Натпреварот меѓу Скопје и Тиквеш од четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига ќе се одигра на друга локација од првично предвидената. Од клубот од Кавадарци информираат дека утрешната пресметка ќе се игра на терените на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Промената се однесува само на местото на одигрување, додека терминот останува непроменет. Натпреварот меѓу Скопје и Тиквеш ќе започне во 17:00 часот. Натпреварот меѓу ...

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на местото на одигрување. Наместо на првично предвидениот терен, дуелот ќе се одигра на терените на Фудбалската федерација на Македонија. Натпреварот е закажан за 17:00 часот, а двете екипи ќе се обидат со позитивен резултат да стигнат до нови бодови во првенствената трка. Од ГФК Тиквеш информираат дека ...

И повторно нема да има прволигашки фудбал на Автокоманда, на голема жал на фановите на Скопје – „Пиратите“. Имено ФФМ потврди дека натпреварот меѓу Скопје и Тиквеш, сепак ќе се игра на тренинг центарот “Петар Милошевски“ на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје. Иако беше планирано повратникот во елитата на овој меч да го игра на својот стадион, очигледно е дека истиот сеуште не е подготвен за мечеви од овој ранг на натпреварување. ...

Скопје – Тиквеш 1:0 по првото полувреме од првиот меч кој се игра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје. Домашните имаат водство со голот на Божиновски и тоа во 34.минута откако убаво беше проигран од Цветковски. Се игра како што и се очекуваше во невозможни услови на +40 степени Целзиусови колку што е на самиот терен на ФФМ. Тиквеш бепше блиску до водство кога уште во 4.минута Сила и тоа како опасни се закани, но домашниот голман Наумовски ...

Скопје и Тиквеш одиграа 1-1 во првиот натпревар од четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига. Дуелот на комплексот на ФФМ донесе борбена игра, неколку интересни ситуации и по еден гол на двете страни, но и двете екипи на крајот мораа да се задоволат со по еден бод. Натпреварот се одигра во исклучително тешки услови, со температура над 40 степени Целзиусови, што дополнително влијаеше врз темпото и интензитетот на играта. Тиквеш ...

Скопје – Тиквеш 1:1 е исходот од првиот меч од 4.коло во ПМФЛ кој се одигра на ФФМ доцна попладнево. Типично прволигашки натпревар за наши услови. Борбен, со желба да се дојде до победа, ама на крајот и Скопје и Тиквеш мораа да се задоволат само со по бод. Домашните поведоа со голот на Божиновски во 34.минута, а израмни Сила од пенал во 70.минута. Па така ова е прво реми за кавадарчани кои сега имаат 7 бода, додека “Пиратите“ и по 4.коло се ...