Инспиративни, креативни и полни со податоци, проследете ги предавањата на говорниците на вториот Skopje Marketing Summit денеска, со почеток во 9.15 часот, на следниот линк. Skopje Marketing Summit инспиративно место каде што можат да се сретнат најдобрите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот. Настанот ќе ни донесе интересни глобални, регионални и локални маркетинг-професионалци и експерти. Говорниците ќе ни ги срочат ...

ПР2 или двојната реалност на односите со јавноста во дигиталната ера е темата на која ќе зборува Нели Ангелова од „Нестле“ на вториот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 2 јуни во организација на „Кликер маркетинг“. Нели е менаџер за комуникации во „Нестле“ за Југоисточен Регион (Бугарија, Романија, Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Црна Гора, Северна Македонија). Веќе 30 години таа е член на големото семејство „Нестле“ со ...

Зошто треба да го промениме начинот на кој работиме со брендовите е темата на која ќе зборува експертот за брендови Сузана П. Никифорова на вториот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 2 јуни во организација на „Кликер маркетинг“. Сузана е бренд-експерт, пионер на свесна и системска промена во управувањето со брендот. Таа е автор на Animaway Branding, книга што најавува нова визија за брендовите. Книгата е резултат на ...

Како брендовите да бидат храбри, да излезат од зоната на комфорот и да допрат теми од поширок општествен интерес... За ова ќе зборува Јана Савиќ Растовац на претстојниот Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 2 јуни во организација на „Кликер маркетинг“. Јана е извршен креативен директор во агенцијата McCann – Белград. Таа верува дека страста поместува планини и се обидува тоа да го докаже преку проектите на кои работи. Како ...

Поранешниот менаџер за пораст во „Твитер“, Климе Мицковски, која се истакнува со неговите текстови во „Форбс“, „Блумберг“ и на entrepreneur.com, ќе биде говорник на Skopje Marketing Summit, кој ќе се одржи онлајн на 2 јуни во организација на „Кликер маркетинг“. Климе е дигитален маркетинг-експерт/хакер за пораст, со долгогодишно искуство во медиумите, дигиталните медиуми и технологијата. Тој е поранешен менаџер за пораст во „Твитер“, кој пишувал ...