До минатата недела, од Министерството за одбрана и Армијата тврдеа дека записниците од кадровските совети во кои се препорачува предвремено унапредување на Сашко Лафчиски од бригаден генерал во генерал-мајор се класифицирани документи. Ваквите препораки се пропишани како еден од четирите услови потребни за порано унапредување на офицер во АРСМ. А без унапредувањето во генерал-мајор, Сашко Лафчиски не можеше да стане Началник на Генераштабот, ...

Американската вселенска компанија Blue Origin денеска успешно ја лансираше ракетата Њу Глен (New Glenn). Компанијата, во сопственост на основачот на Амазон, Џеф Безос, има цел да го достигне својот ривал, SpaceX на Илон Маск. Ракетата висока 98 метри успешно беше лансирана околу 02:00 часот по локално време од вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида, и покрај помалку од оптималните временски услови. Првиот лет на оваа моќна ракета се ...

28 Поради нивната разновидност и вкус, компирите се суштинска состојка во многу кујни ширум светот. Меѓутоа, понекогаш се случува компирите кои сме ги заборавиле во оставата да почнат да никнуваат или да позеленат. Иако овие промени може да изгледаат загрижувачки, во повеќето случаи компирот е сè уште безбеден за јадење, под услов да знаеме како да ги идентификуваме и отстраниме потенцијално штетните делови. Проникнатиот компир може да биде ...

Дејвид Линч, американски режисер, писател и уметник кој освои номинации за Оскар за најдобар режисер за филмовите „Син сомот“, „Човекот слон“ и „Малхоланд Драјв“, како и еден од сценаристите на револуционерната телевизиска серија „Твин Пикс“ почина непосредно пред својот 79-ти роденден, објави неговото семејство во четвртокот. „Со длабока тага ние, неговото семејство, ја објавуваме смртта на овој човек и уметник Дејвид Линч“, се вели во ...

Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (ИФФК „Браќа Манаки“, Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал и Филмски фестивал Херцег Нови), почнува утре со бесплатни проекции на регионални филмови во кината во Битола, Скопје, Сараево, Белград, Загреб и Љубљана. Ова е трето имско издание на ...

Малолетникот со Итна помош е пренесен во Ургентниот центар Седумнаесетгодишно момче попладнево доживеало струен удар додела било качено на цистерна-вагон на пругата во скопска Кисела Вода. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека цистерната се запалила, а момчето со Итна помош е пренесено во Ургентниот центар. „Денеска во 14:55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на ...

На крајот од минатата година беа објавени седумте финалисти за изборот на Европски автомобил на годината 2025, меѓу кои се најдоа „Alfa Romeo Junior“, „Citroën C3“, „Cupra Terramar“, „Dacia Duster“, „Hyundai Instar“, „Kia EV3“ и „Renault 5/Alpine A290“. На свеченоста што се одржа во Брисел, жирито составено од 60 членови од 23 европски земји го избра „Renault 5“ и неговата спортска верзија „Alpine A290“ како најдобар автомобил на европскиот ...

Таргет и Чејсер, два сателити на Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО), кои се приближно со големина на голем фрижидер, успешно се приклучија еден на друг во околу 9 часот наутро, изјави портпаролот на агенцијата. Индиската технологија, клучна за сателитски сервис, операции на вселенски станици и меѓупланетарни мисии, ја позиционира Индија да има клучна улога во комерцијалните и истражувачките вселенски напори. „Индија има ...

Од владејачката коалиција ја обвинија Даути за неспособност да ја води Комисијата, а покрај оставката од претседателската функција во ова собраниско тело, ѝ порачаа да си поднесе оставка и од пратеничката функција Владејачката „Вреди“ оцени дека Илире Даути се виктимизира и глуми жртва со тоа што поднесе оставка од функцијата претседателка на собраниската комисија за социјална политика, демографија и млади. Тоа, како што велат од коалицијата, е ...

Од март 2025 година, на возачите ќе им биде дозволено да користат технологија за самостојно возење на швајцарските автопати и ќе смеат да го пуштат воланот. Сепак, тие мора да бидат подготвени да ја преземат контролата во секое време, велат од владата. Федералниот совет во петокот усвои уредба, која ќе стапи на сила на 1 март, како што соопшти Федералната канцеларија за патишта (Астра). Во уредбата се наведува дека од тој датум, автоматското ...

Светски познатиот македонски музичар, Владимир Четкар во недела на 19 јанури, на денот Богојавление (Водици) ќе го издаде својот нов студиски албум „Let Us Be“ на сите дигитални музички платформи во светот. Албумот „Let Us Be“ кој досега беше ексклузивно издаден само во Јапонија преку музичката куќа P-Vine Records е четвртиот по ред студиски албум на Четкар во кој тој се јавува како комплетен автор (композитор, аранжер, продуцент, текстописец ...

И додека од Левица се задоволни со оставката на Даути, од Алијанса за Албанците на Зијадин Села, која е дел од „Европскиот фронт“, велат дека за кратко време ќе излезат со став како ќе дејствуваат во врска со испразнетото претседателско место во Комисијата за социјална политика, демографија и млади, кое според распоредот во Собранието им припаѓа ним По поднесената и констатирана оставка на пратеничката Илире Даути од функцијата претседателка на ...

Направете највкусни мекици по оригинален рецепт… Начин на подготовка: Просеаното брашно измешајте го со квасец, додајте сол, млака вода и замесете тесто малку поретко од она кое го правите за леб. Месете го тестото со дрвена лажица додека не почне да се одвојува од ѕидовиете на ванглата. Покријте со чиста крпа и оставете да нарасне. Во подлабок сад ставете доста масло, загрејте го, намалете ја температурата и пржете го тестото – мекиците. ...

По повод големот христијански празник Богојавление, со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите заинтересирани. Во денешната објава на манастирот, се замолуваат сите заинтересирани, кои сакаат да земат учество во овој чинот да се пријават кај надлежниот архимандрит, отец Доситеј на следниот телефонски број +389 70 342 970. -По ...

„Оваа вечер е посветена на мојата дваесетгодишна кариера како композитор на филмска музика и ќе се изведат некои од најзначајните композиции што ги создадов низ годиниве. ‘Кинематика’ е емотивно патување низ најзначајните моменти од моето филмско творештво. Оваа вечер ќе ја славиме убавината на филмската музика која допира длабоко во срцето и ја поврзува публиката преку емоции и инспирација“, вели Бојаџиев, кој долги години живееше во САД, а ...

Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (ИФФК „Браќа Манаки“, Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал и Филмски фестивал Херцег Нови), почнува утре (17.01.) со бесплатни проекции на регионални филмови во кината во Битола, Скопје, Сараево, Белград, Загреб и Љубљана. Во 3Д киното во ...

Сите поканети гости на инаугурацијата на Трамп имаат заедничка идеолошка нишка, односно многумина од нив потекнуваат од десницата, па дури и од екстремната десница на политичкиот спектар, или станува збор за лидери кои Трамп претходно ги фалел Како што пренесува медиумот, очигледно е дека не е поканета претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Од друга страна, на церемонијата ќе учествува и амбасадорката на ЕУ во Вашингтон, ...

Трилерот за Ватикан Конклава и мјузиклот на францускиот режисер Жак Одјар (Jacques Audiard) Емилија Перез, вчера освоија најмногу номинации за наградата на британската Академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА), чие свечано доделување ќе се одржи на 16 февруари во Лондон. Конклава, филм на германскиот режисер Едвард Бергер (Edward), доби 12 номинации, а Емилија Перез 11. Остварувањето The Brutalist во кое Адриен Броди (Adrien Brody) ...

Договорот за прекин на огнот го поздравија и од УНРВА, СЗО и Меѓународниот комитет на Црвениот крст, од каде се надеваат дека двете страни ќе работат на траен мир Договорот за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, што вчера го постигнаа Израел и Хамас, наиде на реакции кај лидерите ширум светот кои го поздравуваат и ги повикуваат двете страни да го искористат моментот за да се стави крај на конфликтот и на хуманитарната криза, ...

Новогодишната кошничка, што траеше еден месец, а со која беа намалени цените на дел од прехранбените производи, заврши. Од денеска ќе се знае дали цените што беа намалени ќе се вратат на старо. Надлежните се задоволни од новогодишната кошничка бидејќи, според нив, таа дала ефекти и цените на храната и пијалоците во декември бележат намалување во однос на ноември. Граѓаните со забелешка дека нема некоја голема промена во намалувањето на цените, а ...

Во 2017 година, сликата „Спасителот на светот“ од Леонардо да Винчи беше продадена на аукција во Њујорк за неверојатни 450 милиони долари, поставувајќи рекорд како најскапа слика во светот. Само една година подоцна, најскапото српско уметничко дело, „Два башибозука пред капијата“ на Паја Јовановиќ, беше продадено за 530 илјади евра. Пред аукциите, ваквите уметнички дела минуваат низ детални анализи за да се утврди нивната автентичност, по што ...

Американската вселенска компанија „Blue Origin“ во четвртокот првпат успешно ја лансираше својата најголема ракета „New Glenn“ во орбитата на Земјата, што треба да претставува пресвртница за основачот на „Amazon.com“, Џеф Безос и дава вистинска конкуренција на конкурентската компанија „SpaceX“ на Илон Маск. Висока 98 метри, приближно со големина на зграда од 30 ката, ракетата „New Glenn“ успешно полета околу 02,03 часот по локално време ...

Во една дигитална реалност каде што социјалните мрежи го дефинираат начинот на комуникација, TikTok се издигна како глобален феномен, создавајќи нови трендови, влијателни личности и дури и професии. Но, додека милиони корисници низ светот го користат за забава, креативност и дури и политички активизам, американската влада најавува чекори за негово укинување. Донесувањето на закони за ограничување или целосна забрана на TikTok во САД отвора ...

Во своето последно обраќање од Белата куќа, тој предупреди и за климатските промени и дезинформациите што се шират на социјалните мрежи Американскиот претседател во заминување Џо Бајден синоќа го одржа својот проштален говор во кој предупреди за „опасна олигархија што се појавува во Америка“. Со своето последно обраќање до јавноста, тој стави крај на повеќедецениската кариера во политиката. „Денес во Америка се создава олигархија на екстремно ...

Законот кој го потпиша претседателот Џо Бајден во април минатата година првично предвидуваше само забрана за нови преземања на апликацијата од App Store и Google Play продавниците, како и невозможност за ажурирање на постоечката апликација. Меѓутоа, ByteDance, според изворите, одлучи да направи радикален чекор и да ја исклучи апликацијата целосно. Крајот на ерата на TikTok во Америка е близу. Според најновите информации, популарната социјална ...

Сценариото на Расел се издвојува со својата нестандардна структура, користејќи фрагментиран пристап за да ја раскаже приказната. Наративот се движи меѓу минатото и сегашноста, создавајќи слоевит портрет на трите централни ликови: докторот Берт Берансен (Кристијан Бејл), медицинската сестра Валери Воуз (Марго Роби) и адвокатот Харолд Вудман (Џон Дејвид Вашингтон). Ова трио, кое се среќава за време на Првата светска војна, го структуира ...

170 Севкупните ризици и штетните ефекти од консумирањето алкохол се систематски проценети и добро документирани. Според најновите проценки на Светската здравствена организација (СЗО), консумацијата на алкохол придонела за 3 милиони смртни случаи на глобално ниво во 2016 година и е одговорна за 5,1% од глобалниот товар на болести и повреди. Консумацијата на алкохол е поврзана со зголемен ризик од многу здравствени состојби и е главна и доволна ...

ОВЕН Денеска може да почувствувате одредена тензија во личниот живот, но ова е можност да сфатите што барате во вашите односи. Ако нешто не ве задоволува, размислете како можете да го промените. Најдете време за себеси и погрижете се за вашата самодоверба. Денот е погоден за одмор и полнење со енергија. БИК Избегнувајте денеска да донесувате важни одлуки поврзани со вашата работа или односи. Доколку планирате промени, размислете внимателно за ...

Во Скопје ќе биде претежно облачно, тивко и студено со услови за провејување на слаб снег. Минималната температура ќе биде – 1, а максималната 4 степени Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено наместа со повремен слаб снег. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Најниската температура ќе се спушти до – 7 Целзиусови степени, а максималната ќе биде во интервал од -2 до 5 степени, информираат од УХМР. Во Скопје ќе биде претежно облачно, ...

Тројца американски функционери и еден функционер на Хамас потврдија дека е постигнат договор, додека висок израелски функционер рече дека некои детали сѐ уште се разработуваат. Каков и да е постигнатиот договор, тој мора да биде одобрен од владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но се очекува да стапи во сила во наредните денови Израел и Хамас постигнаа договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, потврди денеска ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
56%
1015
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
2.06
70%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
2.06
60%
1015
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
59%
1015
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.9
70%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
79%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.09
44%
1012
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
56%
1013
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
53%
1013
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 15ᴼ
4.12
69%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
56%
1015
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.66
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52