На глобалните пазари цените на нафтата паднаа минатата недела, по две недели раст, бидејќи централните банки најверојатно нема да ги намалат каматните стапки толку брзо, па не се очекува забрзување на економскиот раст и побарувачката на „црното злато“. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,2 отсто, на 81,62 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 3,4 отсто, на 76,49 долари. Во поголемиот ...

Сребреникавите чизми со монограм на Елтон Џон достигнаа скоро 100.000 долари (околу 92.000 евра), а триптихот од уличниот уметник Бенкси – околу два милиони долари (околу 1,85 милиони евра) на наддавањето на „Сотби’с“ во Њујорк, САД. Сѐ на сѐ, личните предмети на музичарот се продадени за речиси 7,4 милиони евра. Додека колекционерите наддаваа на вчерашната аукција, клавирот на Џон достигна цена од повеќе од 200.000 долари, а очилата за сонце ...

Овој период е одличен за инвестирање во Комерцијална банка АД Скопје, а тоа го потврдува и информацијата дека се поголем е бројот на членови на одборот на директори на Комерцијална банка кои купуваат акции од Банката, а на тоа се надоврзува и податокот дека акционерите ќе добијат по 910 денари бруто износ за една обична акција. Сопственикот на Друштвото за угостителство и трговија ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и член на Надзорниот одбор на ...

-Во регионот на Централна и Источна Европа инфлацијата се сведе од 16% на 5%. Слична е ситуацијата и кај нас, каде што стапката на инфлација се намали на 3%, од највисокото ниво коешто достигна околу 20 отсто, посочува гувернерката Ангеловска-Бежоска. Таа истакнува дека последниот инфлациски шок не е од стандардна монетарна природа и дека многу фактори влијаеа, вклучително и нарушувањата во производството, трговијата, транспортот и цените на ...

Швајцарскиот прехранбен гигант Нестле објави дека неговите приходи благо паднале во 2023 година под притисок на неповолните девизни курсеви и стагнантната продажба што ги надминувала повисоките цени. Минатата година приходите на компанијата паднаа за 1,5 отсто, на 93 милијарди швајцарски франци (97,8 милијарди евра). Неповолните курсеви ја намалија за 7,8 отсто, а нето-продажбата на средства за 0,9 отсто, пренесува Ројтерс. Минатата година ...

Функционерските плати повторно ќе растат. Овој пат зголемувањето ќе биде од 300 до 500 евра, во зависност од позицијата. Па така, шефот на државата ќе зема околу 3 илјади евра плата, слична сума и премиерот, а пратениците над 2 илјади евра, објави ТВ 21. Откако лани платите пораснаа за 78%, Владата најави дека сама ќе ги скрати платите, па се премисли и формираше работна група, денеска техничкиот премиер кажа дека пресметката не може да ја ...

ОВЕН Дeнoт e пoгoдeн зa дa пpeзeмeтe инициjaтивa вo дeлoвнитe и личнитe oднocи. Лyѓeтo oĸoлy вac лecнo мoжaт дa ги пpифaтaт и пoддpжaт вaшитe идeи. Aĸo нe ви ycпee вeднaш, нe бpзajтe дa ce oтĸaжeтe: yпopнocтa нocи нeвepojaтни peзyлтaти. БИК Mнoгyтe paбoтa штo ja имaтe дeнec мoжe нa ĸpajoт дa ви пpeдизвиĸa cилнa глaвoбoлĸa. Ceпaĸ, нeмa дa oтcтaпитe и ќe мoжeтe дa ги нaдминeтe тeшĸoтиитe и дa ги oтcтpaнитe пpeчĸитe. БЛИЗНАЦИ Be oчeĸyвa плoдeн ...

Оваа година Грција очекува рекордна бројка од 35 милиони туристи од целиот свет. Како што е познато, светската економска клима не беше поволна за туристичкиот сектор. Инфлацијата остави белег на сè, вклучувајќи ги и трошоците за одмор. Цените на туристичките аранжмани за Грција, според шефот на грчката управа за туризам Милтиадис Николау, годинава се за 20-30 отсто повисоки во споредба со претходните години. Сепак, интересот не стивнува, што ...

„Bayer“ планира да ја намали својата дивиденда за 95% во обид да го плати долгот во време кога германската компанија се обидува да се опорави од повеќе кризи, вклучително и бранот судски спорови за хербицидот „Roundup“. „Bayer“ ќе претстави план да им понуди на инвеститорите 11 евроценти по акција за фискалната 2023-та година, од 2,40 евра претходната година, соопшти компанијата. Новата политика, која има за цел да ги исплати „законските ...

Инфлацијата во Европската унија значително забави на почетокот на годината, објави во четвртокот Евростат, потврдувајќи ја проценката за благо забавување на растот на потрошувачките цени во еврозоната. На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација, мерена преку хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), кој овозможува споредба меѓу земјите-членки, во јануари се намали на 3,1 отсто, од 3,4 отсто во претходниот месец и со тоа се ...

Групацијата НЛБ во 2023 година оствари 550,7 милиони евра добивка по оданочување, а во исто време продолжи одговорно и промислено стратешко планирање и со своите деловни одлуки ги постави темелите за иден стабилен, растечки и одржлив профитабилен бизнис. Дополнително, ги поддржува хуманитарните, здравствените, културните, спортските и другите компании во општеството со донации и спонзорства, со што продолжува да остава подобар белег и да ...

Вкупните депозити во јануари забележале годишен раст од 10, а кредитната поддршка 5,7 проценти. И во двата случаи поизразена е улогата на домаќинствата, иако нагорни движења се прикажани и кај корпоративниот секор, покажуваат последните податоци на Народната банка за монетарните движења во првиот месец од годинава. Во јануари, вкупните депозити се во износ од 534,203 милиони денари или 8,66 милијарди евра. Од нив, на компаниите им припаѓаат ...

Според астролозите, постојат три хороскопски знаци во кои се родени најсреќните жени во животот. Тие се проактивни и фокусирани на подобрување и не губат време на жалење и ситуации кои не придонесуваат за нивниот напредок. Знаат да донесат правилна одлука и да преземат одговорност за себе, што ги прави исклучително успешни. Три хороскопски знаци во кои се родени најсреќните и најуспешните жени. Рак Жените родени во знакот Рак се исклучително ...

ОВЕН Cитe вaши плaнoви ce oдвивaaт тoĸмy oнaĸa ĸaĸo штo cтe плaниpaлe. Зa вac paбoти фaĸтopoт cpeќa, штo ќe ce пoĸaжe мнoгy jacнo. Baшиoт мeнтaлитeт нa ocвojyвaчи ќe бидe пpиcyтeн дeнec и вo дeлoвниoт и вo eмoтивниoт ceĸтop. БИК Дeнeшнaтa eнepгиja мoжeби нeмa цeлocнo дa ви oдгoвapa, глaвнo зaтoa штo oдвpeмe-нaвpeмe ќe ce чyвcтвyвaтe yмopни. Moжe и пoчecтo дa пoceгнyвaтe пo xpaнa, зaтoa пoтpyдeтe ce дa нe jaдeтe гoлeми ĸoличини зaтoa штo ќe вe ...

Пред неколку месеци, Дерек Кариер почна да се гледа со некого и се вљуби. Доживеа „тон“ романтични чувства, но знаеше дека тоа е илузија. Тоа е затоа што неговата девојка е генерирана од вештачка интелигенција. Кариер не сакаше да развие врска со нешто што не е реално, ниту пак сакаше да стане дел од шегите на Интернет. Но, тој сакаше романтичен партнер што никогаш не го имал, делумно поради генетското нарушување наречено Марфанов синдром што ...

Силниот раст на цените на акциите во технолошкиот сектор во четвртокот во претпладневното тргување го поттурна паневропскиот индекс STOXX 600 на највисокото ниво во историјата, а парискиот CAC, исто такам е на рекордно ниво. Индексот STOXX 600 во првиот дневен пресек од тргувањето порасна за 0,65 отсто, на 494 поени. Парискиот CAC, исто така, достигна рекорд, зајакнувајќи за 0,8 отсто, на 7.871 поен. Франкфуртски DAX беше позначително во ...

Јапонскиот индекс Nikkei во четвртокот достигна историски рекорд, по неочекувано добрите деловни резултати на американскиот производител на чипови „Nvidia“, кои го поттикнаа растот на азиските технолошки акции, а поттикнати од тоа зајакнаа и кинеските берзи. Јапонскиот индекс Nikkei се зголеми за 2 отсто на 39.028, надминувајќи го својот претходен врв од 38.957 во 1989 година, по едногодишното зголемување на цените на акциите поттикнато од ...

Хрватска секоја година увезува се повеќе јајца, покажуваат новите податоци на Министерството за земјоделство. Така, вкупниот увоз на сите јајца во првите 11 месеци од минатата година изнесувал околу 7530 тони, а извозот само 1550 тони. Надворешно-трговскиот дефицит е поголем за 21,5 отсто во однос на истиот период лани. Што се однесува до свежите пилешки јајца за конзумација, во првите 11 месеци се увезени околу 6.000 тони, а во целата година ...

Џеф Безос се ослободи од уште 2 милијарди долари акции на Амазон кои ги поседуваше, последна во серијата планирани продажби на акции што на поранешниот извршен директор на Амазон му заработи околу 8,5 милијарди долари во готовина. Регулаторното поднесување објавено претходно овој месец го откри планот на Безос да продаде 50 милиони акции до 31 јануари 2025 година. Продажбата започна на 7 февруари и заврши во вторник. Безос, основачот и ...

Банкнотите со ликот на британскиот крал Чарлс Трети ќе бидат пуштени во оптек од 5 јуни оваа 2024 година, соопшти денеска Банката на Англија. Дизајнот беше претставен пред повеќе од една година. Слика од кралот ќе се појават на апоените од пет, 10, 20 и 50 фунти и тие ќе се користат заедно со постоечките хартиени платежни средства со ликот на кралицата Елизабета. bankofengland.co.uk Новите пари, се наведува, постепено ќе ги заменат ...

Цените на акциите на компаниите од индексот МБИ 10 на Македонската берза за период од 20 години бележат огромен раст, кој е особено изразен во последните 10 години. Ако во 2004 година купевте акции на Алкалоид, Тутунска банка (сегашна НЛБ), Комерцијална банка, Макпетрол или Гранит, во 2024 година ќе можевте да се прогласите за милионер! Во случајот со компаниите кои добија мнозински сопственик, како НЛБ банка, опција за тогашните акционери ...

Народната банка активно работи на постојано унапредување на статистичката функција и на целокупната инфраструктура потребна за истражувачка активност и за носење квалитетни одлуки. Соработката со академската заедница може да придонесе за подигнување на квалитетот на истражувачко-аналитичката работа во земјата и да овозможи размена на знаења, искуства и вештини. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита ...

Народната банка и Европската инвестициска банка (ЕИБ), денеска, потпишаа Договор за соработка, со кој се обезбедува поддршка на напорите на Народната банка во сферата на зелените финансии. Договорот беше потпишан од страна на гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и претставникот на ЕИБ во земјава, Бјорн Габриел, додека на средбата присуствуваше амбасадорот на ЕУ, Н.Е. Дејвид Гир, амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра ...

Неверојатно редок тркачки автомобил „ферари“ ќе се најде на аукција месецов и се проценува дека ќе достигне цена помеѓу 34 и 38 милиони долари. Станува збор за автомобилот „ферари 250 теста роса“ од 1958 година, поконкретно една од само 19-те варијанти на кои работел Серџо Скаљети. Уште попривлечен е фактот што ова е еден од само неколкуте автомобили на „теста роса“ со оригинален мотор и менувач. Автомобилот со број 0738 ТР учествуваше на ...

Британската банка „HSBC“ објави рекордна годишна добивка што не ја надминува прогнозите на аналитичарите бидејќи зголемувањето на нејзината заработка од повисоките каматни стапки беше засенето од големото наплата од 3 милијарди долари на нејзиниот удел во кинеска банка. „HSBC“, која има пазарна капитализација од 160 милијарди долари, во средата објави добивка пред оданочување од 30,3 милијарди долари за 2023-та година, што е за 78% повеќе од ...

ОВЕН Денот ќе е исполнет со состаноци, па затоа немате време за губење. Завршете ги започнатите задачи и вклучете се во нов проект кој ве привлекува со ветување за нови можности за самоизразување. На работното место колегите ви го обезбедуваат спокојството кое ви е потребно. Не донесувајте избрзани одлуки и избегнувајте грешки кои водат до финансиски загуби. БИК Можеби вашите планови ќе тргнат наопаку поради несоодветниот однос на ваш колега. ...

На Wall Street, цените на акциите паднаа во вторникот, најмногу во секторот на производители на чипови, што е резултат на притисокот врз акциите на Nvidia пред објавувањето на нејзините квартални деловни резултати. Dow Jones загуби 0,17 отсто, на 38.563 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,60 отсто, на 4.975 поени, а индексот Nasdaq 0,92 отсто, на 15.630 поени. Се чекаат кварталните резултати на Nvidia Бидејќи во понеделникот САД не ...

Инвеститорите на меѓународните пазари го чекаат објавувањето на записникот од последниот состанок на американската централна банка за понатамошни насоки за монетарната политика. Многу малку економисти очекуваат Fed да започне циклус на намалување на каматните стапки веќе во јуни, бидејќи најновите податоци укажуваат на тврдоглава инфлација во САД. Пазарите сега очекуваат дека Fed би можел да ги намали каматните стапки за 92 базични поени оваа ...

Бумот на американската нафта од шкрилци кој во голема мера го пригуши растот на цената на нафтата во изминатите две години завршува. Производството на сурова нафта во земјата се очекува да порасне за само 170.000 барели дневно во 2024-та година во споредба со минатата година. Ова е најскромниот годишен пораст на производството од 2016-та година, со исклучок на пандемијата, пишува „Wall Street Journal“. Зголеменото производство на нафта во САД ...

Најголемите европски банки минатата година за прв пат надминаа добивка од 100 милијарди евра, бидејќи зголемувањето од зголемените каматни стапки им донесе рекордна заработка на повеќето од нив. Комбинираниот нето приход на 20-те најголеми континентални европски банки кои објавија резултати се искачи на 103 милијарди евра од 78 милијарди евра во претходната година. Три четвртини од заемодавците во групата постигнале најголем профит во својата ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.57
46%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
2.57
58%
1018
weather icon

Загреб

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
54%
1021
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
45%
1017
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.73
57%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.0
68%
1021
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
9.26
48%
1008
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
38%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
8.23
31%
1014
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
1.34
27%
1017
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
4.63
38%
1020
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
6.69
67%
1014
Currency

61.645

Currency

52.3356

Currency

70.8925

Currency

37.5536

Currency

38.1565

Currency

66.8106

Currency

7.6758

Currency

0.68664

Currency

0.32902

Currency

0.52527

Currency

1.16916

Currency

0.56119

Калај

50.19

Рутениум

56199.51

Родиум

319899.93

Платина

68995.50

Злато

154701.23

Сребро

2561.63

Паладиум

50508.82

Алуминиум

3.64

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Бакар

12.22