
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека се работи на проширување на „Мој термин“ или евентуално нова дигитализација. – Ќе видиме која ќе биде дефинитивната одлука. На Македонија дефинитивно ѝ требаат сите здравствени установи да бидат во еден ист систем. Значи, приватни и јавни здравствени установи, меѓутоа фармации и сите други институции што се поврзани со здравството. Тука мислам и на ФЗОМ, така што ќе видиме, ќе ...
„Според пресметките, оваа година од патарини во јули сме наплатиле над 7,6 милиони евра што е за повеќе од 250 илјади евра повеќе од ланскиот јули“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи. „Овие пари постоеле и минатата година, само разликата е што не завршувале во касата на државата, каде сега од тие пари градиме градинки, училишта, патишта. Инвестираме во болници, нови работни места. Разликата е во тоа што се работи ...
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за еден денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто. ...
Вкупно 45 пожари на отворен простор имаше во текот на вчерашниот ден, од кои 32 се изгаснати, а три се ставени под контрола. Активни се десет пожари, од кои три на територија на Кичево, кај селото Патеец, кај селата Челопеци и Бигор Доленци и во село Зајас. Два активни пожара се во Македонски Брод, едниот на потегот кај „Јасен“ – Белица, а вториот кај селата Грешница и Слатина. Активни пожари има и во Пехчево, Новаци, Пласница, Неготино и ...
Вон контрола се уште е пожарот на Сува планина во националниот парт „Преспа” во општина Пустец. – Продолжува со висок интензитет пожарот кај Пустец поради ширење на пламените јазици во повеќе правци. Тие се проширија толку многу што излегоа од контрола и се во опасност да се приближат до граничниот премин „Горица” и до селото Горна Горица, јавија албанските медиуми. Опожарената површина надминува 150 хектари вегетација. Ветерот го шири пожарот ...
Во пожарот кој со денови беснее над Пехчево изгоре единственото возило на пожарната од Пехчево. За среќа нема повредени лица. „Еве ја вистинската слика за тоа што оставаат пламените јазици онаму каде ќе поминат, Ова е видео од противпожарното возило со кое денеска храбрите пожарникари се обиделе да му се спротивстават на новиот пожар над Пехчево Среќа во несреќа е тоа што нема човечки жртви и учесниците во гаснењето поминале со помали ...
Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 5 август до 9 август годинава, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. За анализа биле ...
Украина во јули двојно го зголеми извозот на жито, на повеќе од 4,2 милиони метрички тони, во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Украинската асоцијација на трговци со жито UGA, и покрај зголемените руски напади врз Одеса, клучното пристаниште на Црното Море, и Измаил, главното пристаниште на Дунав за извоз на жито во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека Украина во јули извезла 3,7 милиони тони земјоделски ...
Во Собранието денеска започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на 12. собраниска седница. Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на седница на Собрание трае најмногу ...
Попладнево и вечерва во земјава се активни десет пожари. Во текот на денот три се ставени под контрола, а седум пожари се изгаснати. Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека од овие десет активни пожари, осум се многу сериозни, и дека некои се повлекуваат со денови. -Пожарот во Јасен не можеме да го ставиме под контрола, се уште се движи низ ловиштето, додека вториот крак се движи во насока на селото Белица ...
Истовремено додека низ државата беснеат многубројни пожари се одвиваше напната спасувачка потрага и мисија, покрај реката Брегалница, југозападно од овчеполскиот врв Богословец, во атарот на селото на Атиџе од Медена Земја, с. Бекирлија, најпрво во животнозагрозувачка состојба беше пронајдено а потоа и спасено 35 годишно исчезнато лице од с. Дурфулија, општина Лозово кое на носилки беше пренесено преку реката Брегалница а потоа качено во ...
Со ребалансот на Буџетот направивме напори во еден краток период и услови коишто ги наследивме да го направиме најдоборото. Обезбедивме пари за сите обврски коишто се согласно закон и тие ќе се сервисираат. Голем притисок којшто се прави врз Буџетот доаѓа од исплатата на гаранциите, односно кредити за одредени јавни претпријатија коишто не се во состојба да ги вратат. Ова го потенцира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во ...
Владата ја оддржа 11та седница. Министерството за здравство ја информираше владата дека, доби информација од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи за појава на топлотен бран во траење од 2 дена и тоа во периодот од 12.08.2024 до 13.08.2024 година (понеделник и вторник). Територијата на целата држава ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза и согласно Акциониот план на ...
Деветнаесет увезени случаи на вирусот Оропуче (ОРОВ), кој се шири на луѓето од заразени муви и комарци, се пријавени во земјите на Европската унија во јуни и јули, поточно 12 во Шпанија, пет во Италија и два во Германија. Сите се поврзани со неодамнешните патувања во Куба и Бразил, се вели во соопштението на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), пренесува Политико. ЕЦДЦ соопшти дека ризикот од инфекција за европските ...
Следната недела ќе има тендер за откуп на пченица во Египет и Алжир Египет сака да купи 3,8 милиони тони со следната испорака почнувајќи од октомври за 7 месеци Алжир бара 700.000 тони Постои веројатност овие тендери да ја придвижат цената на пченицата во нагорна линија. Од воведувањето на санкциите за увоз на месо во 2014 година, Русија од еден од најголемите увозници на месо во светот стана извозник. Го зголеми производството на свинско месо ...
Утре започнува тридневната расправа за ребалансот на Буџетот за 2024 година, во рамки на 12. седница на Собранието. Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата. Согласно Деловникот на Собранието, претресот по предлогот за изменување и дополнување на Буџетот, односно по дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на седница на Собрание трае ...
Во интервју за Локално министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски најави амбициозни планови кои ги опфаќаат суштинските сегменти на овој сектор, меѓу кои и најголемите проблеми на замјоделците – осигурувањето и наводнувањето. Локално: Како може да се смири револтот кај одгледувачите на пченица и како ќе го стимулирате домашното производство на пченица? -Конкретно за пченицата оваа година прв пат ќе се откупува ...
Градската депонија во Кавадарци од синоќа доби електрична енергија, со тоа се создадоа можности за 24 часовна чуварска служба и видеомониторинг, со што дополнително ќе се зголеми безбедноста, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на „Фејсбук“. Инвестицијата е на јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци. Директорот на претпријатието, Гоце Ангеловски појасни за МИА, дека изминатите околу шест години, немало можност за ...
Шумските пожари во Орегон, на крајниот запад на САД, изгореа повеќе земја оваа година отколку во која било година од почетокот на евидентирањето, соопштија властите. „Во пожарите изгореа повеќе од 5.700 квадратни километри земја“, изјави портпаролката на Северозападниот меѓуагенциски координативен центар, Керол Коноли. „Тоа е повеќе од која било година откако започна евиденцијата во 1992 година и го надминува претходниот рекорд поставен во 2020 ...
Општина Велес утре, во периодот од 05:00 до 08:00 часот, ќе го спроведе третото теристичко прскање против комарци. Како што информираат од Општина Велес, границата на третирањето е: езеро „Младост“, село Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ ...
Назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите, информираат од Владата. – Ја известуваме јавноста дека назначената Афрона Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од местото ревизор на ИПА фондовите. Воедно посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов ...
Центарот за управување со кризи известува дека на Единствениот повикувачки број имало вкупно 2 607 повици вкупно во последното деноночие од кои „реални“ повици биле 1 503 или 57,65%, а 1 104 или 42,35% биле повици што не биле за итни случаи. Истовремено, ЦУК информира за активните пожари и под контрола, со повеќе детали од последното деноноќие, според територијата што административно ја „покриваат’ неговите регионални центри за управување со ...
Сува трева и стрништа гореле во липковското село Матејче и во село Жегљане во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, во моментов нема активни пожари на подрачјето на поширокиот кумановски регион. Двата пожари се изгаснати. Во Жрегљане со пожар биле зафатени и насади со орев и лозје на површина од 1, 5 хектари. – Сите пожари на територија на општина Старо Нагоричане се изгаснати, ...
Децата се најголем извор на свеж ум и енергија, а за да ги поттикнеме треба и ние да им служиме како пример. Верувам дека со личен пример и мотивација можеме да направиме промена, со повеќе креативни работилници во училиштата и креативни курсеви за млади, зашто, кога ќе направиш нешто со свои раце, свое дело – на радоста ѝ нема крај, вели Славица Стоименова, креативец од чии вешти раце откако памети за себе, се раѓаат разни креации и ...
„Денеска преку министерството за финансии се исплатени над 180 милиони денари кон 5.047 земјоделци, корисници кои што имаат произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко“, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за медиумите. Министерот додаде дека исплатата се однесува за месеците мај, јуни и јули 2023-тата година, и е само мал дел од она што ќе следи како исплата во наредниот ...
Постигнат е договор за спас на оризаропроизводителите информира на Фејсбук министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. „Македонија треба да биде горда на македонскиот ориз, на работата на земјоделците на оризовите полиња, на маката и трудот треба да и дадеме убава иднина. Преку темелна дискусија се постигна договор преку кој, откупните цени за крупните сорти на ориз ќе изнесуваат 35 денари за рандман од 40 ...
Жителите на општина Неготино ќе добијат нов и најсовремен затворен градски пазар, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, на Фејсбук. – После децении чекање, граѓаните на општина Неготино ќе добијат нов, модерен и најсовремен градски пазар. Официјално стартуваат активностите за изградба на нов градски пазар на местото каде што е и локацијата на постоечкиот. Станува збор за затворен пазар, ќе бидат поставени нови и ...
Исплатени директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко – информира директорот на Аегнцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев. 09.08.2024 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата по основ на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Исплатени се 5.047 ...
Изминативе неколку месеци, научниците забележаа необично високи температури на Јужниот Пол, што предизвикува загриженост во научните кругови. Овие температури што се многу над просекот за таа област во тековната зима на Антарктикот, се сериозен знак за климатските промени што сѐ повеќе ја погодуваат нашата планета. Оваа појава, според стручњаците, носи со себе потенцијално катастрофални последици не само за Антарктикот, туку и за целиот светски ...
Водата од водоводите на Демир Капија и Дрен не е за пиење, од комуналното претпријатие постапуваме по насоките на Центар за јавно здравје, информираше денеска Петар Јованов, раководител на Водовод и канализација при јавното комунално претпријатие ,,Бошава”. – Дадовме известување до населението, по добиените анализи земени од Центарот за Јавно здравје Скопје. Центарот редовно зема за анализа по четири мостри. Од нив, две од градскиот водовод на ...