околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото Водоча. Во гаснењето на пожарот покрај струмичките пожарникари учествуваа и ...
Добивај вести на Viber Воведувањето на системот „Сејф сити“ и наплатата на сообраќајните казни за странски возила предизвикува промени во изборот на граничните премини кон Србија. Според информации што се споделуваат во јавноста, дел од возачите кои имаат неплатени сообраќајни казни на преминот Табановце го избираат граничниот премин Пелинце – Прохор Пчински, со цел да избегнат задржување и плаќање на казните. На Табановце во изминатиот ...
Добивај вести на Viber Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагираше за неинтонирањето на албанската химна на фолклорниот фестивал во Пустец што се одржа на 21 август, а при тоа гостин беше и премиерот Христијан Мицкоски. Министерството смета дека отсуството на албанската химна е сериозен недостаток на почитување на националните симболи и правилата на институционалниот протокол. За ова на социјалната мрежа Х се јави и ...
Добивај вести на Viber Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта реагира на објавата на „Фактор“ со наслов „За власта беше скандал да се ангажира фирма за кастрење гранки покрај автопати, сега ангажира ‘своја’ фирма за иста намена“, со тврдење дека се прават споредби со кои кај јавноста се создава невистинит и погрешен впечаток во однос на постапката за јавна набавка. „Особено спорна е формулацијата ...
Добивај вести на Viber „Ски Македонија“ информира дека е уништена зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката за планинарење Попова Шапка - Титов Врв и дека со тоа е нанесена голема финансиска штета. „Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. Добивај вести на Viber „Ски Македонија“ ...