„Месното здружение на млади Муртино“ ги повикува производителите на пиперки да дојдат на протест утре во 11 часот пред зградата на Министерството за земјоделство. Тие велат дека денешната откупна цена на еден килограм пиперки „куртовска капија“ е 20 денари, или девет денари помалку од производствената цена. „На почетокот на сезоната направивме детална и прецизна пресметка за производна цена на ‘куртовска капија’ од пластеници која ги опфаќа ...
Само неколку дена откако државата соопшти дека е постигнат договор за повисоки откупни цени на струмичката пиперка, производителите повторно излегуваат на улица. Денеска, 25 август, во 11 часот пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица е најавен нов земјоделски протест со блокади и механизација, откако откупната цена за пиперката наменета за преработка повторно се спушти на 25 денари за килограм. Но новиот протест ...
Струмичките земјоделци на нов протест, незадоволни од како што велат, непочитување на договореното, откупната цена на пиперката „ајварка“ да биде 30 денари. Според „Месното здружение млади-Муртино“, цената повторно паднала на 25 денари за килограм. Пред две недели производителите на „ајварката“ од струмичко неколку пати протестираа, блокирајќи важни крстосници, но и во Струмица пред подрачната единица на Министерството за земјоделство. ...
Производителите на црвената пиперка „ајварка“ од Струмичко денеска со блокада и протест пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица го искажаа своето незадоволство од непочитувањето на откупните цени, кои беа договорени на 12 овој месец меѓу земјоделците и откупувачите со посредство на ресорниот министер Борче Серафимовски. На протестот на земјоделците присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и ...
Со трактори и видно вознемирени, производителите на пиперки од народски познатата сорта „ајварка“ дојдоа пред подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица да го искажат својот револт за ниската откупна цена од 20 и 25 денари, која не ги покрива ни производствените трошоци. На протестот дојде и министерот за земјоделство Борче Серафимовски, кој рече дека со Инспекторатот за земјоделство и со сите други релевантни се ...

