
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Светот се соочува со растечка заплашеност од нова должничка криза, која би можела да ги потресе глобалните економии и да ги загрози стабилноста на валутите. Главните фактори за оваа ситуација се неодговорното трошење и задолжување на некои од најголемите светски сили, како и зголемувањето на каматните стапки, кои ја отежнуваат отплатата на долговите. Според податоците на Евростат, долгот на државите во еврозоната во 2022 година изнесувал 91,4 ...
Матичната компанија на Фејсбук – Мета на акционерите ќе им исплаќа квартална награда во износ од 50 центи по акција. По објавувањето на таа информација како и одличните резултати во последниот квартал од минатата година, вредноста на акцијата на Мета пораснала за цели 18 отсто. Мета, покрај исплатата на квартална дивиденда, најави и зголемување на програмата за откуп на акции за 50 милијарди долари. „Ова беше клучна година за нашата компанија“, ...
Нема кој да ја прави пици во Хрватска иако платата е 2.000 евра. Пица мајсторите се многу барани во Хрватска. Во огласите за работа, на социјалните мрежи и на веб-страниците на угостителските компании, јасно се гледа дека во моментов низ цела Хрватска се бараат повеќе од сто пица мајстори, пишува Даница хр. Така, една пицерија во Вела Лука на Корчула на пица мајстор му нуди плата до 2.000 евра. Тие ќе подготвуваат пици од електрична печка, а ...
Amazon објави резултати за четвртиот квартал од 2023 година кои ги надминаа проценките на аналитичарите, а вредноста на акциите на технолошкиот гигант порасна за повеќе од осум отсто во продолженото тргување на Њујоршката берза, објави CNBC. Во оваа прилика компанијата објави дека очекува приходот во првиот квартал од оваа година да биде меѓу 138 милијарди и 143,5 милијарди долари, што претставува раст од осум до 13 отсто. Аналитичарите очекуваа ...
Ирак им забрани на осум локални приватни банки да вршат трансакции во долари. Со ова државата има намера да ја намали можноста за измами, перење пари и други незаконски активности со помош на американската валута, неколку дена по посетата на висок функционер на американското Министерство за финансии. На банките им беше забрането да учествуваат на дневната аукција во долари на Ирачката Централна банка за да се спречи шверцот на оваа валута во ...
Луѓето на Федералните резерви кои го одредуваат нивото на каматните стапки очекуваат да ги намалат стапките за околу три четвртини од процент оваа година, изјави претседателот на американската централна банка Џером Пауел. Пауел за телевизијата Си-Би-Ес изјави дека „речиси сите“ членови на Федералниот комитет за отворен пазар мислат дека американската централна банка во одреден момент оваа година ќе ги намали каматните стапки од сегашното високо ...
ОВЕН Πpвaтa пoлoвинa oд дeнoт ќe бидe шиpyм oтвopeнa, нo ĸoгa Meceчинaтa ќe ce пpeceли вo Japeц пoплaднe вo вaшaтa 10-тa ĸyќa, тoa ќe вe вpaти вo peaлнocтa, пoтceтyвajќи ce нa oбвpcĸитe и дoлжнocтитe штo тpeбa дa ги нaпpaвитe. БИК Πocтeпeнo ќe пoчнe дa ви ce пoдoбpyвa pacпoлoжeниeтo, ќe paзмиcлyвaтe пoзитивнo и ќe cтaнeтe пooптимиcти зa пpeдизвицитe нa дeнoт. Πoгoдeн e зa cpeдби co иcтoмиcлeници. БЛИЗНАЦИ Дeнoт гo зaпoчнyвaтe миpнo и ...
Приходите на Суецкиот канал паднаа за речиси половина во јануари, изјави директорот на управувањето со поморските патишта, адмирал Осама Рабиех, цитиран од онлајн изданието „Ентерпрајз њуз“, пренесува БТА. Приходите од патарините за транзит паднаа на 428 милиони долари, што е пад од 47 отсто на годишно ниво. Бродовите што минуваат низ клучната трговска артерија се намалени за речиси 37 отсто поради нападите на јеменските бунтовници Хути. На ...
Домаќинствата во еврозоната сè помалку се задолжуваат кај банките, е заклучокот од новиот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во декември. Банкарските кредити за домаќинствата во еврозоната се зголемија за 0,3 отсто на годишно ниво во декември, што е најбавно годишно темпо на раст од март 2015 година, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ. Вкупната вредност на кредитите на приватниот сектор во декември е зголемена ...
Често слушаме дека годините се само бројка, а тоа дефинитивно важи за поединци. Овие хороскопски знаци стануваат се поубави со годините. Бик Биковите се познати по нивната склоност кон зачувување на убавината. Со текот на годините, нивната доследна грижа за себе и за своето тело носи прекрасни резултати. За нивниот изглед придонесува нивната опуштена и пријатна природа, а со годините стануваат се попривлечни и похаризматични. Вага Вагите се знак ...
Главниот директор за корпоративно банкарство, Билјана Максимовска – Поповиќ станала сопственик на сто акции од Комерцијална банка, каде што е дел и од Управниот одбор. Информацијата, преку Македонска берза, ја објави Банката: „Комерцијална банка АД Скопје известува дека г-ѓа Билјана Максимовска – Поповиќ, главен директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор, се стекна со 100 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје“. ...
„Почитувани, годишниот извештај за надоместоци за 2023 година ви е достапен на шалтерите или другите канали на Банката“ – СМС пораки со ваква содржина деновиве добиваат имателите на платежни сметки во одделни банки. Оваа новина произлезе од Законот за платежни услуги и платни системи, кој е во примена од почетокот на минатата година. Конкретно, се работи за обврската што ја имаат банките, да ги информираат клиентите за наплатените и за ...
На европските берзи во понеделник претпладнето повеќето од најважните индекси се во благ плус, благодарение на подобрите од очекуваните деловни резултати на компаниите, но оптимизмот на инвеститорите е ограничен со очекувањата дека намалувањето на каматните стапки ќе оди со побавно темпо отколку што претходно го перципираа. Паневропскиот индекс Stoxx 600 во првиот дневен пресек порасна за 0,2 отсто. Во исто време, најмногу поскапеа акциите на ...
Луфтханза, германскиот државен авиопревозник ќе биде погодена од штрајкови во среда, откако синдикатот Верди го повика персоналот на авиокомпанијата на копно да спроведе еднодневен штрајк, јавува Дојче Веле. Прекинот на работа ќе влијае на летовите од авиокомпанијата на аеродромите во Франкфурт, кој е и најпрометниот аеродром во Германија, како и Минхен, Хамбург, Берлин и Дизелдорф, соопшти синдикатот во понеделникот. Тоа доаѓа по штрајкот на ...
Често слушаме дека вештачката интелигенција(AI) е сè уште во зародиш и дека по начинот на кој „учи“ повеќе наликува на дете отколку на некоја моќна технологија. Но, како навистина изгледа AI дете? Токму тоа можеа да го искусат посетителите на изложбата „Frontiers of general artificial intelligence technology“, која се одржа во Пекинг. Таму, имено, беше можно да се комуницира со аватар кој претставува AI дете, девојче по име Тонг Тонг. Тонг Тонг ...
Гувернерката Ангеловска Бежоска учествуваше на панел-дискусија на 22. издание на престижниот Mеѓународен економски самит Ворвик 2024, кој се одржува на истоимениот универзитет во Обединетото Кралство. На панел-дискусијата на тема „Навигација на монетарната политика: Гледишта од централните банки ширум светот“, покрај гувернерката, учествуваше и гувернерот на централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ, гувернерот на централната банка на ...
Банката на Англија (BCE) ги задржа клучните каматни стапки непроменети на 16-годишниот максимум од 5,25% на првиот состанок во годината, покажа одлуката на регулаторот. Шест од членовите на Управниот совет ја поддржаа одлуката, еден гласаше за намалување, а двајца централни банкари гласаа за натамошно зголемување на каматните стапки на 5,5%, бидејќи стагнантната економија не успева да го олади брзиот раст на платите, клучен двигател на ...
Две третини од најпросперитетните земји во светот се во Европа, според индексот на просперитет Легатум за 2023 година. Сепак, нееднаквоста во приходите е широко распространета низ стариот континент. Просечниот приход на домаќинството наменет за потрошувачка и штедење значително варира, не само помеѓу земјите-членки на ЕУ, туку и меѓу другите европски земји. Се чини дека постои јасна географска поделба: највисоките нивоа на просечен расположлив ...
ОВЕН Дозволете му на вашиот ум да ве води и успехот ќе биде со вас. Бидете креативни на работното место. Ќе добиете признание сѐ додека ги завршувате работните задачи. Склони сте да влегуватње во кавга со колегите поради ситни пропусти и грешки, само за да блеснете како добри професионалци, но ќе му наштетите на односот со нив. БИК Постигнете ги целите што си ги поставивте. Вашата работа се завршува, и покрај тешкотиите. Деловните разговори се ...
По објавување на огласот на Министерството за економија за два дена околу 2.000 граѓани лично поднеле барања до Архивата за ваучер за набавка на инвертер клима уред. Дополнително голем дел од апликациите пристигнале по пошта, претежно од граѓани од другите градови во земјава и тие ќе се обработуваат.Како што информираат од Министерството за економија очекуваат набрзо да се искористат сите средства предвидени за набавка на клима уреди. Веќе е ...
Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита НЛБ банка ќе ја врши од денес понеделник (5 февруари). Клиентите ќе можат да ги подигнат средствата од парична помош на банкоматите во секое време. Во насока на поголема заштита и намалување на гужвите во експозитурите, исплатата ќе се реализира согласно определениот редослед. Распоредот е направен по азбучен ред, според првата буква од презимето на корисниците: понеделник (5 ...
Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачат. Тоа ќе биде напредок и благо олеснување. Кариера Ако имате проблеми да го изработите неопходното, сетете се на своите стручни знаења и набргу ќе дојдете до решение. Здравје и совет Одморете,наспијте се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Можно е некој да ви предложи излез од љубовниот лавиринт, но не сте подготвени тоа да го спроведете на дело. Кариера Пред вас е ...
Вториот месец од годинава почна со фантастични вести. Најновиот Супер милионер џекпот на Видеолотарија касинос Австрија во 2024 е со рекорден износ од 20.768.497 денари. Овој фантастичен износот го освои играч од Кичево на видеолотариските терминали. Добивката е освоена на 1 февруари кај нашиот деловен соработник Спортлајф во 18:11 часот. На нашиот најнов среќен добитник му ја честитаме добивката, очекувајќи го да пристигне по добитниот чек на ...
Самостојните дадилки имаат нови цени на своите услуги, а интернетот се подели и околу ова прашање: колкави се компетенциите на жените кои ни ги чуваат децата и дали тие навистина ја заслужуваат посакуваната дневница? На една од најголемите затворени Фејсбук групи во кои родителите можат да си најдат доверливи жени кои чуваат деца, овие денови се појави ценовник на услугите на дадилките и се покрена расправа на неколку нивоа. Ова се некои од ...
Во милијарди денари или во милиони евра, сеедно. Во која и валута да е испишана, има многу бројки. Добивката на Комерцијална банка. Онаа од 2022 од 37,5 милиони евра, која беше „вау“, во 2023 е проширена, дополнета и надградена. Изнесува точно 3.912.647.000 денари. Или, 63.506.901,57 евра. Пред оданочување. Од едната до другата сума има висинска разлика од цели 69,3 проценти. А, планот е остварен со 128,3 проценти. Поголема добивка, поголем ...
На најголемата светска берза њујоршки Волстрит берзанските индекси значително пораснаа во четвртокот, враќајќи го најголемиот дел од загубите од претходниот трговски ден, а инвеститорите беа фокусирани на кварталните деловни резултати на компаниите. Идексот Dow Jones зајакна 0,97 отсто, на 38.519 поени, додека S&P 500 порасна за 1,25 отсто, на 4.609 поени, а индексот Nasdaq порасна за 1,30 отсто, на 15.361 поени. Така, индексите надополнија ...
Германскиот пазар на труд веќе ќе пропаднеше без странски работници, а минатата година најголем број нови вработени дојдоа од земји надвор од Европската унија, пред се Украина и Индија, објави Федералната канцеларија за вработување во Нирнберг. „Во периодот од јуни 2022 до јуни 2023 година, 53.000 Украинци се вработиле во Германија, а во исто време 24.000 Индијци“, вели Андреа Налес, директорка на Федералната служба за вработување, пишува ...
Инфлацијата во еврозоната благо ослабела во јануари, а најновата членка на зоната на користење на единствената валута Хрватска е рангирана заедно со Естонија со најсилен раст на потрошувачките цени, значително повисок од просекот, покажаа пресметките на Eurostat во четвртокот. Во јануари годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP) изнесувала 2,8 отсто, пресметаа статистичарите. Во ...
Клучни новости се следниве: Стопанска банка Скопје лани прокнижи 104 милиони евра раст на кредитирањето. Воедно оствари најголем износ на нето приходите од камати, а е единствена во конкуренција на најголемите банки што бележи пад на нето приходите од провизии и надоместоци. Добивката е рекордна во 80 годишното постоење на банката и изнесува 56 милиони евра „Стопанска банка Скопје“ ја заврши 2023 година со рекордна добивка која изнесува 56,4 ...
Дојче банк во четвртокот соопшти дека ќе укине 3.500 работни места, ќе откупи акции и ќе исплати дивиденди, во најновиот предлог до инвеститорите, уверувајќи ги дека останува на вистинскиот пат. Соопштението дојде откако најголемата германска банка објави пад на профитот од 30 отсто, кој сепак ги надмина очекувањата на аналитичарите, пренесува Ројтерс. Банката претходно ги објави плановите за отпуштања, но сега за прв пат ја соопшти бројката, ...