Алатката за вештачка интелигенција (ВИ) за новинари наречена Спиноза беше претставена денеска пред Самитот за вештачка интелигенција во Париз. Меѓународната невладина организација Репортери без граници (РСФ), со седиште во француската престолнина, посочи дека алатката покажува дека „одговорната употреба на вештачката интелигенција во редакциите е можна“ под услов да бидат вклучени новинари. РСФ и француското здружение Алијанса за медиуми (Apig) ...

Денеска УЈП го објави документот „Демистификација на листата на должници“. Тоа е најнова листа која се однесува на долговите доспеани до 30.9.2024 и неплатени до 31.12.2024. Листата вклучува вкупно 1.958 правни лица и 3.914 физички лица, кои заедно должат повеќе од 11,3 милијарди денари даноци и придонеси. Од УЈП истакнаа дека 70% од правните лица должници се всушност без каква било активност во целата 2024 година: „Впечатливо е тоа што огромен ...

Високото ниво на независност и кредибилитетот во работењето на Народната банка се едни од најважните фактори коишто придонесоа за успешно остварување на целите и за макроекономската стабилност во изминатите години, и покрај неколкуте последователни кризи на светско ниво. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Кралството Холандија во земјава, Узлем Џанел. Професионалноста, стручноста и ...

Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“ и потпретседател на Стопанската комора, човек кој своето знаење и искуство стекнато во странство сака да го пренесе во својата држава, со задача да создаде, изгради, да обучи, развие и да промовира 100 нови лидери, млади, стручни, образовани, емпатични, кои ќе бидат движечката сила на Комората, на нејзините членки, но и на државата, на македонската економија и на општеството, лидери кои со ...

Советот на Народната банка на својата последна седница, одржана на четврти февруари годинава, го усвои Кварталниот извештај, во кој се заклучува дека макроекономските движења беа главно во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Инфлацијата и натаму се намалува, економијата и натаму постепено закрепнува, а девизните резерви остварија солиден раст. Но, ризиците сѐ уште постојат. Во Извештајот се наведува дека глобалната економија ...

Цените на производите во европската индустрија се намалија во декември, покажа извештајот на Европскиот завод за статистика. Производните цени на индустриските производи во еврозоната и ЕУ се зголемија за 0,4 отсто во декември во споредба со претходниот месец кога пораснаа за 1,7 отсто во двете области, пресметаа статистичарите. Најмногу пораснаа цените во енергетскиот сектор и во еврозоната и во ЕУ, за 1,4, односно 1,3 отсто. Растот е забавен ...

Бројни неправилности, нетранспарентност и низа прекршувања на внатрешните прописи, управните и законските процедури констатирала ревизијата во Министерството за економија и труд што ја иницираше актуелниот министер за економија и труд Бесар Дурмиши. Постојат сознанија, соопшти денеска Дурмиши, дека државниот буџет е оштетен за 127 721 000 денари или за приближно два милиона евра како резултат на непреземање мерки од страна на комисиите на ...

ОВЕН Кога вашите задачи изгледаат тешки и недостижни, побарајте поддршка и продолжете напред. Животот не е трка до самиот крај, туку уметност на создавање односи, давање втори шанси и залагање за сопствените сништа. Ветровите на промените веќе дуваат во ваша полза, а вашите напори наскоро ќе дадат резултат. БИК Денеска ќе треба повнимателно да ги разгледате своите постапки, но нема сомнеж дека ќе бидете водечка фигура. Време е да ја преземете ...

На 4 февруари 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека и покрај досегашните релативно поволни трендови, ризиците и натаму ...

На валутните пазари во раното претпладневно тргување во вторникот падна вредноста на америакнскиот долар во однос на кошницата валути. Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 108,90 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 109,65 поени. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,55 на 155,25 ...

Во 2024 година, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) инвестираше ЕУР 151 милиони, во 13 проекти во Македонија кои помагаат во моделирање на економскиот и одржливиот раст на земјата. ЕУР 70 милиони се инвестирани за зелени проекти кои се квалификуваат за финансирање, кои ја поддржуваат енергетската ефикасност, обновливата енергија, и напорите за декарбонизација. Овие инвестиции ја одразуваат посветеноста на Банката за зајакнување на ...

Откако американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи одлуката на судот за забрана на Тик-Ток во САД за 75 дена, повторно почна одбројувањето до крајниот рок за американски купувач за оваа кинеска социјална мрежа. Новиот американски претседател предложи партнерство 50-50 меѓу ByteDance и заинтересирана страна во САД. Кинеската компанија изјави дека ја отфрла продажбата, но тоа не ги спречи потенцијалните купувачи јавно да изразат интерес. ...

Гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава, Масимилиано Паолучи, ја отворија работилницата „Техничките и правните аспекти за приклучување кон системот за плаќање во евра СЕПА“, на која учествуваа претставници на Светската банка, Европската централна банка, Европскиот платежен совет, на Италијанската асоцијација на банки и на други финансиски институции. „Би сакал да ја истакнам посветеноста ...

Поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно заработувајќи преку енормни цени на производи кои ги плаќаат граѓаните. Ова меѓу другото го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет. Растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција. Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски практики и злоупотребите кои директно влијаат ...

Очекувам задвижување. Ова е една поголема, сеопфатна стратегија. На вчерашната владина седница беше донесена оваа одлука, односно договорите кои што треба да значат сега административно поврзување и создавање партнерство помеѓу развојната банка и комерцијалните банки веќе е одобрен од страна на Владата и очекувам таа формалност деновиве да биде завршена и веќе ќе можат компаниите и економските оператори да аплицираат и да добијат европски ...

Цените на нафтата во вторникот на меѓународните пазари пораснаа на 78 долари, бидејќи прекините во снабдувањето од Либија ги турнаа во втор план шпекулациите дека кинескиот стартап DeepSeek би можел да влијае врз намалување на побарувачката на енергија. На лондонскиот пазар цената на барелот во попладневното тргување беше за 91 цент повисока од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 77,99 долари. Вчера го затвори тргувањето со загуба од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека Microsoft е во преговори за купување на TikTok и дека би сакал да види тендерска војна околу апликацијата. На прашањето дали Microsoft преговара за купување на апликацијата, американскиот претседател рече „Би рекол да“, додавајќи „има голем интерес за TikTok“. Microsoft, TikTok и ByteDance не одговорија веднаш на барањата на Ројтерс за коментар по коментарите на американскиот претседател ...

Двесте и педесет милиони евра од билатералниот заем со Унгарија стануваат оперативни. Владата донесе одлука за нивно ставање на располагање на македонското стопанство, односно компаниите. Ова го соопшти денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, на заедничка прес-конференција со премиерот Хритијан Мицкоски, по усвојуvање на договорите за кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватните трговски друштва кои ...

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со семејството. Овен (21.3 – 20.4) Работа: Меркур влегува во Водолија на 28 јануари и прави напнат аспект со Марс, што носи промена на плановите и расправии со пријателите. Уран, планетата на промените, директно се движи низ куќата на работа на 30 јануари, што ќе резултира со обновена соработка со старите партнери. Еден ден ...

ОВЕН Денеска вашето внимание ќе биде насочено кон домот и семејството. Најверојатно ќе поминувате повеќе време со вашите најблиски или ќе работите на промени во вашиот дом. Исто така, можно е да размислувате за одредени семејни односи или да се враќате на спомените од минатото. Ќе ви треба самотија за да ги организирате мислите и да се грижите за себе. БИК Денеска ќе стекнете нови знаења или ќе ги збогатите своите вештини. Можно е да планирате ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,86 % во однос на одлуката од 20.01.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,341%, кај дизелот за 3,439%, кај ...

Добрите политики на Народната банка имаат суштинско значење за стабилизирањето на инфлацијата и за одржувањето и зајакнувањето на финансиската стабилност, вклучително и денаризацијата, беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорот на Француската Република во земјава, Кристоф ле Риголер. Во изминатите години финансиската стабилност беше зајакната, што се согледува преку јакнењето на ...

Цените на нафтата на светските пазари минатата недела значително паднаа, по четири недели раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара од ОПЕК да ги намали цените и истовремено најави зголемување на производството на нафта во САД. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,8 отсто, на 78,50 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,1 отсто, на 74,66 долари. Падот на цените во голема мера е ...

ОВЕН Денеска вашиот фокус ќе биде на финансиски работи кои ќе бараат ваше внимание. Ако сте добро организирани и не дозволувате споредните активности да ви го одвлечат вниманието, ќе постигнете добри резултати. Во вашиот личен живот, не брзајте да донесувате заклучоци, емоциите можат да ве одведат на погрешен пат. БИК Денеска ќе имате желба да бидете корисни за другите и да помагате кога е потребно. Сепак, бидете внимателни, не секој ќе ги цени ...

Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против И.Т во својство на управител на правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и против правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Од Финансова полиција денеска соопштија дека првопријавенaта И.Т во период од 01.01.2014 до 31.12.2016 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот ...

На владината седница што треба да се одржи следната недела се очекува да бидат завршени сите процедури околу кредитната линија од унгарскиот заем наменета за компаниите. Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција во Владата рече дека согласно најавите на Владата оваа кредитна линија треба да стане оперативна до крајот на јануари. – Како Влада најавивме дека до крајот на јануари се очекува кредитната линија од унгарскиот ...

ОВЕН Не се оптоварувајте премногу со очекувањата на другите, тие можеби нема секогаш да можат да одговорат на вашите потреби на начинот на кој вие сакате. Обидете се да ги погледнете работите од нивна гледна точка. Работата ќе ви донесе задоволство доколку вложите труд и се фокусирате на тековните задачи. БИК Денеска ќе имате можност да уживате во пријатни разговори и социјални контакти. Ако барате промена или нова насока во вашата кариера, ...

Ѕвездата на „YouTube“ и „TikTok“, „MrBeast“, размислува да го купи „TikTok“ како дел од група инвеститори, додека има рок од 75 дена да се најде сопственик кој не е кинески за да избегне трајна забрана на социјалната мрежа. „Во ред, ќе го купам „TikTok“ за да не биде забранет“, објави „MrBeast“, со вистинското име Џими Доналдсон, на платформата X на 13 јануари. Иако тонот беше хумористичен, Доналдсон е сериозен, потврди неговиот адвокат за „CNN“ ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави инвестиција до 500 милијарди долари од приватниот сектор во изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција (ВИ). Трамп на прес-конференција во Белата куќа откри дека OpenAI, SoftBank и Oracle планираат заеднички проект наречен Stargate, пренесува CBS News. На конференцијата присуствуваа и директори на компанијата – Масајоши Сон од SoftBank, Сем Алтман, кој раководи со OpenAI и Лери Елисон од ...

Европа мора „да биде подготвена“ и да ги предвиди потенцијалните трговски тарифи од неодамна инаугурираниот американски претседател Доналд Трамп, изјави во средата претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард за CNBC. Таа рече дека фактот што Трамп не воведе општи царини на првиот ден од неговото претседателствување е „многу паметен пристап… бидејќи општите тарифи не мора нужно да ви ги дадат резултатите што ги очекувате“. Како ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1020
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
66%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
64%
1015
weather icon

Софија

13ᴼ / 8ᴼ
1.54
50%
1019
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.47
56%
1017
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
0.51
96%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
74%
1019
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
0.0
72%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
72%
1020
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 12ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
62%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1019
Currency

61.6117

Currency

53.2292

Currency

70.0511

Currency

34.8707

Currency

37.9994

Currency

66.2867

Currency

7.49847

Currency

0.66409

Currency

0.34494

Currency

0.52539

Currency

1.26766

Currency

0.60104