Голем број граѓани денеска не ги добија средствата од „Мој ДДВ“, иако денес беше последниот рок за исплата. Ова е прво пробивање на рокот од воведувањето на мерката, која важи за една од ретките што овозможуваат директен поврат на пари кај граѓаните. Станува збор за редовниот поврат за последниот пресметковен период – јули, август и септември. Средствата треба да се уплатат на трансакциските сметки на корисниците, врз основа на нивните скенирани ...

За првпат откако функционира системот „Мој ДДВ“, не е испочитуван рокот за исплата на парите од страна на државата, па дел од граѓаните кои летово скенирале фискални сметки сè уште не ги добија своите средства. Се работи за исплатата за последниот пресметковен период – јули, август и септември. Во минатото, парите се исплаќаа најдоцна до 10-ти во месецот. Со доаѓањето на актуелната влада, рокот за исплата беше продолжен до крајот на месецот. ...