Денарот е стабилен, а гаранција за тоа е високото ниво на девизните резерви, коешто и покрај бројните шокови и натаму расте и на крајот на септември изнесува 4,4 милијарди евра. Сегашното ниво на девизните резерви е повисоко од пред пандемијата за 40%, или за околу една милијарда евра, што е значителен пораст, особено во години исполнети со шокови невидени досега, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува ...

Пратениците на Европскиот парламент во вторникот ја критикуваа позицијата на земјите-членки во однос на буџетот за следната година, кој вклучува кратење на средствата за некои важни програми како Хоризонт и Еразмус плус. Пратениците на Европскиот парламент во вторникот ја критикуваа позицијата на земјите-членки во однос на буџетот за следната година, кој вклучува кратење на средствата за некои важни програми како Хоризонт и Еразмус плус. Советот ...

Високите цени се тука да останат, а со нив и економската болка што произлегува од бавниот раст и високиот долг, тврди Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Болката што сите ја чувствуваме затоа што цените се зголемија е тука да остане, а повисоките цени прават многу луѓе ширум светот прилично лути. Соочени сме со оваа непростлива комбинација на бавен раст и високи долгови – изјави таа на конференцијата во ...

Додека пратеничката Тренчевска држеше прес-конференција оквалификувајќи ги мерките на владата како мерки што не дале резултат, излезе соопштение во која што синдикалната кошничка на синдикатот ССМ укажа на тоа дека мерките на владата кој што се во моментот на сила дале резултати и цената на храната за еден месец е намалена за 935 денари. Она што е важно да се нагласи е дека економијата е суштинско сериозна тема која што бара систематски пристап, ...

Ние сме пријатели на работниците и синдикатите, тука сме да разговараме и заедно да ги дискутираме сите прашања, како во рамки на министерството за економија и труд, така и преку Економско-социјалниот совет (ЕСС), посочи тој. Денеска на покана на Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски и Претседателот на самостојниот Синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, заменик-министерот за економија ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 26 октомври ќе престојува во Вашингтон, САД, каде ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, а ќе реализира средби и со високи претставници на овие две меѓународни финансиски институции, со претставници на Трезорот на САД, како и билатерални средби со свои колеги. Во рамки на Годишните состаноци, министерката Димитриеска-Кочоска ќе ...

Најзадолжена земја на Европската унија во наведениот период е Грција, потоа Италија, како и Франција со долг од 112,1 отсто од БДП. На крајот на вториот квартал од 2024 година, јавниот долг на земјите од еврозоната се зголеми од 87,8 отсто во првиот квартал на 88,1 отсто од БДП, објави Евростат. Во Европската унија, јавниот долг на крајот на вториот квартал од 2024 година изнесува 81,5 отсто од БДП, што претставува зголемување од 0,2 процентни ...

Овен 21.03-19.04 Денес ќе имате можност да избегнете некој конфликт дома, но поверојатно е дека ќе изберете да се скарате отколку да ја смирите ситуацијата. Работните обврски „ве притискаат“, но вие не сте многу загрижени. Ако сте во врска, дозволете му на партнерот да ве разгали. Бик 20.04-20.05 Верувате дека можете да завршите сè во еден ден, но ќе сфатите дека многу работи не зависат само од вас. Ви се случуваат некои промени во домот кои не ...

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесувала 41 097 денари, што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9%), Уметност, забава и рекреација (18.8%) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување ...

Доколку сте еден од оние кои веќе ги користат придобивките од безготовинското плаќање, кои често патуваат и преферираат да купуваат онлајн, а сакате дополнителни бенефити тогаш премиум Mastercard World Debit картичката издадена од УНИБанка АД Скопје е токму за вас. Одличен избор за луѓе кои се самоуверени, кои знаат што сакаат и сакаат да го живеат животот со полни гради. Корисник на Mastercard World Debit картичката може да биде секое ...

Со приближувањето на сезоната на слави, голем број скопјани почнуваат да ги планираат традиционалните прослави, кои најчесто вклучуваат и печење месо во фурни. Сепак, оваа година многумина се соочуваат со значително повисоки цени за оваа услуга. Според информациите од неколку фурни во Скопје, цените на печењето по килограм месо бележат забележлив пораст, што предизвикува загриженост кај граѓаните кои се подготвуваат за претстојните празници. Во ...

Според нив, ова потврдува дека цените треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика, ниту пак со здравиот разум, туку, како што велат, има поврзаност само со алчноста која е се поизразена во Македонија. Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври ...

Економскиот раст на Западен Балкан се очекува да се забрза до 3,3 отсто во 2024 година, што е зголемување од 2,6 отсто во 2023 година, поддржан од олеснување на ценовните притисоци и зголемената достапност на кредити и еластичните пазари на труд, што резултираше со зголемена потрошувачка и инвестиции на страната на побарувачката , заедно со растот во градежниот и услужниот сектор на страната на понудата. Сепак, слабите перформанси кај клучните ...

Вице Заев и Никола Филипче, браќата на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, ќе заработуваат по околу 120.000 евра годишно од заедничката фотоцентрала за која се во процес на добивање лиценца за производство на електрична енергија во Сретеново, Дојран. Според барањето за привремена лиценца, поднесено до Регулаторната комисија за енергетика, моќноста на ФЕЦ „Сретеново“ на „Фос Имерас“ е 1,35 мегавати. ...

Инвеститорите сѐ повеќе се фокусирани на претстојните претседателски избори во САД, додека анкетите покажуваат дека тие ќе бидат неизвесни. Во такви периоди, инвеститорите имаат тенденција да купуваат побезбедни средства, па цената на златото достигна ново рекордно високо ниво од 2.740 долари за унца, а приносот на 10-годишните записи на американското Министерство за финансии се искачи на 4,19 отсто, што е највисоко ниво во последните 12 семици. ...

Делегацијата ќе оствари средби и со високи претставници на Светската банка, односно со Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка, Шаочинг Ју, директорка на Светската банка за Западен Балкан и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, ќе учествува ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Солун, каде ќе се обрати на меѓународниот настан – “Форум за поврувазње со Југоисточна Европа”, при што, како што најауваат од неговиот кабинет, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи. Посебен акцент ќе стави на изградба на патната мрежа и брзата пруга на Коридор ...

Кредитите на домаќинствата, во септември, се повисоки за 0,8% и 7,7% на месечна и годишна основа, соодветно. Растот по двете основи е резултат на зголемените кредити во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Годишниот раст на вкупните депозити во септември изнесува 8,8%, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства. Вкупните кредити, пак, на годишна основа ...

Од полноќ се намалуваат цените на горивата од еден до два денари. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар, а дизелот за два денари. За 2,50 денари се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство. Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77 ден/лит, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 79 ден/лит. Новата цена на дизелот ќе биде ...

Овен 21.03. – 20.04. Денес ќе се соочите со неочекувани препреки кои ќе ја тестираат вашата издржливост. Иако се чини дека сè се движи бавно, искористете го овој период за да ги анализирате вашите цели и да ја преиспитате вашата стратегија. Во партнерските односи ќе биде потребно трпение и разбирање, бидејќи ниту вие, ниту вашиот партнер моментално не сте расположени за длабоки разговори. Поставете јасни граници со колегите за да избегнете ...

Синдикатот што ги претставува штрајкувачите во Боинг рече дека членовите во среда ќе гласаат за предложениот нов договор за работа кој вклучува зголемување на платите за 35 отсто во текот на четири години, што би можело да го прекине штрајкот по повеќе од еден месец. Околу 33.000 работници на синдикатот на Боинг на западниот брег на САД штрајкуваат од 13 септември. Исклучувањето доведе до прекин на производството на најпродаваниот авион „737 ...

Глобалниот јавен долг е многу висок, предупредува ММФ. Се очекува тој да надмине 100 трилиони долари или околу 93 отсто од светскиот бруто домашен производ до крајот на оваа година и да се приближи до 100 отсто од БДП до 2030 година. Тоа е 10 процентни поени од БДП во споредба со 2019 година, односно пред пандемијата објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Иако сликата не е хомогена – јавниот долг се очекува да се стабилизира или да се намали ...

Регулаторната комисија утре ќе одлучува за цените на горивата. Доколку има промена на цените кај горивата, тие ќе важат од полноќ во вторник. Ова се актуелните цени на нафтените деривати: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 43,212 (денари/килограм) ...

До моментов поднесени се само 6.607 од очекуваните 40.975 ДДВ пријави, што укажува на значителен број обврзници кои сè уште не ја исполниле својата обврска. Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски и навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти октомври 2024 година (петок). Оваа обврска важи и за оние ...

За гостопримливоста и љубезноста во Малешевијата знаат речиси сите и секој кој имал можност го посетил овој крај полн со природни убавина, шуми, езеро и чист воздух. Берово се наоѓа на 846 метри надморска височина и е опкружено со богатство од букови, борови и дабови шуми. Во текот на летото е полно со гости, а во зима е честа викенд дестинација и бегство од градските магли, особено за граѓаните на главниот град, но и пошироко. Овој предел не е ...

Сојузното министерство за трговија соопшти дека до крајот на оваа година ќе продолжи проектот „ги заклучуваме цените“ што се спроведува со здружението на работодавачи на Федерацијата Босна и Херцеговина. Во четвртиот круг работодавачите предложија намалување и заклучување на цените на 56 прехранбени и хигиенски производи, а четвртиот круг ќе трае од 1 октомври до 31 декември годинава, објави Кликс.ба. Сојузниот министер за трговија Амир ...

Независноста и кредибилитетот на централните банки во регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) беа столбовите врз основа на кои тие ги спроведоа политиките за справување со последните глобални економски шокови, со кои за само една година се намали најголемата инфлација во изминатите пет децении на едноцифрени стапки, а притоа беа избегнати рецесии и беше задржана финансиската стабилност. Ова беше посочено на отворањето на Десетата меѓународна ...

ОВЕН Октомври 2024 година е периодот кога ќе научите да бидете внимателни. Месецот ќе биде полн со неочекувани трошоци, што значи дека контролата на буџетот ќе биде клучна. Сепак, средината на месецот ќе донесе дополнителни приходи од креативни проекти кои ќе ви помогнат да ги надоместите неочекуваните трошоци. Избегнувајте ризици и фокусирајте се на долгорочни инвестиции. БИК Искористете ги можностите што ги нудат новите деловни партнери. ...

ОВЕН Денеска тешко дека ќе можете да ја премолчите вистината која досега можеби сте ја криеле од луѓето, па дури и од самите себеси. Некои претходни настани ќе можете да ги процените од дистанца и подобро да ги анализирате. БИК Денеска вашите контакти, и лични и деловни, ќе одат во ваша полза, па какви и да се вашите поставени цели, побарајте ги вистинските соработници и работете тимски со нив. Ако добиете понуда да се приклучите на некоја ...

На светските берзи цените на акциите пораснаа минатата седмица бидејќи инвеститорите очекуваат дополнително намалување на каматните стапки во западните земји, како и забрзување на растот на кинеската економија по новите стимулативни мерки. На њујоршки Волстрит, Dow Jones минатата седмица зајакна 0,6 отсто, достигнувајќи рекордни 42.313 поени, а S&P 500 порасна за исто толку, достигнувајќи 5.738 поени. Индексот Nasdaq зајакна, пак, за 0,95 ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
93%
1008
weather icon

Белград

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
92%
1012
weather icon

Загреб

11ᴼ / 9ᴼ
5.14
67%
1017
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
94%
1011
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
3.02
91%
1011
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1018
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
78%
1003
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1007
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
89%
1011
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
66%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
93%
1006
Currency

61.535

Currency

56.9903

Currency

73.5317

Currency

35.6019

Currency

39.5387

Currency

64.4906

Currency

7.95294

Currency

0.67129

Currency

0.38043

Currency

0.52485

Currency

1.49922

Currency

0.6653

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15715.00

Рутениум

20190.67

Калај

36.07

Сребро

1079.73

Злато

99960.97

Бакар

10.10

Паладиум

3118.62

Платина

31670.15

Родиум

183259.26

Цинк

2.83