Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 71,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе се продваат по 64,00 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува и останува ...

Вкупно 84 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени кон Македонската развојна банка, а интересот кај компаниите е многу поголем од очекуваниот, вели министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочовска. Како што изјави денеска, средства се бараат од сите сектори. – Интересот кај компаниите е голем, очекуваме да бидат исцрпени предвидените 250 милиони евра, истакна Димитриоска Кочовска, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на ...

ОВЕН Денеска е можно да добиете неочекуван гест на внимание од саканата личност или да откриете нова страна на вашата врска. За успешно справување со напнатоста или недоразбирањето, потпирајте се на деликатноста и добронамерен дијалог. Исто така, не ја игнорирајте вашата потреба за емоционална удобност. БИК Добро е денеска да се фокусирате на иницијативи кои можат да ви помогнат да напредувате професионално и материјално. Избегнувајте ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе започне трговска истрага за влијанието на кинескиот увоз на електроника врз националната безбедност на САД. Трамп, исто така, го повтори својот став дека исклучувањето на паметните телефони и компјутерите од реципрочните царини против Кина ќе биде краткотрајно. Американската Агенција за царина и гранична заштита во петокот објави ново упатство со кое е јасно дека паметните телефони и ...

Мерцедес сака да ги пресели работните места надвор од Германија, а фокусот на компанијата е на Унгарија, особено на локацијата Кечкемет, град со околу 100.000 жители, пишува Дојче веле. Планот е производството од околу 100.000 автомобили годишно, кои досега се произведуваа во Германија, да се пресели таму. Ова исто така значи дека работните места во Германија ќе бидат изгубени на долг рок. Причината за преселбата на исток, од перспектива на ...

Овој остар пад на доларот, втора недела по ред, е резултат на неизвесноста околу царините, кои американскиот претседател Доналд Трамп наизменично ги најавува, одложува, па повторно ги зголемува на увозот од Кина, пренесе агенцијата Хина. На девизниот пазар минатата недела вредноста на доларот во однос на другите валути падна на најниско ниво во последниве три години, како резултат на ескалацијата на царинската војна меѓу САД и Кина и ...

Мерката за ограничување на бруто профитните маржи за празниците дава резултати и има дефлација од 1,3 отсто во однос на претходниот месец и намалување на цените на основните прехранбени производи и пијалаци од три отсто, оцени денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. -Претходно направивме и одредени законски промени, особено во Законот за заштита на потрошувачи со транспарентност на цените согласно кои малите, големите и ...

Македонија од ова може да искористи, можеби ќе успееме да ги направиме уште поцврсти врските со Соединетите Американски Држави и можеби ќе успееме и подобро да се позиционираме, зошто да не, доколку имаме услови да направиме договор за слободна трговија, да успееме повеќе да извезуваме во САД, понекогаш и во криза може да се искористат одредени ситуации, вели во разговор со дописничката на МИА од Атина министерката за финансии Гордана ...

„Истражувања покажуваат дека растот на глобализацијата позитивно се одрази на стапката на активност на жените, односно земјите со поголема трговска отвореност имаат поголемо ниво на родова еднаквост. Според Извештајот на Светската банка фирмите извознички вработуваат повеќе жени ‒ жените се една третина од работната сила во споредба со помалку од четвртина во фирмите коишто не извезуваат, а особено повеќе вработуваат фирмите во странска ...

Регулаторната комисија за енергетик донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 10.04.2025 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ...

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет ја исплати кон Развојната банка втората транша од средствата од унгарскиот заем наменети за поддршка на домашните компании. Втората транша е во износ од 4,557 милијарди денари или 74 милиони евра, која се реализира врз основа на доставеното барање од страна на Развојната банка за повелкување средства за проекти коишто веќе се одобрени од страна на деловните банки. За поддршка на домашните ...

„Mладите не смеат да се потпираат на непроверени извори за финансиски совети, финансиската едукација преку формалните канали не смее да биде заменета со совети од влијателни лица (т.н. инфлуенсери) на социјалните мрежи“, порача гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на средбата со членовите на Сојузот за средношколци, којашто се одржа во рамките на Глобалната недела на парите, којашто оваа година се одржува под мотото ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,85 % во однос на одлуката од 8.04.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,268%, кај дизелот за 4,580%, кај ...

Растат платите на вработените во здравството, образованието и безбедноста. Вработените во здравството добија покачување од 5 проценти со мартовската плата исплатена во април, додека платите во образованието за 7 проценти, а на 12.000 полицајци платите се зголемија за дури 10 проценти. Квалитетното образование е наша цел и токму затоа просветните работници и сите вработени во образованието земаат покачување од 7 проценти, со што конечно се враќа ...

Европската Унија ќе мора да купи американски енергенси во вредност од 350 милијарди долари за да добие одложување на новите царини, кажа Доналд Трамп, отфрлувајќи ја понудата за заемни царини од 0% за автомобили и индустриски стоки. Ова доаѓа откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен кажа дека ЕУ ќе му понуди на Вашингтон укинување на царините за увоз на автомобили и индустриски стоки, ако САД го направат истото. ...

САД ќе воведат царина од 104 отсто за кинеска стока од вечерва на полноќ, 00:01 часот по источна американска временска зона (вечерва, 21:01 часот по македонско време) , потврди официјален претставник на Белата куќа. Оваа одлука следи откако Пекинг не ги укина своите контрамерки кон американските производи до утврдениот рок – вторник напладне, како што претходно побара американскиот претседател Доналд Трамп. Наместо тоа, Кина соопшти дека „ќе се ...

Кина остро одговори на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе дополнителни царини од 50 отсто на кинеските стоки увезени во САД, доколку Пекинг не ги откаже одмаздничките мерки. Трамп првично воведе царини од 20 отсто за Кина, а минатата недела, како дел од објавувањето на новите давачки за бројни земји низ светот, најави дополнителни „реципрочни“ царини од 34 отсто, на што кинеските власти одговорија во рок од 48 часа ...

Речиси 70 земји ѝ пристапија на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со барање за почеток на трговски преговори, соопшти денеска портпаролката на Белата куќа Каролин Левит. Според неа, историскиот „Ден на ослободувањето“ минатата недела, што го означи Трамп, покажал дека „ерата на американско економско предавање заврши“. – Овие земји имаат огромна почит кон претседателот, рече таа, додавајќи дека трговски договори ќе се ...

Во согласност со одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска стапи на сила нов сет царини кои погодуваат околу 60 земји, со посебен фокус на Кина. Овие мерки предизвикаа сериозни потреси на глобалните финансиски пазари, при што цените на акциите нагло паднаа низ Азија, а Волстрит падна на најниско ниво во една година. На азиските берзи, индексот МСЦИ на азиско-пацифичките акции утрово беше во минус за ...

Македонија може да ги намали и до нула царинските стапки за САД, бидејќи трговската размена со нив е многу ниска. Ова може државата да го понуди на Вашинтон, а според Министерката за финансии ваквиот потег нема да има негативно влијание на буџетот. Главните преговори ги води министерот за надворешни работи и се очекува разрешница за можноста за потпишување на договор за слободна трговија по што би имало намалување на царините. „Подготвуваме ...

Цените на нафтата денеска се стабилизираа на меѓународните пазари близу 65 долари, бидејќи трговците ги преиспитаа оценките дека ескалацијата на тонот во трговскиот конфликт меѓу САД и Кина ги зголеми шансите за рецесија и ја загрози побарувачката на енергија. На лондонскиот пазар барел нафта попладне се тргуваше по цена од 47 центи повисока од вчерашната затворена цена од 64,68 долари. На американскиот пазар поскапе за 52 центи на 61,22 долари. ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 11 април ќе учествува на Економскиот форум во Делфи, кој обединува на едно место креатори на политики, претседатели на држави, премиери, министри, претставници на бизнис и на академската заедница и експерти од над 55 земји во светот. Преку повеќе панел-дискусии, Форумот ќе биде фокусиран на низа глобални и регионални теми поврзани со геополитичката и меѓународната безбедност, ...

Европската Унија им нуди на САД взаемно укинување на царините за индустриски производи, изјави претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен. „Подготвени сме да преговараме со САД, понудивме нула за нула царини за индустриски стоки, како што успешно направивме со многу други трговски партнери“, изјави Фон дер Лајен по состанокот со претставници на челичната и металната индустрија. Истовремено, Комисијата е подготвена да одговори со ...

Белата куќа денеска соопшти дека секоја сугестија дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува за 90-дневна пауза на царините, чие воведување им го соопшти на голем број земји во светот, е „лажна вест“. „Лажни вести“, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит за CNBC News. Ливит со тоа го демантираше известувањето на некои американски медиуми кои, повикувајќи се на неименуван извор од Белата куќа, претходно денеска објавија ...

Цените на нафтата паднаа под 65 долари на меѓународните пазари во понеделникот, како одраз на стравувањата на инвеститорите дека најавената зголемена понуда може да се совпадне со намалената побарувачка под притисок на најавените бариери за светската трговија. На лондонскиот пазар со барелот нафта доцна попладнето се тргуваше по пониска цена од 1,17 долари отколку на затворањето на трговијата на крајот од минатата седмица, кога изнесуваше 64,41 ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе дополнителни царини од 50 отсто за Кина ако Пекинг до 8 април не ги укине најавените возвратни царини против САД. Трамп се закани дека ако Кина не се повлече, доплнителните царини за увоз на кинески стоки ќе стапат во сила на 9 април. – Покрај тоа, сите преговори со Кина во врска со побараните состаноци ќе бидат прекинати! Преговорите со другите земји, кои исто така побараа состаноци, ...

„Влезот во СЕПА (Единствената област за плаќања во евра) ќе овозможи побрзи и поевтини плаќања во двете насоки, како за одливи, така и за приливи. Притоа, Народната банка веќе презема активности за олеснување на извршувањето и на приливните плаќања, вклучувајќи ги и приливите врз основа на доход којшто се остварува во странство. Во таа смисла, се предвидува приливите од странство да му се ставаат на располагање на платежната сметка на примачот ...

Не е коректно вака да се настапи од страна и на синдикатите и од страна на СДСМ бидејќи минималната плата не е предмет на трговија, не е предмет на ценкање. Таа е производ на методологијата која што своевремено и синдикатите, истиот тој синдикат, и владата предводена од СДС од кога се договорија како па излегоа нели триумфално со дигнати раце дека направиле епохален чекор напред, и каде што се дефинираше 50% од зголемувањето на индексот на ...

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 4.1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи опаѓање од 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 4.3 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 1.5 ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во видео-обраќање на повеќе јазици – англиски, германски и француски – ги коментираше новите царини воведени од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Американските трговски мерки претставуваат „тежок удар“ за светската економија, предупреди таа, нагласувајќи дека Европската Унија подготвува контрамерки доколку не успеат преговорите. – Веќе го финализираме првиот пакет ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
73%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
54%
1016
weather icon

Загреб

30ᴼ / 29ᴼ
2.57
46%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
50%
1015
weather icon

Сараево

36ᴼ / 36ᴼ
7.23
28%
1009
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
54%
1019
weather icon

Атина

38ᴼ / 36ᴼ
4.92
26%
1010
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
48%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
4.12
34%
1013
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 33ᴼ
4.12
33%
1011
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
9.77
44%
1016
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 32ᴼ
7.2
21%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74