Цената на суровата нафта денеска се спушти под 100 долари за барел, а Брентот се движеше околу 98 долари, откако пазарите реагираа на сигналите за можни нови разговори меѓу САД и Иран. Но во Македонија тоа не значи автоматско и брзо поевтинување на горивата. Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од 15 април Еуросупер 95 ќе се продава по 82 денари, Еуросупер 98 по 84 денари, а дизелот по 95,5 денари за литар. ...
Цените на нафтата денес паднаа по знаците дека САД и Иран би можеле да ги продолжат разговорите. Нафтата Брент падна за повеќе од 4,3 проценти, на ниво од околу 95 долари за барел, како и американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate), која падна за нешто помалку од седум проценти, на нешто помалку од 92 долари за барел, објави Trading Economics. Во тек се разговори за одржување на уште една рунда разговори пред да истече ...

